Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Тропскиот бран кој ја зафаќа Македонија од денеска, го зафаќа и регионот. Во Хрватска, најавени се високи температури, но и невреме. Хрватска денеска ќе се „пржи“ на температури до речиси 35 степени Целзиусови, а уште во утринските часови во некои градови температурата се искачи до 30 степени. -Во внатрешноста ќе биде делумно, а на места и претежно сончево, но времето нема да биде целосно стабилно, па повремено ќе има дожд или врнежи ...
Денешниот ден, 15 јули, е прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора. Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело денеска треба да биде донесено во Ниш, а ќе биде погребана утре. ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, г. Мартин Памер. За време на средбата се разговараше за актуелните случувања, досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во области од заеднички интерес. Беше истакната и континуираната поддршка на Австрија за реформските процеси и европската интеграција на државата. „Австрија ...
Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот. Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело — што подразбира дека доказите за целта и намерата со која ...
Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде ...
Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини опозицијата дека е одговорна за неусвојувањето на Изборниот законик во законскиот рок, оценувајќи дека со тоа државата ќе остане без 4,2 милиони евра од европските средства. Во објава на Фејсбук, Стојаноски посочи дека денеска, 15 јули, е последниот рок за усвојување на Изборниот законик, но дека веќе е извесно оти законските измени нема да бидат донесени. -Денеска е 15-ти јули, последниот ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со директорката на Развојната банка, Ефимија Димовска, посветена на финалните активности за операционализација на Фондот за енергетска ефикасност – еден од најзначајните механизми за финансирање на инвестиции во енергетската ефикасност во државата. На средбата беа разгледани следните чекори за воспоставување на Фондот, подготовката на клучната ...
Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. – Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот ...
Осомничениот дилер кој неодамна спектакуларно им побегна на кочанските полицајци за потоа да биде уапсен во Скопје, Александар Лазаров, веќе е спроведен зад решетки на издржување притвор. Но, покрај слободата, тој сега ќе остане и без вреден имот. Истражните органи во Кочани веќе поднесоа официјално барање до Судот за привремено одземање на неговиот недвижен и подвижен имот, кој се сомневаат дека е стекнат со нелегална трговија со дрога. Под ...
Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски доброволно се пријавил во затвор за отслужување на казната од шет и пол месец. Оваа информација ја соопшти партијата ГРОМ, чиј претседател е Јакимовски. -Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и ...
Лицето кое минатиот петок успеа да им побегне на полицајците во Кочани е лоцирано и уапсено во Скопје. По неколкудневна потрага, бегалецот синоќа е повторно лишен од слобода, но со тоа не се затвора случајот за МВР. Првиот човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, веднаш по апсењето испрати остра порака до јавноста. Тој потенцираше дека и покрај тоа што бегалецот е зад решетки, во полицијата веќе е отворена внатрешна ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинителен предлог против сопружници кои се осомничени за ладнокрвното убиство на матичниот лекар Ацо Трповски. По долга истрага, обезбедени се докази кои упатуваат на тоа дека 65-годишен маж е директниот извршител на делото, додека неговата 59-годишна сопруга му помогнала да го намести докторот и потоа да ги сокрие трагите. Според наодите на истрагата, клучниот момент се случил на паркинг во ...
Магистралните и регионалните патни правци ширум државата во следните седум дена ќе се чистат со помош на работно ангажирани осудени лица. Оваа координирана акција, која ќе трае до 22 јули 2026 година, е резултат на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу државните институции, со цел унапредување на хигиената на патиштата низ целата територија на Македонија. За ефикасна реализација на планот на терен, денеска беше извршен директен увид од ...
Опозициската коалиција составена од СДСМ, ДУИ и Левица свесно ја пропушти последната шанса за носење на новиот Изборен законик, со што директно ги оштети како иселениците, така и граѓаните во земјава. Ова на денешната вонредна прес-конференција го обелодени пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, нотирајќи дека денешниот 15 јули беше крајниот рок за исполнување на оваа клучна реформа. Наместо усогласен законски текст кој требаше денеска ...
Ослободувањето на Никола Груевски за случајот „Талир 2“ е директна последица од измените во Кривичниот законик кои ги донесе претходната влада на СДСМ и ДУИ, додека вчерашната судска одлука конечно ја донесе долгоочекуваната правда за партијата. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле измислени во време кога се вршел агресивен политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ. Шефот на Владата ...
