Охрид и Струга за првпат добија повратни вендинг машини за селектирање отпад! Во рамки на платформата “Наша Гордост. Наша одговорност.”, култниот македонски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО, ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад. Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во ...

Ноќеска на ул. Сирма Војвода пред општата болница избила масовна тепачка помеѓу семејствата кои продаваат лубеници во камиони од Струмичко. Во тепачката користеле прачки, бекатон плочки кои ги корнеле од тротарите и други предмети. Тепачката екалирала до толку што почнале едни на други да фрлаат преку улица, па автомобилите кои во тој момент поминувале биле принудени да застанат за да не бидат погодени со бекатон плочки или друг предмети, ...

Вчеравечер на плажата „Славија“ во Охрид свечено беше отворено седмото издание на Фестивалот на европски филм BEACH FILM FESTIVAL. Во името на градоначалникот Кирил Пецаков, пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска. – Неописливо е чувството на радост и задоволство, оваа прекрасна јулска вечер, да се биде овде, покрај Охридското Езеро и да се доживее оваа уникатна атмосфера, која ни ја ...

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше ...

Хрватскиот актер Владимир Посавец Тушек кој македонската публика го знае по улогата Карло Крпан,која ја имаше во серијата „Друго име љубави“ деновиве својот одмор го поминува во Охрид. Денес тој објави стори од плажата Канео, додека пак подоцна објави фотографија каде е сликан со својот син пред црквата Канео,а во позадина од фотографијата стави песна од нашата Каролина Гочева „Ако згрешам нека изгорам“. View this post on Instagram A post ...

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес Продолжува лакрдијата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид (УИНТ).По непочитување на донесената пресуда на Управниот суд на Република Македонија, со која се уважи тужбено барање на тужителот, и се поништи Одлуката на Сенатот бр.02-100/3 од 30.1.2024 година. Во која донесената Одлука на сенатот, нема своја основа во одредбите на ...

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од почетокот на јули, реализира 70 акциски контроли кон возачите на мотори и мотоцикли и по разни основи од Законот за безбедност во патниот сообраќај, санкционира 70 мотоциклисти. Санкциите се изречени поради констатирано управување на мотоцикли без заштитен шлем односно кацига, управување нерегистрирани мотоцикли или пред стекнување со соодветна дозвола, управување мотор без ...

Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Св.Наум“ и претставници на Јавната установа „Национален парк Галичица“, деновиве спроведуваат превентивно-едукативна кампања. Имено, тимови од полициски службеници и претставници на Националниот парк, кај кракот што од регионалниот пат Охрид – Св.Наум води кон туристичката населба Отешево, на ...

Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа на својот фејсбук профил од НУ Завод и музеј Охрид. Тимот го сочинуваат Катерина Велкоска , кустос , раководител на проектот ”100 години од раѓањето на Вангeл Наумовски” Сашо Блажески, ...

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу ...

Во денешниот свет во кој туризмот има динамичен раст на глобално ниво, во малата држава Македонија едно име силно се издвои на глобалната арена. Филип Стефаноски, сопственик и CEO на ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА DMC BALAKNS, на само 38 години, направи продор во туристичката индустрија, трансформирајќи ја својата агенција во една од најуспешните во Југоисточна Европа. Неговата приказна, обележана со упорност и иновативност, му донесе посакувано место на ...

Изминатиов викенд во саботата нашиот клуб беше организатор на IV Пливачки маратон „ПРЕСПА 2024“ на кој учество зедоа преку 50 пливачи од ширум земјава. Истиот се бодуваше и во Македонскиот куп во маратонско пливање и на трката зедоа учество повеќе од 50 пливачи од ширум земјава. Беа реализирани две трки и тоа маратон 2.5 км и рекреативна детска трка на 600 метри. На истите бе постигнати следниве резултати: Маратон 2.5 км мажи (апсолутна) 1. ...

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за ...

Денеска (16.07.2024) на Меѓуградската автобуска станица во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и во координација со СВР Штип лишија од слобода 37 годишен Охриѓанец, постапувајќи по претходно испратена телеграма од ОВР Кочани во врска со извршени кривични дела „уцена“ и „изнуда“ по член 259 и член 258 од Кривичниот законик. Имено, на автобуската станица тој ја подигнал пратката наменета за ...

