Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) работи транспарентно во соработка со засегнатите страни во рамки на постапките за донесување на националната легислатива. Во однос на Предлог на Закон за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природа и Предлог на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природа, кои се во собраниска процедура пред донесување, запазена е целата постапка за прогласување согласно ...
Денеска од Вевчанските извори покрај бистрата вода, низ Вевчани тече и позитивната енергија, радоста и креативниот дух на младите уметници, членови на ликовното студио ,,Св.Кирил и Методиј” – Битола кои во изворите во теков на целиов ден создаваат ликовни творби на тема: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за младите уметници”. Повелете денес во 18,00 часот во центарот на Вевчани да ги погледнеме нивните уметнички дела. ...
Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески. На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на ...
🤝❤ СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО ❤🤝 👉 Црвен крст Охрид од вчера (15.08) прифаќа донации во храна и пијалаци во своите простории, наменети за лицата коишто со денови неуморно се борат со огнената стихија на Галичица. Донации од граѓани и од организации започнаа да пристигнуваат веднаш по објавениот апел, а пристигнуваат и утрово. 😍 🚗 Донациите примени до овој момент веќе се на пат за Галичица. ❤️ Црвен крст Охрид им изразува огромна благодарност на ...
Исакиј се празнува уште еднаш посебно (12 јуни). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но, кога во него се разбуди духот, тој презре се светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот ...
Надлежните од Националниот парк „Галичица“ денеска излегоа пред јавноста со уверување дека пожарот што е се уште активен на планината е под контрола, притоа упатувајќи да не се шири паника кај населението. Ѓуро Јовчески, одговореното лице за противпожарна заштита во Националниот парк „Галичица“ посочи дека пожарот што веќе единаесетти ден е активен е започнат на Кота 11 што се наоѓа на територија на соседна Република Албанија. -Контролиран е 11 ...
Под мотото „Македонистички гордорек“, од денеска во Охрид почнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на која ќе учествуваат 65 македонисти од 17 земји. Летната школа ќе се одржува до 29 август, а за првпат годинава ќе бидат доделени и наградите „Воздејства“. Македонистите од Албанија, Бугарија, Италија, Јапонија, Кина, Полска, Р. Кореја, Романија, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата. Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува ...
Пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков. Во објавата градоначалникот додава: Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. ...
Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, утре на 16.08.2024 година со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца. Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца. Предвидена е и музичка програма со дечињата од „Малите ...
Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател ...
Пожарот на планината Галичица се симнува во туристичиките места и во градот. Денеска тој беше видлив и од плажите. Ветрот го разнесува чадот, а видикот кон планината не е јасен. Центарот за управување со кризи извести дека пожарникарите денеска цел ден го гаснат жариштето со два воздухоплова – едниот од преспанската страна кај Стење-Лескоец и другиот на охридската страна на запад кај месноста Војтино. „Сите воздухоплови имаат свои технички ...
Од денес почнуваат Богородичните пости кои траат до 28 август кога се празнува Голема Богородица. За православните христијански верници од денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата ...
Почитувани браќа и сестри во Христа Бога.Токму од местото Манастирот Св.Богородица -Трескавец каде што и беше ракоположен, ве известувам дека се упокои во Христа Бога нашиот прота Петре С Петрески од с.Јабланица. На ден 14.08.2024 година Среда во Црквата Св.Богородица с.Јабланица со почеток во 13 часото ќе биде извршено опелото на прота Петре С.Петроски со кое ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение со ...
Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските беа носени крстови од кои заблескаа небесни лачи. Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради ...
Вчера обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид, а денес нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници. Денес во Собранието заврши комисиската расправа за Законот за урбанистичко планирање, чиј предлагач е Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. -Со овој закон се олеснува процедурата за реализирање капитални проекти во сите општини, градинки, училишта, амбуланти, ...
Со низа активности беше одбележан 12-ти август Меѓуародниот ден на младите со што и официјално започна Неделата на млади. Главниот настан посветен на младите се одржа синоќа во Младинскиот Центар во поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска . – Меѓународниот ден на младите веројатно е еден од најзначајните датуми во календарот на случувања во секоја земја затоа што нема ...
Општина Охрид доби престижната награда „Општина пријател на Младите“ , признание за исклучителните иницијативи и политики спроведени за поддршка и зајакнување на младите во заедницата. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера се одржа конференцијата „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје. Како претставник на Општина Охрид беше Претседателот ...
