
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската ...
Синоќа на летната сцена “Долни Сарај” во Охрид, се одржа седмото по ред издание на фолклорниот фестивал “Денови на Балканската култура”. Овој фестивал се одржа во рамки на проектот „Препознавање на заедничките особини на нематеријалното културно наследство на Балканот“. На сцената се претставија повеќе културно-уметнички друштва од регионот, КУД “Илинден”- Битола, КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, КУД „Пирамида“ – Охрид, КУД „Рацин“ – Кичево, КУД ...
Во недела наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе започне архиерејската Божествена Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот Епископ г. Партениј. Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. Затоа да ...
Иванден – еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов. Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и ...
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот Архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захарија во јерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, Архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сè до осмиот ден по раѓањето на Јован. ...
На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје. При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. MVR ...
Возљубени верници и почитувачи на Свештената Бигорска Обител и на славниот Претеча, Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесниот празник на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован: ___ Во сабота, на 6 јули, во Свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои Старецот и Игумен на Бигорската ...
Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините ...
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ...
Со четириесет и пет точки на дневниот ред, денес се одржа четириесет и третата седница на Советот на Општина Охрид. Првите десет точки од дневниот ред се однесуваа на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, а поголемиот дел од денешната работа на советниците помина во усвојување на измените во програмите за работа во сите сектори од општинската администрација. Во продолжение на работата, советниците ги усвоија ...
Елеонора Лабоска со нејзиното Beauty Studio Nora ја доби престижната награда NAJUSPEŠNIJE DAME I BRENDOVI 2024 (Најуспешни дами и брендови 2024) во Белград. Во организација на една од највлијателните радио телевизии FOCUS TV во Hyatt regency belgrade се одржа четвртото издание на престижната манифестација за Успешни Дами и Брендови во 2024 година. Со седумгодишно искуство во светот на убавината, Елеонора не е само шминкерка, туку и креаторка ...
На последниот ден од Европското Првенство за Кадети во Софија Р. Бугарија, Џудо Федерацијата на Македонија предводена од претседателот Владимир Трпаноски ја имаше честа да учествува на церемонијата на свеченото предавање на знамето кој на претседателот Трпаноски лично му го врачи потпретседателот на Европската Џудо Унија г-дин Кнајтингер. Водени од претходно врвно организираниот Европски Куп за Јуниори 2023 Од ЕЏУ не го криеја задоволството што ...
Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување, за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од свети Јован Златоуст. Но, сепак, аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на ...
НЕСРЕЌНАТА СУДБИНА НА ОХРИЃАНКИ ИСПЕАНА ВО АМЕРИКА Судбината на младите охриѓанки Фросина, Деспина, Русе, опеани во староградските песни на музичката тајфа на охриѓанецот Климе Садило, кон крајот на шеесетите години од минатиот век ги заинтересирала и американските дискографски куќи. Прв пат во 1958 година Fiesta Records на Бродвеј издала лонг-плеј плоча со овие надалеку познати песни, на чија обвивка било нагласено дека тоа е музика од Балканот ...
Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-653/12 од 31.01.2022 ...
Проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид „ влегува во финалните фази на реализација. Во предходниот период, Центарот за развој на Југозападен плански регион, успешно ги спроведи активностите кои се насочени кон енергетска ефикасност на објектот. Имена, поставена е нова термо фасада на целиот објект, се интервенираше во реконструкција на кровот и кровниот покривач, како и замена на ...
Возљубени верници и почитувачи на Свештената Бигорска Обител и на славниот Претеча, Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесниот празник на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован: ___ Во сабота, на 6 јули, во Свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои Старецот и Игумен на Бигорската ...
Со концерт на ансамблот „Танец“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, почна 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Традиционално фестивалот беше отворен од покровителот, Потпретседателот на македонското собрание, Антонијо Милошоски, а во име на охридскиот градоначалникот пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Дозвоолете да ја изразам мојата искрена радост што ноќва ...
„Св. Богородица Захумска“ или само Заум — средновековна црква која се наоѓа веднаш на самиот источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Црквата Света Богородица Захумска која меѓу местното население и пошироката јавност е позната само како Заум се наоѓа веднаш крај самиот источен брег на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Се наоѓа на оддалеченост од 20 км од Охрид, на брегот на езерото, во подножјето на ...
Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја ...
Во поново време обновена е традицијата да се богослужи во овој манастир на 4 јули, веднаш после празникот на св. Наум, и на 21 септември на празикот на Рождеството на Пресвета Богородица кога е доста посетен од страна на жителите на селата Пештани и Трпејца како и од жители на градот Охрид. Во црквата секоја година на 4 јули, ден по летниот празник на Свети Наум Охридски – Чудотворец, покрај богослужбата се одржува народен собор и прослава со ...
Денеска во работна посета на Општина Охрид ја примив делегацијата од Костур, Р. Грција, предводена од вицегувернерот Димитриос Савополус, претставници од Археолошкиот завод за антиквитети, од Регионалниот фонд за развој и советници од Градоначалникот, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски. Во објавата Божиновски додава: Целта на средбата беше воспоставување соработка меѓу соседните области коишто имааат слични ...
Градскиот мешан хор Vox Lychnidos од утре до недела ќе престојува во Ниш, Србија каде ќе учествува на 29-от Интернационален хорски фестивал „Блистави гласови“. Хористите се подготвени да се претстават во најдобро светло, вели диригентот Бурим Хидри. Ќе настапат во натпреварувачкиот дел, а значајно за ова учество е што хоровите се натпреваруваат исклучиво на покана на организаторот. Ќе бидат изведени четири композиции: Ubi caritas – О. Gjeilo, ...
Манастирот Свети Наум кај Охрид е еден од најзначајните манастири во Македонија. Се наоѓа во најјужниот дел од македонскиот дел на Охридското Езеро, на границата со Албанија. Во манастирската црква Свети Наум се наоѓаат моштите на свети Наум, ученик на солунските браќа Свети Кирил и Методиј. Свети Наум Охридски, заедно со Свети Климент Охридски, го ширеле христијанството на просторите на јужниот дел на Балканот, најмногу околу Охридското ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 24ти до 30ти Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Богомилска“ бр. 40 – „Кленоец“ бр.40 – „Абас Емин“ бр. 280 – „Будва“ бр.50 – „Петар Поп Арсов“ – „Охридска Бригада“ – „Никола Карев“ – „Св.Климент Охридски“ – „Железничка“ ...
Booking mk или Smestuvanje Ohrid се зборови кои луѓето ги пребаруваат за да дојдат до сместување во Охрид. Apartmani.mk е платформата што ги поврзува посетителите со сопствениците на сместувачки капацитети кои ги објавуваат своите престои. Со задоволство Ве информираме дека Apartmani.mk започна пред еден месец и веќе има над 200 објавени сместувачки капацитети! Стануваме најбрзо растечката платформа за краткорочни сместувачки капацитети во ...
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски Апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш свети Наум основаше манастир на јужниот брег на ...
Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиопт период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на ...
„Имавме испланирано да го дочекаме прекрасното зајдисонце кај црквата „Св. Јован Канео“ и токму тогаш се случи запросувањето“ – раскажува накратко Стефан, кој ја запроси својата свршеница на местото кое е омилено за фотографии на инстаграмџиите и туристите. Како треба да изгледа запросувањето од соништата? Секој има различна дефиниција за тоа, а Стефан Атанасовски (28) одлучил на својата свршеница Марија Георгиевска (25) да ѝ приреди ...
Се известуваат сите учесници во сообраќајот, дека поради изведување на градежни работи на улицата „7-ми Ноември“ во деновите 04.07.2024 година (четврток), 05.07.2024 (петок), 06.07.2024 (сабота) ќе се воведе времен режим на сообраќај со затворање на улицата во три фази. -Прва фаза од кружен тек пред ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до крстосница со улица „Питу Гули“ (Бензинска пумпа). -Втора фаза од крстосница со улица „Питу Гули“ до крстосница со ...