
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Денеска во охридскиот крај остварив работни посети на Секторот за внатрешни работи Охрид, Езерската и Сообраќајната полиција како и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум каде одржав работни состаноци со раководствата на овие организациски единици, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи, Панче Тошкпвски. Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост: СВР Охрид покрива 7 општини и во првото ...
На денешен ден 19 април 1949 година одиграна е првата престава на првиот охридски театар. Театарот е укинат со одлука на народната ни власт во 1954 година со образложение дека нема потреба од театарски активности во другите градови освен Битола и Скопје. Од укинатите тетари по кратко време се обновени театрите во Прилеп, Штип, Струмица, Куманово кои заедно со тие во Битола и Скопје ја продолжиле дејноста. Театарот во Охрид е обновен дури во 2011 ...
Уредите без чад значително ја променија сликата на пазарот на алтернативи на пушењето. Предводник во оваа категорија несомнено се IQOS уредите. Со загревање наместо согорување на тутунот, уредите нудат подобра алтернатива на цигарите за сите полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат. На македонскиот пазар неодамна пристигна технолошки најнапредниот уред за загревање – IQOS ILUMA, што користи технологија за индукциско загревање, а ...
Светиот рамноапостолен Методиј, учител словенски, и неговиот помлад брат Константин – Кирил, се родени во Македонија, во градот Солун, во благочестиво семејство. На почетокот, Методиј, исто како и неговиот татко, служеше воена служба. Царот, откако чу за него дека е добар војник, го постави за управник на една словенска област во рамките на грчката држава. Откако помина во офицерски чин околу 10 години, и ја позна сета житејска суета, Методиј ...
Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе, рече ...
Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни малку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам – во името пак на моите свети чувства кон тебе – да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги”, напиша Христо Узунов, истакна претседателот на ...
Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија. Сашо Донев порача дека оттука, од непокорен и победнички Охрид, уверува дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се посвети на развојот на Македонија, на Охрид. ...
Восхитен сум од сите вас, собрани овде во Охрид. Илјадници охриѓани, но и граѓани од цела Македонија, од Битола, од Кичево, од Струга, од Ресен, од славна Дебрца, од Дебар, од Демир Хисар, од Маврово и Ростуше, од Центар Жупа, од Долнени и сите други прекрасни места од нашата преубава Македонија. Восхитен сум од бројот на луѓе кои ги гледам денес пред мене. Оваа река на народ говори само едно, говори дека и на 24-ти април и на 8-ми мај победата ...
Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија. „Промените се во ваши раце! Со вашата поддршка, со вашата и наша енергија. одговорно и посветено, обединети за силна, просперитетна Македонија ќе работиме за подобро ...
Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Најавени се обраќања на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, како и на претседателот на партијата и носител на листа во првата изборна единица Христијан Мицкоски. На митингот ќе се обрати и Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа во ИЕ 5, но и кандидатите за ...
Денеска заедно со претседателот Христијан Мицковски и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид, направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сала, училиште и авантуристички парк, по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти. Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра да се инвестираат во инфраструктурата, 250 милиони евра годишно кон општините, конечно ...
„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид. ...
Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика. Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ...
Со голема радост ви ја претставувам „Risorga il mondo“ од „La Resurrezione“ од G.F.Händel. Многу сум среќна што на таков неверојатен начин го завршувам проектот „Хендел во Рим“ предводен од маестро Риналдо Алесандрини и Здружението за барокирање заедно со барокниот оркестар на Конзерваториумот во Прага. 🎼Навистина уживав да ја подготвувам музиката во таква средина, барајќи го најдобриот начин да ја изразам музикалноста на кантатите на Хендл ...
Ми претставува голема чест што денес имав можност да се обратам на дводневната конференција на тема: „Културното наследство и туризам – Меѓународни стандарди и локален развој“, која се одржува во Охрид по повод 18 април – Денот на културното наследство на УНЕСКО. Уверен сум дека презентациите на научните согледувања и дебати, кои ќе бидат дел од овој научен собир, ќе дадат значителен придонес во креирањето на нашите стратегии, особено во областа ...
