Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од МВР информираат дека седуммина од нив управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по двајца со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол и еден со активна забрана. Двајца возачи во Скопје, од кое еден малолетник и по еден возач во Штип, Куманово, Кавадарци, ...

Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година – објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и Производство на машини и ...

На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шабан Рамети“ во Скопје, Д.Д.(22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ф.(63), додека со телесни повреди се здобиле другите сопатници Ј.И.(60), Х.С.(56) од с.Рашче, скопско и А.В.(56) од с.Долно Свиларе, ...

Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и континуирано работиме на подобрување на процедурите и зголемување на довербата во здравствениот систем. Согласно извештајот – во здравството уделот на жалбените решенија изнесува 2,43%, што е под вкупниот државен просек од 2,88 отсто. При тоа најголем дел од спорните точки се поврзани со евалуацијата на понудите. Токму затоа ...

Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 13:40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи ...

– Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги ...

Законот за високо образование е закон за иднина на државата, квалитет, стабилност и преспектива, посочи премиерот Мицкоски на координативниот состанок кој утрово се одржа во Владата. По бројните критики зазаконот, министрката за образование тврди дека автономијата на универзитетите не е загрозена. Вонредно студирање ќе има, а во академијата нема да се вработуваат само деца на богати. Поддршка дадоа и ректорите на сите универзитети. Законот ...

Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за подобрување на инфраструктурата на улицата „Дижон 15“. Проектот опфаќа целосна интервенција во водоводната мрежа и фекалната канализација, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа зона. Во рамки на проектот ќе се реализира реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и 25 приклучоци за домаќинствата, ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои ...

„Никола Груевски, нема да влезе во затвор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и работи веќе неколку месеци наназад да ги поништи сите одлуки или сите обвиненија кои на кој било начин може да му наштетат. “, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување во емисијата „24 анализа“. Петровска оцени дека постои јасна политичка позадина во изјавите на власта во однос на евентуалното враќање на Груевски „Изјавата на премиерот дека, ...

Општина Кисела Вода продолжува со континуираните вложувања во унапредување на условите за предучилишно воспитание. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од 14 до 16 април 2026 година во Никозија, Кипар. Како што соопшти ДЗС, главна тема на состанокот била подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, унапредувањето на цивилно-воената соработка, ...

Русија постигна договор за исплата на отштета на Азербејџан поради инцидентот во кој беше соборен патнички авион над територијата на Казахстан. Овој чекор е резултат на долготрајните правни и дипломатски преговори, со што се става крај на спорот кој со години ги оптоваруваше билатералните односи меѓу двете земји. Детали за инцидентот Авионот, кој сообраќал на редовна линија, беше соборен при несреќни околности во воздушниот простор над ...

Британскиот јавен радиодифузен сервис, ББЦ (BBC), најави амбициозен план за реструктуирање кој вклучува намалување на бројот на вработени за 2.000 лица во текот на следните две години. Оваа мерка е дел од пошироката стратегија за оптимизација на работењето и значително намалување на оперативните трошоци на корпорацијата. Причини за реорганизацијата ББЦ се соочува со предизвици кои се заеднички за многу глобални медиумски куќи во дигиталната ...

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи. Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Охрид, при што одржа средба со градоначалникот Кирил Пецаков, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за развојните приоритети на општината, тековните предизвици и можностите за нивно надминување преку заедничка координација меѓу централната и локалната власт. Во фокусот на ...

Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Министерот нагласи дека во партнерство со „K&S Скопје“ веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на ...

На 15.04.2026 во 20:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 21-годишната Н.А. од Кавадарци и Б.В.(47) од Кочани. При претрес во домот во кој привремено престојува Н.А., извршен со наредба на Основен суд Кочани, а во кој бил затекнат и Б.В., пронајдени се и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава материја и предмети со остатоци од мариахуана и прашкаста материја, соопштија од полицијата. По ...

