Како Општина која го негува и во вистинска смисла на зборот го поддржува спортот и спортистите, на победникот на овогодинешното издание на Охрид трчаТ, покрај наградниот фонд кој го обезбеди организаторите, Општина Охрид на Дарио Ивановски му додели ваучер за 10 дневен престој во Охрид за припреми. Нека овој мал придонес биде дополнителна мотивација за Дарио да го оствари најдобриот резултат на Олимписките игри во Париз, напиша на својот ФБ ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за ...

Утре, на Светскиот ден на велосипедизмот, од 11:00 часот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и профитирај“. Проектот е посветен на физичката видливост на бизнис-идеjата за рекламирање на компании преку кампања заснована на велосипеди. – Со вклучување на велосипедизмот во животниот стил, велосипедистите не само што можат да уживаат во физичките и менталните придобивки туку можат и потенцијално да ...

Овој свет храм е изграден по иницијатива на мештаните од село Подгорци на старо вакавско место. Почнат е со градба 1924 година, завршен една година подоцна во 1925 и истата година е осветен. Храмот е во правоаголна едноставна форма со апсида напред, но тогаш не е фрескоживописан. Сега по 100 години од неговата градба, се фрескоживописа и плени со својата велелепност. Уреден е и просторот околу самата црква, вели свештеникот Димитрија Павлески. ...

Родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но, на џелатите ...

На 1. јуни 2024 година, во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишија од слобода две лица од Велес, на возраст од 35 и 33 години. На 1. јуни 2024 година, во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишија од ...

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година. Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието. Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, ...

Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики.) Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и богоугодно. Пред смртта рече: „По четириесет дена ќе одам да се судам со каганот“. И така беше. Четириесеттиот ден се ...

Како поранешен спортист, голем поддржувач на спортот и како градоначалник на Охрид, особено сум горд што нашиот град е домаќин на 18-от Европски Конгрес FIEPS Europa и 6-та Научна конференција RPESH, кои разработуваат важни теми од областа на физичкото образование, спортот и рекреацијата. Тридневната конференциска програма е подготвена од страна на Европската федерација на спортски педагози во соработка со Факултетот за Физичко образование, ...

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишен државјанин од Република Бугарија и 41 годишен Охриѓанец. -Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, нугарскиот државјанин и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни ...

Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкара во времето на Диоклецијан. Иако беше оженет, живееше според словото апостолско: оние што имаат жени ќе бидат како да ги немаат (1Кор. 7, 29). А крчмарот сметаше дека би можел, без некој да се посомнева, колку што може подобро да им помага на христијаните. Неговата крчма им беше засолниште на гонетите верници. Теодот тајно им испраќаше помош на разбеганите бегалци по планините и тајно ги прибираше телата ...

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (58) години од Република Бугарија и лице на (41) година од Охрид. Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, едното и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои ...

Како чинители и членови во една општествена заедница треба да се обединиме и да ја подигнеме јавната свест за Мултипла склерозата. Тоа ќе ни овозможи да поттикнеме помош и решенија за лицата кои се засегнати од оваа состојба. Исто така оваа наша поддршка е важен извор на мотивација за лицата кои веќе ја имаат дијагнозата и значаен фактор за подигнување на нивото за рано откривање на болеста. Важно е да знаеме: • Мултипла склерозата е хронична, ...

Оваа година се навршуваат 220 години од возобновување на нашиот Соборен Храм Св.Никола во с.Враништа (1804/2024).По тој повод ве повикуваме на заедничко чествување. -8 часот Света Божествена Литургија -10.часот Пригодно обраќање кон присутните од отец Ристе Наумоски -220 г.Возобновен Храм Св Никола с.Враништа, осврт на пр.др.Сашо Цветкоски -Културно-уметничка програма предводена од Членовите на Православна Младина с.Враништа -Трпеза на љубовта ...

Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа ...

По повод големиот успех кој го оствари тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на меѓународниот натпревар по роботика Балкан Јуниор 2024 година каде го освои првото место, на ден 29.05.2024 година беше остварен прием кај градоначалникот на Општина Охрид, г-нот Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование г-нот Димитар Спасески. На овој прием присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања ...

На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од pолициската станица Кичево приведоа 23 годишно лице од Кичево. Тој бeше баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за ...

На 28.05.2024 во полициската станица Кичево, извршен е службен разговор со 29 годиѓен маж од кичевското село Црвевци. Тој се сомничи дека на 27.05.2024 во 23.15 часот на улица „Раштански пат“ во Кичево физички нападнал 58 годишен маж од Кичево, по што со пиштол испукал еден куршум. Полициски службеници од ОВР Кичево од него одзедоа пиштол „ТТ“ калибар 9 милиметри и една рамка со 9 куршуми калибар 7,62 милиметри. По целосно расчистување и ...

