Од исклучителна важност е Европската Унија да постигне трговски договор со САД до 9 јуни, кога треба да стапи во сила уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување општи царини од 50 отсто за европските стоки, изјави ирскиот премиер Мајкл Мартин. – Исклучително е важно да им се даде сигурност на пазарите, сигурност на инвеститорите, сигурност на работниците и на индустријата и да се вложат сите напори за да се добие сигурна ...

Шлаканицата во лице може да ја разбереме и метафорично, односно како суровата проверка на реалноста ги уништува фантазиите, со други зборови шлаканицата ни овозможува да се соочиме со реалноста. Деновиве сите ние, како држава, нација и општество, сме сведоци на метафорична шлаканица. Во ситуација кога постојно се негира постоењето на македонскиот јазик, Раул Гонзалез Гутиерез, човекот што со македонски ракометен клуб ја освои Европа (Лигата на ...

Утревечер на отворената сцена пред Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе биде одржан концерт на музичкиот состав Калевала подржан од Министерството за култура и туризам. Се очекува 80 минути музичко патување низ култури, јазици и емоции, од македонски до шпански од традиционалното до авторско-Калевала создава музика која што ги брише границите. -Утревечер со почеток во 21 часот, на отворената сцена пред Центарот за култура во Кичево, ќе ...

Во „Парадоксот на Грејсленд“, уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома се осврнуваат на испреплетените кризи на климатскиот колапс, раселувањето и технолошко-социјалното отуѓување како симптоми на доцниот капитализам Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, ја заокружуваме со изложбата „Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста“, курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун). Нејзината работа ...

Исламската револуција од 1979 година донесе длабоки промени во Иран, особено за жените. Една од највидливите области беа женската облека и изглед – додека поранешниот шах го забрани превезот во 1930-тите и ѝ нареди на полицијата насилно да ги отстрани шамиите на жените, новиот исламски режим во почетокот на 1980-тите воведе задолжителен кодекс на облекување со кој се бараше од сите жени да носат хиџаб, пишува „Индекс.хр“. Пред Исламската ...

Синоќа во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, пред прилепската научна јавност и заинтересираните граѓани и тутунски производители, беа претставени две научни дела на еминентните долгогодишни универзитетски професори и научници проф. д-р Гордана Мицеска и проф. д-р Мирослав Димитриески. Станува збор за две коавторски изданија на професорите, практикумот „Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткива“ и „Сортата прилеп 66 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за Западен Балкан На 26 јуни 2001 година, Буш издаде извршна наредба во која се наведува дека интересите на САД се загрозени од поединци и организации во Босна и Херцеговина, Македонија и Косово. Наредбата предвидува голем број правни последици, вклучувајќи блокирање средства, забрана за влез во САД и финансиски трансакции за обвинетите од Хаг и околу 150 лица и организации ...

Такахиро Шираиши, познат како „Твитер убиец“, е погубен откако во 2020 година беше осуден на смрт за убиство на девет лица во 2017 година. Неговата егзекуција ја означи првата употреба на смртна казна во Јапонија за речиси три години, објавува Скај њуз. Во 2017 година, Шираиши убил девет лица, претежно жени, вклучувајќи тинејџерки, со кои претходно контактирал преку Твитер, нудејќи им помош во спроведувањето на самоубиствени намери. Тој, исто ...

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во екот на напорите за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот. Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД во средата потпишале договор со Кина, без да даде дополнителни детали, и дека може да се постигне посебен договор што ќе ја „отвори“ Индија. За време на разговорите во Женева ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, потсетувајќи го дека Шпанија е суверена земја и дека трговската политика со која било земја-членка на ЕУ мора да биде договорена со Брисел во име на сите земји-членки. -Шпанија е земја која е посветена на земјите-членки на Алијансата, но исто така и суверена, и тоа е рамнотежата што ја најдовме во декларацијата што ја постигнаа 32-те ...

Анализа Израел свесен за непоколебливата американска поддршка, очигледно дека нема да отстапи додека Вашингтон не му каже да го стори тоа и до каде да го стори тоа. А се разбира и дека, покрај поддршката на Москва или Пекинг, државите на Блискиот Исток не сакаат да се впуштат во директен конфликт со САД, бидејќи знаат дека „каде што големите се тепаат, тревата страда“. Можеби одвреме-навреме ќе има „препирки на тревата со некое помало слонче“ ...

Треба првин да ги видиме понудите, да ги добиеме условите, да испроектираме, па потоа да зборуваме дали е исплатливо или не, рече министерката Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање од пратеникот Елми Азири на денешната собраниска седница во однос на износот од 1,9 милијарди евра за градењето на брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Азири кој е дел од коалицијата Европски фронт од говорницата напомена дека има експертски тврдења кои ...

