Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи ...

На празникот Педесетница – Духовден, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Света литургија во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар. Во својата беседа митрополитот г. Јосиф меѓудругото истакна: „Секоја година за Педесетница-Духовден сум овде во овој храм во Гостивар и заедно со вас ја чувствуваме благодата и радоста на овој празник. Во денот на светата Педесетница си спомнуваме за свештениот настан, кога ...

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на ...