Четири недели се границата до работ на нова европска економско-енергетска бездна Во време кога европските економии сè уште закрепнуваат од претходните кризи, нов геополитички шок од Персискиот Залив се заканува да предизвика длабоки и долгорочни последици, доколку потрае. Најновите економски анализи на реномирани европски институции укажуваат дека потенцијалната блокада на Ормускиот Теснец претставува не само регионален конфликт туку и ...

Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“ на авторот м-р Илија Василески е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност, која ќе биде отворена за посетителите до средината на април. Лазар Соколов е учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и еден од втемелувачите на современата македонска држава на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија. Преку ...

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески оцени дека притворот како најригорозна мерка треба да се користи поретко, а институциите да се насочат кон почеста примена на поблаги алтернативи, пренесе МИА. Во интервју за 360 степени, Савески посочи дека притворот е не само најстрога, туку и најскапа мерка, што претставува значителен товар за буџетот, особено во услови на ограничени финансиски ресурси. Дополнително, тој укажа дека условите во ...

Редакциска опсервација Домашното производство како столб на сигурноста Функционирањето на блоковите 1 и 3 во РЕК „Битола“ повторно ја потврдува централната улога на јагленот во македонскиот енергетски микс. Со околу 80 илјади тони јаглен во Битола и дополнителни 160 илјади во Кичево, системот располага со солидна краткорочна база за производство. Оваа „домашна базична енергија“ има неколку клучни предности. Прво, независност од увозни ...

Промена на воената доктрина на Блискиот Исток – на удар клучни гасни и нафтени капацитети Воените дејства на Блискиот Исток полека од напади врз воени цели сега се фокусираа врз енергетските капацитети на земјите, со што светот се исправа пред сериозна криза,која може да кулминира со колапс на светските економии. Имено, откако неодамна беше погодено гасното поле Јужен Парс, што беше прв потврден напад врз иранската енергетска инфраструктура ...

Министерот за здравство Азир Алиу оствари средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, на која беа разгледани клучните предизвици со кои се соочуваат пациентите со ретки заболувања, пренесе МИА. На состанокот се разговараше за потребата од навремена и континуирана терапија, подобрување на институционалната комуникација и зајакнување на соработката меѓу Министерството и пациентските организации. Алиу истакна дека ...

Управата за јавни приходи информира дека, согласно одлуката на Владата, во периодот од 24 март до 6 април 2026 година ќе се применува повластена стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10 проценти за енергенсите, односно горивата, пренесе МИА. Од УЈП посочуваат дека сите даночни обврзници кои вршат малопродажба на моторни горива и мазива се должни навремено да ги усогласат своите фискални системи, ценовници и начинот на фактурирање, ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, кој го информирал за можност за постигнување договор со Иран што, како што рече, би ги заштитил израелските интереси. Во видео-обраќање, Нетанјаху посочи дека Трамп смета оти постои реална шанса воените успеси на израелската армија и американските сили да се искористат за постигнување на целите преку дипломатско решение. Сепак, тој ...

Директорот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди дека актуелната криза на Блискиот Исток претставува исклучително сериозна закана за глобалната економија. Говорејќи во Канбера, тој истакна дека ниту една земја нема да остане поштедена од последиците доколку ситуацијата продолжи да се влошува. Според него, ефектите врз нафтениот пазар веќе ги надминуваат кризите од 1973 и 1979 година, кои предизвикаа глобални економски ...

Европската комисија изрази сериозна загриженост поради обвинувањата дека унгарската влада можеби ѝ пренесувала доверливи информации на Русија од рамките на Европската Унија. Портпаролка на Комисијата оцени дека тврдењата оти министерот за надворешни работи Петер Сијарто споделувал информации од затворени состаноци со рускиот министер Сергеј Лавров се „длабоко загрижувачки“, додавајќи дека се очекуваат појаснувања од унгарската влада. ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали изјави дека европската интеграција останува најважен стратешки приоритет на државата и процес што не може да се врати назад. Говорејќи на церемонијата за доделување грантови во рамки на повикот за зајакнување на јавниот ангажман и комуникацијата на патот кон членство во Европската Унија, Сали истакна дека по завршувањето на скрининг-фазата земјата влегува во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите воени удари врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток. Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) наведе дека во изминатите два дена биле одржани „детаљни, опсежни и ...

