Скопје
-7ᴼ /
-7ᴼ
Денеска Скопје се соочува со сериозно аерозагадување, според најновите податоци на глобалната платформа „IQAir“. Главниот град на Македонија е рангиран на второто место во светот според индексот на загаденост на воздухот (AQI), со измерена вредност од 239, што спаѓа во категоријата „многу нездрав“ (пурпурна зона). Ова ниво на загадување претставува значителен ризик за здравјето, особено за децата, повозрасните и лицата со хронични болести. ...
Повеќето осудени за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст откако издржале повеќе од две третини од своите казни, информира „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Кривичниот совет оценил дека се исполнети законските услови за ваква одлука. На слобода, ден пред Нова година, треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски. Досега условен ...
На 17 декември 2025 година, околу 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кичево лишиле од слобода 45-годишен кичевец со иницијали У.З. При извршен претрес во неговиот дом и во патничко возило марка „Хјундаи“, реализиран по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, како и предмети со траги од истата супстанца. Лицето е задржано во полициска ...
Македонските ученици сè почесто и на сè помлада возраст се соочуваат со цигарите и алкохолот, покажуваат резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, кое денеска го презентираше Институтот за јавно здравје. Анализите откриваат дека дел од децата ја пробуваат првата цигара уште на девет години, додека контактот со алкохол најчесто започнува околу 13-годишна возраст. Истражувањето е спроведено во 96 средни училишта низ државата и опфатило ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 33-годишниот Е.Б. од Куманово, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“, откако на две семејства им ветил организиран одмор, но им ги земал парите без да обезбеди аранжман. Според информациите од полицијата, осомничениот лажно се претставувал како вработен во туристичка агенција од Куманово и на тој начин ги довел во заблуда оштетените лица. Тој им понудил резервација за летување во ...
Естонија побара официјално објаснување од Русија откако тројца руски граничари накратко влегле на естонска територија, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин. Инцидентот се случил во средата, а информацијата беше потврдена во четврток. Според естонските власти, безбедносните камери регистрирале тројца припадници на руската гранична служба како пеш ја преминуваат браната на реката Нарва, која претставува дел од државната граница ...
Хрватска во наредните години ќе се соочи со сериозен недостиг на работна сила и ќе мора да ангажира повеќе од 100.000 странски работници, изјави премиерот Андреј Пленковиќ. Според него, во последните две години во земјата се отворени околу 100.000 нови работни места, поради што бројот на невработени е намален на околу 81.000 лица, пренесува „Даница.хр“. Пленковиќ истакна дека моментално во Хрватска работат над 1,75 милиони луѓе, а целта на ...
Велес од вчера е побогат за нова, современо опремена приватна дијагностичка медицинска лабораторија. Со работа официјално започна специјалистичката лабораторија ПЗУ „Ве лаб дијагностик“, сместена на локација спроти театарот, со што на граѓаните им се овозможува полесен пристап до квалитетна лабораториска дијагностика. Лабораторијата е опремена со модерна медицинска технологија и ангажира стручен кадар, а нејзината примарна дејност е ...
Во албанскиот парламент денеска дојде до сериозни инциденти и хаотични сцени, откако опозициските пратеници влегоа во директен судир со полицијата, во услови на повеќенеделни политички тензии поврзани со обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку и други високи функционери од владата на премиерот Еди Рама, објави „Еуроњуз Албанија“. За време на седницата, дел од опозициските пратеници запалија факели во салата, фрлаа вода ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека системот „Безбеден град“ се имплементира со забрзано темпо и дека до јули следната година ќе биде целосно функционален на територијата на целата држава. Тој појасни дека во моментов системот е во тест-фаза, а официјалното евидентирање на сообраќајните прекршоци и изрекувањето казни ќе започне по 1 февруари 2026 година. Според Тошковски, првичните резултати веќе се забележливи, ...
