Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Една од најстарите германски пиварници, „Хофбраухаус Волтерс“, основана уште во 1627 година, поднесе барање за отворање стечајна постапка, наведувајќи дека драстично зголемените оперативни трошоци и континуираниот пад на потрошувачката на пиво ја довеле компанијата до финансиски колапс. Раководството на компанијата соопшти дека, и покрај започнатата стечајна постапка, производството ќе продолжи без прекин. Работењето ќе остане под сегашното ...
Пожар избувнал вчера попладне во скопското село Ново Село, при што биле зафатени ниви со земјоделски култури и помошен објект во кој се наоѓале домашни животни. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 15:23 часот. Огнената стихија брзо се проширила на земјоделските површини, предизвикувајќи материјална штета, а пожарот зафатил и помошна просторија на имот во селото. На местото веднаш ...
Шокантен случај ја потресе северна Калифорнија, откако истражителите во засолниште за животни кое се претставувало како место каде животните не се усмртуваат, пронашле тела на 117 кучиња во различна фаза на распаѓање. Кај голем број од нив биле забележани прострелни рани, што дополнително ја продлабочило истрагата. Станува збор за засолништето „Мирандас Рескју Енимал Санкчуари“ во градот Фортуна, за кое Канцеларијата на шерифот на округот ...
Компанијата Фереро започна итно повлекување на дел од своите популарни производи од брендот Нутела, откако беше утврдено дека одредени серии можат да содржат метални парчиња кои претставуваат сериозен ризик за здравјето на потрошувачите. Според официјалното известување на Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храната (BVL), повлекувањето се однесува на одредени серии од производите Nutella Muffin, а во јавноста ...
На патниот правец Гостивар–Тетово, во текот на истиот ден, полицијата приведе двајца возачи кои управувале товарни возила во спротивен правец од дозволениот, со што сериозно ја загрозиле безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Првиот случај бил регистриран на 27 јуни 2026 година околу 11:30 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М. (30) од селото Боговиње. ...
Вистинска драма се одвивала по полноќ во Гостивар, откако било пријавено пукање од огнено оружје од патничко возило. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во 00:13 часот, кога непознато лице кое се движело со „џип“ испукало неколку истрели, а потоа со возилото се упатило кон центарот на градот. Во инцидентот нема повредени лица. Неколку часа подоцна, околу 02:10 часот, во Полициската станица во Гостивар доброволно се ...
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (29 јуни) делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Во општина Кисела Вода, поточно во населбата Драчево, од 05:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Герника“ на броевите 8 и 10, како и објектите на улицата „Иван Хаџиниколов“ на броевите 3 и 5. Планирани прекини ќе има и во општина Карпош. Од 09:00 до 13:00 ...
Единаесет лица загинаа во тешка авионска несреќа што се случи во градот Томблен, во североисточна Франција, соопштија локалните власти. Според првичните информации, авионот бил во сопственост на училиште за падобранство, а во моментот на несреќата во него се наоѓале пилотот и десет патници. Во трагедијата животот го загубиле пилотот, пет ученици и пет инструктори. Надлежните служби веднаш пристигнале на местото на несреќата, но никој од ...
Музичката сцена во регионот е завиена во тага по веста за смртта на пејачката Маријана Томиќ, која почина по тешка борба со болест, само еден ден пред својот 40. роденден. Маријана беше добро позната и почитувана во својот роден Зрењанин, каде со години настапуваше на бројни прослави и со својот глас и ведар дух оставаше силен впечаток кај публиката. Веста за нејзиното прерано заминување длабоко ги погоди нејзините колеги, пријатели и ...
Во Црна Гора е поднесен предлог за измени на Законот за работни односи со кој вработените би добиле право на продолжен викенд еднаш месечно. Предлогот веќе се наоѓа во парламентарна процедура, а го поднесоа пратениците од Демократска Црна Гора. Според предложеното решение, работниците би добивале слободен петок пред последниот викенд во месецот, што би значело три последователни дена одмор. Измените предвидуваат воведување нов член во Законот ...
