Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Струмичките пожарникари денеска со полни раце работа. Уште во раните утрински часови, ТППЕ Струмица се соочи со серија опасни пожари на три различни локации. Најдраматично беше во излетничката населба Суви Лаки, каде пламените јазици „проголтаа“ викендица. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители. Еден ...
Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка од редовите на СДСМ. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт, истакна Кузеска. „До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака до сите кои работат во „сенка“ и оние кои користат шпекулативни методи за зголемување на цените. На конференцијата посветена на формализирање на неформалната економија, тој нагласи дека борбата против сивата економија не е само експертско прашање, туку прашање на праведност – државата нема да дозволи чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат. „Сивата економија е изгубена ...
Времето утре наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во деновите од викендот ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (18.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово учествува на клучниот министерски состанок во Тирана, посветен на развојот и реализацијата на Коридор 8. На овој стратешки настан, Муцунски е во друштво на своите колеги од Албанија, Италија, Бугарија и Романија, со цел да се засили регионалната поврзаност. Добро утро од Тирана, напиша на својјот Фејсбук профил Муцунски „Денес учествувам на Министерскиот состанок ...
Европската унија мора да започне со подготовка на конкретни планови за справување со животот на континент кој ќе биде за четири степени Целзиусови потопол поради климатските промени, велат научниците. „Климата во Европа се менува брзо. Ова не е далечен или апстрактен ризик“, рече Отмар Еденхофер, претседател на Европскиот научен советодавен панел за климатски промени. Како што планетата се затоплува, екстремните временски настани како што се ...
Затвореник опишан како насилен, кој чека депортација во Гана, избега од притвор по втор пат за само една недела. Дајел Боакје, 21, избега од полициски притвор во болница во јужен Лондон, објави Скај њуз. Бокје, кој отслужуваше казна за грабеж во затворот Фелтам, повторно избега во неделата од болницата, каде што примаше медицински третман. Тој е насилен и има врски со банди, велат властите. „Полициските службеници трчаа по него, но не можеа ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во дебатниот магазин „Само Вистина“, упати остри критики до актуелната власт поради одбивањето да ја зголеми минималната плата. Таа откри дека СДСМ веќе двапати поднесува закон за минималец од 660 евра, но власта еднаш го одбила на гласање, а вториот пат не го ни ставила на дневен ред со образложение дека „материјалите не стигнале навреме“. „Трошоците за живот и сметките растат, а ...
Водостоите на поголемиот дел од реките во земјата се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, минимално зголемување е забележано кај некои реки: Треска Пчиња Катлановска Бања Струмица Најголем раст на водостојот се регистрира кај: Струмица Црна Река Брегалница Водостоите на трите природни езера во земјата остануваат исти како вчера. Водостоите на поголемиот дел од ...
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информира дека поради неповолните временски услови, екипи се испратени на терен и реагираат навремено и координирано. Градоначалникот истовремено апелира на внимателност кај граѓаните. Екипите се на терен и постапуваат со целосна мобилизација поради паднати и оштетени дрвја на повеќе локации низ градот како резултат на засилениот ветер. Нашите служби веднаш излегоа на терен за отстранување на ...
Многу демократи кои присуствуваа на Минхенската безбедносна конференција минатиот викенд тајно се надеваат дека еден ден ќе станат претседател на САД. Но, дури и ако еден од нив ја освои Белата куќа во 2028 година, ќе откријат дека повеќе не можат да ја бараат титулата што секој американски претседател ја имал од 1940-тите – Лидер на слободниот свет. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, се качи на сцената за да инсистира дека неговата ...
Четири децении по катастрофата во нуклеарната централа Чернобил, децата на работниците сè уште живеат со последиците од несреќата. Досега, научниците не беа сигурни дали децата на луѓето изложени на зрачење ќе го наследат генетското оштетување од своите родители, објавува Дејли Меил. Сепак, истражувачите од Универзитетот во Бон сега покажаа дека децата на работниците кои ја чистеле централата имаат зголемен број мутации во нивната ДНК. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на радио „Лидер“ остро ги демантираше информациите на опозицијата дека се скратени 40 милиони евра од програмата за субвенции. Според Трипуновски, станува збор за обид на опозицијата да „ќари“ политички поени преку ширење дезинформации во недостиг на идеи и креативност. „Проекцијата од 100 милиони евра е стандардна рамка во изминатите десетина години. ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од селото Велгошти, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Охриѓанката на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за ...
