
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 60 годишен жител од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат ...
Екипи на јавното претпријатие „Водовод“ продолжуваат со санирање на дефектот во системот за водоснабдување кој се случи вчера на булеварот „Туристичка”, на кружниот тек во близина на СРЦ „Билјанини извори”, поради што прекин во водоснабдувањето имаше на поголема територија од централното градско подрачје. Прекин во водоснабдувањето денес има на „Асном“, „Кеј Македонија„ и „Партизанска“, информираат од ЈП Водовод Охрид. Станува збор за проблем ...
Во новата 2024 влегувам со озбилен проект нова песна нов хит.Најпрво сакам да се заблагодарам до Омер најдобар продуцент на балканот за битот што го направи после тоа големо благодарност до Ројалти Парис и Старбој за текстот музиката и аранжманот на песната и голема благодарност до мојот најдобар човек со најдобро студио во Македонија Мечкаров што ми помогна за песната да бидит снимена топ микс мастерот се од него, додека најзаслужен за се е ...
Роден во Охрид, на Божик 1847 година. Монашки потстриг прими во 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези. Потоа премина во манастирот Горен „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Во 1896 година основа келијно училиште за деца. Со своите молитви и со лекови од природата го лечеше Божјиот народ. ...
Поради настанат голем дефект на водоводната мрежа (пукната е главната цевка со профил ф300 мм на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори), моментален прекин во водоснабдувањето има на поголема територија од централното градско подрачје. За краток временски период водоснабдувањето ќе се нормализира а прекин ќе има само на улиците: „Кеј Македонија„, „Партизанска“ и дел од АСНОМ. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен ...
Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата докажана хуманост и сите заедно да подадеме рака да му помогнеме на Петар кој има потреба од хируршка интервенција во Турција. – Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремено поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза закоја е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот во својство на полициски службеник во Полициската станица Охрид, при преземање на ...
Во рамки на годинашните „Прличеви беседи“ ќе биде промовирана книгата „Охридски поети“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на Општина Охрид. Во овој труд на 250 страници се сместени стихови и песни на познати охридски поети кои остануваат поврзани со охридското поднебје, но и пошироко со македонската, словенската, балканската, медитеранската, европската и светската поезија, информираат од Општина Охрид. Најновиот труд ...
Вчера во Охрид се формираше Општинска организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Нашата визија за Македонија е самоодржлива држава, со сопствени модерни капацитети за производство на електрична енергија и за производство на храна, развиено земјоделство, одржлив раст и развој; Македонија со нулта толеранција за корупцијата, каде што правдата мора да биде еднаква за сите и законот да важи за сите; Македонија која ќе гради соживот, ...
Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено ...
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година, додека споредено со истиот период во 2019 година, порастот е 18% Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, двата македонски аеродрома, ја завршија 2023 година со значително ...
Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но, првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година, во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и ...
Очајни се обидите на централната власт и смешните прес-конференции на СДСМ за оцрнување на работењето на Локалната власт и градоначалникот Кирил Пецаков. Да почнеме со ред кога веќе од ништо не се разбирате. Депонијата Буково е нестандардна депонија и во неа се депонира комунален отпад од општина Охрид, а служела и како алтернативна депонија на други општини, се вели во реакцијата од Општина Охрид. Во продолжение истата ја пренесуваме во целост: ...
Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од лице од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни ...
Оперативните служби на терен и денеска, продолжуваме со санирање на состојбата по снежните врнежи ⬅️ ❄️После вчерашните снежни врнежи и неповолни временски услови проследени со ниски температури, дежурните екипи и денеска мобилни за побрзо санирање на состојбата ➡️Остатоците од снежна покривка се отстрануваат и се нанесуваат абразивни средства ➡️Повторно се интервенира на критични места, каде поради специфичноста на теренот повторно се формира ...
Денеска, на 7 јануари (според стар стил), Црквата Божја го слави небесниот Собор на Светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. Тоа е најстариот празник за Претечата Божји. Бог ги просветли Отците на Црквата и тие го определија следниот ден по Божественото Богојавление како ден за оддавање достојна чест на оној кој ја положи раката своја, за да Го крсти нашиот Христос. Човекољубие и љубов Христова воплотена. Пријател на ...
Екипите на Ј.П.Охридски Комуналец веднаш на терен по новите снежни врнежи🌫️ ❄️Дежурните екипи веднаш излегоа на терен, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата на терен ❄️Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места, главните прометни сообраќајници и централното подрачје ❄️Веднаш се интервенира и по пешачките зони, тротоари и ...
На 19.01.2024 околу 22 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на регионален пат Р1201 Струга – Дебар, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (37) години од селото Враништа, струшко, излетало од патот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од полициската ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија. Од 09:45 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот премин „Ѓавато“, поради обилни врнежи од снег. Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, поради обилни врнежи од ...
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до ...
Традиционално денот започна со служење на света архиерејска литургија во парохиските цркви. Потоа следуваше чинот на осветување на водите од Охридското езеро. По завршувањето Светиот чин и вадењето на Чесниот крст од водите на Охридското езеро, започна концертот на групата „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад каде бројните охриѓани и гостите се забавуваа. Му честитам на пронаоѓачот на Чесниот крст, охриѓанецот Никола Јакимовски и му посакувам многу ...
Веќе неколку дена Црквата ги повикува своите верни чеда да „одат и нацрпат вода од источникот на спасението“, од „духовниот камен“ од кого избија и потекоа води на вечен живот, Господ наш Исус Христос, Кој денес во реката Јордан од Јован се крштева. Ова големо Таинство, со кое „се просветлува секој човек што доаѓа на светов“, е исклучителна привилегија на секој Христијанин со чинот кој се нарекува Осветувањето вода на празникот Богојавление, ...
Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на ...
Четириесет и тригодишниот Дарко Паскоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст. Паскоски, кој традиционално секоја година скока во осветените води на Црн Дрим, по четврти пат го вади светиот крст. Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Четврти пат го фаќам и сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во ...
Никола Јакимоски од Охрид нјсреќен од сите верници кои скокаа по светиот крст. На фрлањето на крстот ќе му претходат свечени литургии по повод празникот што се одржуваат од изутринава во сите парохиски цркви, по што околу 9:30 часот литиите поаѓаат кон Градското пристаниште. Пријавени се речиси илјада верници и тоа не само од Охрид и околните места, туку и од многу други градови од целата држава, поединци и од соседните земји. Верскиот дел од ...
Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а ...
Во спокојството на мистичната ноќ на Богојавленското навечерие, кога водите земски и небески и природата цела и сета твар се подготвуваат да бидат осветени од големата тајна на Божјото Крштение и јавување на светот, благодатните воздишки на покајание и бесчујната молитва на внатрешниот човек ги проникнуваа душите на притекнатите верници во Бигорското Светилиште за време на целовечерното бдение. Претечевиот храм, ограден со мирисот на тамјан и со ...
Православните верници денеска го слават Богојавление – Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“. Празникот кај народот е познат и како Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата ...
Да се каже дека изградбата на катна гаража не е од јавен интерес, во град во кој суштинска потреба е решавање на проблемот со паркинг просторот е дегутантно, одговори градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, по неодамнешна изјава на министерката за култура. Уште подегутантно, според него е што општината сѐ уште не може да добие одобрение, односно позитивно конзераторско мислење. – Охрид проблемот го има 30 години и за тоа постојано се ...
Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола денеска е домаќин на учесниците на 12. Меѓународна научна конференција „Охрид – Водици 2024“ организирана од Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјална организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот ,,Аднан Мендерес“ од Ајдин, Турција, како и списанието Журнал за глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.На ...