Првиот беше ѓакон, а вториот чтец на црквата во Солун; првиот преукрасен со старечка мудрост, а вториот со младешка девственост. Во времето на Диоклецијановата хајка на христијаните овие двајца беа повикани на суд. Тие се одѕваа со радост и држејќи се еден за друг за рака одеа викајќи: „Ние сме христијани!“ Сите совети на судиите да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите останаа залудни. После долготраен затвор и гладување, ги ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишен Охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Имено, на 14-ти април годинава тој на магистралниот пат Охрид – Кичево, со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ во Охрид предизвикал сообраќајна ...
МАРТИНА ЦВЕТАНОСКА , ученичка од 9 одделение, со одличен училишен успех неограничена љубопитност и трудољубивост освои ПРВО место со максимален број на поени на регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 13 април во охридкста гимназија-„Св. Климент Охридски“. Ваквиот успех се должи на нејзиниот талент за решавање хемиски равенки , упорната работа како и добрата проценка на менторот НАУМЧЕ ТАНЕСКИ, наставник по хемија во ООУ Дебрца. ...
Роден е во Сицилија од благочестиви и добродетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите премина во Солун, каде што се замонаши. Како монах на сите им беше пример во постот, во крајната воздржливост, непрестаната молитва и псалмопеење, бдеењето и трудољубивоста. Солунскиот епископ го ракоположи за јеромонах. Кога прочуениот Григориј Декаполит го посети Солун, од дното на срцето го засака Јосиф заради неговиот редок карактер, па го ...
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте. Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Потребно e време за промените да прераснат во долгорочни навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно долго, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во сообраќајот, извршена на 02.04.2024 на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот, како со свое патничко возило „Форд“ со струшки регистарски ознаки врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца за ...
Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Во објавата градоначалникот додава: Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Паркот е направен ...
Денеска извршив обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева. Таму започнати се зафати за изградба на трибина со капацитет од околу 150 седишта. Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која ќе се постават столчињата. Исто така тука се работи и на изведба на електрична инсталација за осветлување на овој терен со што можностите за негово користење се зголемуваат. Го посетив и ...
Продолжуваме со воведување на нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, со цел да одговориме на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различни состојби. Со помош на најсовремен инструмент, со високософистицирана и сензитивна молекуларна технологија, на принцип на детекција на генетски материјал (ДНК/РНК) од различни бактерии, вируси и нивни продукти, во ...
Oкрилени со силата на крстот, го продолжуваме своето искачување низ посните предели, до врвот каде што нѐ очекува радоста на Воскресението Христово и совршенството на Неговата божествена љубов. Токму затоа, Црквата, во оваа недела ни го предлага споменот и личноста на Светиот Јован Лествичник, како пример за тоа како благодатта Божја може обичниот човек да го претвори светилник на светот. Учејќи се од неговиот пример нѐ обзема радост и сѐ ...
Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив ...
Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство. Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од ...
Угодникот Божји, преподобниот Јован живеел во 6 век. Родум Сириец, а наречен Лествичник бидејќи е автор на книгата „Лествица“ (Скалила), по местото на благочестивите подвизи – Синаит. На 17 годишна возраст, Јован се принел себеси во жртва Богу – телото го вознел на Синајската гора, а душата на небесната гора. Откако пребивал на Синајската гора во подвиг на осамеништво 19 години, до својата 40 годишна возраст, преподобниот се оддалечил во ...
На 12.04.2024 година во 18.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија при СВР Охрид од слобода го лишија лице на (24) од Охрид. Тој, управувајќи патничко возило „ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање, туку со возилото избегал. Во врска со случајов, а поради постоење основано ...
На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се лице на (36) и лице на (38), двајцата од Струга. Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот лице од Охрид. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени ...