Повеќе од 100 милиони луѓе во Европа денеска ќе бидат изложени на екстремно високи температури над 35 Целзиусови степени, додека над 380 милиони жители ќе се соочат со температури повисоки од 30 степени, покажуваат анализите на француската новинска агенција АФП, пренесува Хина. Според пресметките, најмалку 101 милион луѓе на континентот ќе бидат погодени од жештини над 35 степени. Најголем дел од нив се во Франција, каде што повеќе од 50 ...

Јубилејни 65-ти „Струшки вечери на поезијата“ Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга, вчера во Струга почна 65-то издание на „Струшките вечери на поезијата“. Официјалното отворање на манифестацијата е со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ во Домот на поезијата, а продолжува со ...

Оман денеска соопшти дека нема да воведе такси за премин низ Ормуската Теснина, повлекувајќи ги претходните најави за можни надоместоци поврзани со управувањето на еден од најважните светски поморски коридори. Министерот за надворешни работи на Бадр ал Бусаиди изјави дека идните договори поврзани со Ормуската Теснина нема да предвидуваат наплата на такси за премин на бродовите, пренесе „Ројтерс“. Изјавата беше дадена за време на состанокот ...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди северна Јапонија, соопштија надлежните сеизмолошки служби. Епицентарот на потресот бил лоциран во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион, предизвикувајќи вознемиреност кај населението, пренесе „Ројтерс“. И покрај силниот потрес, јапонските власти не ...

Единаесетгодишниот Македон Димитровски постигна извонреден успех на американскиот SAT тест, освојувајќи вкупно 1.440 поени од можни 1.600, резултат што вообичаено го постигнуваат ученици на возраст од 17 и 18 години. Според информациите објавени од неговото семејство, младиот талент освоил 740 поени по математика и 700 поени по англиски јазик, што го вбројува меѓу најуспешните ученици на негова возраст на глобално ниво. SAT е стандардизиран ...

Венецуела прогласи вонредна состојба откако два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија земјата во интервал од само 39 секунди, предизвикувајќи уривање на згради, прекин на сообраќајот и масовна паника меѓу населението. Според последните информации, најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 700 се повредени, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, пренесе „Ројтерс“. Според Американскиот ...

Шефот на иранското правосудство, Голам-Хосеин Мохсени Еџеи, изјави дека е неопходно да се заштитат правата на иранскиот народ преку меѓународни правни и судски механизми, при што порача дека САД и Израел мора да сносат одговорност за, како што рече, злосторствата извршени за време на неодамнешниот конфликт со Иран. Еџеи, кој говореше на состанок со високи судски функционери и претседатели на покраински судови, истакна дека постојат правни ...

Од јули на позитивната листа на лекови ќе бидат вклучени нови антикоагулантни терапии, меѓу кои и Клексан и Фраксипарин, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. На брифинг со новинарите, Клековски појасни дека станува збор за лекови кои се користат за спречување на згрутчување на крвта кај различни категории пациенти, вклучително и по тешки хируршки интервенции, како и кај лица со одредени кардиоваскуларни ...

Проектот „Чебрен и Галиште“ има стратешко значење за државата и може значително да ја зајакне нејзината позиција не само во енергетиката, туку и во управувањето со водните ресурси и развојот на туризмот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања во Собранието. Одговарајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Мицкоски нагласи дека проектот треба да се гледа како повеќенаменска инвестиција од ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата, истакнувајќи дека Владата паралелно работи на сервисирање на наследените финансиски обврски. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Мисајловски информираше дека од понеделник ќе започнат разговори со синдикатите за нов колективен договор, а од следната година се предвидува раст на платите и зголемување ...

Регулаторната комисија за енергетика размислува за ревизија на блок тарифите за електрична енергија, кои беа воведени за време на енергетската криза во 2022 година, со цел тие да се усогласат со новите услови на пазарот и растечкиот удел на обновливите извори на енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, во интервју за МИА изјави дека енергетскиот ...

Реформската агенда претставува врвен приоритет на Владата, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформските процеси во тесна соработка со институциите и меѓународните партнери, порача министерката Сања Божиновска на состанок на високо ниво со претставници на ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Состанокот се одржа во рамки на ...

Во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Постапката се наоѓа во фаза на изведување материјални докази од страна на Обвинителството. Обвинителството презентираше документација обезбедена од Министерството за економија и труд – сектор за туризам и угостителство, која се однесува на почетокот на работењето на објектот и ...