Разрешениот директор на Кардиохирургија Мајран Шокаровски, смета дека тоа е направено незаконски, а за фантомските пациенти на оваа клиника, за кои обвинија деновиве, вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кои тие го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“. Потенцира, дека за секој пациент имаат пишан документ, што е и единствена законска обврска. – Моето разрешување е незаконски, ...

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира од 21 до 28 уни 2024 г. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ). Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат ...

Општина Охрид ќе овозможи реализација на практична обука и феријална пракса во просториите на општината за учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, профил економски техничар. Оваа активност е предвидена во Меморандумот за соработка, кој Општина Охрид го склучи со ова училиште, со цел да го промовира и унапреди средното стручно образование, како атрактивен и привлечен избор на кариера. Исто така, практичната обука ќе значи и вложување во ...

По повод 100 години од почетокот на градбата и преосветувањето на црквата Св. Јован Владимир во с.Подгорци Струга, на ден 4,06,2024 г Ве покануваме заедно да го прославиме овој свет чин со почеток во 8:45ч. на кој ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.г Тимотеј, информираат од Црковниот одбор. Притоа од таму додаваат дека овој верски настан ќе биде збогатен и со примопредавање на ...

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, викендов на25.05 2024(сабота) зеде учество на Меѓународниот натпревар “ГРАН ПРИ Српски Соко 2024″ во Зворник, БиХ, кој е еден од најјаките натпревари за пролетната натпреварувачка сезона, каде се собираат критериуми и рејтинг за учество на Европски и Светски првенства . Репрезетацијата на М.Т.Т.Ф. беше составена од 17 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии , двајца тренери и две официјални ...

Особено сум горд што спортски настани кои се одржуваат уште од периодот кога јас сум бил основно училиште продолжуваат и денес. Дополнително на тоа ме прави горд што младите ги гледам во спортските сали и на спортските терени, што како поранешен спортист ми причинува огромно задоволство. Денеска ги посетив натпреварите од спортската лига во мал фудбал и ги поздравив учесниците и организаторите. Како покровител на Спортските лиги обезбедив ...

Родум Египќанец и во младоста незнабожец. Како војник учествуваше во борбата на царот Константин против Максенциј. Потоа, дознавајќи од христијаните за единиот Бог и гледајќи го нивниот благочестив живот, Пахомиј се крсти и отиде во Тиваидската пустина, кај прочуениот подвижник Паламон, кај кого десет години се учеше на подвижнички живот. Тогаш, на местото наречено Тавенисиот, му се јави Ангел Божји во облека на схимник и му даде штичка на ...

Фолкерот Петар Нечовски освен што во Македонија е еден од најпопуларните пејачи, тој важи и за еден од најбараните пејачи во дијаспората. Изведува изворни, но и новосоздадени песни кои се вистински мелем за душа за неговите верни обожаватели. Интересно е едно видео од почетоците на кариерата на Нечовски од 1978 год. Десетина години работел како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, а потоа продолжува како професионален ...

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски денеска во црквата „Света Софија“ ги поздрави учесниците на 43. Меѓународна детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ кои викендов сликаа на локации во Охрид. На годинешната детска колонија учествуваа 170 млади ликовни уметници од 24 земји заедно со нивните ментори, ликовни педагози. Младите уметници на своето сликарско платно пренесоа дел од староградската архитектура, познатите ...

По неколкучасовен лет осумгодишно девојче од Охрид со дијагноза на напредна сколиоза успешно е пренесено во Спинален центар Истанбул со медикоптерот од ГОБ 8ми Септември. Девојчето било лекувано во нашите здравствени институции, но по консултации на лекарите одлучено е понатамошниот третман да биде во Турција каде ќе му биде извршен оперативен зафат. По четиричасовната операција ќе следува третман на рехабилитација кој ќе трае две недели до еден ...

На 26.05.2024 од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 14 мотоциклисти, кои управувале мотоцикли без заштитна кацига (Охрид-09, Струга-01, Кичево-03, Дебар-01). Апелираме до возачите на мотори и моторцикли, заради личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до законската обврска за задолжително ...

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, областа Мала Преспа, под надзор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча. „Во тек е реставрацијата на црквата Света Богородица на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, изработена врз основа на оригиналната, која се наоѓа во Музејот на средновековна уметност ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
49%
1021
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
41%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
49%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
44%
1022
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.94
52%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
84%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1021
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
38%
1020
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
43%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.6
54%
1023
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
4.63
57%
1019
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
77%
1022
Currency

61.6038

Currency

53.3688

Currency

69.9696

Currency

34.9404

Currency

38.0377

Currency

66.3927

Currency

7.50587

Currency

0.66054

Currency

0.34627

Currency

0.52568

Currency

1.26952

Currency

0.60205