Владата на Македонија денеска напладне ќе одржи седница на која ќе се разгледаат и усвојат мерки за ублажување на растот на цените на горивата. Од Владата информираат дека поради континуираниот пораст на цените на светските нафтени пазари, се очекува дополнително поскапување на дизелот и бензините и на домашниот пазар. Иако цените во земјава и натаму се пониски во споредба со регионот, најавено е ново зголемување веќе од понеделник. Како дел ...

Владата на Словенија воведе ограничување на полнењето гориво, дозволувајќи максимум 50 литри за физички лица и 200 литри за правни субјекти. Мерката доаѓа по неколкудневни проблеми со снабдувањето на бројни бензински пумпи низ земјата. Недостигот е најизразен на пумпите на Петрол, што го потврди и премиерот Роберт Голоб. Тој ги повика трговците со нафта да разгледаат мерки за ограничување на полнењето од страна на странски државјани, ...

Изведувачот „Бехтел и Енка“ продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика и сите давачки од државата во моментов се платени, истакна во гостување во емисијата „Стадион” на Канал 77, вицепреиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци. – Не постои поголем договор во градежништвото каде што не постои така ...

За година и половина имаме 24 нови дестинации од двата македонски аеродроми, а Скопскиот аеродром е со најголем процент на раст во регионот. Следува зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите – изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – До денес имаме 24 нови дестинации од двата аеродроми. Ги има од „Визер“, но ги има и други компании. Пред неколку дена ги објавивме новите ...

Министрите за надворешни работи на Г7 изјавија дека се подготвени да преземат координирани мерки за поддршка на глобалните енергетски резерви, во услови на зголемени геополитички тензии, пренесе „Ројтерс“. Во заедничка изјава, тие ја истакнаа клучната важност на безбедноста на поморските трговски рути, особено на Ормутски теснец, кој е од витално значење за глобалното снабдување со нафта. Министрите изразија поддршка за партнерите во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и Иран разменија сериозни закани за ескалација на конфликтот, со можни напади врз енергетски и нафтени постројки во Персискиот Залив, пренесе „Ројтерс“. Ваквиот развој на настаните повторно ги зголемува ризиците за глобалните енергетски и финансиски пазари и може дополнително да ја продлабочи регионалната нестабилност. Трамп во саботата предупреди дека ќе ги „уништи“ иранските електрани доколку Техеран ...

Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта сѐ уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и ЈОРСМ. Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на ...

Иранскиот објект за збогатување уран во Натанз беше погоден денеска во напад од воздух, објави официјалната новинска агенција Мизан, наведувајќи дека немало зголемена радијација. Нуклеарниот објект во Натанз се наоѓа околу 220 километри југоисточно од Техеран. Властите во Техеран ги известиле МААЕ за нападот. Главниот објект за збогатување на ураниум во Иран беше исто така погоден во првата недела од нападите, а според сателитските снимки, ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја поздрави „секоја иницијатива што може целосно да ја заврши војната“, нагласувајќи дека конфликтот му бил „наметнат“ на Иран. Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-би-си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер за надворешни работи рече дека „не изгледа ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека ОН соработува со Одборот за мир во Газа, што го основа американскиот претседател Доналд Трамп, но ја опиша пошироката улога на тоа тело како „личен проект“ на американскиот лидер. Во интервју за „Политико“, Гутереш рече дека ОН ја поддржува целта на Одборот за финансирање и спроведување план за реконструкција на Газа, што вклучува обнова на палестинските домови и инфраструктура. – ...

Во рамки на проектот „Пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, а како дел од одбележувањето на Денот на пролетта, денеска во Прилеп беше реализирана акција за пошумување на еден од најзначајните природни локалитети на подрачјето на Општина Прилеп. Дел од локалитетот Маркови Кули, кој се наоѓа над новите градски гробишта на патот за Трескавец, беше пошумен со 6.000 садници на даб, ...

КОЛКУ ДАЛЕКУ МОЖЕ ДА ОДИ ДРЖАВАТА ВО АМОРТИЗАЦИЈА НА ЦЕНИТЕ? Растот на цените на нафтата и гасот не останува ограничен само на енергетските пазари. Тој создава верижна реакција што ги зафаќа транспортот, производството и, на крајот, малопродажните цени. Во такви услови, владите, вклучително и македонската, се соочуваат со сложена задача: како да го ублажат ударот врз стандардот на граѓаните без да го загрозат буџетот Енергетската криза ...

Осумгодишно дете вчера е удредно од автомобил на влез во село Конче, по што со тешки телесни повреди е пренесено во Клиничката болница Штип. – Во ОВР Радовиш вчера во 18:30 часот е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с. Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило ...

Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. – Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума – изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски. Неодамна, ...

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Главната ...

Ден на свеста и поддршката за лицата со Даунов синдром Секоја година на 21 март во светот се одбележува Меѓународниот ден за Даунов синдром – ден посветен на подигање на свеста за лицата со Даунов синдром и на промовирање на нивната инклузија во општеството. Овој датум не е избран случајно: 21-виот ден од третиот месец симболично ја претставува трисомијата на 21-от хромозом, генетската карактеристика што го предизвикува Даунов синдром. ...

Иран испука две балистички ракети со среден дострел кон заедничката американско-британска воена база на островот Диего Гарсија во архипелагот Чагос во Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неколку американски функционери. Ниедна ракета не ја погодила базата, но тој потег претставува прва оперативна употреба на интерконтинентални балистички ракети со среден дострел од страна на Иран и обид да погоди подалеку од Блискиот ...

