Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година, додека споредено со истиот период во 2019 година, порастот е 18% Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, двата македонски аеродрома, ја завршија 2023 година со значително ...

Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но, првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година, во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и ...

Очајни се обидите на централната власт и смешните прес-конференции на СДСМ за оцрнување на работењето на Локалната власт и градоначалникот Кирил Пецаков. Да почнеме со ред кога веќе од ништо не се разбирате. Депонијата Буково е нестандардна депонија и во неа се депонира комунален отпад од општина Охрид, а служела и како алтернативна депонија на други општини, се вели во реакцијата од Општина Охрид. Во продолжение истата ја пренесуваме во целост: ...

Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од лице од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни ...

Оперативните служби на терен и денеска, продолжуваме со санирање на состојбата по снежните врнежи ⬅️ ❄️После вчерашните снежни врнежи и неповолни временски услови проследени со ниски температури, дежурните екипи и денеска мобилни за побрзо санирање на состојбата ➡️Остатоците од снежна покривка се отстрануваат и се нанесуваат абразивни средства ➡️Повторно се интервенира на критични места, каде поради специфичноста на теренот повторно се формира ...

Денеска, на 7 јануари (според стар стил), Црквата Божја го слави небесниот Собор на Светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. Тоа е најстариот празник за Претечата Божји. Бог ги просветли Отците на Црквата и тие го определија следниот ден по Божественото Богојавление како ден за оддавање достојна чест на оној кој ја положи раката своја, за да Го крсти нашиот Христос. Човекољубие и љубов Христова воплотена. Пријател на ...

Екипите на Ј.П.Охридски Комуналец веднаш на терен по новите снежни врнежи🌫️ ❄️Дежурните екипи веднаш излегоа на терен, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата на терен ❄️Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места, главните прометни сообраќајници и централното подрачје ❄️Веднаш се интервенира и по пешачките зони, тротоари и ...

На 19.01.2024 околу 22 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на регионален пат Р1201 Струга – Дебар, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (37) години од селото Враништа, струшко, излетало од патот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од полициската ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија. Од 09:45 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот премин „Ѓавато“, поради обилни врнежи од снег. Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, поради обилни врнежи од ...

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до ...

Традиционално денот започна со служење на света архиерејска литургија во парохиските цркви. Потоа следуваше чинот на осветување на водите од Охридското езеро. По завршувањето Светиот чин и вадењето на Чесниот крст од водите на Охридското езеро, започна концертот на групата „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад каде бројните охриѓани и гостите се забавуваа. Му честитам на пронаоѓачот на Чесниот крст, охриѓанецот Никола Јакимовски и му посакувам многу ...

Веќе неколку дена Црквата ги повикува своите верни чеда да „одат и нацрпат вода од источникот на спасението“, од „духовниот камен“ од кого избија и потекоа води на вечен живот, Господ наш Исус Христос, Кој денес во реката Јордан од Јован се крштева. Ова големо Таинство, со кое „се просветлува секој човек што доаѓа на светов“, е исклучителна привилегија на секој Христијанин со чинот кој се нарекува Осветувањето вода на празникот Богојавление, ...

Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на ...

Четириесет и тригодишниот Дарко Паскоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст. Паскоски, кој традиционално секоја година скока во осветените води на Црн Дрим, по четврти пат го вади светиот крст. Секоја година за Богојавление скокам по крстот во светите води на реката Црн Дрим. Четврти пат го фаќам и сакам традицијата да продолжи и крстот да влезе во ...

Никола Јакимоски од Охрид нјсреќен од сите верници кои скокаа по светиот крст. На фрлањето на крстот ќе му претходат свечени литургии по повод празникот што се одржуваат од изутринава во сите парохиски цркви, по што околу 9:30 часот литиите поаѓаат кон Градското пристаниште. Пријавени се речиси илјада верници и тоа не само од Охрид и околните места, туку и од многу други градови од целата држава, поединци и од соседните земји. Верскиот дел од ...

Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а ...

Во спокојството на мистичната ноќ на Богојавленското навечерие, кога водите земски и небески и природата цела и сета твар се подготвуваат да бидат осветени од големата тајна на Божјото Крштение и јавување на светот, благодатните воздишки на покајание и бесчујната молитва на внатрешниот човек ги проникнуваа душите на притекнатите верници во Бигорското Светилиште за време на целовечерното бдение. Претечевиот храм, ограден со мирисот на тамјан и со ...

