Брачен пар од американската сојузна држава Мичиген е обвинет за убиство од втор степен, тортура и повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба и занемарување на дете, по смртта на нивниот седумгодишен син Каспер О'Брајан. Според обвинителството, момчето во моментот на смртта тежело околу 115 килограми, а трагичниот исход бил последица на долгогодишно сериозно занемарување. Според резултатите од обдукцијата, детето починало од дилатациона ...

Од 1 јули ќе стапат во сила пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, откако Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа. Мерката, според Министерството за финансии, има цел да ги намали трошоците на компаниите и да ја зголеми конкурентноста на домашната економија. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека измените претставуваат дополнително усогласување на царинските стапки со оние во Европската ...

Трагичен настан бил пријавен вчера попладне во Скопје, откако 58-годишен маж бил пронајден починат во базен во двор од куќа на подрачјето на Карпош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 18:15 часот. На местото на настанот веднаш била повикана екипа на Итната медицинска помош, но лекар можел само да констатира смрт. Од првичниот преглед било утврдено дека на телото на починатиот нема ...

Пожар избувнал ноќеска во продажен објект – фурна на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен во СВР Скопје околу 03:35 часот, по што веднаш биле преземени мерки за утврдување на околностите под кои дошло до избувнување на огнот. Според првичните информации, пожарот бил локализиран од самиот сопственик на објектот, кој успеал навреме да реагира и да спречи негово понатамошно ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави нова распределба на туристички ваучери за одмор во земјата, со цел да се поттикне домашниот туризам и да им се помогне на пензионерите. Според најавата, ќе бидат доделени 30.000 ваучери во вредност од по 10.000 динари. Право на користење ќе имаат сите пензионери чии месечни примања не надминуваат 80.000 динари. Вучиќ истакна дека овојпат ќе бидат воведени построги механизми за распределба, со ...

Голем пожар избувна попладнево во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издига над местото и е видлив од повеќе делови на Скопје. Засега нема официјални информации што точно е зафатено од огнот, ниту што ја предизвикало огнената стихија. Во моментов не е познато дали има повредени лица или е причинета поголема материјална штета. Се очекува надлежните служби наскоро да соопштат повеќе детали за интервенцијата на пожарникарите, ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Ристовски истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност ...

Најмалку пет лица го загубија животот во вооружен напад што денес се случи во германскиот град Штаде, соопшти локалната полиција. По пријавите за повеќе истрели, безбедносните служби започнале голема полициска акција, а осомничениот напаѓач е приведен. Властите информираат дека мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата е во тек. Полицијата ја опиша ситуацијата како динамична и нагласи дека се утврдуваат сите околности поврзани со ...

Дел од жителите на Скопје утре ќе останат без вода поради планирани работи на водоводната мрежа и санација на дефект, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради реконструкција на пумпниот систем во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, населеното место Бардовци ќе биде без водоснабдување во периодот од 01:00 до 10:00 часот. Дополнително, поради дефект на затворач на улицата „Народен фронт“, без вода ќе остане и дел од ...

Утре, со почеток во 20:00 часот, на платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски. Од „Прагма продукција“ ги повикаа сите кои ја сакаа неговата музика и растеа со неговите песни да присуствуваат и заедно достоинствено да му оддадат последна почит. Организаторите порачуваат дека вечерта ќе биде исполнета со музика, свеќи и спомени, а присутните ќе имаат можност уште ...

Вистинска драма се одвивала синоќа во Велес, откако избувнал пожар во кафеаната „Шкорпион“ на улицата „Никола Карев“. Според информациите од Територијалната противпожарна единица Велес, пријавата била примена во 22:10 часот, по што на местото веднаш биле испратени две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители. По пристигнувањето било утврдено дека огнот избувнал во кујната на угостителскиот објект. Благодарение на брзата и ...