По маестралниот настап на светскиот виолинист Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија со кој свечено беше отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“, музичката програма продолжува вечерва со концерт на Герхард Рајхенбах, еден од водечките германски класични гитаристи. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Рајхенбах дебитира како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на интернационалната сцена првпат ...

Професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид Д-р Анис Сефиданис, го направи првиот хуманоиден робот во Македонија кој „гледа“ и „слуша“. Професорот исто така, е основач на Центарот за истражување и развој на експоненцијални технологии Сефиданис. Зад себе, д-р Сефиданис има неколку импресивни проекти, како паметниот споменик на Григор Прличев кој се ...

На ден 16.07.2024 година со почеток 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски. Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории. Бидејќи концертот ќе се одржи на плажа ве молиме понесете си перниче, пешкир,столче за седење. Со ...

Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но, Јакинт остана тврд како дијамант, велејќи му на царот: „Јас сум христијанин, Христа Го почитувам, Нему Му се поклонувам и Нему Му се принесувам ...

Како дел од денешните теренските активности, градоначалникот Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски ја пуштија во употреба реконструираната улица „7-ми Ноември“. Оваа важна сообраќајница е изведена по сите современи стандарди и во голема мера ќе ги подобри условите за учесниците во сообраќајот. Во рамки на проектот за реконструкција извршено е постaвување на нов асфалт на коловозната лента. Изведени се нови тротоарски површини, извршена е ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против 25 годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. При преглед извршен во патничко возило „фолксваген голф“, во кој се превезувале ...

Премиерот Христијан Мицкоски, придружван од министрите за транспорт и за спорт Александар Николоски и Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска во селото Лескоец поставија камен темелник за иградба на спортска сала во склоп на основното училиште „Ванчо Николески“. Објектот ќе биде со површина од 592 метри кивадратни, со повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Инвестиција вредна 30 милиони денари. ...

Прекинување на договорот со досегашниот економски изведувач на работите на затворениот базен во Охрид, ревија на целокупниот проект и избор на нов економски оператор, најави при денешната посета министерот за спорт Борко Ристовски. Ќе го прекинеме договорот со економскиот изведувач кој требаше да го гради затворениот базен во Охрид Веќе е се ова договорено. Мора да направиме и нов проект, затоа што знаете дека договоорт за изградба е направен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога на доаѓаше на функцијата најави заем од една милијарда евра, а изминатите денови се официјализираше соработката со Унгарија во вредност од 500 милиони евра. -Ние ветивме милијарда, а донесовме повеќе, но тогаш кога е потребна. Сега во моментов ни се потребни 500 милиони евра, од кои 250 се потребни за општините и да ги финансираме нивните проекти. Граѓаните сакаат вистински проекти, а не ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 8ми до 14ти Јули, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Петар Поп Арсов“ бр.19 – „Крали Марко“ бр.220 – „Радојца Новичиќ“ бр.12 – „Христо Узунов“ бр.10 – „Анастасија Узунова“ – „Гоце Делчев“ (2 дефекти) – „Славеј Планина“ – ...

Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот, изјави од Охрид претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски. “Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Охрид каде ќе промовира започнување на значајни проекти ветени на граѓаните. Ветивме и остваруваме камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската сала е во рамки на ОУ Ванчо Николески. Ветувана е повеќе од 30 години. Објектот ќе биде 592 м2, во себе ќе вклучува покрај повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ...

Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2024 година (понеделник), ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Полагање на риза на Пресвета Богородица во Влахерна. – 7:30 утрена богослужба – 08:45 Света Архиерејска литургија на која ќе ...

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со в. д. директорот на Заводот и музеј – Охрид, Горан Патчев, направи увид во состојбата на Музејот на вода во Охрид, и со жалење констатира дека целиот музејски комплекс изгледа прилично запуштено и неодржувано, а тоа е потврда дека бил целосно заборавен во изминатите години. Најавувајќи брза реакција за санација, министерот Љутков истакна дека во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
69%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
54%
1021
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.26
58%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
2.24
81%
1019
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
72%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
57%
1018
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
65%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.3688

Currency

69.9696

Currency

34.9404

Currency

38.0377

Currency

66.3927

Currency

7.50587

Currency

0.66054

Currency

0.34627

Currency

0.52568

Currency

1.26952

Currency

0.60205