Царинска управа на Македонија поднесе кривична пријава против две правни и седум физички лица поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со увоз и регистрација на луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ со фалсификувани документи. Според информациите од институцијата, во 2023 година употребуваното возило било пуштено во слободен промет и регистрирано со лажирана документација, при што Буџетот бил оштетен за околу 1,9 милиони денари. Во ...

Полицијата расчисти случај на измама во кој 46-годишен маж од Скопје со лажна приказна за сообраќајна несреќа измамил жена од Прилеп за вкупно 2.000 евра и 1.000 долари. Од Министерство за внатрешни работи информираа дека ОВР Прилеп поднел кривична пријава против М.А. (46) поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Според полицијата, на 4 ноември 2025 година осомничениот ѝ се јавил на жената и лажно се претставил како ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, на кој претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, пред присутните членови и поддржувачи, упати критики кон институциите за, како што рече, игнорирање на барањата за зголемување на работничките плати. На почетокот од својот говор тој им се извини на полициските службеници ангажирани околу обезбедувањето на протестот, истакнувајќи дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите безбедносни проблеми, пренесува ДПА. Трамп го изјави ова одговарајќи на новинарско прашање поврзано со коментар на неговиот советник Дејвид Сакс, кој во еден подкаст шпекулирал дека Израел би можел дополнително да ја ескалира војната и дури да размисли за употреба на нуклеарно оружје. – Израел не би го направил тоа. ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад. Согласно информациите, летот е предвидено да полета во 16:00 часот по локално време и да слета во 20:10 часот ...

Пролетната рамноденица не е само астрономски настан туку и симбол на обнова, рамнотежа и нов почеток. Затоа во многу традиции овој ден се смета за време за започнување нови планови, чистење на куќата или за поминување повеќе време во природа. Пролетта е годишно време што ги симболизира будењето на природата, подолгите денови и постепеното враќање на потоплото време. Нејзиниот почеток е поврзан со феноменот наречен пролетна рамноденица – ...

Повеќе од 30 часа горела главната перилница на американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд, при што биле повредени двајца морнари, а десетици членови на екипажот имале проблеми поради вдишување чад, објави „Њујорк Тајмс“. Според весникот, повеќе од 600 членови на екипажот останале без кревети во дел од спалните простории на бродот поради штетите предизвикани од пожарот. Официјални претставници на американската морнарица изјавиле дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти САД би можеле да имаат „чест да ја окупираат Куба“, додавајќи дека Вашингтон може да прави „што сака“ со островската држава, пренесува „Ројтерс“. Изјавата ја даде за време на потпишување на извршна наредба во Белата куќа, при што рече дека Куба е „многу ослабена нација“ која се наоѓа во сериозна економска криза. Трамп во изминатите недели повеќепати изјавуваше дека Куба е на работ ...

Новиот извештај отвора сериозни прашања За многу луѓе, готовите оброци од микробранова печка се практично решение во динамичниот дневен ритам, но нов извештај предупредува дека тоа може да има сериозни последици по здравјето на луѓето и животната средина. Анализата на „Гринпис“ вклучуваше 24 неодамнешни научни студии за ризиците поврзани со готовите оброци во пластична амбалажа. Заклучоците се загрижувачки: за време на загревањето на храната ...

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска негираше дека во последните денови имал контакти со американскиот претставник Стив Виткоф, притоа обвинувајќи го Вашингтон за ширење дезинформации за да ја заведе јавноста и трговците со нафта. Според Ал Џезира, Арагчи изјавил дека последната комуникација меѓу него и Виткоф била пред американските власти, како што рече, да одлучат да ги прекинат дипломатските напори со започнување ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестот, според најавата од ССМ, ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом. Рутата на движење ќе тргне од зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“ во Центар, ќе продолжи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, ...

Експертско предупредување Развојот на нови антибиотици е намален за 35 проценти во последните пет години, додека отпорноста на бактериите и другите микроби на лекови брзо расте, односно отпорноста на антимикробни лекови ги надминува напорите на фармацевтската индустрија за борба против неа, предупредува денес фондацијата „Пристап до медицина“. Извештајот на холандската организација покажува дека во 2026 година, само 60 проекти од големи ...

Собранието утре треба да се изјасни за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Савески, кој моментално е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка во која учествуваа петмина кандидати. Ненад ...

Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран, пренесува МИА. Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за воздушна одбрана C-RAM соборил ...

Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот ...

ЕКСКЛУЗИВНО: ИНТЕРВЈУ СО АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ Да не беше вашето отворено писмо со барање претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, да поднесе оставка, имаме впечаток дека оваа највисока научна институција, некогаш симбол на македонската државност, е во длабок зимски сон. Како самата да се дефакторизира. Која е причината за оваа очигледна невидливост на МАНУ во период на драматични геополитички промени? – Еден од основните предизвици со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО може да се соочи со „многу лоша“ иднина доколку сојузниците не помогнат во обезбедувањето безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалниот транспорт на нафта. -Луѓето кои го користат теснецот треба да помогнат да се осигура дека таму нема да се случи ништо лошо. Ако нема одговор или ако одговорот е негативен, тоа ќе биде многу лошо за ...