Велешанецот Филип Николов, ракометар на РК Бутел, се најде на списокот на резерви на машката ракометна репрезентација на Македонија за Европското првенство 2026 година. Списокот го објави селекторот Кирил Лазаров, а Николов ќе биде на располагање на стручниот штаб во случај на повреди или промени во составот. Иако не е дел од официјалната листа од 21 ракометар кои ќе ги започнат подготовките, ниту меѓу 18-те кои ќе бидат во директна ...
Соединетите Американски Држави официјално одобрија продажба на оружје за Тајван во вредност од приближно 11,1 милијарди долари, со цел значително зајакнување на одбранбените капацитети на островот и одржување на безбедносната рамнотежа во азиско-пацифичкиот регион. Одлуката ја потврди Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA). Во осум одделни соопштенија, агенцијата наведува дека предложениот договор ќе придонесе за ...
Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти во работењето на Министерството за економија и труд за 2024 година, особено во делот на процесирањето на прекршочните предмети, управувањето со јавните набавки и ИТ-безбедноста. Според наодите од ревизијата, Одделението за прекршочна, судска и управна постапка, како и Прекршочната комисија, не постапувале навремено и согласно законските обврски. Поради застареност на барањата за поведување ...
Холивудската ѕвезда Бред Пит денес го одбележува својот 62-ри роденден. Актерот кој ги освојуваше срцата на милиони обожаватели уште во времето кога социјалните мрежи не постоеја, веќе повеќе од три децении е едно од најпрепознатливите имиња во светската филмска индустрија. Роден на 18 декември 1963 година во Шони, Оклахома, Пит детството го поминал во Мисури. Иако студирал новинарство и рекламирање, само две недели пред дипломирањето донел ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле серија воздушни напади врз цели поврзани со Хезболах на повеќе локации низ Либан. Според официјалното соопштение, меѓу погодените објекти се наоѓа и камп за обука на припадници на милитантната група, како и дополнителна воена инфраструктура. ИДФ тврдат дека кампот бил користен за обука на оперативци, вклучувајќи вежби со боева муниција, ракување со артилериско оружје и складирање на ...
Советот на јавни обвинители денеска не донесе одлука за избор на вршител на должноста државен јавен обвинител, откако беше одложена итната седница закажана за таа намена. Причина за одложувањето е отсуството на еден од членовите на Советот, за кое, како што информираат од институцијата, било доставено оправдување. Во официјалното соопштение се наведува дека седницата, закажана за 18 декември 2025 година во 11 часот, по предлог на член на ...
Ќебињата и прекривките се неизоставен дел од домот, особено во студените месеци, но нивното одржување бара внимателен пристап. Во дневните простории тие брзо собираат прашина, трошки, дамки и влакна од домашни миленици, додека во спалните и детските соби најчесто се валкаат од прашина и природни масла од кожата. Памучните ќебиња се најлесни за одржување и вообичаено може без проблем да се перат во машина, на температурата препорачана од ...
Американски и руски претставници се очекува да одржат разговори за војната во Украина овој викенд во Мајами, како дел од обидите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да стави крај на конфликтот кој трае речиси четири години, пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори запознаени со процесот. По неуспешните досегашни напори за целосно прекинување на борбите, Вашингтон го засили притисокот врз Киев да прифати одредени отстапки ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера спроведоа акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на лица кои вршат јавен превоз на патници без соодветна лиценца. Акцијата се реализирала во периодот од 11:00 до 13:30 часот на повеќе локации во Тетово. При контрола на улицата „Илинденска“, полицијата запрела патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И. (67) од селото Камењане. Утврдено било дека возачот ...
Новинарска екипа на Би-Би-Си добила редок и строго контролиран пристап до тајна фабрика во Украина каде се произведува едно од најновите оружја со долг дострел – крстосувачката ракета „Фламинго“. Новинарите биле транспортирани до локацијата со врзани очи и со наредба да ги исклучат мобилните телефони, што јасно ја покажува исклучителната тајност околу производството. Според Би-Би-Си, ваквото дисперзирано и скриено производство е клучно за ...
