Венецуела меѓу природната катастрофа и интересите на големите сили Два силни земјотреса со магнитуди од 7,2 и 7,5 степени неделава го погодија западниот дел на Венецуела, оставајќи зад себе урнати згради, оштетена инфраструктура и неизвесен број жртви, кој, според властите, ќе продолжи да расте во наредните денови. Во Каракас владее вонредна состојба, а меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ беше затворен поради сериозни оштетувања. Жално, но ...

Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...

Како ЕУ уште еднаш заталка од патот кон проширувањето Она што денес се случува со политиката на проширување на Европската Унија повеќе не може да се нарече стратегија. Тоа е лавиринт без излез, во кој ниту Европската комисија, ниту Европскиот совет, ниту најмоќните европски престолнини повеќе не знаат во која насока се движат. Наместо јасна визија, Брисел произведува нови концепти, нови формулации и нови политички конструкции, кои повеќе ...

Денеска во Скопје, по кусо боледување, почина Владо Јаневски (65), македонски пејач и кантавтор. Веста за смртта на Фејсбук ја споделуваат неговите соработници, простувајќи се од пејачот и кантавторот. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој беше најавен на почетокот на годината, но подоцна беше откажан. Според неговите соработници, тој во последните неколку месеци се лекувал во една од приватните болници во Скопје. ...

Фотографијата со Мицена субгалерикулата (Mycena subgalericulata), мала габа која игра клучна еколошка улога во разградувањето на дрвенестите остатоци во екосистемот, на авторот Гаврил Галев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии ...

Повод: 105 години од смртта на македонскиот великан Ѓорче Петров Ѓорче Петров заедно со Гоце Делчев е творец на Уставот на ТМОРО од 1897 година. Според проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, втората етапа од развојот на македонското револуционерно движење започнува со Солунскиот конгрес од 1896 година и споменатиот Устав. Имено, со одлуките на конгресот од 1896 година и нивното преточувањето во новиот Устав, организацијата добила уште повеќе македонски ...

Истекувањето на амонијак од ладилник во Гуча е целосно запрено, а шест лица кои биле изложени на гасот се прегледани во болница и пуштени на домашно лекување, јави РТС. Од Општата болница во Чачак соопштија дека сите шестмина пациенти се во добра општа состојба и по извршените лекарски прегледи биле отпуштени. До истекувањето дошло поради дефект на сигурносен вентил, предизвикан од висок притисок во системот за ладење. Во текот на ноќта, ...

Во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа (сабота, 27 јуни) се одржа традиционалното поетско претставување на лауреатот на највисокото фестивалско признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга. На претставувањето присуствуваше претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова. Пригодна реч за Брасинга одржа Бас Квакман, кој 16 години бил директор на меѓународниот ...

До 18 часот на територијата на државата се евидентирани 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Перо Чичо гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде што огнот зафатил ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата ...

Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (24) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 42-годишна жена од струшко село, осомничена за кривичното дело „запуштање и малтретирање дете“, откако своите две малолетни деца ги оставала да спијат во автомобил додека била на работа. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Одделението за внатрешни работи – Струга поднело кривична пријава против Н.С. поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 201 став 1 од Кривичниот ...

Единаесетгодишно дете е спасено живо од урнатините во Карабаледа, на северот на Венецуела, три дена по разорните земјотреси што го погодија регионот, соопшти привремената претседателка на земјата, Делси Родригез, пренесе „Гардијан“. – Пред неколку минути, 11-годишно дете беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој спасен живот е извор на надеж за Венецуела – напиша Родригез на социјалната мрежа „Икс“, објавувајќи и видео од драматичната ...

До 14 часот во земјава се регистрирани осум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во атарот на селото Гари, во општина Дебар, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Пожар има и во населбата „Перо Чучо“ во Куманово, каде што се зафатени депонија и ниска вегетација, како и на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот Србија, едно семејство, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“, објави Пословни.хр. – За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме ...

Обдукцијата потврди дека 48-годишната жена од скопско Таор, чие тело беше пронајдено во близина на селото Летевци, починала од насилна смрт. Под сомнение за убиството е приведен нејзиниот поранешен сопруг, а во рамки на истрагата се задржани уште три лица. Од Основното јавно обвинителство – Скопје соопштија дека дежурен јавен обвинител и екипи на Министерството за внатрешни работи ноќеска извршиле увид на тешко пристапен шумски терен во ...

