
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20 годишен Скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор ...
Почитувани, продолжувам со мрежата на СДС за корупција, непотизам, протекционизам, кронизам, во Охрид, каде Миле Зечевиќ генералниот секретар на СДС, ја поставува Кристина Крлеска Деспотоска за главна во ОО. Роднинските врски и биле единствен критериум за ова место. Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост: ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Судија на претходна постапка на лицето му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор ...
На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (46)г од Охрид кој, однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот, лицето пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што ...
Ја информираме пошироката јавност дека и денес продолжува протестот на вработените во Подружница 6000 Охрид од 08.00 до 10.00 часот заради тоа што до овој момент сеуште не е исплатена Февруарската плата и сеуште нема одговор од страна на ген.директор кога ќе има исплата на платата.Протестите ќе продолжат се додека не се исплати платата. Се очекува во секој момент да се одржи состанок на претседателството на Синдикатот на Македонска Пошта на кој ...
Апел за помош на малата Светлана за чија операција, која е закажана за среда, 20-ти март 2024 година, се потребни 1.000 евра. Драги сограѓани и хуман народ на Македонија, потребни се 1.000 евра за Светлана, за операција на вратната кичма во болницата „Систина“. Да му помогнеме на ова девојче да има детство како сите други деца! Сите кои можат да помогнат можат да донираат на трансакциската сметка на Марија Синикоска, булевар „Туристичка“ бр. ...
На Ламбе Цепенкоски од Охрид кој има 90 години,Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одбива да му исплати пензија за период од 1992-ра до 2004-та година.Својот работен век како воено лице,тој го поминал во Мостар,а по разгорувањето на војната во поранешна Југославија, во 1992-ра се вратил во Македонија. Од тогаш почнува неговата голгота. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не му ја дава пензијата која му следува,и за да го прехрани ...
Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи. Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а војводите ги фрлија во затвор, каде одлежаа седум години. Повеќепати доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската вера, но војводите не сакаа ни да чујат. ...
Охриѓанецот Стојмир приреди несекојдневно ноќно запросување за својата сакана Ангела. Имено синоќа се беше подготвено за изненадувачкиот чин кој Ангела ќе го памети целиот свој живот. На островото пред поранешниот хотел „Палас“ со црвени факли во рака неговите најблиски другари од двете страни ја обоија патеката сред езеро со црвен пламен а на крајот од патеката Стојмир со прстен во раката , клекнат ја пречека Ангела. Дополнително амбиентот ...
Стигнаа новите ракометни голови, со највисок сертификат, одобрен од страна на Интернационалната ракометна федерација, како дел од нашиот континуиран процес за модернизирање и подобрување на условите во спортската сала “Билјанини Извори”. 👍👍👍 Чекор по чекор им овозможуваме одлични услови за тренинг и натпревари на сите ракометни екипи, како национални така и интернационални, кои имаат желба да ја користат нашата сала за подготовки, натпревари ...
Англискиот јазик како универзален јазик во светот е јазик на сегашноста и иднината. 🏆Повторно #ПРЛИЧЕВЦИ го докажуваат тоа и се дел од најдобрите на Општински натпревар за основни училишта по англиски јазик, што се одржа на 16.3.2024г. Еве ги резултатите👏: 5️⃣ одделение: 🥈Мартин Николовски (втора награда) 🥉Стефан Петкоски (трета награда) 👩🏫ментор: Билјана Николовска 6️⃣ одделение: 🥇Делфина Трајкоска (прва награда) 🥈Ања Наумоска (втора ...
Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Локалниот совет на млади (ЛСМ) при општина Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соаботка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Игор Јосифоски, претседател на ЛСМ, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу двете страни потписнички и воспоставување на системска меѓусебна соработка за едукација на теми од областа ...
Неделен преглед на теренски активности (11.03 – 17.03.2024). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 11ти до 17ти Март, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. 🛠 Отстранети се дефекти на следните локации: – „28ми Април“ бр.48 – ,,Партизанска“ (2 дефекти) – „Кленоец“ – „Бистрица“ – „15ти Корпус“ – „Бул.Туристичка“ – ...
Прес-конференција на советникот на Левица во советот на Општина Охрид Виолета Аврамоска: Поминаа десетина дена откако во Охрид e oтстранeта спомен плочата од НОБ пред градбата на Димитар Влахов, чиј изведувач е Нефи ИК, истакна на денешната прес конференција советникот од Левица, Виолета Аврамоска. Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост: Спомен плоча која сведочи дека во таа куќа на 26 и 27 ноември 1941 година биле осудени ...
Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на отворањето на Студентската конференција – Охрид 2024 што ја организира Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Општина Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните, Божиноски истакна: – Огромно е задоволството да се биде домаќин на дводневната студентска конференција на кој што главната улога ја имаат ...
Wizz Air за 1,4 милиони лица ќе го намали бројот на превезени патници на пазарот во поранешна Југославија, откако авиокомпанијата која нуди евтини летови приземји 20% од својата флота. Истото дојде по спроведената инспекција која утврдила ретка аномалија пронајдена во металниот прав што се користи во производството на специфична компонента на моторот, пишува порталот Ex-Yu Aviation News. Авиокомпанијата го намали бројот на летови во регионот во ...
Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во периодот од 08:00 до 10:00 часот и бараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во поштенското претпријатие. Протест утрово се одржа и пред Дирекцијата на охридската подружница, каде преставникот на Синдикатот на Македонска пошта Тони Матески, за Супер радио и OhridPress истакна дека станува збор за револт затоа што каснат платите. – Надминат е законскиот рок за ...
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Стоејќи на прагот на Светиот и Велики Пост, духовно осветлени и умудрени од претходните три подготвителни недели, денеска, во оваа четврта недела, сме призвани да размислиме за подвижничката суштина на нашиот аскетски пат. Во Божествената мудрост на денешното евангелско четиво изговорено од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос, се открива правилниот стремеж за вистинското богатство. Луѓето ...
Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“. За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари. Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина. Освен настанатата материјална штета ...
На 09.03.2024 во Струга се одржа XXXII регионален натпревар по информатика во областа на програмирањето. Во конкуренција од 230 ученици од основните и средните училишта во цела Македонија, ученици од СЕМОС академија, центарот за едукација Круг и математичко информатичката гимназија, учениците од Охридската гимназија покажаа одлични знаења и се најдоа меѓу најдобрите. Климент Велкоски III година освои II награда – ментор Елизабета Левеска, Елена ...
Пoучeн вo вeрата Христoва и крстeн вo имeтo на прeсвeтата и живoтвoрна Трoица oд самиoт Архангeл Михаил. Дo смртта нeвидливo гo слeдeше oвoј Архистратиг Бoжји. Прoсвeтлeн и oјачан сo благoдатта на Свeтиoт Дух, срцeтo нe гo влeчeше пo ништo свeтскo туку самo пo духoвнoтo и нeбeснoтo. Кoга рoдитeлитe сo сила гo oжeнија, тoј првата вeчeр зeде свeќа и ја стави пoд сад, па ја запраша свoјата нeвeста: „Штo e пoдoбрo, свeтлината или тeмнината?“ Таа ...
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид и ...
Ученикот Бобан Кочески од IV-3 клас во периодот од 10.03 до 16.03.2024 година учествуваше на Еразмус+ проект Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, кој се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија. Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет. За своето учество Бобан Кочески се здоби со меѓународно признат сертификат од Европската комисија и Универзитетот во Истанбул. За време на ...
На 10-ти март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид и фрлиле запалливо средство во објектот. Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот, внатрешноста и надворешноста од деловната зграда на ЈП „Градски Пазар“ и околните објекти, каде што во тој момент живееле и престојувале луѓе, со што предизвикале значителна ...
Дел од увезените работници од Непал, Филипини и Малта кои оваа сезона ќе работат во хотелско -угостителскиот сектор пристигнаа на брегот на Охридското Езеро а поголемиот број од нив се очекуваат во нарените денови .Иако почетната плата се движи од 500 евра па нагоре во зависност од работната позиција со обезбедена храна и сместување нема интерес за работа. Трендот на заминување на локалниот персонал расте и тоа најчесто во Хрватска за повисоки ...
Во овој ден твориме спомен на изгонувањето од рајот на првосоздадениот Адам, заради храна, како што устроија божествените свети отци, пред самиот почеток на светата Четириесетница. Бидејќи со тоа се покажува дека постот е лекарство полезно за човечката природа, додека лакомството и непослушанието се гнасни. Оставајќи ги безбројните примери на овие пороци во светот, светите отци укажуваат жив пример во првосоздадениот Адам кој претрпе голема ...
20 годишниот Берат Наџаку од Охрид кој се натпреваруваше во категоријата “Најдобра техника во подготовка на коктели” влезе во 10 те најдобри во полуфиналето на државното првенство. „ Работев во „Ликвид кафе и клуб“ и тука го стекнав моето најголемо искуство. Многу му сум заблагодарен на мојот менадџер и шеф Владимир Китевски (Ките). Единствено нешто што можам да кажам за коктеливе е дека “Најважна состојка во секој коктел е љубовта што му ја ...
Според пишанните податоци од Кирил Пејчиновиќ Поклади идет, се чудиш колку манџи да направиш. Пак ce берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни coблазнителни, да jaдете до ден, да се oпиете и скверна безделија да чините за три дни. Heмојте, xpистиани, не губите си душите, не празнујте погански. Caм поклади си со своата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто yтре велик пост. Зашто ...
Сообраќајна несреќа кај Рача. Читателите на Охрид 1 кои ни ги испратија фотографиите и кои воедно се и очевидци велат дека во несреќата учествувале две возила кои возеле над пропишаните правила и прописи за населено место. Тие уште додаваат дека едното возило се оддалечило по несреќата, а другото сеуште е на местото. Инаку како што многупати до сега пишувавме на овој потег има често сообраќајни несреќи поради тоа што учесниците во сообраќајот ...
Прилеп веќе пулсира во карневалски ритам. Викендов се одржува карневалот “Прочка 2024”, а во пресрет на утрешното дефиле се потсетуваме на една од најкреативните маски од минатата година. Кога Тито и Јованка од охридското село Куратица пристигнаа на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, изнудија голем број аплаузи, а прилепчани носталгично се потсетија на деновите во бивша Југославија. За маската да биде комплетна, маршалот пристигна со бел ...