По вашингтонскиоот настан и фијаското на средбата Трамп – Зеленски, реагираа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, Полска, Луксембург, Финска, Шпанија, Естонија, Холандија, Шведска, Норвешка, Литванија, Летонија сите заедно ѝ порачаа на Украина дека не е сама и дека заедно со неа ќе работат на праведен и траен ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва по прекинатиот разговор меѓу претседателите на САД и Украина во Белата куќа изјави дека постои „агресор – Русија и луѓето кои се напаѓани во Украина“. Има агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина, изјави Макрон за новинарите во Португалија пред крајот на неговата посета на земјата. „Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи преку објава на социјалната мрежа „Икс“ по фијаското на неговата средба со американскиот колега Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс во Белата куќа. Зеленски револтирано си замина од денешните состаноци, кои поминаа во тензична атмосфера полна со обвинувања и надвикувања. Според извори од Белата куќа, Трамп наредил да им се каже на Зеленски и членовите на украинската делегација да си ...

Фокс Њуз на својата ФБ страница тукушто објави дека Претседателот на САД, Доналд Трамп го избркал украинскиот претседател Зеленски од Белата куќа по нивнсата денмешна средба во Вашингтон. Белата куќа соопшти дека прес-конференцијата на американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Зеленски е откажана. Извор од Белата куќа потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напуштил Белата куќа. Информацијата ...

На состанок во Овалната соба, американскиот претседател Доналд Трамп му рече на украинскиот лидер Володимир Зеленски: „Вашата земја е во голема неволја“. Зеленски се обиде да одговори, но Трамп замавна со рацете и рече: „Не, не, доволно зборуваше“. Тој повторно повтори: „Вашата земја е во голема неволја“. „Знам, знам“, одговори Зеленски. Трамп потоа изјави: „Нема да го победите ова. Имате проклето добри шанси да излезете во ред благодарение на ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да го отфрлат „среќното вазалство“ кон САД, особено во услови на непредвидливост на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како во однос на ситуацијата во Украина, така и во однос на прашањето за царините. За време на неговата посета на Лисабон, Макрон ја повика Европа да биде „пообединета и посилна од кога било“ и да ја препознае важноста на ризикот, амбицијата и ...

Европската Унија има јасна позиција во однос на Украина и внимателно следи се што се случува поврзано со земјата, изјави денеска заменичката главна портпаролка на Европска комисија, Аријана Подеста во одговор на новинарско прашање за очекувањата на ЕУ од средбата на претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Вашингтон. – Нашата позиција е кристално јасна од самиот почеток и останува непроменета. Ние работиме за ...

Комисија за спречување и заштита од дискриминација по повод 1 март, Светскиот ден за нулта дискриминација потсетува дека секој човек има право на достоинство, почит и еднаквост, без разлика на неговите лични карактеристики: Дискриминацијата не е само индивидуален проблем – таа го засега целото општество, ја нарушува социјалната кохезија и го спречува напредокот. На овој ден, не зборуваме само за еднаквост – зборуваме и за одговорност. Секој од ...

Сериозни инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи. Поголеми групи маскирани лица фрлија десетици молотови коктели, мермер, шишиња и други предмети кон зградата на Парламентот. Инцидентите се проширија и на околните улици, а полицијата одговори со солзавец и шок бомби. Во инцидентите има најмалку двајца повредени, а предизвикана а и материјална ...

Оставка од министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска побараа од СДСМ поради изречени навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собраниетo. На прес-конференцијата пред Министертсвото за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека искажаните зборови од министерката не биле навреда само кон Петровска, туку кон секоја жена и човек што некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден. Кога ...

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека во парламентот упати прашање, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци, на кое не доби одговор. Јас добив навреда, но не ја примив навредата, дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова ...

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1.0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од ...

Последното гласање за резолуциите во ОН предизвика значајна загриженост меѓу мнозинството ЕУ амбасадори овде, порача полскиот амбасадор Мариуш Бримора. На седницата на Заедничкиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија, ЕУ амбасадорите пратија јасна порака дека ако навистина сака евроинтеграција владата на Северна Македонија треба да го прави тоа што го зборува. Реакцијата се однесуваше на гласањето на нашата држава во Обединетите нации за ...

Отпуштените работници во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и активистите за ХИВ одржаа протест пред зградата на Капитол, предупредувајќи дека одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја затвори агенцијата ја загрозува глобалната борба против вирусот. Околу 30 демонстранти носеа бели маици на кои пишуваше „Скратување на финансирањето на СИДА-та убива“ и лежеа на подот од зградата на Капитол, во ...

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на ...

Двајца малолетници, 14-годишници од Скопје, ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, информираат од МВР. Малолетните лица на 19 февруари годинава од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21 февруари годинава од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена ...