Бојан Секулоски, режисер на документарниот филм „Антипод“ Документарниот филм „Антипод“ на режисерот Бојан Секулоски е документарец за Дарко Неданоски, кој си поставува еден посебен и единствен предизвик, во еден ден да сруши два ултимативни рекорди. Во еден ден да го направи најдлабоко спелео-нуркање во Крштална и фри-соло искачување на Камена Баба. Паралелно со него, во остварување на предизвиците се впушта со камерата и Бојан Секуловски. ...

Репортажа Многу патници што претходно не биле на крстосување со поголеми бродови сметаат дека станува збор за патувања во кое ќе можат да одмораат, да јадат и пијат и да се коцкаат. Но сето тоа е далеку од вистината, затоа што крстосувањето со брод, особено со крузер, е многу повеќе од тоа. Палермо – град на мафија, море и вкусна храна По пловидба од цели две ноќи и еден ден требаше да стигнеме во Тунис, но поради невремето, капетанот на ...

Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар денеска ја отвора официјалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама во Сеул, Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март, во организација на театарот „Самилро Чанго“ од Сеул. Oвој театар е историски исклучително важен „мал театар“, кој се смета за центар на алтернативната и современа сцена во Јужна Кореја. Со меѓународниот фестивал посветен на монодрамата како специфична и ...

Нова батерија од Холандија користи водородни и железни соли, трае десетици илјади циклуси и би можела да го промени начинот на кој енергетските мрежи складираат енергија. Холандската компанија „Елестор“ тестираше нов тип батерија што би можела да го промени начинот на кој енергијата се складира во енергетските мрежи. Иновативниот систем на батерии од водород и железо издржал десетици илјади циклуси и може сигурно да работи до 25 години. За ...

Стручна екипа од Заводот и музеј во Прилеп го реализира елаборатот за валоризација на споменичната целина Градок кај селото Манастир. Археолошкото наоѓалиште се наоѓа на мошне доминантно возвишување над долината на Црна Река, а во близината на Расимбегов мост. – Стратегиски значајното воено утврдување од доцната антика прераснува во важен средновековен пункт во областа Мариово. Покрај остатоците од одбранбените бедеми, како и од градбите со ...

Научници од Шпанија развија хибридна соларна ќелија што произведува електрична енергија од сончева светлина, но и од дождовни капки. Шпанските научници од Институтот ИЦМС во Севилја развија хибридна соларна ќелија што истовремено произведува електрична енергија од сончевото зрачење и механичката енергија на врнежите. Оваа технологија користи перовскитен слој за фотоволтаичниот ефект, додека горниот заштитен полимерен слој го користи ...

Вечерва, со почеток во 19 часот, во автентичниот амбиент на уметничката галерија „Безистен“ во Штип, ќе се одржи свеченото отворање на изложбата на современиот македонски визуелен уметник Јордан Ѓорчев. Изложбата претставува пресек на неговото специфично творештво, каде што се среќаваат експресивната апстракција и концептуалната мисла. Ѓорчев, кој е познат по својата мултидисциплинарна заднина како доктор по социјален менаџмент, психолог и ...

Македонскиот поет Ѓоко Здравески ќе биде гостин на еден од најдолготрајните фестивали на поезија во светот, „Горанова пролет“, кој годинава ќе се одржи по 63-ти пат, од 19 до 22 март, во Загреб, Луковдол и во Риека, Хрватска. Фестивалот е посветен на живите поетски гласови – домашни, регионални, европски и светски, а се одржува во чест и спомен на Иван Горан Ковачиќ, како и на идејата за поезијата како форма на борба за лична и универзална ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград е претставена самостојната изложба на скулпторот Ангел Коруновски насловена „Лица“. Серијата платна и скулптури што Коруновски ги изложува пред белградската публика се уметниковото видување на незабележителните лица на глобализацијата – анонимните, занемарените и замолчените поединци, кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Изложбата е реализирана во ...

Од печат излезе збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во издание на „Или-или“. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска. По два романа и една книга за деца, со „Ништо нормално“, Симона Јованоска повторно му се враќа на жанрот што мајсторски го владее – расказите. Во фокусот на овие дваесетина раскази е малиот човек. Со оваа книга како да добиваме специјална влезница за качување на еден волшебен килим што има моќ од една ...

Кремљ соопшти дека прекинот во мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД е привремен и условен од тековните околности. – Станува збор за ситуациска пауза, настаната од очигледни причини – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашања за времетраењето на застојот. Тој изрази очекување разговорите да продолжат штом трите страни се усогласат околу нов распоред, особено кога САД ќе можат „да посветат поголемо внимание“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток, додавајќи дека конфликтот со Иран „наскоро ќе заврши“, објави „Еуроњуз“. – Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал – изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа. Тој оцени дека, и покрај растот на цените на нафтата по нападите врз Иран, последиците биле помали од очекуваното. – Очекував да биде многу ...

Лидерите на Европската Унија на состанок во Брисел повикаа на повторно отворање на Ормуската Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура на Блискиот Исток. Во заедничката изјава на Европскиот совет се нагласува потребата од „деескалација и максимална воздржаност“, како и стабилизирање на снабдувањето со енергија. Лидерите изразија загриженост за цивилните жртви и економските последици од конфликтот. ЕУ, исто ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
35%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
43%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.8
43%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.89
34%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
31%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.44
45%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
49%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.13
46%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.22
40%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.47
33%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
6.12
67%
1017
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.274

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Паладиум

42889.10

Калај

54.89

Родиум

257205.97

Бакар

13.02

Цинк

0.00

Сребро

2263.61

Платина

57581.99

Злато

139701.84

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.35