Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организра Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, општина Охрид, со тех. бр. 03-123/23 од септември 2023 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги „Нимаер“ дооел увоз извоз Струга Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна ...

На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје. При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии ...

Еколошката свест на многу ниско ниво. Отпад може да се види на секакви недозволени места. Луѓето свесно фрлаат и за тоа не понесуваат никаква одговорност. А за да биде ситуацијата уште потрагична, оние кои сметот го оставаат каде ќе им текне, се нагласни преку социјалните мрежи, како Охрид не бил чист. ЈП Охридски Комуналец работи со полна пареа. Деноноќно се собира сметот од депониите кои „никнуваат“ преку ноќ, но и се празнат садовите ...

На ден 21.07.2024 во спортската сала на таеквон-до клубот ХВАРАНГ ИТФ во организација на М.Т.Т.Ф (Македонска традиционална таеквондо федерација), со дозвола од ИТФ (интернационална таеквондо федерација) организира полагање за повисоки појаси. Овој значаен настан беше одржан под контрола на испитната комисија и претседателот на М.Т.Т.Ф, Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас 5-ти дан, поранешен светски вице шампион во Прага 1996год. Во ...

Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го ...

Вчеравечер во Трпејца на Културното – забавно лето во организација на здружението “За Трпејца со љубов”, студентот по историја при Филозофскиот Факултет – Скопје, Петар Симоноски, одржа историски час на тема: Дервенџиството во Трпејца во втората половина на XVI век. Со тоа ја зголеми љубопитноста и интересот на присутните. Симоноски во завршниот дел испрати порака до присутните да ја сакаат, негуваат и почитуваат историјата бидејќи таа е ...

ВМРО ДПМНЕ во Охрид освои дури 54 % од гласовите, што е историска победа на оваа партија во градот, а соодност помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 3:1 или на секој даден глас за СДСМ , граѓаните давале по три гласа за ВМРО ДПМНЕ. Ваквиот колапс отвара и едно интересно прашање: Има ли во СДСМ некој кој ќе се кандидира за градоначалник на изборите следната година ? ВАКА СЕ СЛАВЕШЕ ПРЕД ВМРО ДПМНЕ ОХРИД ИСТОРИСКАТА ПОБЕДА https://youtu.be/NOraKjjVb3E ...

Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Јерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 15ти до 21ви Јули, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Пере Тошев“ бр.3 – „Абас Емин“ (2 дефекти) – „130“ бр.72 – „Христо Узунов“ бр.10 – „Кленоец“ – „Охридска Бригада“ – „Железничка“ – „Вангел Николоски“ – „АРМ“ бр.58 – ...

Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржуваше иминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора. На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска. Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид, Јоне Станковски оствари средби со претставници на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој ...

Македонските портали масовно пренесуваат лажна вест дека во Охридско Езеро била поставена џиновска гитара како најава за концертот на Лени Кравиц. Медиумите наседнале на не баш уберлива видео и фото мотнажа на која се гледа огромна гитара во водите на Охридско Езеро, а над неа прелетува авионче. Ова видео кое и не е толку квалитетна монтажа е лажно и е објавено на Фејсбук страната на „Авалон продукција“ која со оваа „фитна“ си обезбеди гратис ...

Агенцијата за храна и ветеринарство минатата недела спроведе вондредни засилени контроли во 112 објекти од кои казни 54 оператори, а на 8 им е нaпишана забрана за работа. Контролите беа извршени во туристичките места Дојран, Охрид, Струга и Преспа. Со контролите било утврдено неисполување на општите и посебните хигиенски барање во сите фази на производство преработка и дирстрибуција на храна, како и храна со поминат рок на употреба и промет на ...

Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Јерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. ...

Министерот за транспорт, Александар Николоски сподели една одлична вест. Донесена е одлука да се формира работна група која ќе ги истражи сите можности да се зголеми бројот на летови и дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Нашата цел е веќе следната година да има нови дестинации, а целта е да се зголеми бројот на туристи и полесно и поевтино патување на македонските граѓани, вели министерот Николоски Николоски најави дека ќе се ...

