
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари. Апелираме, граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор и воедно потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое ...
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак ...
Голема победа на Охрид на жешкото гостување во Кавадарци против директниот конкурент во борбата за Европа. Попладнево во салата „Јасмин“ Тиквеш – Охрид 22:25. Со оваа победа Охрид прави голем чекор кон целта, да обезбеди пласман во европските купови. Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ристевски, Бојаниќ 2, Јукиќ 2, Стоилевски, Ојлески 5, Орјоникидзе 4, Куковски, Крстевски, Дрогришки, Пелидија, Цирар 7, Тасески 1, Мацуока 1, Шафранко 2, Шешиќ 1. ...
Утре, 7 април, Православната црква и нејзините верници го слават еден од најсреќните христијански празници, Благовештение – Благовец. Според Светото писмо, тоа е денот кога Архангел Гаврил ѝ се појави на Богородица и ѝ рече дека е во благословена состојба преку Светиот Дух и дека ќе роди син. Благовештението е еден од празниците на Богородица, тоа е фиксен празник и е со црвена буква, што значи дека не треба да работите напорна работа, а жените ...
Жена на каса лупеше мандарини за да и ги измерат без кора, а продавачот го направил истото, кога требало да ги наплати јајцата Однесувањето на поедини купувачи секогаш може да не изненади. Имено, една жена мислела дека не треба да плаќа мандарини со се кора. Жената без никаква непријатност почнала да ги лупи мандарините пред каса и тоа сосема опуштено една по една. Човекот не можел да поверува што гледа. Кога конечно завршила, ги собрала корите ...
Мерки и координација за заштита на регионот од пожари, беше тема на работниот состанок што вчера (05.04.2024 година), СВР Охрид го одржа со Локалниот совет за превенција. Целта на оваа средба е дефинирање на клучните превентивни и други мерки за поголема и поефикасна комуникација со локалното население, со советодавните групи граѓани, со урбаните и месните заедници, за следење на состојбите во шумските појаси, пасиштата и другите површини на ...
Голем број активности за уредување на јавното зеленило Временските услови, сончево и релативно топло време, поволно влијаат на вегетацијата, па оперативните служби со голем број активности за уредување на јавното зеленило на многу локации во градот и приградските населби Се косат зелените површини, се кастрат гранки, се отстранува дива вегетација, потоа се отстранува ниска вегетација од тротоари и покрај патеките на следните локации: ул.Кузман ...
Финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид има тврди министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, објави Канал 5. За изградбата на овој автопат предвидени беа речиси 600 милиони евра, досега се потрошени околу 440 милиони со што остануваат околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата. Според Бочварски сега останува да се реши најважното прашање, а тоа се техничките решенија за 13-те свлечиштата ...
Во рамки на основното училиште Ванчо Николески во Лескоец во тек се активности за изградба на голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец, а тоа е спортска сала. Денеска, извршив увид на текот на градежните активности, а согласно договорот со економскиот оператор очекуваме за околу 18 месеци да биде изграден овој значаен проект за жителите на Лескоец! Овој проeкт години наназад беше ветуван но никогаш до сега не беше ...
Роден е во Неапол од татко незнабожец и мајка христијанка. Беше римски офицер во Неапол. Не беше крстен, иако мајка му тајно од таткото го поучуваше на Христовата вера. Еднаш кога тргна со својата чета во бој, мајка му го посоветува ако западне во неволја да се прекрсти и да Го повика Христа на помош. И навистина, кога во битката Никоновата чета беше опколена и сосем близу до конечна погибел, Никон се прекрсти и во срцето повика кон Господ Исус. ...
Во цела петта единица атмосферата е одлична, расположението ја следи таа атмосфера и се надевам дека на 24 април ќе ги видиме резултатите, односно таа атмосфера ќе ја преточиме во огромна разлика помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и за веќе на 8 мај да имаме кулминација и таа атмосфера да се преточи во историска победа за Македонија, односно, конечно ослободување на Македонија од ова лудило кое што ...
Македонското Министерство за надворешни работи преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија. #AscoliPiceno, dalle 10 #vigilidelfuoco impegnati a Cupra Marittima per un #incendio nella galleria Vinci, sulla A14, coinvolti un pullman e un camion carico di sostanze alcoliche: 5 squadre al ...
Магдалена Милевска од Охрид, мајка на дете кое има аутизам, мора да седи пред училницата во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид и да чува стража, затоа што образовниот асистент кој му е доделен на ученикот не знае како да се постави кон него. Милевска за „Слободен печат“ вели дека со месеци е принудена да не работи иако е програмер, затоа што постојано мора да биде во училиштето со синот, кој нема никакви придобивки од тоа што му е ...
Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот Христов за поклонение, за да нацрпиме сила за до крајот. Но оваа година ни се дава удвоена сила поради тоа што до Крстот Христов е и Пресветата Богородица, односно во Крстопоклона Недела се слави и Благовештението на Пресветата. Затоа, со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото ...
Презвитер во Анкира, денешна Анкара, Турција. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа ...