Студентите се приближуваат кон Ниш каде за сабота е закажан голем протест, дел од нив пешачат, а дел патуваат со велосипеди. Пешачат од Бор, Чачак, Крагуевац, Бујановац, вчера тргнаа студенти од Јагодина и Чуприја, а студенти од Нови Сад тргнаа на тридневно патување со велосипеди. Студентите најавија дека големиот протест закажан во сабота, 1 март, ќе го пренесуваат во живо на веб-страницата www.blokada.info и на YouTube каналот „Blokada info“. ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и 60 милијарди долари помош од САД ширум светот. Администрацијата, исто така, ги објави резултатите од прегледот на секоја програма на УСАИД, што беше наредено од Трамп и Стејт департментот. Како што се наведува, оваа одлука е поттикната од судски налог со кој ...

Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, кој направи увид на местото на несреќата, тешката сообраќајна ...

По пресудата со која Милорад Додик беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на јавна функција, тој се обрати на митингот на неговите поддржувачи, пишува Нова.рс. Во долгиот говор на митингот, претседателот на РС извикувал и ги пцуел властите во БиХ и ги пофалил оние што го поддржуваат. Во еден момент извикал „Да живее Александар Вучиќ!“. Додик изјави и дека Вучиќ и Орбан го контактирале веднаш по пресудата и дека тој го ...

Украинскиот премиер Денис Шмигал соопшти дека Владата во Кијив го одобри договорот со Вашингтон за експлоатација на минералните ресурси на Украина. Владата го одобри неопходното решение за потпишување договор меѓу Украина и САД за создавање инвестициски фонд за обновувањ“, напиша Шмигал на Телеграм. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе го посети Вашингтон в петок за да го ...

Запрашан дали рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да направи какви било отстапки во договорот за ставање крај на војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп одговори: „Да, ќе го стори тоа“. Трамп го опиша Путин како „многу паметен човек“, нарекувајќи го рускиот лидер „лукав“, а потоа го повтори тврдењето што веќе го има кажано, дека Путин немал намера да ја прекине војната додека Трамп не бил реизбран за претседател на САД. ...

Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучи да поведе постапка по иницијатива за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Подносителите на Иницијативата за Изборниот законик сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и ...

Претседателот на Република Српска Милорад Додик беше прогласен за виновен пред Судот на Босна и Херцеговина под обвинение за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење функција. Додик не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, како и неговиот адвокат Горан Бубиќ. В.д директорот на Службен весник на Република Србија, Младен Лукиќ е ослободен од обвиненијата. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски в петок може да ги посети САД за да го потпише важниот договор за минералите. Слушам дека тој (Зеленски) доаѓа в петок. Секако, мене ми е во ред доколку тој тоа го сака. И тој би сакал тоа да го потпише заедно со мене. И разбирам дека е тоа голема работа, многу голема работа, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба , пишува Гардијан. Според ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека последното гласање за резолуциите за Украина во ОН јасно покажало дека македонската надворешна политика е без компас, дека се одлучува импулсивно и без надворешно политички приоритети. Со овие хаотични и навистина неразбрливи одлуки Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација. Дополнително Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што ...

Има свест дека средбата меѓу американскиот и рускиот претседател мора да се случи, а подготовките се во тек, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Постои разбирање дека мора да се одржи, и има разбирање дека мора добро да се подготви. Тоа е ставот на двајцата претседатели, прецизира тој. Тој додаде дека се уште нема конкретни детали за нивната средба, но таа дефинитивно мора да се случи. Според него, подготовката е веќе започната. Во ...

Повеќе од 250.000 потписи доби петицијата со која се бара одезмање на канадското државјанство на Илон Маск поради неговите „активности што се против националниот интерес на Канада“. Како што се наведува во петицијата, Маск „сега стана член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“, алудирајќи на заканите на Доналд Трамп да ја направи Канада 51-та американска држава, користејќи „економска сила“ за да го анектира ...

Состојбата со слободата се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди невладината организација Фридом Хаус, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, во својот годишен извештај објавен денеска. Во извештајот се забележува дека и покрај негативните трендови, има неколку случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија. Организацијата со седиште во Вашингтон ја оценува состојбата на слободата во секоја ...

Едноставно, дали Македонија ќе поддржи, спонзирира, дали ќе гласа за, против или воздржано за некаква си резолуција во Обединетите нации – се разбира, за тоа треба да одлучува еден тесен круг на луѓе, најмоќните. А штом се најмоќни, значи и дека се најмудри. Џабир Дерала Просто да се разнежи човек кога гледа колку власта се грижи за луѓето. Се грижи за нивниот спокој, за нивна добробит. Власта се грижи за луѓето да не мораат да размислуваат. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
22%
1012
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
2.68
39%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
0.51
51%
1014
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
30%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.87
24%
1013
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
59%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.72
36%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
54%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
28%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
100%
1013
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598