Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе ја посетат Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти. Според агендата, Мицкоски и Перински на пладне ќе извршат увид во градежните активности на кружен тек вон опфат на регионален пат Росоман - Кавадарци. Изградбата на кружен тек е на површина од 2 700 метри ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

В.д. директорот на Зоолошката градина Скопје Зоран Попов, денеска на страната на ЗОО напиша дека вработените немале плата за месец март поради Министерството за култура, а не поради менаџментот. „Вработените во ЈУ Зоолошка градина Скопје, кои се грижат за над 500 животни, платата за март се уште ја немаат добиено поради Министерството за култура кое е должно да ја исплати. Од страна на Министерството за култура до нашата институција беше ...

Со звуците на „Тешкото“, боите на македонското знаме и автентични елементи од традицијата и културата, денеска беше свечено одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија во рамки на ЕКСПО 2025 што се одржува во Осака, Јапонија. Нашата држава е претставена со павилјон што го симболизира нејзиното богатство – земја со длабока историја, култура и исклучително археолошко наследство, сместена во срцето на Балканот. На настанот се обрати ...

Од денеска до 5 мај 2025 е рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Министерството за образование и наука во објавата на повикот за субвенцијата посетува дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. -Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни ...

Тука сме за минимална плата од 500 евра, помножена по коефициент за сложеност затоа што 500 евра плата не е доволно. Затоа што две минимални плати не овозможуваат основни трошоци за живот на едно четиричлено семејно домаќинство. Ќе дојдеме многу повеќе ако не ги зголемат платите. Бараме пристојна плата за пристојна работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) пред Владата каде што заврши ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги искористил 15-те минути со претседателот на САД, Доналд Трамп, на погребот на папата Франциско за да се обиде да го убеди да заземе поостар став кон Владимир Путин и да се фокусира на прекинот на огнот, дознава известувачот на Аксиос, Барак Равид од два извори запознаени со средбата. Според овие извори, украинскиот претседател имал сериозни сомневања дали воопшто треба да се согласи на уште една ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 1 Мај - Денот на трудот. Денес им оддаваме почит на сите работници - на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава. „Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран зголемена е фреквенција на возила, соопшти АМСМ. Поради зголемена фреквенција на возила, како што велат од АМСМ, на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути, додека на ГП Богородица за излез од државата се чека околу ...

Во напад на руски дронови врз Одеса во текот на ноќта загинаа две лица, а пет беа ранети, соопшти гувернерот на регионот Олех Кипер. Во нападот избувнале бројни пожари, а оштетени се станбени згради и училиште. „Во нападот загинаа две лица, а петмина се повредени. Лекарите им ја пружаат сета потребна помош на повредените“, објави Кипер. Тој извести дека на терен се поставени шатори за помош на повредените и дека пожарникарите ги гаснат пожарите ...

Претседателот Доналд Трамп изјави денеска дека има потенцијални трговски договори со Индија, Јужна Кореја и Јапонија, бидејќи се обидува да ја претвори својата тарифна политика во трговски договори. Во градското собрание на телевизиската мрежа „Њуз нејшн“, Трамп на прашањето кога ќе објави договори со тие три земји, одговори дека има потенцијални договори со нив. На 2 април 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи „Денот ...

Бразилката која беше прогласена за најстарата личност на светот, Ина Канабаро Лукас, почина на 117-годишна возраст. Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде ги помина последните години, објави БФМ. Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонецот Томико Итока во јануари, кој исто така почина на 116-годишна возраст. Својата духовна кариера ја започнала на 16-годишна возраст кога влегла во училиштето на ...

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот сè уште излегуваат на виделина, двете страни потврдија дека тој формира инвестициски фонд за истражување на минерални суровини и го одредува начинот на поделба на приходите. Во соопштението на американската администрација се наведува дека договорот испраќа порака до Русија дека администрацијата на ...

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати честитка до сите работници во енергетскиот сектор – од рудниците, преку електраните, до мрежите за пренос и дистрибуција на енергија. -Почитувани работници на енергетскиот сектор, Почитувани рудари, енергетичари, техничари, инженери, геолози, електричари, оператори и сите што го движите срцето на енергетскиот систем – ви ...

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, како што најави вчера, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата, посочувајќи дека се бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и зголемување на сите останати плати ...