Владата има цврст и стабилен мандат за реализација на ветените проекти до пролетта 2028 година, и тоа останува примарен фокус на владината коалиција. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат целосно исполнување на предизборните ветувања пред воопшто да се размислува за нови изборни соочувања. И покрај фокусот на редовниот термин, шефот на Владата испрати децидна порака до политичките противници ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Пеце Мирчевски, доби обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје за продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, како и за фалсификување службена исправа. Според Обвинителството, Мирчевски во периодот од јули 2021 до март 2024 година, како директор на СОЗР, ги пречекорил службените овластувања и без основ за службени ...
УХМР ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Според податоците од УХМР, ќ биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени. УХМР ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Според ...
УХМР ги измери температурите во 11 часот, во градовите низ Македонија. Според податоците од УХМР за ова претпладне, во Македонија најтопло е во Гевгелија со 32 степени, по што следи Кавадарци со 31, Демир Капија и Велес со 30 степени. Во Скопје во 11 часот УХМР измери 29 степени. Најниска температура во 11 часот на територијата на Македонија е измерена на Попова Шапка, 19 степени. Од УХМР за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до ...
Постојат политички чинови што се мерат во дневни поени, и постојат чинови што се мерат во историски пресуди. Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа!, се вели во соопштението од Левица. -СДСМ останаа цврсто на тајниот договор со ДПМНЕ за Изборниот законик да остане недопрен – како оперативна спогодба меѓу актерите на стариот поредок со цел овој ...
Генералот Карстен Бројер, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Германија, денеска пристигнува во официјална дводневна посета на Армијата на Република Северна Македонија, предводејќи висока германска воена делегација. Во рамките на посетата, Бројер утре ќе биде пречекан со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, а потоа и со министерот ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, оцени дека постои несогласување меѓу ставовите на власта за двојните државјанства, изборните права и учеството на дијаспората. „Мене малку сѐ ова ми наликува на политичка шизофренија. Лош збор е и можеби не треба да се соопшти, но да го појаснам: тоа е кога вие кажувате две контрадикторни работи, а тврдите дека сте конзистентни во политиките“, изјави ...
Жупаниското државно обвинителство во Пула отвори истрага против 55-годишен државјанин на Македонија за обид за убиство. Според податоците од хрватските медиуми, Македонецот е осомничен за убиство на 48-годишен државјанин на Србија при инцидент што се случил на брод во близина на Медулин, на 13 јули. Тој го нападнал со нож српскиот државјанин и повеќе пати замавнувал кон главата и стомакот. Според истрагата, нападнатиот се обидел да се заштити ...
Од Министерството за јавна администрација објавија важна вест за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. -Можност за студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје да стекнат практично искуство ...
Од Водовод и канализација Скопје, денеска информираа каде ќе нема вода. -Ве известуваме дека на ден 15.07.2026 поради дефект на приклучна цевка ¾ на ул.5/бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. 4 и ул.5, стои во соопштението од Водовод. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:40 часот до завршување со санација на дефектот. Од Водовод и канализација Скопје, денеска информираа каде ќе нема вода. -Ве известуваме дека на ден ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк. -„Денес во посета ми беше оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“ – млади талентирани музичари кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија. Тие се огромна гордост за сите скопјани, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да го користат ГИС порталот – дигитална платформа која овозможува брз и транспарентен пристап до општинските услуги и информации. Преку порталот граѓаните можат на едно место да ги следат актуелните информации, тековните и планираните инфраструктурни проекти, јавните повици, новостите и активностите на локалната самоуправа. „Со едноставна регистрација, секој граѓанин ...
На 13 јули 2026 година, во 18:15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Хонда“, управуван од Д.Ш. (41) од Скопје, и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. ...
На 13 јули 2026 година, во 09:40 часот, во СВР Куманово, С.Т. (68) од Куманово пријавил дека додека изведувал градежни работи во близина на неговата викендичка во село Косматац, кумановско, пронашол две гранати. На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Куманово, а гранатите во текот на денот ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. На 13 јули 2026 година, во 09:40 часот, во СВР Куманово, С.Т. ...