
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 36-та Седница со 55 точки на дневен ред и усвоен амандман за обезбедување на училиштата на територијата на Општина Охрид. Последната точка беше нова и е Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти. Советниците ги усвоија Предлог одлуките за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на охридските основни училишта како и Предлог одлуките за ...
Битолчанката Џесика Босилковски долго ќе го помни денот кога со нејзиниот сакан Христијан Ѓорѓиевски тргнале на прошетка до црквата Свети Јован – Канео во Охрид, каде требало да запалат свеќа. Наместо обични фотографии со црквата во заднина, ова ќе бидат фотки во семејниот албум кои ќе бидат сеќавање на магичното запросување што тој го приредил. Џесика Босилковски (24) е родена во Австралија, но од мала живее во Битола, а нејзиниот сакан ...
Среќна сум што конечно некој се сети да го разреши саемскиот, самопрогласен, зелен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, „господинот“ Ljupco Janevski, напиша на својот ФБ профил пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост: 🤦♀️ До толку е суетен и самобендисан што првин го разрешиле, а потоа отишол да си даде оставка! 👏 Значи, со гордост кажувам дека разрешен е Љупчо ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на официјалното отворање на затворениот пливачки базен во Струга, кој по 20 години беше целосно реконструиран. Базенот беше реконструиран со буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 1,6 милиони евра. -Во следниот период нови шест општини ќе добијат затворени пливачки базени. Во тек е изградбата на базените во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, ...
Прекрасно музичко уживање со безвременските композиции од најпознатите анимирани филмови на „Дизни“, ни приредија младите музички таленти од ООМУ „Методи Патче“ на вчерашниот Новогодишен концерт во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“. На различни инструменти, под менторство на своите професори, преку индивидуални и групни настапи, учениците интерпретираа дваесетина музички теми. Многубројната публика уживаше во мелодиите од „Снежена“, ...
„Охридско лето“ и во 2023 година го задржа пиедесталот најдобра и најзначајна музичко-сценска манифестација, код на културата, не само на Балканот, туку и во Европа. А уметниците што ни доаѓаа беа светски. Така како што доликува на еден фестивал, вели директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, сумирајќи ги успесите во годината што изминува. Според неа, 2023 година за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на официјалното отворање на затворениот пливачки базен во Струга, кој по 20 години беше целосно реконструиран. Базенот беше реконструиран со буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 1,6 милиони евра. Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски: „Од неколку присутни тука кога ...
Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект “Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид учествуваа на настанот организиран од културолошка иницијатива “5 до 12” – Вино & Винил оваа сабота 📣🤗. 🍀 Собраните финансии беа донирани на нашиот сограѓанин Петар Попоски и за акцијата “Пакетчиња за сите дечиња” 🤗😁. Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. ...
🍃Се уредува кружниот тек на ул.,,Марко Цепенков” каде хортикултурната содржина се оплеменува со декоративен камен 🧹Темелно се чистат тротоарите од наноси од земја, песок и ниска вегетација во селата Велгошти и Подмоље и тротоарот покрај магистрален пат Охрид-Свети Наум, потег Хидробиолошки завод до с.Рача ❄Заради поголема безбедност на сообраќајот, секое утро се посипува со абразивни средства дел од ул.,,Кирил и Методиј”, каде заради ...
Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и разобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. ...
Ссобраќајна несреќа предмалку на булеварот Св. Наум Охридски. Дознаваме дека во истата учествувале два автомобили, а еден од нив завршил и во столб од уличното осветлување. Оваа несреќа е кој знае која по ред на овај булевар. Охриѓани оваа делница не често ја нарекуваат булевар на „смртта“, затоа што има однесено десетици жртви. Овој патен правец е редовно во полицискиот билтен поради случени трагедии. Возачите често се во заблуда мислејќи дека ...
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со цел да се сподели празнична радост и внимание, заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, и раководителот на секторот за образование Димитар Спасески денеска поделивме вкупно 450 новогодишни пакетчиња. Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“, Дневниот центар „Зраци“, ...
Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Охрид поднесе АМАНДМАН кон предлог Буџетот на општината за 2024 година. Амандманот предвидува „Физичко и патролно обезбедување на училишта на територијата на Општина Охрид (објектите и училишните дворови)“ . Потребата од усвојување на овој амандман произлегува од неминовноста за превземање сериозни мерки за спречување на евентуални немили настани во образовните институции во нашата ...
Законот за политички партии не дозволува Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти да делува во Македонија, бидејќи во членот 8 од Законот за политички партии е наведено: „Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“. Сепак, претседателот на Деморкатското движење, Изет Меџити за А1он вели дека Самоопределувње веќе делува во Македонија, бидејќи Беким Ќоку, кој е од Струга, ...
Утре во Струга свечено ќе биде отворен новиот пливачки базен во Струга. Со ова ќе биде остварено дамнешното ветување дадено на граѓаните. Стружани добиваат модерен и функционален базен на местото каде долги години имаше само урнатини и купишта смет. На само 15-тина километри од Струга ништо ново на ова поле. Затворениот базен во Охрид е се’ уште недовршен и покрај слатките зборови и ветувања кои ги слушаме долги години. Охридскиот базен треба да ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот ...