Традиционално заеднички со народот од стариот Општински Комитет го означивме стартот на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори. – Бидејќи го сакате вашиот град, вашиот дом, вашите семејства, изборите не се само за нас, тие се и за нашето наследство, за нашите најмлади генерации. Станете дел од оваа важна промена, станете дел од историјата, истакна Сајкоски. Сплотени и обединети заедно со генералниот секретар на ...
Вредните раце на мајсторот Димче Ѓоргиески го изработија крстот за новата црквичка Благовештение кој е и поставен во текот на вчерашниот ден. Оваа малечка црква со голема приказна за неговот градење добива се повеќе изглед на црковно светилиште кое за брзо време посетено од големиот број на луѓе, како и од планинари и велосипедисти или авантуристи и љубители на природата. Со господова помош ова место заслужува да прерасни во уште поубав уреден ...
ЕСМ Молика започна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро. Целта е, се посочува, во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди. -За првпат после 50 ...
Еколошките здруженија направија се да го држат блокиран процесот за реконструкција на Кеј Македонија во Охрид и сега состојбата е ваква: – нема заштитен ивал ѕид кој ќе ја враќаше водата назад во езерото и кејот ќе беше сув. – на кејот брановите исфрлаат езерска флора и фауна со која се хранат чавки и гаврани ( езерскиот жив свет не е во нивниот синџир на исхрана ) – водата го корне заштитениот бекатонот и го носи во езерото. – градот постојано ...
На нова зграда на улицата Димитар Влахов адресата напишана на латиница. Малку чудно и невообичаено за Градот кој е лулка на писменоста и културата во целата охридска околина и пошироко во Македонија, поточно на христијанството на Балканот. Дали со овој потег ние си го потценуваме кириличното писмо со кое треба да се гордееме? Посебно загрижува тоа што ова се случува во време кога младите користејќи интернет се помалку користат кирилица, па ...
Тие се од обителта на свети Сава Осветен кај Јерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина, Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, туку откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме ...
По повод рамазанскиот пост и во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, вечерва имав чест да бидам домаќин на традиционалната Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед. Светиот месец Рамазан претставува време за радост, обновување на верските вредности и носи многу драгоцени мигови со најблиските. Преку заедничката трпеза луѓето изразуваат сплотеност и шират пораки за мир и божји благослов. Празничните моменти не учат ...
Освоени 15 на Државното првенство за Сениори и Пионери викендов во Скопје! Сениори: 3 и 4 Пионери: 13 и 4 Најзабележителн настап имаа сениорите: Андреј Чакаровски -100, Христијан Глогороски -90 и Анамарија Стојмиловска -48 кој го освоија златниот медал и се стекнаа со титулата Сениорски Државен Првак! Кај Пионерите Амар Бајрамоски -46 беше неприкосновен освојувајќи го златниот медал! Честитки и до останатите наши освојувачи на медали: Елеонора ...
36-годишниот охриѓанец Tarkan, кој живее и работи во Германија сними одлична обработка на песната „Attention“ на Charlie Puth, сега наречена „Каде ли згрешив“. – Овој пат сум посебно возбуден и инспириран, пред се’ поради мојот нов живот, велам нов живот поради огромните промени што ги направив, а тоа подобро го знаат тие што ме познаваат. За новата песна и видео записот за прв пат соработував со охридскиот продуцент Вик Какаротцки, кој стои зад ...
Пратениците го изгласаа Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка. Согласно новата регулатива, новиот рок за довршување на делницата Кичево-Охрид е 31.12.2026 година, објави slobodenpecat.mk. Министерот за транспрт и врски Благој Бочварски рече дека Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации. – ...
Македонското собрание за денеска свика идна седница, која ќе се одржи во 13:30 часот. „По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска во 13:30 часот закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, ...
Преисполнети со благодат и со ликување од вчерашниот блескав пречек на чесната и чудотворна икона на Светиот Великомаченик Георгиј, нашите срца денеска, продолжија со духовно славје и возвишување во Манастирот на Победоносецот во Рајчица, славејќи го споменот на нашиот Отец меѓу Светиите Григориј Палама, светилник на Црквата православна, неуморен заштитник на исихазмот и проповедник на Божествената благодат. Манастирската слава беше навистина не ...
Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. A Бог Кој промислува за сите и за сè ја ублажи неговата тага: до рацете на младичот Хрисант дојдоа Евангелието и Делата ...
Со раце подигнати во славословие и со срца преисполнети со љубов, Му благодариме на Великиот Дародавец, Бог и Спасител наш Господ Исус Христос и на неговиот прославен и победоносен Воин, Светиот Великомаченик Георгиј, кој одново нѐ собра во овој свој Свештен Манастир, во радование и ликување, во светло заедништво во името Христово. Овој пат, за да ѝ се израдуваме на уникатната и благословена прилика – пристигнувањето во овој молитвен дом на ...
Велигден е празник кој е длабоко вкоренет и почитуван меѓу христијаните, дел од традицијата на многу семејства. Славењето на овој голем празник е темелот на верата и не учи на тоа дека доброто секогаш го победува злото. Целта и смислата на животот се исцрпува во живеењето во согласност со нашите заеднички христијански традиции и вредности, со безусловна љубов за Бога и за секој човек. Тоа е патот кон душевен и меѓучовечки мир и разбирање, пат на ...