Несекојдневна и за многумина застрашувачка глетка е забележана на дрвјата долж брегот на реката Зета, во близина на местото Спуж во Црна Гора. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат поголем број змии како висат и лежат на гранките директно над водата, што веднаш го привлече вниманието на минувачите и јавноста. Снимката е објавена на популарната Инстаграм страница „Подгорички времеплов“, каде брзо стана вирална и предизвика ...

Проектот „Безбеден град“ веќе покажува значајни резултати во подобрувањето на сообраќајната безбедност, а бројот на регистрирани прекршоци драстично се намалил по неговото воведување, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски. Тој посочи дека системот, кој започнал со пробна примена на 1 декември минатата година, уште во првите 24 часа регистрирал околу 110.000 сообраќајни прекршоци. Според него, повеќе од 90 проценти од ...

На изворот Кнежак, местото кое засекогаш остана поврзано со легендарниот Халид Бешлиќ благодарение на песната „Романија“, свечено беше откриен споменик во чест на еден од најголемите музички имиња на Балканот. На настанот присуствувал неговиот син Дино Бешлиќ, како и голем број пријатели, жители, почитувачи и љубители на неговата музика, кои во достоинствена и емотивна атмосфера му оддале почит на пејачот чии песни оставија неизбришлива трага ...

Вишиот суд во Неготин денеска ги упати списите од предметот против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ на 26 март 2024 година, до Апелациониот суд во Ниш ради одлучување по поднесената жалба. Претходно, Вишиот суд донесе одлука за потврдување на обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ, кои се товарат за тешко убиство. Истовремено, судот го одби обвинението и ја запре кривичната постапка ...

Апелациониот суд во Нови Сад му изрече максимална казна затвор од 20 години на воспитувач кој беше осуден за сексуална злоупотреба на деца и изработка на детска порнографија, откако ја преиначи претходната пресуда со која му беа изречени 18 години и три месеци затвор. Второстепената одлука следуваше по жалбите поднесени од Вишото јавно обвинителство и одбраната на обвинетиот, по што судот одлучи на 28-годишниот И.О. да му ја изрече ...

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци доби значајно подобрување на условите за едукација на своите ученици. Преку вредна донација од Ротари клуб Кавадарци, во износ од околу 500.000 денари, комплетно се опремени кабинетите по биологија и хемија. Благодарение на оваа поддршка, училишните кабинети се опремени со нови училишни клупи, современа наставна опрема и сите неопходни нагледни и технички средства за непречено изведување на ...

Тројца возачи на мопеди се здобиле со тешки телесни повреди во три одвоени сообраќајни несреќи што се случиле вчера на територијата на Македонија, во Скопје, Гостивар и Ресен, што го отвора прашањето за безбедноста на дводржните возила на патиштата. Првата несреќа била регистрирана околу 8:40 часот на регионалниот пат Скопје–Велес, каде што се судриле патничко возило и мопед. Во судирот учествувале „Фолксваген голф“ управуван од 75-годишен ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи привеле вкупно 10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци, кај кои при контроли биле пронајдени наркотични средства. Според информациите од МВР, најголем дел од приведувањата се случиле на повеќе локации во Скопје. Таму биле лишени од слобода повеќе лица на возраст од 17 до 53 години, меѓу кои и жители на различни скопски населби и околни села. При ...

Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ повторно се најде во центарот на вниманието откако на кратко објави, а потоа веднаш избриша видео на социјалните мрежи во кое се гледа интимен момент со непозната девојка на брод. Иако објавата брзо исчезнала од неговиот профил, видеото веќе било преземено и споделено на повеќе платформи, каде што предизвикало лавина реакции, коментари и шпекулации за идентитетот на девојката. На снимката се гледа како пејачот ...

Јавноста се простува од познатиот македонски пејач Владо Јаневски, кој почина на 65-годишна возраст по кратко боледување во приватна болница во Скопје. Според информациите објавени од Авалон продукција, последното збогување со пејачот ќе се одржи во среда, на 1 јули, во капелата на Градските гробишта во Бутел во Скопје. Од продукцијата соопштија дека сите кои сакаат да му оддадат последна почит ќе имаат можност тоа да го направат во периодот ...

Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот на неговиот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Јованов беше препознатлив како познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија. Во јавноста беше познат и по неговото поврзување со предметот „Шпански скали“, во кој подоцна доби ослободителна пресуда. Според информациите од МВР, ...

Чартер-лет со 225 патници и седум членови на екипажот, кој патувал од Грција кон Лондон, бил принуден ноќеска да слета во германскиот град Ерфурт поради појава на чад во кабината, што предизвикало итна реакција на екипажот и авионските служби. Станува збор за авион „Ербас А321“ на британската авиокомпанија Jet2, кој безбедно слетал на аеродромот Ерфурт–Вајмар. Веднаш по слетувањето била спроведена итна евакуација, при што сите патници и ...

Netflix започна постепено да воведува нова промена која може значително да го измени начинот на кој корисниците ги користат заедничките сметки. Дел од претплатниците сега добиваат барање секој поединечен профил да биде поврзан со уникатна е-пошта, наместо сите профили да користат една адреса на сопственикот на сметката. Досега, една Netflix сметка се управуваше преку единствена е-пошта и лозинка, додека до пет профили овозможуваа одвоено ...

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од 1.300 луѓе починале во Европа како последица на силниот топлотен бран што го зафати континентот од 21 јуни, предупредувајќи дека екстремните температури стануваат сè поголема закана за јавното здравје. Од СЗО истакнуваат дека топлинскиот стрес често се нарекува „тивок убиец“, бидејќи последиците не секогаш се веднаш видливи, но можат да бидат фатални, особено кај ранливите ...

На хрватскиот остров Вис, во неделата околу 22:30 часот, избувна голем пожар на отворен простор. Огнената стихија зафати борова шума и ниска вегетација на подрачјето на Комижа, долж патот кон Подхумље, пренесува страницата „Ватрогасци 193“. На терен веднаш беа упатени сите расположливи противпожарни сили од оперативното подрачје на островот. Мобилизирани сите сили на островот Во гаснењето на пожарот во моментов се вклучени две доброволни ...

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија уапсила 18-годишна девојка која е осомничена дека од болница во Лиденшајд одзела новороденче, соопштија локалните власти. Според соопштението на полицијата, осомничената влегла во болницата облечена во светлосин мантил и се претставила како медицински работник, по што од болничката соба го одвела машкото бебе старо само седум дена, пренесува „Шпигел“. Околу еден час подоцна, бебето ...

Татко и неговиот син биле извлечени живи од урнатините во венецуелската држава Ла Гваира, четири дена по серијата разорни земјотреси што ја погодија земјата и оставија зад себе огромни човечки и материјални загуби. Спасувањето се случило по интензивна и сложена операција која траела околу 12 часа, во која меѓународни спасувачки тимови внимателно ги пребарувале нестабилните урнатини со специјализирана опрема и камери за откривање на преживеани ...

Изминатиов викенд Општина Бутел и населбата Радишани беа центарот на македонскиот 3х3 баскет. Јубилејното издание на турнирот „Радишани Опен“ заврши со спектакуларни натпревари и рекордна посетеност, со што уште еднаш се потврди статусот на овој турнир како еден од најдобрите и најпопуларните во државата. Четирите турнирски денови беа исполнети со многу забава, дружење, но пред сè со врвна кошарка во која учество зедоа најдобрите екипи од ...

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди областа Гаосјан во градот Јибин, во југозападната кинеска покраина Сечуан, предизвикувајќи повреди и евакуации меѓу локалното население. Според локалните власти, најмалку 13 лица се здобиле со полесни повреди и веднаш биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. Иако повредите се класифицирани како лесни, инцидентот предизвикал вознемиреност кај жителите во погодените ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.31
88%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
55%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.18
69%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.23
81%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.42
92%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
73%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.92
83%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.18
90%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.47
66%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
58%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
2.27
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Алуминиум

3.17

Злато

130879.26

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Паладиум

40702.85

Бакар

13.11

Иридиум

252383.36

Платина

52052.06

Калај

53.55

Сребро

1888.57

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12