Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно и денеска се очекува да бидат испитувани сведоци предложени од Обвинителството, чија улога е да ги поткрепат обвиненијата против осомничените. Минатото рочиште беше одбележано со сведочењето на полициски началници од СВР Скопје и СВР Велес, кои изнесоа информации за истрагата и деталите за начинот на кој биле водени полициските ...

Унгарија не го поддржува „Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски бидејќи тоа е најкраткиот пат до Третата светска војна, изјави денеска Балаж Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој на Фејсбук напиша дека планот подразбира ескалација на конфликтот и вклучување на земјите од НАТО во него, што Унгарија не го прифаќа, бидејќи смета дека ЕУ треба да ја промени својата стратегија во мирна. Претходно, ...

Синвар е роден во бегалски камп во Кан Јунис во 1962 година, а неговото семејство побегнало од својот дом заедно со стотици илјади други Палестинци за време на војните во кои е создадена државата Израел. Се верува дека таквото минато одиграло голема улога во неговата одлука да му се приклучи на Хамас во 1980-тите. Израелските војници го убија лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се сметаше за организатор на нападот на палестинските екстремисти на ...

Повеќе од јасно е дека се бара формирање на паралелни институции во унитарна држава. Тие пак за свое успешно функционирање бараат свои територии и, се разбира, како краен резултат – сецесија или раздвојување како логична последица. Тито Петковски Европските искуства во мултиетничките и мултиконфесионалните општества говорат дека таквите општества тешко функционираат. Ова доколку различните етнички заедници, аво Македонија ги има 26, не гааат ...

Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека овој момент нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа. Правдата е задоволена. Синвар е одговорен за убиството на илјадници невини луѓе, вклучувајќи ги и жртвите на 7 октомври и заложниците убиени во Газа, рече Харис. Таа изрази надеж дека наскоро ќе започне „ден потоа без Хамас“ на власт во ...

Израелската армија и службата за државна безбедност на Израел, Шин Бет објавија дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен. Претседателот Исак Херцог ги пофали ИДФ, Шин Бет и безбедносните служби за елиминирање на „големиот терорист Јахја Синвар. „Синвар, организаторот на смртоносниот напад на 7-ми октомври, со години е одговорен за грозоморни терористички акти против израелски цивили, граѓани на други земји и убиства на илјадници невини луѓе“. ...

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија. – Напоменуваме ...

Амбасадата на Норвешка во Бејрут е евакуирана откако денеска добила дојава за поставена бомба. – Само неколку норвешки дипломати останаа во главниот град на Либан и сите од персоналот се живи и здрави, се наведува во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи. Во меѓувреме и телевизијата Ал Џазира соопшти дека нејзината канцеларија е евакуирана откако добила неколку предупредувања за поставена бомба. Но, катарската телевизија ...

Џелал Незири: Сепак, да се троши толку енергија за етнизирање на науката која ја немаш, но си во делузија дека ја имаш, навистина е надвор од секаков здрав разум. Ако етничките стратегии кои извираат од вкоренетата омраза кон другиот, кои се насочени против другиот, кои за крајна цел имаат разнебитување на другиот, цртање на етнички линии на поделба…се сметаат за наука, тогаш сме во голема заблуда. Вистинската наука дава одговори на проблемите ...

Економскиот раст во земјите од Западен Балкан се предвидува умерено да се забрза во текот на 2025 година, главно под влијание на зголемената потрошувачка и инвестициите, потпомогнати со зголемената куповна моќ, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан. Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во 2025 година ќе ...

Владата не објасни зошто е разрешен Милошевски, иако мандатот не му е изминат, а ниту образложи зошто го назначува Христовски на оваа функција, високо чувствителна за безбедноста на државата, наспроти тоа што само до неодамна извршуваше партиски функции – што е забрането според закон. Дехран Муратов Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во ...

Владимир Пивоваров: Кај нас, за жал, 33 години се поставуваат партиски послушници на челните позиции и потоа ни се случуваат несакани работи како, на пример, масовното прислушкување во времето на Сашо Мијалков или Љубе Бошкоски. Со АНБ треба да раководи лице кое поседува интегритет и да си ја знае работата. Тоа ти е како да ми дадете мене Ролс Ројс да возам, а јас не знам ниту Фичо да управувам. Кај нас треба да се почитуваат Уставот и законите, ...

Одамна сум сигурен во тоа дека мицковистичко дпмне на секој можен начин ќе го одолговлекува влезот на Македонија во ЕУ поради бројни причини, од кои најбитни се оние поврзани со можностите за бизнис коруптивно делување и тоталитарно владеење. Тони Науновски Предоцна е за такви писма напишани од Македонија, каде што испраќачот е Македонија под власт на мицковистичко дпмне, токму заради испраќачот! Нечии писма, како ова сеуште ненапишаното на ...

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ги изнесе тврдењата дека имигрантите од Хаити во Охајо јадат домашни миленичиња, изјавувајќи пред гласачи на латински настан во Мајами дека „само пренел“ што медиумите известувале. На неколку недели пред претседателските избори во САД, Трамп вчера повторно го изнесе тврдењето што стана вирално, дека мигранти од Хаити во Спрингфилд крадат миленичиња или земаат животни од ...