Според информациите на „Скај њуз“, Вашингтон и Техеран се подготвени да ги продолжат дипломатските напори за решавање на отворените прашања. Преговорите, кои се сметаат за клучни за стабилизација на ситуацијата во регионот, се закажани за наредната недела во Исламабад, Пакистан. Што може да се очекува од средбата? Овој нов круг на преговори доаѓа во момент на сериозни тензии, особено по последните случувања околу Ормускиот теснец. ...

Образованието е најмоќното оружје кое можете да го искористите за да го промените светот. Долго време во нашата држава се правеа експерименти со нешто кое не смее да биде предмет на импровизација – со образованието. Токму образованието е фундаментот врз кој се гради секое општество, порача премиерот Христијан Мицкоски. -Кога се прават погрешни чекори тука, последиците ги чувствуваат генерации. Не само денес туку и утре. Долго време високото ...

Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на Телевизија 24 каде се осврна на борбата против криминалот и корупцијата, за што истакна дека е клучна заложба на ВМРО-ДПМНЕ, а во изминатите нецели 2 години не отстапиле од таа цел. „Би го дефинирал како заложба на ВМРО-ДПМНЕ која што е уште од кампањата која беше за парламентарните избори и еден од пиларите за кои што се залагаше и го побара ...

Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства, велат од СДСМ. Ова не е прв пат, истото Мицкоски го правеше и во Собранието. Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против политичките неистомисленици. Наместо да се занимава со ...

Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по ...

Утрински 6 км низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи Maxime Prévot, објави на Фејсбук министерот, Тимчо Муцунски. Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, започнавме со поинаков почеток на денот – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги ...

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во одредени региони постојат услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Температури: Минимални: Максимални: Времето во Скопје Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време. Во попладневните часови, во делови од котлината се очекува повремен дожд и услови за појава на грмежи. ...

Иранските власти најавија можност за олеснување на тензиите и овозможување слободна пловидба низ стратешки важниот Ормуски теснец. Сепак, Техеран ја услови оваа одлука со конкретно барање упатено до меѓународната заедница и регионалните актери. Условот на Техеран Иранскиот став е јасен: нормализација на поморскиот сообраќај ќе биде можна само доколку се исполнат нивните безбедносни и политички барања. Иако деталите за условот варираат во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, ...

Ученик отворил оган во училиште во Турција при што загинаа 9 лица, од кои 8 деца, а 13 се повредени. Напаѓачот, 14-годишник, бил вооружен со оружје кое се верува дека му припаѓало на неговиот татко, пензиоиран полицаец. Нападот се случил во покраината Кахраманмарас, а мотивот засега не е познат. Напаѓачот е мртоц, но засега не е јасно дали бил убиен од полицијата или се самоубил. Ова е втор ваков инцидент во Турција за само 2 дена, по ...

Незапаметен масакр се случи денеска во училиште во турската покраина Кахраманмараш. Ученик од осмо одделение отвори оган врз свои соученици и наставници, при што животот го загубија најмалку четири лица, а повеќе од 20 се повредени. Овој напад е втор инцидент од ваков тип во Турција во изминатите два дена. Kahramanmaraş Ayser Çalık Ortaokulu’nda yaşanan silahlı saldırıda öğrenciler okul camlarından atlayarak hayatta kalmaya ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.7
86%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.41
71%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.28
89%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.41
95%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.5
95%
1014
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.52
98%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
76%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.23
84%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.28
78%
1016
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
94%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
79%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
2.3
88%
1015
Currency

61.645

Currency

52.9549

Currency

71.2814

Currency

37.5605

Currency

38.1614

Currency

66.8285

Currency

7.83923

Currency

0.72052

Currency

0.33139

Currency

0.52278

Currency

1.15226

Currency

0.55743

Злато

142109.17

Сребро

2296.45

Алуминиум

3.64

Цинк

0.00

Паладиум

41795.97

Рутениум

49769.36

Родиум

260421.05

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

55.81

Бакар

12.85

Платина

60089.75