Унгарија ќе продолжи да го блокира заемот од 90 милијарди евра за Украина и новите санкции кон Русија сè додека протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ останува суспендиран, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пренесе „Ројтерс“. Протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ до Унгарија и Словачка е суспендиран од крајот на јануари. Киев вели дека руски напад ја погодил опремата на ...

Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Според информациите што вчера ги објави МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, кој е вработен во Регулаторната комисија за енергетика. Јавниот оглас беше распишан по оставката на досегашниот претседател Марко ...

НЕКОЛКУ СЦЕНАРИЈА ЗА СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГЕНТИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЕНИОТ КОНФЛИКТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Кога „Сауди Арамко“ неделава им соопшти на своите купувачи на нафта во писмо дека немаат јасна идеја кое пристаниште ќе го користат за априлскиот извоз, тоа откри нова реалност: Иран, а не САД, го држи клучот за повторно отворање на глобалниот енергетски пазар, објавува „Ројтерс“. Во писмото, испратено до купувачите на саудиска нафта низ ...

ПЕРСИСКИ ГАМБИТ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Техеран со Ормуз го држи светот за грло Ормускиот Теснец со децении е една од најчувствителните точки на светската економија. Низ овој релативно тесен морски коридор минуваат околу 20 милиони барели нафта дневно, како и приближно петтина од глобалната трговија со течен природен гас. Во суштина, станува збор за енергетска артерија без која современиот индустриски свет тешко може да функционира. Токму затоа ...

По трагедијата во Кочани, поддршката од странските држави претставува силна потврда дека Македонија има пријатели ширум светот кои ја разбираат болката на граѓаните и сочувствуваат со трагедијата, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Тој упати искрена благодарност до сите земји што обезбедиле несебична поддршка, како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така и за ...

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во своето сведочење опиша како се одвивала ...

Во 2025 година, 71,9 проценти од луѓето во Европската Унија на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни институции, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во Македонија, 32,32 проценти од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчесто користени услуги биле преземање или печатење официјални обрасци (17,11 проценти), барање официјални ...

Владата на Јапонија најави дека ќе започне со ослободување на нафта од своите стратешки резерви, поради очекуваниот значителен пад на увозот на сурова нафта кон крајот на март, како последица од затворањето на Ормуската Теснина – една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, изјави дека владата ќе вложи напори нафтата од резервите непречено да се пласира на пазарот. -Планираме ...

Пожарот што попладнево избувна на градската депонија кај Алинци во прилепско е ставен под контрола, информираа од Општина Прилеп. Веднаш по пријавата, на терен интервенирале екипи на Територијална противпожарна единица Прилеп, Дирекција за заштита и спасување, како и екипи од ЈКП Комуналец Прилеп и Водовод и канализација Прилеп. Во гаснењето на пожарот биле вклучени и механизација, работна сила и општествено одговорни компании. – Пожарот во ...

Во следните неколку дена времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса на планините и на некои повисоки места ќе има услови дождот повремено да преминува во снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според информациите од УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на места ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска упати искрено сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакнувајќи дека и по една година, тешко е да се поверува дека се случила ваква трагедија. -Некои празнини времето никогаш не успева да ги пополни. Некои рани, колку и да минуваат денови, месеци или години, засекогаш остануваат во срцето на еден народ. Една година без нашите ангели. 63 неостварени соништа, 63 ...

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ значително се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, пренесе МИА. Според новата одлука, бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за 7 денари по литар, додека „евродизелот“ (Д-Е V) ќе биде поскап за 6,5 денари. Со тоа, новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 86,5 денари за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кочани присуствуваше на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, при што порача дека споменот за настраданите треба да остане вечен, а заедништвото и човечноста да бидат сила што ќе ја води земјата напред, пренесе МИА. На настанот во Паркот на револуцијата во Кочани премиерот оддаде почит на жртвите и истакна дека и една година по трагедијата болката и празнината сè уште ...

Мвр билтен

9 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.97
38%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.07
42%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.26
46%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.49
48%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.66
33%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
2.73
65%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.13
54%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
51%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
5.8
72%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
39%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
4.02
30%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.82
66%
1017
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.2988

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Цинк

0.00

Платина

57581.99

Иридиум

253540.09

Сребро

2263.61

Кобалт

45.39

Калај

54.89

Родиум

257205.97

Паладиум

42889.10

Алуминиум

3.35

Рутениум

48965.59

Бакар

13.02

Злато

139701.84