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ . Одликувањето ѝ го додели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, кој синоќа во катедралната црква „Света Софија“ потенцира дека ваквото високо признание е за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура на сцената на фестивалот „Охридско лето“. ...

На 21.07.2024 во 02.55 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа лице од Австралија затоа што при контрола во објектот бил затекнат при користење кокаин. При преглед кај него, пронајден и одземен е кокаин. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 20.07.2024 во 21.10 часот на улицата „Наум ...

И оваа 2024 година, како што и во 2023 година, по вторпат во автокампот „АС“ во градот Струга – градот на поезијата, се организира меѓународен детски летен православен камп со млади учесници од градот Подгорица – Црна Гора и од село Враништа, Струшко, во периодот од 15 јули до 19 јули 2024 година. Овој камп се одржува со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки и Администратор на ...

Роден е во Јерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смртта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој злочестив цар почна да ги гони христијаните, го одреди Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнале со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата. Од МНР соопштија дека на средбата станало збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за ...

Златен медал освои Дамјан Давков на 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија што се одржува во Бат, Англија. Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници. Македонската репрезентација на олимпијадата ја водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот ...

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривично дело „учество во тепачка“. Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга. – Настанот се случил на 17-ти август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле ...

Во исчекување на празникот на Божјиот Благовесник – Собор на Светиот Архангел Гавриил, Свештената Бигорската Обител со особена чест ве поканува заедно да го прославиме носителот на добрите и радосни вести, кој прв го објави доаѓањето на Спасителот во светот. По тој повод, на 26 јули, петок, со почеток во 08:30 ч., во неговиот манастир во Долни Дримкол, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Градоначалникот Пецаков го информираше турскиот амбасадор Улусој дека од година во година се ...

Во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, вчеравечер во „Куќата на Робевци“ во Охрид беше отворена изложбата „Охрид 1900 година“ низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондаков во Македонија. На свеченото отворање на изложбата свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. „Секое минато е основано на спомените, тие нè поврзуваат со нашите корени и нè водат напред“ оваа ...

Во организација на охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“ и со подддшка на Општина Охрид, денеска, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, започна четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Охрид Опен“. На свеченото отворање на пливачкиот митинг во името на Локалната самоуправа се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев. Тој истакна дека оваа манифестација е од големо значење за развој на пливањето како ...

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан, во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сè што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи ...

Неколку албански туроператори од пред неколку дена започнаа рекламна кампања со која ги запознаваат туристите кои престојуваат во Албанија но и мештаните , дека можат да го посетат и Охрид и Македонија на еднодневна екскурзија од Драч, со разглед на знаменитостите, ручек и вечерно враќање назад во Албанија. Албанија последниве години инвестира милиони во патната инфраструктура. Во моментов го привршува автопатското поврзување на Драч со Ќафасан, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (26) од Охрид, лице на (42) и лице на (38), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца и лице на (33) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, додека против едно лице е поднесена и пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „оштетување“, а против две лица е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Британската вечер што фестивалот „Охридско лето“ ја одржува со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија вечерва ќе донесе концерт на пијанистот Бери Даглас. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Како музичар со рецитали и камерен музичар Бери Даглас настапува низ целиот свет, во престижни сали како Ројал Алберт Хол, Барбикан и Вигмор Хол во Лондон, на фестивалот во Вербие, во Забранетиот град и ...

Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве, во рамките на кампањата „Безбедно лето“, на целото подрачје спроведува повеќе едукативно-превентивни кампањи „Заштити се од кражби“. Тимови од полициски службеници патролираат низ повеќе делови од градот и преку непосредни контакти со граѓаните ги потсетуваат на основните правила како да ги заштитат своите домови од кражби, што е најкорисно да направат да ги заштитат своите возила од кражби на ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
92%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
1.54
100%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.34
86%
1028
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.23
96%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
90%
1027
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Злато

139298.91

Цинк

3.04

Калај

43.15

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.92

Платина

62683.26

Сребро

2105.58

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

53788.20

Иридиум

145787.60