Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 21. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот Вознесение Господово – Спасовден. Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма Охрид и годинава ќе го одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. – Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, точно напладне на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид ќе се одржи годинешната матурска парада. На настанот што прерасна во традиција ќе учествуваат околу 350 матуранти од сите охридски средни училишта и ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката м-р. Катерина Стојаноска. ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е уште еден продолжен викенд, за одбележување на Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, а понеделник, 25 мај 2026 година е неработен за сите граѓани на Република Македонија. Овој викенд, но и следниот, кој исто така е продолжен ќе помогне туристички Охрид уште подобро да се подготви за новата сезона. И покрај релативно ладното, дождливо и ветровито време периодов наназад, бројни ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степени. – Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Охрид, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Старото кино во Охрид, познатото „Охридско Езеро“, е локација која е силно вградена во колективната меморија на постарите охриѓани. Место каде се гледале филмови, но и многу повеќе од тоа, локација каде времето се минувало во дружба, се испраќале првите срамежливи погледи кон саканите, се креирале спомени кои траат цел живот. Денеска, за жал е запуштено, со искршени стакла, и претставува само огледало на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани утре го одбележуваат празникот Христовото вознесение Спасовден, кој се паѓа четириесет дена по Велигден, а во Македонија има голем култ. Утре именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска… Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за две пријави за закани поради должничко-доверителски односи, случени во текот на изминатите 24 часа во Охрид. Во првиот случај, на 19 мај 2026 година, во 17:25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Охрид дека околу 12:35 часот во Основен суд Охрид, каде требале да ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма Охрид ќе го одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. – Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, информираат ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за лицето П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд во Штип, воедно и претседател на ...
Скопје/Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Република Македонија (АСОМ), преку допис до медиумите потенцираат дека ако пратениците го поддржат новиот закон, тој ќе остави на улица 10.000 луѓе. – Откако на 14 мај, Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и официјално пристигна во Собранието, ви се обраќаме со ова отворено писмо за јавно да ги разобличиме сите напади врз нашата индустрија ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро го надмина просекот за месец мај. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,68 м.н.в, што е за 3 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 58 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Минатиот месец имаше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од почетокот на мај езерското ниво е повисоко ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на 18 мај 2026 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Детален Урбанистички План (ДУП) за УЗ 10, УБ 10.3 – Опфат 1 Охрид. Повеќе информации ОВДЕ. (Крај) ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со дефиле со противпожарни возила низ Охрид и останати соодветни активности, ТППЕ Охрид денеска го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарите. Дефилето започна околу 10:00 часот, по што следуваа и останатите предвидени активности во склоп на објектот на охридската противпожарна територијална единица. Во Охрид првите контури на противпожарно делување датираат уште од 1886 година, кога се создадени маалски ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 22 мај, во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе се одржи Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со условите за настава, современо опремените кабинети и практичната работа што се реализира во училиштето. Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки, како и можностите што ги нуди ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажан дел од денешната улица „Македонски просветители“ пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. – Интересна игра била сигурно, тркалање ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во стариот дел на градот, на потегот кај плажата „Потпеш“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со промоцијата на последните две песни „Еден пат за еден живот“ и „Едно мирно топло лето“, Коки Јанков го заокружи новиот албум „Навикни на промени“. На албумот има 20 преработки на песни кои ги свиреше со дуото „Дуле и Коки“ и со групата „Тајфата“. – Секој понеделник во изминативе два месеца излегуваа по две песни и два спота, кои ги снимавме во Велешкиот театар. Овојпат, со екипата музичари решивме да не го ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово, со мотив од стариот град и два прекрасни гулаби на покривот на црквата Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 7 Охрид, 20. мај 2026 ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Александар „CacaNito“ Ќулукоски е еден од најдобрите македонски Counter Strike играчи кој за себе вели дека неговиот афинитет кон гејмингот опфаќа повеќе игри, но она што е негова специјалност и денешна кариера е Counter Strike. Тој е повторно на врвот на првите 30/1, на светската Counter CS2 платформа на South East Asia Faceit season 8, откако стана дел на тимот JiJieHao и натпреварите во SEA регионот. Тој е ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесе одлука за свикување на 10 седница на Советот на Општина Охрид. Седницата ќе се одржи во вторник, на 26 мај, со почеток во 09:00 часот во зградата на општина ...
Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Манастирот „Вознесение Христово“, кај народот познат како „Св. Спас“, се наоѓа на околу 2 до 3 километри северозападно од охридското село Горно Лакочереј. Сегашната манастирска црква, која потекнува од крајот на XIX век, по својата градба, претставува развиен крст, впишан во квадратна основа, а во средишниот дел се издига купола. Градена е во нововизантиски стил од делкан квадратен бигор, вѕидуван во полиња ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 29 мај 2026 година, со посебен настан ќе се одбележат 300 години од градењето на познатата Саат кула, на Дебој, во стариот дел на Охрид. Настанот е во организација на Lions club Lyhnidos и ќе започне во 12:00 часот. Во насока на максимална промоција на настанот, познатиот охридски историчар и архивист Никола Митровиќ- Бабе најави дека секојдневно ќе постира одредени значајни и интересни факти за ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“ од Охрид, во сабота, на 23 мај 2026 година, ќе се одржи првиот отворен турнир „Охрид опен 2026“ во гаѓање со огнено оружје на 25 и 80 метри со пиштол и карабин. Турнирот ќе започне во 09:30 часот и ќе се одржи на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид. Од клубот ги повикуваат сите членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат активно учество ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1875 година во Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ. Делото на ТМРО му било над се’, а со своите постапки секогаш бил правичен и бескомпромисен. Неговите родители, Јаќим и Марија биле сиромашна рибарска фамилија. Јаќим не сакал неговите деца да го наследат занаетот, па затоа Коста и Сандре ги ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со дефиле со противпожарни возила низ Охрид и останати соодветни активности, ТППЕ Охрид денеска ќе го одбележи 20 мај, Денот на пожарникарите. Дефилето ќе започне после 10:00 часот, по што ќе следуваат и останатите предвидени активности. Во Охрид првите контури на противпожарно делување датираат уште од 1886 година, кога се создадени маалски организации во реонот Варош, во црквите „Св. Никола Геракомија“, ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид првите контури на противпожарно делување датираат уште од 1886 година, кога се создадени маалски организации во реонот Варош, во црквите „Св. Никола Геракомија“, подоцна „Св. Климент“ и „Св. Богородица Каменско“. Во овој период се создава интерес за набавка на опрема со што од народот се собрани финансиски средства за да се набават пумпи. Со првите средства набавена е пумпа од австриско производство, ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, денеска, од 11:00 часот ќе се одржи Студентската конференција за економија и бизнис во услужните дејности – СЕРВЕКО 2026. Согласно агендата, ќе се одржи пленарно предавање на д-р. Лоренс Елиот, DNP-AGNP, St. Louis Community College, USA на тема „Anatomy and Gastronomy: How Food Affects Our Bodies”, по што ќе следи презентација на ...
Охрид, 20. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20 степени. – Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од ...