По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува честитка до сите вработени во Министерството за одбрана и сите воени и цивилни лица во Армијата. „Честит 1 Мај — Меѓународниот ден на трудот! Упатувам искрени честитки до сите вработени во Министерството за одбрана и сите припадници на Армијата, воени и цивилни лица. Вашиот труд, професионализам и посветеност кон службата во Армијата и работата во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за украински минерали со САД, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека Вашингтон е подготвен да го потпише денеска. „Да, ние сме подготвени да го потпишеме договорот, но Украина одлучи да направи некои измени во него во последен момент“, рече Бесент на состанокот на кабинетот во Белата куќа. Тој додаде дека САД се „подготвени да го склучат договорот уште ...

Утрешниот празник, денот на трудот, но и близината со викендот, создадоа колони возила за излез од државата на граничниот премин Богородица.. Камерите на Јавното претпријатите за државни патишта вечерва покажуваат дека огромен број возила распоредени во четири колони чекаат за влез во Грција.. Од Автомотосојузот на Македонија, информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.. ...

Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата. Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем ...

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани. Пандов смета дека тоа е чин на одмазда за борбата со затворскиот криминал што тој ја почнал откако дојде на функцијата. -На што се должи? Се должи на кукавичлукот и на стравот ...

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви, Коцевски нагласи, дека деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на преземање дејствија истрагата ќе заврши навремено. Коцевски, во интервју за Алсат М, посочи дека сега истрагата се работи за едно кривично дело „тешки дела ...

Обединетите нации денеска соопштија дека специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен изразил загриженост поради насилствата во таа земја, особено во предградијата на Дамаск и во Хомс. „Педерсен е вознемирен од извештаите за цивилни жртви, како и жртви меѓу припадниците на безбедносните сили, како и од можноста за понатамошна ескалација на исклучително кревката ситуација“, се вели во соопштението на Обединетите нации. ...

Моштите на Свети Пајсиј (Олару) и Свети Клеопа (Илие) од Сихастрија беа пронајдени во понеделник и поставени во специјално изработени кивоти. На чинот на обретението со посебна богослужба началствуваа Епископот Венијамин од Јужна Бесарабија и викарниот Епископ Никифор од Ботошани, при Архиепископијата на Јаши. Личните предмети на овие двајца почитувани старци, кои беа сочувани во нивните гробови, беа внимателно поставени во посебно подготвени ...

Иднината на Европската Унија делумно зависи од приемот на нови членки, а особено на земјите од Западен Балкан, изјави денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини. „Знам колку беше важно за Словачка пристапувањето во ЕУ. Планирам постепено да ги посетувам сите земји од Западен Балкан за да ги поддржам на овој пат, под услов да се исполнат сите услови“, рече Пелегрини. Тој истакна дека Европската Унија ја чека предизвикувачки период во кој ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Американците треба да бидат трпеливи, и покрај тоа што во првото тримесечје од 2025 година е регистрирано намалување на економијата. Трамп тврди дека неговите царини на крајот ќе доведат до подем во САД. Сепак, претседателот на САД го обвини својот претходник, Џо Бајден, за лошите перформанси на економијата. „Тоа е ефектот врз пазарите по Бајден, а не поради Трамп. Земјата ќе има економски бум, ...

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање. Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените ...

Стефан Петрушиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“ во 2011 година, а потоа се посвети на универзитетот, дипломираше на Правен факултет, стана правник и денес тоа му е професија, а одвреме-навреме се занимава и со музика. Во мај 2021 година, Стефан се ожени со убавата русокоса Марија. Во меѓувреме го добија синот Павле, а сега Стефан објави дека добил уште еден син. Тој објави фотографија на која сопругата го држи во раце новороденчето Петар. Името ...

Министерот за правда Филков со целосна поддршка до Пандов, на кој вчера му беше запален домот. Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
4.18
33%
1013
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
4.36
59%
1016
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.62
49%
1017
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
0.8
21%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.92
37%
1012
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.41
66%
1019
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.92
28%
1006
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.01
39%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.47
40%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
4.02
47%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
63%
1015
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
7.86
100%
1009
Currency

61.525

Currency

52.6863

Currency

71.0121

Currency

34.4961

Currency

38.4544

Currency

66.0277

Currency

7.35059

Currency

0.67458

Currency

0.35658

Currency

0.52498

Currency

1.31142

Currency

0.61276

Алуминиум

2.59

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14883.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1231.20

Злато

108166.09

Бакар

11.10

Паладиум

38355.84

Платина

45412.20

Родиум

183259.26

Цинк

2.71