„Младите се клучот за силен напредок и светла иднина. Голема е честа и одговорноста што токму на овој ден, Меѓународниот ден на младите ни е доделена награда на Општина Охрид издвојувајки се како општина која е најотворена, инклузинва и работи за младите“, изјави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски на вчерашната конференција „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ организирана по повод 12 август, ...
Усвоен е ребалансот на Буџетот за 2024 година. Само во Општина Охрид ќе се слеат околу 150.000.000 денари преку капитални инвестиции. – зголемени пензии за пензионерите, – исплата на плати во дел од институциите кои доцнат и по неколку месеци – исплата на стекнатите права на работниците – исплата на субвенциите за земјоделците – исплата на доспеаните обврски кон стопанствот, пишува пратеникот од Охрид Сашо Донев. Со ребалансот се обезбедија ...
На 13 август, по повод Светскиот ден на органодарителството, Националното здружение „Храбро срце“ по петти пат организира настан на плоштадот во Охрид. Овој значаен настан има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на органодарителството, што претставува еден од најблагородните и животоспасувачки чинoви. Органодарителството овозможува луѓето да подаруваат втора шанса за живот, помагајќи им на оние кои се во критична состојба и ...
Незаборавна вечер исполнета со многу смеа и хумор, приредија познатите стенд-ап комичари Бојан Велевски и Маријан Георгиевски во рамки на настанот STAND UP COMEDY NIGHT што вчеравечер се одржа во Охрид. Многубројната публика, на платото пред хотелот Палас, уживаше во препознатливите шеги и креативни анегдоти од секојдневниот живот. Настанот беше организиран во рамки на летната културна програма поддржана од Општина Охрид, пишува во својата ...
Роден во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829–842) Евдоким беше млад офицер во војската. Но, и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди. Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше дури и да зборува со која и да е жена освен со мајка си; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога. Одбегнуваше ...
Делови од Галичица на територија на Македониј и Албанија горат веќе осум дена, а денес на сводот над Охридско Езеро се протегаше огромна завеса од чад. Вечерва пак огнот на Галичица се гледа и од Охрид. Фотографиите кои ги испратија читатели на Ohrid1.com се фотографирани од Античкиот театар. Охридската противпожарна единица во тешка битка, ако се знае дека до пределот каде гори треба да се стигне по патот кој води од Охрид до Свети Наум, а ...
Делови од Галичица на територија на Македониј и Албанија горат веќе осум дена, а денес на сводот над Охридско Езеро се протегаше огромна завеса од чад. Охридската противпожарна единица вод тешка битка, ако се знае дека до пределот каде гори треба да се стигне по патот кој води од Охрид до Свети Наум, а кој е константно „заглавен“ и по него сообраќајот отежнато се одвива, па портивпоражрните возила од како ќе интервенираат треба да се вратат ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 22ри до 28ми Јули, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Крали Марко“ – „Стив Наумов“ бр 37 – „Охридати“ – „Чекоштина“ -с.Љубаништа – „Кленоец“ – с.Долно Лакочереј – „Богомилска “ бр.40 – с.Горно Лакочереј – нас.Рача (2 дефекти) ...
Изминатиот викенд на отворениот простор во поранешната касарна во Охрид се органзиираше изложба на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show. На официјалното отворање на настанот пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник. – Огромно е задоволството да се присуствува на овој забавно – натрпеварувачки настан посветен на добрите автомобили и адреналинот кој е составен дел од нив. Верувам дека не постои човек ...
Вчеравечер на пригодна свеченост во дворот на ОСУ „Свети Климент Охридски“ беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2023-2024 година. Во името на Локалната самоуправа пред присутните свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. -Оваа прекрасна празнична вечер, кога го славиме ликот и делото на нашиот просветител и прв учител Свети Климент Охридски, имаме можност да споделиме неповторливи чувства ...
Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Јерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22). По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). ...
ЈП Водовод Охрид Ве известува дека поради енормно зголемената потрошувачка на вода и исполнетоста на градот со туристи, во текот на денешниот ден имаше неколку испади на водоснабдителниот систем, кои резултираа со намалување на притисокот во високата зона во градот и приградските населби. Заради тоа, ЈП Водовод апелира на разумно и рационално користење на водата, наменски и за лична употреба, а не за наводнување на паркови, земјоделски насади, ...