Борбата против корупцијата е меѓу клучните приоритети во процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, но таа не може да се води изолирано, туку бара координирано учество на сите општествени чинители, беше порача на денешната конференција „Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка“, организирана од М6 Едукативниот центар, пренесе МИА. Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер, истакна дека ...

Родителите на децата кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска доброволно ја напуштија судницата во КПУ „Идризово“, во знак на револт, откако одбраната побара изземање на обвинителката Наташа Сарамандова. Пред медиумите, Александар Наунов изјави дека со текот на судењето се создава впечаток дека фокусот се префрла од суштината на случајот кон процедурални прашања, наместо кон утврдување на фактичката одговорност за ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја претставува „Шпаркасе круг“ – новата платформа за партнерства и лојалност што на своите клиенти им носи поголема вредност во секојдневието. Преку ексклузивни попусти, специјални понуди, подароци и дополнителни бенефиции кај повеќе од 300 внимателно избрани партнер-трговци, клиентите можат да уживаат во многубројни поволности при плаќање со која било дебитна или кредитна картичка издадена од Шпаркасе Банка. Со ...

На Универзитетската клиника за урологија во Скопје е презентирана нова современа метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК), која овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, дури и кога дијагностичките методи како компјутеризирана томографија и магнетна резонанца не покажуваат промени, соопштија од Клиниката преку објава на социјалните мрежи. Методата се заснова на анализа на ctDNA, која претставува современ пристап во ...

Осврт кон книжевното дело на великанот Петре М. Андреевски по повод 92-годишнината од неговото раѓање Браќа и сестри, бидете на штрек! Не срамете се од ништо, што е наше. Презирајте ги оние, кои ни го присвојуваат името, но и црквата, јазикот и писмото, што ги позајмиле од нас. Презирајте ги сите оние, што сакаат да ни ја предодредат нашата историска приказна, која се крепи на толку многу гробови. Знајте дека во таа приказна се заложени сите ...

Четириесет и петгодишен жител на Скопје е приведен во Крива Паланка под сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, случајот започнал кога непознато лице телефонски контактирало повозрасна жена од Крива Паланка, претставувајќи се како лекар од Италија. На жената ѝ било кажано дека нејзината ќерка доживеала несреќа во Италија и се здобила со повеќе ...

Младата пијанистка Јана Алексовска вчеравечер одржа солистички концерт во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје. Алексовска, ученичка во прва година во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, во класата на м-р Билјана Данилова-Танасковиќ, пред публиката се претстави со богата и стилски разновидна програма, во која беа застапени дела од Јохан Себастијан Бах, Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Благој Цанев и Франц Лист. Како гостинка ...

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга ...

Од училишни забрани за мобилни телефони до блокада на социјалните мрежи за малолетниците Во текот на 2025 и 2026 година, хрватското Министерство за наука, образование и млади воведе и прошири ограничувања за користење мобилни телефони во училиштата. Според новите правила, во основните училишта практично е воведена целосна забрана за користење мобилни телефони во текот на училишниот ден, освен за образовни или здравствени потреби. Телефоните ...

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски, во своето излагање на јавната дебата за предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено, со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на ...

Повод: Настапот на поранешниот министер за надворешни работи на Турција и поранешен шеф на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Мевлут Чавушоглу, на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ На меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, која деновиве се одржа во Скопје во организација на кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, меѓународниот центар „Алијанса на ...

Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога ЕУ-државите, нивните институции и политичките елити ќе бараат нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет (2) Уште на 22 јануари годинава во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос, германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека не смее да се прифаќа пасивно моментната геополитичка реалност сега кога забрзано се урива меѓународниот поредок. – Ние не сме му ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за развој на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. ...

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во „Идризово“, каде Обвинителството ќе продолжи со изведување материјални докази во предметот што ја потресе јавноста. Во досегашниот тек на постапката беа презентирани документи поврзани со инспекциските надзори што ги спроведувала Општина Кочани, вклучително и извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори и документација од ...

Градот Скопје известува дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме ...

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...

Франција го потврди првиот случај на ебола на своја територија поврзан со актуелната епидемија во Демократска Република Конго, откако лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во погоденото подрачје бил позитивен на вирусот, пренесе „Ројтерс“. Според француското Министерство за здравство, пациентот веднаш бил сместен во специјализирана здравствена установа и се наоѓа во стабилна состојба. Властите започнале епидемиолошка истрага и трасирање ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07