Според предложените законски измени, возилото задолжително ќе се одзема ако возачот управувал со брзина поголема за најмалку 70 километри на час над дозволената во населено место или 90 километри на час надвор од населено место, доколку станува збор за лице кое претходно било осудувано за исто или слично кривично дело. Задолжително одземање на возилото е предвидено и во случаи кога сторителот управувал возило што е во негова сопственост, а во ...
Необичен, но топол празничен призор ги пречека планинарите и случајните минувачи на Водно – новогодишна елка накитена со една единствена цел: да донесе радост. Зад идејата стои девојка од Скопје која редовно пешачи на планината и решила, без никаква промоција, да направи нешто убаво за другите. Како што раскажува, инспирацијата дошла сосема спонтано. Додека се симнувала по новогодишната патека, забележала деца со изморени лица и црвени образи ...
Рускиот претседател Владимир Путин излезе со силни пораки за текот на војната во Украина, тврдејќи дека 2025 година претставува клучна пресвртница во воената кампања. Според него, руските сили ја презеле стратешката иницијатива долж целиот фронт и се подготвени за дополнително забрзување на офанзивата. Говорејќи на состанок на одборот на Министерството за одбрана, Путин изјави дека руската армија во текот на 2025 година зазела стотици ...
Делови од неколку скопски општини денес ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на мрежата, информира Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија. Во општина Аеродром, прекин на напојувањето е најавен во два различни термини. Во утринските часови, од 08:00 до 09:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на булеварот Јане Сандански, кај број 70. Подоцна во текот на денот, од 10:00 ...
Рутинско недоразбирање околу паркинг простор во скопското село Петровец завршило со сериозен безбедносен инцидент, откако 41-годишен жител пријавил закани и обид за физички напад. Според пријавата доставена до СВР Скопје, на 16 декември 2025 година, околу 18:00 часот, конфликтот започнал поради користење на паркинг место. По вербалната расправија, другиот учесник во настанот наводно се обидел физички да го нападне оштетениот. Ситуацијата ...
Хрватската јавност е во шок по апсењето на 46-годишен детски психијатар од Клиничко-болничкиот центар во Осиек, осомничен за сериозни злоупотреби врз малолетни пациенти. Она што дополнително ја вознемири јавноста се тврдењата дека раководството и дел од персоналот со години знаеле за неговото однесување, но не презеле никакви мерки. Според полицијата, психијатарот во периодот од 2016 до 2019 година ја злоупотребувал својата позиција, упатувал ...
Жителите на американскиот град Билокси, во сојузната држава Мисисипи, беа вознемирени по откривањето сериозен безбедносен инцидент во две продавници на познат трговски ланец. Според информациите на локалната полиција, 33-годишна жена била уапсена под сомнение дека намерно ставалa жилети во векни леб кои се продавале во маркетите. Осомничената, Камил Бенсон од Тексас, се соочува со обвинение за обид за нанесување физичка повреда, а судот ѝ ...
Денес во Собранието, во рамки на попладневниот дел на 76. седница, пратениците без расправа со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ го усвоија пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Меѓу нив се: По Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа и десет пратеници од заедниците кои не се во мнозинство. Пратеничката Моника Трајанова (ВМРО-ДПМНЕ) ...
Во Масачусетскиот институт за технологија (МИТ) и во предградието Бруклин владее шок по бруталното убиство на професорот Нуно Ф.Г. Луреиро, 47-годишен експерт по нуклеарни науки, инженерство и физика и директор на Центарот за наука за плазма и фузија на МИТ. Луреиро беше застрелан повеќе пати во понеделникот вечерта во својот дом на улицата Гибс и починал од повредите во болница рано наутро во вторник, потврди окружниот обвинител на округот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните сојузници да ја засилат поддршката за Украина и да покажат на Русија дека продолжувањето на војната е бесмислено, пред важниот самит на Европската унија на кој ќе се разговара за замрзнатите руски средства. „Исходот од овие состаноци мора да покаже на Русија дека нејзината намера да продолжи со борбите следната година е без резултат, затоа што Украина ќе ја има поддршката на ...