Припадник на Иранската револуционерна гарда, баран со меѓународна потерница од САД за кибер-криминал тежок милијарди долари, вчера беше лишен од слобода во Котор, Црна Гора. Амир Барати (39), кој има двојно државјанство – турско и иранско, е уапсен во координирана операција на локалните безбедносни служби и американското ФБИ. Црногорската полиција соопшти дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети, ...

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање. -По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен ...

На 43-годишниот македонски државјанин, кој го призна убиството на 45-годишната жена на грчкиот остров Крит, денеска му е одреден притвор по заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител. Осомничениот се товари за убиство со умисла, а пред истражните органи во Ханија изјавил дека злосторството било извршено по расправија со жртвата и дека не било однапред испланирано. Според грчките медиуми, тој во својот исказ побарал прошка од ...

Јапонските власти денеска наредија итна евакуација на повеќе од два милиони луѓе поради сериозни предупредувања од поплави и лизгање на земјиштето, соопштено е по приближувањето на тајфунот Мехала. Претходно, обилните дождови предизвикани од бурата парализираа делови од Тајван, каде приближно шест милиони луѓе останаа без работни обврски, а учениците беа ослободени од настава. Иако во меѓувреме ослабе во тропска бура, Мехала во моментов се ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв, неизвесност и сериозни последици за наставниците, учениците и руралните средини кои ќе значат отпуштања од работа. „Во вашата програма 1198 стоеше дека идната влада на ВМРО ќе креира национална образовна стратегија донесена со ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во собраниската расправа за измените на законите за образование порача дека Владата ја претставува „оптимизацијата“ како реформа, а всушност носи неизвесност, страв и сериозни последици за учениците, наставниците и руралните средини. Талески директно ја обвини министерката за образование Јаневска дека избегнува да ја брани законската измена пред пратениците. „Дотичната министерка за образование не е присутна ...

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на ...

Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Со ...

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на собраниската расправа за измените на законите за образование предупреди дека зад најавената „оптимизација“ на министерката Весна Јаневска не се крие подобро образование, туку политика што ќе значи отпуштања на наставници, централизација на одлучувањето и дополнително празнење на руралните средини. „Министерката постојано зборува за оптимизација и дека токму таа оптимизација ќе го подобри квалитетот ...

Вчера во 15:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишна жена од Гостивар пријави дека подолг период била физички и психички малтретирана од нејзиниот партнер Б.И. од Гостивар. Според пријавеното, пред три години тој ѝ нанел тешка повреда, а на 18.06.2026 повторно физички ја нападнал и упатил закани на неа и на нејзин пријател. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот Б.И., при што била пронајдена ловечка пушка која ...

Лишени од слобода 19 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и ...

Вчера во 20:10 часот, на автопатот Скопје–Гевгелија кај местото Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 60-годишен српски државјанин. При сообраќајна контрола со радар, било констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час, на дел од патот каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Од Министерството за внатрешни работи ...

Одлуката за воведување ограничувања за движење во шумите не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција преку издавање дозволи, појасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, мерката е превентивна и има цел да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари во периодот со високи температури. Првиот човек на ДЗС децидно укажува дека ...

Вчера во 19:45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Виница физички ги нападнал неговите сестра, внука и татко. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 19:45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(42) од Виница, постапувајќи по ...

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата се разви на денешната собраниска седница посветена на измените на Законот за основно образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Од друга страна, пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. ...

Вчера во 02:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на поткровје од зграда на подрачјето на Центар настанал пожар. При обид со противпожарни апарати да го изгаснат пожарот, Д.С.(54) и Б.А.(49), двајцата од Скопје, вдишале чад, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Подоцна, на преглед се јавиле уште три лица поради ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на територијата на државата до 14:00 часот се регистрирани два активни и еден целосно изгаснат пожар. Според официјалните податоци, противпожарните екипи во моментов интервенираат на две локации каде што пламените јазици сè уште не се ставени под контрола. Едниот активен пожар е лоциран во населбата Света Недела на подрачјето на општина Штип. Вториот активен пожар е регистриран во селото ...

Поизразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд попладнево го зафати регионот на Велес и пошироката околинасоопшти УХМР. Промената на временските прилики доаѓа по неколкучасовниот топлотен бран кој претходно во текот на денот донесе рекордно високи температури во овој дел од земјата. Во Велес и околината имаме поизразена нестабилност и пороен дожд. Поизразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд попладнево го ...

Вчера полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Имено, според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и им нанел ...

Вчера во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под ...

Вчера во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, која три дена престојувала во домот каде тој бил потстанар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредни информации за моменталната состојба со времето на територијата на државата. Според официјалната радарска слика, во моментов се регистрирани локални дестабилизации на атмосферата со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Невремето во овие моменти е најизразено во северозападните планински региони во земјава каде има активни процеси. Паралелно, силен развој на ...

Денеска (26.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот ...

Собранието го донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028. Со донесувањето на Законот се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на ...

Лишени од слобода шест лица во Скопје и Битола во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога На 25/26.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(33), И.А.(39), С.С.(24), А.А.(29) и А.Е.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. На 26.06.2026 во 03:10 часот во Битола, полициски службеници од СВР ...

Собранието на денешната седница го донесе Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Новиот закон претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства. Законот воведува посебен ...

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ24, нагласи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, туку обид само козметички да се прикрие фактот дека по две години владеење резултатите изостануваат, и нема да донесе никаков напредок на државата. Тренчевска посочи дека наместо промена на политики и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, јавноста повторно ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите во 14:00 часот (12:00 UTC) на територијата на целата држава, кои покажуваат значителен пораст на вредностите во сите градови. Според официјалните податоци, највисока температура денеска е измерена во Велес, каде живата во термометарот достигна до 35.7 степени. Веднаш зад него е Демир Капија со измерени 35.2 степени, додека во Штип, Гевгелија и Кавадарци се ...

Советничката во Општина Центар, Диана Ристовска Додевски, денеска упати остри критики до градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ, обвинувајќи ги за лошите услови за живот и инфраструктурниот хаос на улицата „Охридска“ во Маџир Маало. Според неа, локалната власт свесно дозволува деградација на просторот во општината за задоволување на партиски и бизнис интереси. „Улица „Охридска“ во Маџир маало, е само еден пример за тоа, како се работи во ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка меѓу Сида и УНДП, истакна дека енергетската политика во земјава веќе не се однесува само на производство на струја. На состанокот присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска, Ола Солстром, како и постојаниот претставник на УНДП, Армен ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.81
39%
1021
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
6.7
56%
1022
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1024
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
60%
1022
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
0.39
80%
1024
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
36%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
52%
1024
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
94%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Сребро

2099.49

Платина

56263.81

Калај

55.56

Рутениум

53852.50

Злато

141562.95

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Бакар

13.39

Паладиум

43596.41

Родиум

278907.73

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.36