
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На 12.04.2024 година околу 23.30 часот, во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево, на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“, пронајдени се трите лица, поточно брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција, кои претходно, околу 21 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта. Сите тројца биле во добра ...
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се 36 и 38 годишни лица, двајцата од Струга. Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработен од Охрид. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно ...
Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград, Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат ...
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион , од 15.04 – 22.04 2024 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Копер–Словенија Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид , Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ ...
Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер, Печеларското здружение „Охрид“ одбележа јубилеј од 50 годиини успешна работа. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. – Дозволете ми да ве поздравам и да упатам најсрдечни честитки по повод златниот јубилеј, 50 години од основањето и успешното работење на Пчеларското здружение „Охрид“. Во текот на изминатите пет децении, ова ...
Фотографија од споменикот кој тогаш бил наречен „Четиристотини“, а бил подигнат во чест на 400 загинати борци од војската на „Кралството Србија“ по пробојот на „Солунскиот фронт“ е објавена на ФБ страницата „Југословенски архив“. Постаментот на споменикот стои и денес во близина на пешачките патеки кај локалитетот познат како „Паднати борци“, а неодамна на постаментот беше поставена и спомен плоча за загинатите војници. ПОВРЗАНА ВЕСТ Во Охрид ...
Писателот на прочуената Лествица. Дојде на Синајската Гора како шеснаесетгодишно момче и остана таму, прво како послушник, потоа како отшелник и на крајот како синајски игумен до осумдесеттата година од животот, кога се упокои околу 563 година. Неговиот животописец, монахот Даниил, за него вели: „Со телото се вознесе на Синајската Гора, а со духот на Гората Небесна.“ Кај својот духовен отец, Мартириј, Свети Јован помина во послушание деветнаесет ...
Познатиот охридски доктор -специјалист гинеколог-акушер Горан Маркоски своите успешни 5 години работно искуство ги заокружјува со благодарница од страна на Македонското лекарско друштво. Во својата објава на ФБ др. Маркоски напиша: -Признанието за успешноста е секогаш најскапоцено кога доаѓа од својата фела. Благодарност до МЛД за оваа благодарница која ги заокружува моите 5 години работа како специјалист Гинеколог-акушер и која ќе биде мотив за ...
За неговото страдање известуваат свети Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но, кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретуски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил ...
Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението! (2. Кор. 6:2) Сега настана време, во коешто ќе се примат молитвите и моленијата. Царството Божјо сега е блиску до секого којшто Му служи на Бога во правда, бидејќи настанаа дните на Чесниот пост за оној што навистина пости во чистота. И така, возљубени, да го пазиме овој пост со ревност и со чисто срце, бидејќи е сладосен и пријатен за оние што свето ги поминуваат овие дни. Да ...
Бојан (Енравот) беше бугарски кнез, и беше паганин. Кога на бугарскиот престол стапи неговиот брат Маломир (Владимир), благоверниот кнез Бојан му се обрати со молба да го ослободи од ропство христијанинот Кинамон (Кинам), кој долго време беше во затвор затоа што одби да учествува во паганското жртвопринесување при кнезот Обрит (Крутогон), претходникот на Маломир. Желбата на Бојан беше исполнета, и тој, откако го виде до крајност изнемоштениот ...
Алпај Муфти од Охрид, доби втора шанса за живот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ откако доживеа тешка сообраќајна несреќа и беше донесен во животозагрозувачка состојба. Во болницата тој лежеше 77 дена, а медицинскиот тим на чело со д-р Караѓозов и преостанатиот персонал деноноќно се грижеа за него. – Алпај доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопат во близина на Охрид. Бевме преплашени, беше во тешка состојба, имаше многу тешки повреди ...
Во продолжение на радоста од Благовештението и празничното торжеството во Манастирот на Богомајката Пречиста, ни беше подарена уште една благодатна и историска посета, овој пат во нашата древна Свештена Бигорска Обител. Имено, во попладневните часови од празникот, почитувачите и ценети гости и великодостојници од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, и од Црквата на Грција, Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и ...
Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Кирил Пецаков. упати честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед. – Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Преку меѓусебното почитување и толеранција, овој голем празник, ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби. Веруваме ...
ИМА ЛИ ВЛАДАТА КОНТРОЛА ШТО СЕ ОБЈАВУВА ВО ПОРМОТИВНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА КОИ ТРОШИ НАРОДНИ ПАРИ ? ! Во промотивен прилог емитуван на италијанската државна телелвизија РАИ, Охрид е наречен престолнина на Првото Бугарско Царство, а манастирот Свети Наум Охридски исто така е оквалификуван како културно наследство на Првото Бугарско Царство. Видео прилогот е поставен на ФБ страницата „Македонија Вечна“ која е во сопственост на „Агенцијата за порддшка и ...