Православните верници денеска го слават Богојавление – Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“. Празникот кај народот е познат и како Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата ...

Да се каже дека изградбата на катна гаража не е од јавен интерес, во град во кој суштинска потреба е решавање на проблемот со паркинг просторот е дегутантно, одговори градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, по неодамнешна изјава на министерката за култура. Уште подегутантно, според него е што општината сѐ уште не може да добие одобрение, односно позитивно конзераторско мислење. – Охрид проблемот го има 30 години и за тоа постојано се ...

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола денеска е домаќин на учесниците на 12. Меѓународна научна конференција „Охрид – Водици 2024“ организирана од Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјална организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот ,,Аднан Мендерес“ од Ајдин, Турција, како и списанието Журнал за глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.На ...

Додека градоначалникот Пецаков лаже и манипулира во јавноста дека Левица е во некаква коалиција во Советот, веќе две години тој го прави мнозинството во Советот на општина Охрид со советникот од ДУИ и со одметнатите советници од коалицијата на СДС, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид. Во продолжение истото го пренесуваме во целост: Додека од ДПМНЕ секој ден говорат дека ДУИ мора да се прати во опозиција, нивните градоначалници токму со ...

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките се насочени кон зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и безбедност во сообраќајот. Полициската станица за безбедност во патниот ...

Изговрениот збор за нас има тежина. Секое дадено ветување пред Вас за нас значи завет. Оваа генерација на Локалното раководство ја презеде најкомплексната операција, а тоа е конечно раздолжување на Општина Охрид и почеток на нормално фукнционирање на Локалната самоуправа. За нас важи девизата – „Кога се сака, се може“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков. -Затоа денес, сакам да кажам дека зборовите ги преточуваме во дела. Општина Охрид за прв ...

Рано утрово, по повик на 112 во ЦУК, од 05.00 часот па до 08.00 имаше спасителна акција на Галичица, што е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од ЦУК. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на ...

Кејот на Црн Дрим во Струга, кој од едната страна се поплочи со природен мозаичен камен, ќе добие и еднонасочна сообраќајница која ќе служи за дотур на стока на дуќанџиите и угостителите кои се на самиот кеј. Стружани стравуваат дека со асфалтирање на дел од кејот, бројни возила ќе поминуваат тука особено во текот на летните месеци. Како што неофицијално дознаваме, еден од кејовите по течението на реката Црн Дрим во Струга со реконструкцијата ...

Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го измачуваа на ...

Водопост, Водокрст или Крстовден, првиот ден по Божик во кој се пости, а задутре славиме Водици и крштевањето на Исус во реката Јордан. На 18. јануари е Крстовден, голем христијански празник. Во минатото на овој ден се правеле голем број ритуали и обичаи, но денес најголем дел од обичаите се поместени на Богојавление или кај народот познат како Водици. Вечерта на Водопост штом ќе зајде Сонцето, спроти празникот, христијаните почнуваат да се ...

После Филипчо, денес и левица и сдсм во ист глас,со ист прес за спортската гордост на ОХРИД, а то е ГРК ОХРИД 🙂 Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот 🙂 👉Јас сум го основал клубот во 2011г. и сум бил капитен на клубот се до 2016 г. Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013 , кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес…, напиша на својот ФБ ...

После смртта на едно дете, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години. Tаму се среќава со проблемите од неговото минато. Илија Пиперкоски го напиша и сценариото за филмот и успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но ...

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, си доделил сам себе 15 000 000 денари општински пари, односно пари на охриѓани. Имено, Пецаков се јавува како 100 процентен сопственик, односно 250 акции во Градски Ракометен Клуб Охрид АД Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136. Така бившиот ракометар Пецаков, а сегашен градоначалник си ги пикнал рачињата во медот и заедно со овластеното лице Ристо Китески, братучед на секретарот на Општина Охрид, Александар ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
56%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
66%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 17ᴼ
2.06
54%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.13
67%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.58
78%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
34%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.09
62%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1015
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52