Во Женева заврши првиот ден од критичните трилатерални преговори меѓу Русија, САД и Украина. Состанокот, кој траеше четири и пол часа, се одвиваше во хотелот „Интерконтинентал“ во услови на строга дискреција и без официјални изјави за постигнатиот напредок. Клучни актери на преговарачката маса Самитот ги собра највисоките претставници на трите страни, потпомогнати од европски безбедносни советници: САД: Русија: Украина: Европски набљудувачи: ...
Три лица загинаа во експлозија во зграда на воената полиција во северна Русија, во близина на Санкт Петербург, соопштија денеска локалните власти. Телата биле пронајдени под урнатините на делумно уништената зграда во градот Сертолово, напиша гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм. Според медиумските извештаи, други лица се повредени во експлозијата, за која граѓаните велат дека можела да се слушне на оддалеченост од неколку километри, ...
Белградската полиција експресно го откри и го приведе лицето кое го потпали луксузниот автомобил на најпознатиот балкански јутјубер. Станува збор за 23-годишниот З.Р., кој е идентификуван како сторител на инцидентот што се случи на улицата „Херцеговачка“ во елитната населба Белград на вода. Дежурниот јавен обвинител веднаш му одреди 48-часовен притвор, а младиот пироман сега се соочува со сериозни обвиненија за предизвикување општа опасност. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека му дал инструкции на украинскиот преговарачки тим во Женева да го покрене прашањето за идна средба со рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека таквата средба е најдобриот начин да се постигне пробив во мировните преговори. Зеленски, исто така, изјави за Аксиос во телефонско интервју дека специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд ...
ВМРО-ДПМНЕ е на страната на работникот. Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, а од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега преку дијалог и разговори прави сè во рамките на можностите ...
Поради силен ветер, летната лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се откорна. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот е пријавен на единствениот број за итни повици 112. Среќа во несреќата е што нема повредени лица. Интервенција побарале службени лица од МВР, како и надлежните институции. – За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат ...
Нивото на реката Вардар во Тетовско се намалило во однос на претходните три дена, и во моментов нема опасност од излевање. Сепак, патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи (Општина Теарце) паднале две бандери на Телеком. Во Нераште бандерата паднала покрај патот и не го блокира ...
Иранските власти соопштија дека е постигнат значаен напредок во индиректните преговори со Соединетите Американски Држави, насочени кон деескалација на тензиите на Блискиот Исток и решавање на долгогодишниот спор околу нуклеарната програма и санкциите. Клучни точки на преговорите Според извори од Техеран, разговорите кои се одвиваат со посредство на трети страни (најчесто Катар или Оман), се фокусирани на неколку критични столбови: Олеснување ...
Македонија ова утро е обвиткана во студ. Најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде во 7 часот се регистрирани -8 °C и 97 см снег. Другите утрински температури се: Крушево и Маврови Анови: -4 °C Берово и Претор: -1 °C Крива Паланка, Охрид, Битола и Прилеп: 0 °C Штип и Виница: 2 °C Тетово, Куманово и Струмица: 3 °C Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија: 4 °C Скопје–Петровец и Велес: 5 °C Гевгелија: 6 °C Количината на врнежи во ...
На социјалната мрежа Фејсбук, кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, соопшти дека ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба. Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам, КРИВИЧНА ПРИЈАВА против: 1. Башким Бесими од Тетово, ...
Три жени од Тиквешкиот регион станале жртви на измами во рок од неколку дена, потврдуваат од Секторот за внатрешни работи – Велес. Полицијата апелира на зголемена внимателност. Во два од случаите, повозрасни жени биле измамени со барање за по 20.000 евра за наводна операција на нивната внука или ќерка, додека во третиот случај, кавадарчанка изгубила речиси 3.000 евра при договарање на заеднички бизнис кој не се реализирал. На 10 февруари, ...
Викендов се трагаше по 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, а потрагата за жал заврши со тажен крај. Прилепчанецот кој беше пријавен за исчезнат, беше пронајден починат, а роднини и пријатели се простуваа од него на социјалните мрежи. Претходно МВР информираше дека на 15 февруари 2026 година во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син В.И. (39). Семејството објави апел за помош велејќи ...
Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат повеќе делови од Скопје. Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, прекин во напојувањето ќе имаат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ (од број 19 до крајот на улицата кон бул. „Партизански Одреди“) во општина Центар. Во истиот термин без електрична енергија ќе бидат и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ – Фурна „Диме“, поранешните ...
Собранието денеска ќе ја одржи 85. седница, на која се очекува да бидат констатирани оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимовски, како и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска. На дневен ред се очекува да се најде и изборот на Гоце Наумовски за нов уставен судија. По исцрпувањето на ...
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе надминува 60 km/h, особено во источните региони и во Пелагонија. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 3 до 11 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, проследено со умерен до засилен северен ветер. ...