Почина македонскиот композитор и автор на филмска музика Љупчо Константинов. Тој почина на 78 годишна возраст. Роден е во Охрид, а дипломирал на музичката академија во Белград. Композирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави. Беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна ...

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес. Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски ...

Момчето К.К. (14), кое изврши масовно убиство во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, денеска е изведен во Специјалниот суд каде треба да продолжи да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Тој е донесен со возило на Брза помош во придружба на полицијата и ќе биде сослушан како сведок. Влезот во психијатриската болницата каде се наоѓа К.К. беше покриен со ...

Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, вчера во 14:30 часот во село Богородица, гевгелиско, ги лишиле од слобода Ф.С. (21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Како што соопшти денеска МВР, при контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и ...

На Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ повикува да се зголеми опфатот со парична помош за деца и преку повеќесекторски одговор до 2030 г. да се намали за половина детската сиромаштија. УНИЦЕФ Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ за време на претресот на базите на Хезболах во јужен Либан. Тој изјави за Фигаро дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и е дозволено да има оружје во областите јужно од реката Литани во таа земја. Меѓутоа, во оваа област Хезболах ископа стотици тунели и засолништа, каде штотуку ...

Љубомир Костовски: Кога ги гледам адвокатите на убијците на малата Вања, сум среќен дека не сум се определил да станам адвокат. Обајцата бранители во овој случај личат на лица кои конкурираат да влезат во Актерска академија ама ќе паднат по пет минути на приемниот. Замислете сведоците, високи полициски функционери, се оспоруваат од Туфегџиќ бидејќи биле сменети пред три месеци. Туфегџиќ како да паднал од Марс, не знае дека ВМРО прави вистинска ...

Сите оние коишто од внатре го попречуваат процесот на консолидација во опозицијата ова всушност ги идентификува како: – подизведувачи на политиките на оваа Влада за потчинетост на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија и – согласни со нашето одвојување од европската и евроатланската целина каде припаѓаме. Ивон Величковски Зависноста на Владата на Мицкоски од предизборната пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ веќе е проблем на нацијата. ...

Шеснаесет лица, вклучително и градоначалникот на јужниот либански град Набатија, беа убиени за време на израелскиот напад врз општинска зграда, соопштија либанските власти. Шеснаесет лица загинаа, а 52 лица се ранети според конечниот биланс од нападот на израелскиот непријател врз зградите на општина Набатие и заедницата на општини, соопшти либанското Министерство за здравство. Претходно либанската државна новинска агенција (ННА) објави дека ...

Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес, велат од МВР за МИА. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе. До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На местото на несреќата увуд вршеа јавен обвинител и полицијата. Според АМСМ, поради сообраќајката бе ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент. Како прва точка е членство во НАТО, следува одбраната, па одвраќање на руската агресија, економски раст и соработка и последната е повоена безбедносна архитектура. Планот вклучува и три тајни додатоци поврзани со чувствителните делови кои нема да бидат објавени во јавноста, но ќе ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски е добар сигнал, но дека, како што сега стојат работите, тој не може целосно да го поддржи. Тоа е силен сигнал од Зеленски и неговиот тим дека го смислиле тој план, што не значи дека можам да кажам дека го поддржувам во целост, тоа би било малку тешко бидејќи има многу работи кои треба подобро да разбереме, изјави Руте. Тој ...

Стратегијата за иднината на Македонија се сведува на одлагање на преговорите со ЕУ со тоа што ќе се повторува иста мантра: ние сме определени за членство, но не по оваа цена и не со бугарски диктат. Ерол Ризаов Премиерот Христијан Мицкоски успешно создава амбиент во државата дека е во големо исчекување за голем пресврт во односите со ЕУ, со својата политика на исправена кичма, без коленичење и понизност. Силно ветување од предизборната кампања ...

Скопје има тажна историја од националистичката влада на Никола Груевски во однос на Грција и последиците што земјата ги имаше од оваа политика и на геополитички план и на внатрешен финансиски. Затоа, секое пешачање по оваа патека би била втора грешка. Дестан Јонузи Владата и лидерите на политичките партии, наместо да се радуваат на почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, вчера на својот сопатник Република Албанија ѝ ...

Според бранителите на дел од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, не е јасно работењето на полицијата во врска со случајот во повеќе делови, како тоа што нема парафинска ракавица од обвинетите и тоа што други имаат повеќе снимки од нив во врска со настанот. Според Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски, во обвинението нема зелена парафинска ракавица од ниту еден од обвинетите. – Добро, луѓе, кога ќе ...

Љупчо Палевски, еден од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешаневот Панче Жежовскина на денешното рочиште во Основен Кривичен суд Скопје се појави со уште уште еден бранител, адвокатот Јовица Страшевски. Палевски од почетокот на судењето го застапува кумановскиот адвокат Марјан Витановски. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52