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ги демантираше наводите дека со години ѝ пренесувал доверливи информации на Русија од рамките на Европската Унија, оценувајќи ги како „лажни“ и „погрешни“. Во објава на социјалната мрежа „X“, Сијарто истакна дека станува збор за, како што наведе, дезинформации насочени кон политичко влијание пред изборите во Унгарија. Тој ги поврза обвинувањата со поддршка за опозициската партија Тиса, тврдејќи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажал од планираните напади врз иранските енергетски објекти по „цврсто предупредување“ од Техеран, објави Фарс Њуз Агенси. Според иранските медиуми, одлуката на Трамп следела по заканите од Иран дека ќе ја таргетира енергетската инфраструктура во регионот. Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека американскиот претседател се повлекол по ваквите предупредувања. Од ...

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, изјави дека Европската Унија се наоѓа „на крајот од редот“ кога станува збор за руските енергенти. Тој изјави дека има јасна претстава за сценариото по кое ќе се развива енергетската криза во Европската Унија и Велика Британија, одговарајќи на коментар на корисник на социјалната ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која беа разгледани клучните аспекти од пристапниот процес на државата кон Европската Унија, пренесе МИА. Во фокусот на разговорите биле реформската агенда, спроведувањето на Планот за раст и тековните активности за забрзување на евроинтеграциите. Муцунски ја истакнал целосната посветеност на Владата ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која се разговараше за текот на пристапниот процес и реформската агенда на државата. На средбата биле разгледани и активностите поврзани со имплементацијата на Планот за раст, при што Муцунски ја нагласил целосната ангажираност на Владата за напредок во евроинтеграциите и исполнување на ...

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П. (38) од Василево поради спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник, соопшти ОВР Кратово. Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки му дале јасен сигнал за запирање на возило „ауди а6“, меѓутоа возачот продолжил да се движи, игнорирајќи ги наредбите, пренесе МИА. По преземени мерки, возачот бил запрен на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго. – Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во ...

Според првичните официјални резултати, либералното Движење „Слобода“ на премиерот Роберт Голоб освои најмногу гласови, но заедно со досегашните коалициски партнери не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство на изборите во Словенија. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти Државната изборна комисија. Опозициската Словенечка демократска ...

Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ја разгледа предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година и изгласа заклучок со кој му предлага на Собранието да ја усвои. Според програмата усвоена од матичната Комисија, во оваа година ќе се чествуваат 94 јубилеи. Програмата ја состави работна група од девет пратеници: Велика Стојкова-Серафимовска, Павле Арсоски, Дијана Тоска, ...

Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во втората половина на 2025 година изврши детална контрола на боледувањата на вработени во МВР со која се опфатени 80 осигурени лица со 514 боледувања. Утврдено е дека кај 29 лица од нив, има неправилности во издадените боледувања (околу 37 отсто), односно околу 100 боледувања од вкупно 514 се неуредни или неправилни (околу 20 отсто). Ова денеска го соопшти ...

Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни. Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника, со што започнува реализацијата на долгoочекуван проект за жителите на општината. Новата поликлиника ќе се гради на местото на постојната амбуланта и ќе обезбеди подобар, побрз и полесен пристап до здравствени услуги. Во објектот се предвидени итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабораторија и аптека. – ...

Банките полни со депозити, граѓаните сè повеќе се задолжуваат Банкарскиот сектор продолжува да бележи стабилен раст и кај депозитите и кај кредитите, иако на краток рок се забележуваат мали осцилации. Имено, вкупните депозити во февруари достигнале 10,64 милијарди евра, што претставува годишен раст од 9,9 отсто. Сепак, на месечно ниво има благо намалување од 0,1 отсто, пред сè како резултат на повлекување средства од корпоративниот сектор. Од ...

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што стекнаа сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено, информираше ДЗС на социјалните мрежи. – Со ова, како што информираат од ДЗС, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираше МВР. – Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 ...

Утрово, во Брисел, остварив средба со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), информираше министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. – Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ. Го нагласив напредокот во ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави дека снабдувањето со горива во земјава е стабилно и дека има доволни количини на нафтени деривати. Таа посочи дека надлежните институции постојано ја следат состојбата и дека, според досегашните проверки, нема никакви проблеми. Пазарната инспекција утврдила дека сите снабдувачи ги имаат задолжителните резерви за најмалку пет дена. – Во моментов нема никаков ...

Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата планира да го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија, информираат оттаму. -Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените. Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
35%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
43%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.8
43%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.89
34%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
31%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.44
45%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
49%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.13
46%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.22
40%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.47
33%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
6.12
67%
1017
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.274

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Паладиум

42889.10

Алуминиум

3.35

Злато

139701.84

Сребро

2263.61

Платина

57581.99

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

13.02

Калај

54.89