Педесет и едногодишен маж со иницијали С.Г. од скопско Таор е приведен под сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., со која живеел во иста куќа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 26 јуни С.Г. пријавил во полициска станица дека Ж.Г. се оддалечила од домот. Следниот ден повторно се обратил во полицијата, пријавувајќи дека ја пронашол почината во близина на селото Летевци, во скопскиот регион. На местото на настанот ...

Продолжува бранот на екстремно топло време. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 35 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека моделот на постепена интеграција во Европската Унија има смисла само ако претставува мост кон полноправно членство, а не трајна чекална за земјите кандидати. Муцунски ова го истакна на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, која се одржа во рамки на Дубровник форумот, на покана на хрватскиот министер за ...

Случај на Денга треска е потврден кај 42-годишен маж од Бангладеш кој пристигнал во Македонија на работа и сега е сместен на Инфективната клиника. Тој е во стабилна состојба, а надлежните уверуваат дека нема простор за паника оти вирусот што ја предизвикува не се пренесува од човек на човек, туку само од убод на комарец во тропски подрачја. Дирекорот на Инфективната клиника доктор Фадил Цана вели дека случајот бил лабараториски потврден и ...

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. -Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, ...

МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА – МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Стратешка визија за развој на туристичкиот сектор на Република Македонија: трансформација на националниот бренд преку одржлив менаџмент, автентичен наратив и институционална транспарентност. Развојот на туристичкиот сектор на една држава во современиот глобализиран свет претставува комплексен процес, кој далеку ги надминува рамките на изолиран економски потфат. За мали држави, каде што човечките, ...

„Зрно фестивал“, во соработка со „Скопско лето“ и со поддршка на Министерството за култура и туризам, во КИЦ–Скопје ја постави изложбата „Малите нешта“ на данската фотографка и визуелна уметница Анне-Мет С. Сомер од Данска. По пресвртниот момент во 2017 година, кога во „Д фотограферс галери“ во Лондон ја посетила полароид-изложбата „Ин ен инстант“ на Вим Вендерс, Анне-Мет целосно се посветила на експерименталните полароид-процеси. Од тој ...

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година. – Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година – објави метеоролошката служба во Икс. Голем дел од Европа – од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје – е зафатен од топлотен бран, со температури што надминуваат 35 ...

Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран што ја зафати Европа, предупредија експертите од швајцарската служба за мониторинг на глечерите ГЛАМОС. Според податоците на ГЛАМОС, се очекува сезонскиот снег и мраз, наталожени во текот на зимата, целосно да се стопат до понеделник, што би претставувало втор најран „ден на губење на глечерите“ откако се водат мерења. Експертите предупредуваат дека ...

Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. – Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“ – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут социал“ (Truth social). На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен ...

До вторник сè ќе се знае, тогаш ќе го имаме конечниот епилог. Многу идеи и опции се на маса, изјави денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во врска со најавената владина рекоснструкција. Тој оцени дека ЗНАМ, иако е нов политички субјект, дава значаен придонес во работата на Владата преку двата ресора со кои раководи, како и преку своите претставници во пониските ешалони на власта. Одоговорајќи на новинарско прашање какви понуди ...

Во двата разорни земјотреси во Венецуела загинаа 589 луѓе, а повредени се 2.980, соопшти денеска вршителот на должноста претседател Делси Родригез. Taa ja даде изјавата опкружена со официјални лица и воен персонал, поздравувајќи го пристигнувањето на спасувачките екипи од целиот свет во Венецуела. – Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача – рече Родригез. Таа истакна дека венецуелската држава Ла Гваира е ...

По воспоставувањето на системот „Безбеден град” за само пет месеци бројот на загинати во сообраќајот е намален за 40 проценти, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, евидентирани се 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година. Од 2 февруари до 22 јуни 2026 година преку „Безбеден град” се регистрирани и над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои ...

За две години покажавме дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку дека значи извод без шалтер, уверение без губење денови, лиценца што се проверува со „Кјуар“ (QR) код, институции што разменуваат податоци меѓу себе, помалку документи и повеќе услуги на едно место, побрза администрација, пголема сајбер безбедност, повеќе дигитални вештини и можности за младите, како и повеќе доверба во институциите, рече денеска министерот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76