Ако сакате летово да поминете повеќе време во дворот без постојана борба со комарците, природата нуди едноставно решение. Одредени растенија со своите есенцијални масла и силен мирис природно ги одбиваат инсектите, а воедно го прават дворот поубав и попријатен. Меѓу најдобрите природни сојузници се лавандата, босилекот, цитронелата, лимонската трева, рузмаринот, маточината и пиперковото нане. Нивниот интензивен мирис им пречи на комарците, а ...
Двајца возачи на товарни возила се приведени откако биле затекнати како се движат во спротивен правец на патот Гостивар–Тетово, со што сериозно ја загрозиле безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Првиот случај бил регистриран на 27 јуни околу 11:30 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода 30-годишниот В.М. од Боговиње. Тој управувал товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и се движел спротивно од ...
Екстремниот топлотен бран што ја зафати Франција веќе остава сериозни последици. Според податоците на Националната агенција за јавно здравје, од 24 јуни досега се регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното за овој период. Надлежните предупредуваат дека станува збор за привремени податоци и дека конечниот број најверојатно ќе биде уште поголем по обработката на сите извештаи. Според анализите, најпогодени се лицата постари ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка, со што ќе се отвори патот за одржување предвремени претседателски и парламентарни избори во Србија. Најавата доаѓа по повеќе од една година масовни антивладини протести што започнаа по трагедијата во Нови Сад во ноември 2024 година, кога при уривање на настрешница на железничката станица загинаа 16 лица. Вучиќ, кој веќе 12 години ја извршува ...
Против 35-годишен жител на струшкото село Шум е поднесена кривична пријава поради сомнение дека извршил кривично дело „насилство врз дете“, соопштија од ОВР Струга. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 15 мај 2026 година, околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани. Како што се наведува, осомничениот физички нападнал 10-годишно дете од истото село. По преземените мерки и целосното документирање на случајот, ОВР ...
Јапонија повторно е погодена од земјотрес, овојпат со јачина од 6,1 степен, кој рано изутрина ја потресе североисточната дел од земјата. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во Тихиот Океан, во близина на префектурата Ивате, на длабочина од околу 40 километри. Засега нема издадено предупредување за цунами. Ова доаѓа само неколку дена по посилен земјотрес со јачина од 7,2 степени кој исто така ја погоди истата област, при ...
Европските институции алармираат дека криминалните групи сè почесто користат дигитални платформи, вклучувајќи социјални мрежи и онлајн видео игри, за да врбуваат малолетници и да ги вовлечат во нелегални активности. Според нови анализи, процесот на врбување не е случаен, туку внимателно осмислен – криминалните мрежи користат техники слични на „игри“, каде нелегалните активности се претставуваат како предизвици или мисии, со цел да ги ...
На граничниот премин „Богородица“ се создадени долги колони возила, а времето на чекање за влез во земјата достигнува и до четири часа, што предизвикува незадоволство кај патниците. Од вчера попладне се бележи значително зголемен сообраќаен метеж, при што илјадници возила – автомобили, автобуси, кампери и мотоцикли – чекаат за пасошка контрола. Според реакции на граѓани на социјалните мрежи, процесот се одвива бавно и создава дополнителен ...
Во САД се случил сериозен безбедносен инцидент по фудбалски натпревар, кога славењето на навивачите се претворило во хаос и паника по пукање на улиците. Според првичните информации од полицијата, најмалку четири лица се ранети во вооружениот инцидент што се случил за време на масовно собирање на навивачи по завршување на натпревар од Светското првенство. Очевидци пријавиле дека се слушале рафални истрели, по што настанала паника меѓу ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила на една од најпрометните скопски сообраќајници, при што 28-годишен мотоциклист се здобил со сериозни повреди и бил итно пренесен на лекување. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни околу 16:40 часот. Во судирот учествувале патнички автомобил „Мерцедес“, управуван од 66-годишен возач, и мотоцикл „Априлија“, кој го управувал 28-годишен скопјанец. По ...
Екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа не само што не слабее, туку според метеоролозите може дополнително да се засили поради климатски феномен кој веќе влијае на временските услови. Според експертски анализи, високите температури кои веќе достигнуваат над 40°C во делови од југот на континентот се резултат на комплексни атмосферски појави кои „заклучуваат“ топол воздух над регионот. Овој ефект создава долготрајни жешки периоди без ...
Денеска земјата ја зафаќа стабилно, сончево и многу топло време, со температури кои ќе достигнат екстремни вредности и во некои региони до 38 степени Целзиусови. Според прогнозите, ќе има мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со различен правец во зависност од регионот. Во западните делови ќе дува претежно источен ветер, додека во источните ќе биде променлив. И во главниот град се очекува исто така топол ден со ...
Со завршувањето на групната фаза, официјално е познат комплетниот распоред за нокаут-рундата на Светското првенство. Од овој момент, секој натпревар е елиминациски, а секоја грешка може да значи крај на сонот за титулата. Возбудувањата започнуваат вечерва со дуелот меѓу Јужна Африка и Канада, додека во следните денови ќе се одиграат низа атрактивни натпревари. Распоред на 1/16-финалето: Јужна Африка – Канада (28 јуни, 21:00) Бразил – Јапонија ...
Во Италија е во тек обемна потрага по Луиџи Кавалари, сопруг на министерката за семејни прашања Еугенија Рочела, кој исчезнал во езерото Вико, недалеку од Рим. Според првичните информации, Кавалари бил на чамец заедно со сопругата кога завршил во водата. Засега не е познато дали самиот скокнал или случајно паднал, а околностите на инцидентот сè уште се предмет на истрага. Веднаш по пријавата на местото пристигнале карабинери, пожарникари, ...
Денешниот ден носи мирна, но силна енергија која ги поттикнува важните одлуки и искрените разговори. Интуицијата ќе биде најдобар водич, а многумина ќе сфатат дека токму малите знаци кријат големи пораки. Овен ќе се соочи со предизвик што бара смиреност, додека љубовен разговор ќе расчисти дилеми. Бик треба внимателно да ги планира финансиските потези, а во љубовта го очекуваат пријатни изненадувања. Близнаците можат да добијат понуда или ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир остро реагираше на рамковниот договор меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави. Тој оцени дека договорот е сериозна грешка и побара премиерот Бенјамин Нетанјаху да го стави на гласање пред целата влада. Бен Гвир, лидер на десничарската партија „Оцма Јехудит“, изрази сомнеж дека либанските власти ќе успеат да го разоружаат Хезболах. Според него, ...
Во текот на ноќта во Гуча се случил инцидент по истекување на амонијак од ладилник, по што надлежните служби веднаш реагирале и испратиле предупредување до жителите во околината. Според првичните информации, истекувањето започнало околу 00:50 часот, а на местото брзо пристигнале пожарникари и специјализирани екипи кои работеле на запирање на проблемот. Неофицијално, дефектот на сигурносниот вентил бил ставен под контрола. Министерството за ...
Ако планирате патување низ Европа, покрај стандардните сообраќајни правила, сè почесто ќе мора да внимавате и на новите ознаки што се појавуваат на патиштата. Една од нив веќе предизвикува конфузија кај возачите, а незнаењето може да чини и до 135 евра казна. Станува збор за сообраќаен знак со бел ромб на сина позадина, кој од 2025 година сè почесто се користи во Франција. Иако неговата примена е веќе распространета во неколку градови, многу ...
Автобус што превезувал патници кои се враќале од Хвар излетал од автопатот во близина на Бачка Топола во раните утрински часови. Во несреќата се повредени вкупно 12 лица, од кои седум потешко, но за среќа нема загинати. Несреќата се случила околу осум часот наутро, кога автобусот што се движел од правец на Нови Сад кон Хоргош, од засега непознати причини изгубил контрола, излетал од коловозот и завршил во одводен канал покрај патот. Според ...
Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала вечерва го погоди Исланд, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во поширокото подрачје околу главниот град Рејкјавик. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил околу 20:30 часот по локално време. Епицентарот бил регистриран на околу 37 километри од Рејкјавик, на координати 64.404 северна географска ширина и 22.35 западна ...