Бурата што се крена во Европскиот парламент (ЕП) околу гласањето за извештајот за Македонија е повеќе од аларм Дипломатски извори наведуваат дека креативните решенија што неодамна ги спомна еврокомесарката за безбедност и надворешна политика Каја Калас за време на посетата на Скопје, всушност можеби се однесуваат на „планот на Брисел да претстави некаква дипломатска победа на нашата земја, со поминувањето на извештајот во ЕП во кој се ...

Денес, со почеток во 19 часот, во паркот „Ѓорче Петров“, ќе се одржи традиционалното чествување на споменот на македонскиот великан и деец, револуционерот Ѓорче Петров. На настанот ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пратеникот Бојан Стојаноски и претседателот на патриотскиот институт при ОК Ѓорче Петров, Јован Поповски. Присутни ќе бидат министрите Владо Мисајловски, Панче ...

Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов се во фаза на анализа на доставените материјали, информира министерката за финансии Гордана ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Обвинетиот 54 годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави вчера дека ЕУ треба да постигне „брз и едноставен“ трговски договор со САД, а не „бавен и комплициран“, додека францускиот претседател Макрон рече дека неговата земја нема да прифати договор кој е неурамнотежен. Тие го кажаа ова на крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, каде што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откри дека го добила најновиот предлог од американската ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните измени. Вели дека за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство во ЕУ да биде предвидлив, а актуелната власт е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. – Мислам дека нашите позиции се доста јасни и резултатот на претстојните локални избори ...

Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед. На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според ...

Европската Унија останува цврсто посветена на мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток и го поздравува прекинот на непријателствата меѓу Израел и Иран, повикувајќи ги „сите страни“ да се придржуваат кон меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од преземање дејствија што би можеле да доведат до нова ескалација. Ова се наведува во делот од заклучоците на денешниот Самит на ЕУ посветени на состојбата на Блискиот Исток. ...

Првпат во историјата, астронаути од Индија, Унгарија и Полска пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС), јави ДПА. Капсулата „Кру драгон“, во која се наоѓаа тројцата астронаути заедно со поранешната американска астронаутка Пеги Витсон, денеска се спои со МВС во 10:31 GMT, соопшти НАСА. Лансирањето беше извршено од базата Кејп Канаверал во Флорида, со ракета „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск, 30 часа претходно. Ова е ...

Финансиската полиција е институција со мал број на вработени, но со најголема тежина во државата. Во период од една година оваа институција испорача сериозни резултати. Станува збор за поднесени кривични пријави за штети на буџетот од над една милијарда денари, што е навистина сериозен износ и не може да се споредува со ниту еден период од минатото. Секој функционер мора да се однесува домаќински и да знае дека тоа се пари на граѓаните, кои не ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара одложување на судското рочиште во процесот кој се води против него за наводна корупција, наведувајќи ги „регионалните и глобални случувања“ од 12-дневната војна на Израел со Иран, како и континуираните борби во Појасот Газа. – Со почит го молиме Судот да нареди откажување на рочиштата на кои премиерот требаше да сведочи во следните две недели – напиша адвокатот на Нетанјаху во барањето за ...

За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на 9 јули. Како што стои на собраниската веб-страна, седницата треба да почне во 11 часот. Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“. Мицкоски, ова го кажа во одговор на пратеничкото прашање на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијансата на Албанците, кој праша дали Владата има намера да ја промени одлуката за бројот на советници во ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот. – Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да ...

Проблем со пристапувањето на Украина во Европската Унија е војната, бидејќи доколку би ја вовеле земјата во ЕУ, со тоа во неа би ја вовеле и војната, изјави денеска во Брисел унгарскиот премиер Виктор Орбан при пристигнувањето на Самитот на блокот. – Не би сакале да бидеме заедно во една заедница со земја што е во војна и претставува непосредна опасност за нас. Ако членка на Европската Унија е во војна, тоа би значело дека и Европската Унија е ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска попладнево од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање најави нов Закон за Државниот просветен инспекторат. Одговарајќи на пратеничко прашање рече дека во оваа институција се направени злоупотреби и дека за тоа ќе информира кога ќе се изјаснат истражните органи. – Следи нов закон за Државниот просветен инспекторат, во кој ќе има и контрола над ДПИ. Сега, за нивна жал, јас сум ...

Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање. Премиерот Мицкоски посочи дека со кредитот од стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе се вложат над 200 милиони евра за изградба и реконструкци на клинички болници. – Сакам да споменам дека повеќе од 200 милиони евра од кредитот ќе бидат инвестирање во ...

Поранешниот претседател на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ, чија куќа беше претресена синоќа, утрово е приведен, изјави неговиот адвокат за белградски медиуми. Според нив, Антиќ почнал штрајк со глад. Претресот на куќата на Новица Антиќ е извршен со одобрение на Вишиот суд во Крагуевац, а под сомнение за две кривични дела: повикување на насилна промена на Уставот и подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
41%
1007
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
88%
1006
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
34%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
33%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
95%
1007
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
55%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
28%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
36%
1011
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
45%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
71%
1006
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641