🥈Втора награда со гимназијалката Сара Петкоска (III-3) под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски на литературниот конкурс на тема: Белите мугри – претставени во очите на Рацин, во категоријата средно образование. ✍🏻,,…Да ја оживееме светлата порака од „Бели мугри“, како и жолтата гостинка кај Ленка, уште еднаш да ги преживееме тешките денови на аргатите, да ја почувствуваме секоја капка пот на тутуноберачите, сон недосонет, кошула ...
Функционери и оперативци на СДСМ, делат пакети со шеќер, кафе, сол, брашно и други производи и во Охрид, дознава Охрид 1. Наши извори откриваат дека најактивна е директорката од Здравствен дом, именувана од СДСМ. Пакетите се делеле од врата на врата, открива нашиот извор. Инаку пред неколку денови Владини функционери предизборно делеа брашно, шеќер, кафе, сол… низ Скопје. Стара шема… Владини функционери предизборно делат брашно, шеќер, кафе, ...
Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за донесување одлука со која престојот и исхраната на децата кои се згрижени во државните градинки на територијата на Општина Охрид да бидат ослободени од партиципација. Образложение: Со престојот на децата во градинките се создаваат предуслови за сите нивни подоцнежни услови во образованието и социјалната интеграција. Градинките ...
Трчање по предновогодишни прослави каде има некој од локалната власт во Охрид, користење прилика да се седна на маса со некој од „главните“ во ВМРО ДПМНЕ – Охрид , ако се има среќа и сликање со нив и разговарање за тоа дека СДСМ е одамна мртов, а сега станал „мрша“ која скапува , трули и смрди, па од неа не може да се дише – е главна активност речиси на целата постава кадри кои ба во СДСМ од т.н. „Шарена револуција“ па се до колапсот на ...
Последните интензивни врнежи во регионот го зголемија водотоците и го подобрија водостојот на Охридското Езеро, така што моментално нивото на водата во езерото е на пет сантиметри над просекот за овој период од годината. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина, што е пет сантиметри над просекот за декември (693,32 мнв) и 27 сантиметри над минимално ...
Со најискрени желби за благосостојба, мир и среќа, во мое лично име и во името на Општина Охрид, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ. Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски. Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во ...
Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и ...
Заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновскина својот ФБ профил објави пост за раздолжувањето на Општина Охрид. По објавата се разви полемина кој го раздолжи градот. Прв се јави поранешниот градоначалник избран со гласови од ВМРО ДПМНЕ, па кој по мандатот се повлече и не сакаше да оди на втор мандат. А на неговиот коментар со свој се јави актуелниот секретар кој пак граѓаните ги потсети токму на тоа. Преписката читајте ја во ...
И најмладите членови на Црвен крст Охрид, децата кои ја посетуваат едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ за подготовка на деца за во училиште и децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, имаа заедничка предновогодишна дружба во ИБ фитнес центарот. Насмеани, со игра, забава и спорт, одбележаа завршување на уште еден успешен, есенски циклус од соодветната едукативна програма, за ...
Среќата станува двојна, кога ќе се подели. Инспириран од темата на книгата со трите зајачиња (Drei Häschen im Weihnachtsgewimmel – mit Tannenbaum unterm Sternenhimmel, Aspasija Topalovska Petreska), дојдов до идеја да ја напишам оваа божиќна детска песна, во која e даден поглед на среќата која децата ја чувствуваат за божиќните празници или како што се вели, најубавото време во годината. Но дали секое дете исто ја чувствува таа среќа? ”На овој ...
ФБ објава на Летка Филипова. Истата ја пренесуваме во целост: – Се врачува највисокото признание „Вељо Манчевски“ на Здружението „Бадникови поворки“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности“ – одлучи Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и на синоќа одржаниот свечен предновогодишен прием во Македонска филхармонија ни го врачи високото признание, со следното образложение: – Здружението Бадникови поворки веќе ...
Охрид – туристичка дестинација која нуди сместување со светски стандарди. Вилата „Димо Топал“ во населбата Рача, дестинација која топло ја препорачуваат сите туристи кои престојувале тука. Годинава вилата е подготвена во баковито издание за сите оние кои сакаат Новата 2024 да ја дочекаат во Охрид. Вилата на располагање нуди три апартмани. Вилата се наоѓа во населба Рача, блиску до сите плажи, но и до центарот на Градот. Има базен, а самото ...
Во овој ден Црквата го одбележува споменот на светите Праотци, односно сите древни родоначалници на богоизбраниот народ – Израилот, и нивните потомци, почнувајќи од Адам, вклучувајќи ги Сит, Енох, Ное, Авраам, Исаак, Јаков па сè до Јосифа Обручник, коишто го очекувале доаѓањето Христово. Помеѓу ова мноштво на луѓе, коишто ја претставуваат целата историја на дохристијанското човештво, особено се издвојуваат имињата на старозаветните пророци, како ...
Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за градежно прилагодување на влезовите во јавните објекти за непречен пристап за инвалидни лица. Образложение: Грижата за лицата со инвалидитет од страна на општеството никогаш не е доволна. Нашите сограѓани заслужуваат со што повеќе и поголеми мерки да им го олесниме животот, барем во оние сегменти во кои имаме можност да реагираме. ...