На 08.04.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (59) од струшкото село Долно Татеши, излетало од патот. Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.. По овластување на јавен обвинител, увид на ...
Деновиве беше извршена комплетна реконструкција и адаптација на училница во рамки на ООУ “Христо Узунов”. Оштетените и прокиснати ѕидови беа целосно обновени и молерисани и беше поставен нов ламинатен под. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од општинскиот буџет. Квалитетното образование е наш приоритет и затоа во иднина ќе реализираме низа инвестиции наменети за учениците, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков. ...
На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода лице на (54) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела материја, шише со течност и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска ...
Здружението за воспитно и образовна психо-социјална поддршка ВОПС Охрид, доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.12/2022 за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална ...
Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. А во она време градот Тијатир беше познат по бојаџилниците. Па и оваа богобојазлива Лидија, како што се нарекува во Делата Апостолски (16, 14), беше продавачка на пурпурни ткаенини и бои, кога го чу Евангелието и стана прв човек во Филипи, во Македонија и во Европа, кого светиот апостол Павле го обрати во верата. За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник ...
За прв пат оваа година ќе се прагнизира турнир во мал фудбал „Св.Никола“ во Требешништа. На турнирот ќе се игра 5+1, а секоја екипа може да содржи од 6-12 играчи. Учество е 3000 денари. Наградниот фонд изнесува Прво место 100 000 денари, Второ место 50 000 денари и Трето место 30 000 денари, Четврто место 5 000 денари. Пријавувањето на екипите трае до 25 април а почетокот на турнирот ќе биде 27 април. финалето е на 22 мај. Контакт Дарко Дуклески ...
Денеска (08.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и со помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, остварија работна посета на Охрид, каде што се сретнаа со раководството на СВР Охрид, а ги посетија и вработените во управните служби на оваа организациска единица. Воедно, делегацијата заедно со претставници ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 1ви до 7ми Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. – „Питу Гули“ – „Охридска Архиепископија“ – „Гоце Делчев“ – „Аџи Мустафа“ бр.71 – „Мирче Ацев“ бр.17 – „Кленоец“ (3 дефекти) – С.Велгошти (3 дефекти) – С.Љубаништа (2 дефекти) – С.Горно Лакочереј – С.Лескоец ...
Во оваа прилика ја искажуваме нашата голема почит за придонесот на Ромската заедница во градењето на нашето општество. Уникатните ромски традиции, јазик и уметност претставуваат многу важен дел од нашиот културен мозаик. Нека Меѓународниот ден на Ромите биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста и да се обединиме во борбата против сите форми на дискриминација. Во духот на заедништвото и единството да продолжиме да ...
Подметнат пожар на депонија Буково‼️ 📌На ден 07.04.2024 год.(недела) во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково 📌Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот 📌Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи ...
Археолошки истражувања на локација во чија близина е во план да се гради куќа во стариот дел на Охрид открија вредно археолошко богатство. Станува збор за монументален сакрален објект од раното христијанство, декориран со мозаични подови и полихромно фрескосликарство. Археолозите велат дека постои можност овој објект да бил поврзан со блиската ранохристијанска базилика „Манчевци“, но во моментов тоа не може со сигурност да се потврди. Локацијата ...
Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на светиот Јован Претеча и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештението, светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од ...
Светото Благовештение! Најубавата вест што човештвото некогаш ја има примено! Најголемата радост што Ангелот ни ја донесе заради смирението на Дева, Којашто со своето „нека Ми биде“ Го симна Бога на Земјата, правејќи почеток на нашето спасение. Какви зборови да изнајде душата денес за да го опее тој голем дар за сите нас?! Кого да слави повеќе? Милостивиот Господ, Кој не се згнаси од нашата гревовна природа и снисходливо посака да се облече во ...
Денес по повод празникот Благовештение и Крстопоклопна недела во храмот Св.Никола во село Враништа се одржа Света Литургија. Притоа од страна на свештеното лице Ристе Наумоски на сите присутни дечиња им беше подарена илустрирана Детска православна читанка. -Денес на сеоопшта радост на сите дечиња нашиот свештеник Отец Ристе ни подготви и ни подари илустрирана Детска Православна Читанка,Книга I Од Создавање на Светот до Големиот Потоп, ...
На денешен ден во 1999 година кај Горно Блаце беше убиен војникот Благојче Крстаноски од охридското село Ливоишта Ден денес за смртта на Благојче, професионален војник во АРМ и граничар, не се знае вистинската случка кој го убил. Никогаш државата не даде образложение како се случило тоа, а неговото семејство дојде до образложение од негов колега од Свети Николе кој со него бил на стражарење истиот ден кога погинал Благојче. Според колегата, пред ...