Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во рамки на програмата на Зрно фестивал, во соработка со Скопско лето и со поддршка на Министерството за култура и туризам, на 26 јуни во 19 часот во Културно-информативен центар – Скопје ќе биде отворена изложбата „Малите нешта“. Авторка на изложбата е данската фотографка и визуелна уметница Анне-Мет С. Сомер, која твори под името Kelter Photography. Изложбата „Малите нешта“ пред скопската публика ќе претстави дела што преку фотографијата ...
Повод: Во Тетово се отвори базен што има термин само за жени Одлуката во одредени термини градскиот базен во Тетово да биде резервиран исклучиво за жени и девојки повторно отвори чувствителна дебата во македонската јавност. Дали ваквите мерки претставуваат унапредување на женските права или, напротив, воведување нови форми на поделба на граѓаните врз основа на полот? По веста дека градскиот базен во Тетово е пуштен во употреба за сите ...
БАЗЕНОТ ДА НЕ СТАНЕ ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ Неколку часа неделно на градскиот базен во Тетово се резервирани само за жени и девојки. На прв поглед, одлуката е техничка и локална. За едни, тоа е разумна мерка што овозможува поголема вклученост на жените во спортот и рекреацијата. За други, пак, ова е опасен преседан што отвора прашања што далеку ја надминуваат темата за пливањето. Дебатата што деновиве се развива во јавноста открива дека станува ...
ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполниле сите услови. Од Северна Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ, порача шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на меѓународната ...
Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани вечерва протестираа пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со барање да се почитуваат европски еколошки стандарди кога ќе се одлучува по барањето од Цемантарницата „Усје“ (Титан групација) за обнова на А-интегрираната дозвола. Активистите, кои и во минатите месеци организираа протести за да искажат незадоволство од загадувањето на воздухот од „Усје“, ...
Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, атмосферските процеси на повеќе места ќе бидат изразени, а локално се очекуваат поинтензивни временски појави проследени со обилен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе се движат меѓу 14 и 20 степени, ...
Русија е подготвена во секој момент да ги продолжи преговорите со Украина од точката каде што беа прекинати, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Лавров нагласи дека Москва и понатаму останува отворена за дипломатско решение на конфликтот и потсети дека руската страна повеќепати ја изразила својата подготвеност за преговори. Според него, евентуалното решение на украинската криза треба да се темели на ...
Оман соопшти дека во координација со Меѓународна поморска организација (ММО) воспоставил привремен поморски коридор за бродовите кои сакаат да поминат низ Ормуски Теснец. Според оманските власти, пловните објекти што ќе сакаат да го користат коридорот ќе треба да ги следат насоките и координатите утврдени од ММО и надлежните институции на Оман. Мерката е воведена со цел да се обезбеди непречена и безбедна пловидба низ еден од најзначајните ...
Сенатот на САД усвои резолуција со која се бара од претседателот Доналд Трамп да ги прекине американските воени дејствија против Иран без претходно одобрување од Конгресот. Резолуцијата беше изгласана со 50 гласа „за“ и 48 „против“, откако претходно доби поддршка и во Претставничкиот дом, пренесе „Ројтерс“. Со ова, за првпат откако е донесен Законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот Конгрес усвојуваат резолуција ...
Либан и Израел денеска во Вашингтон започнуваат нова рунда мировни преговори, кои ќе траат три дена. Ова е петтиот круг разговори од април досега. Според информациите, војната започнала на 2 март, кога Хезболах, во знак на поддршка на Иран, извршил напад врз Израел. Израел одговорил со воздушна и копнена офанзива врз јужен Либан, при што, според извештаите, загинале над 4.000 лица, пренесе МИА. Либанските претставници сметаат дека директните ...
Цените на нафтата продолжија да се намалуваат и денеска на светските пазари, откако инвеститорите забележаа знаци за обновување на поморскиот сообраќај низ Ормутска Теснина и напредок во мировните преговори меѓу Соединети Американски Држави и Иран. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент поевтинија за 94 центи, или 1,22 проценти, на 77,7 долари за барел. Американската лесна сурова нафта (WTI) поевтини за 77 центи, или 1,04 проценти, на ...
Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата смрт ја објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. – Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Ќе го паметиме како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце. Моите мисли се со неговото семејство и со сите кои го почитуваа – напиша Мицкоски на својот ...
Вишиот управен суд донел пресуда со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. -Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја ...
Енергетиката е сектор во кој успехот не може да се постигне без силна соработка меѓу институциите, компаниите и граѓаните, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на изложбата во Националната галерија „Чифте амам“, организирана од ЕВН Македонија по повод 20-годишнината од нејзиното работење во земјава, пренесе МИА. Обраќајќи се пред присутните, Божиновска истакна дека развојот на ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска постхумно ја одликува историчарката, универзитетска професорка и авторка Наде Проева со Орден „8 Септември“, во знак на признание за нејзиниот исклучителен придонес во развојот и афирмацијата на македонската историографија. Одликувањето го прими нејзината сестра Павлина Проевска, пренесе МИА. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека Проева целиот свој професионален живот го ...
Девет случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа на територијата на државата, при што четири лица биле лишени од слобода, а со уште две лица бил извршен службен разговор, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случаите вклучуваат физички напади, закани и психичко малтретирање меѓу брачни и вонбрачни партнери, родители, деца и други членови на семејството. Во Скопје, 37-годишна жена ...
Постигната согласност помеѓу Вашингтон и Техеран по првата рунда разговори во Швајцарија и покрај тензиите Првата рунда разговори помеѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши во понеделникот, соопштија медијаторите, по напнатото отворање обележано со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормускиот Теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нападите врз Иран. ...
1. Што е комасација? Комасација е постапка на окрупнување и преуредување на земјоделското земјиште. Нејзината цел е повеќе мали и расцепкани парцели да се заменат со помал број поголеми и пофункционални површини, без сопствениците да ја изгубат вредноста на својот имот. 2. Зошто е потребна? Расцепканите ниви создаваат дополнителни трошоци за обработка, транспорт и за механизација. Кога земјиштето е окрупнето, производството станува ...
Модернизацијата, дигитализацијата и професионализацијата на јавната администрација, како и зајакнувањето на довербата на граѓаните во институциите, беа во фокусот на одбележувањето на Денот на јавната администрација, што денеска го организираше Министерството за јавна администрација под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“ во Филхармонијата, пренесе МИА. На настанот беше нагласена улогата ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот, пренесе МИА. Во своето обраќање, Тошковски нагласи дека миграцијата не е само политичко прашање, туку ...
Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули годинава треба да биде под 3 проценти, како заедничка цел дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите трговски синџири. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во наредниот период ќе се одржат дополнителни состаноци и со производителите, дистрибутерите и добавувачите, со цел усогласување на мерките за постигнување на оваа ...
Во ЈЗУ Клиника за детски болести – Скопје има недостиг на медицински сестри, но и покрај тоа ниту еден пациент не се враќа, изјави директорот Реџеп Мемеди на денешното обраќање пред медиумите. Тој нагласи дека сите оддели на клиниката имаат голема фреквенција на пациенти од целата држава. Поради недостиг на кадар и неможност да се организира сменска работа и дежурства, како што појасни, привремено е направена фузија на два оддела – ...
Проблемот со навремената набавка на учебници е надминат и тие сега редовно се доставуваат пред почетокот на новата учебна година, како резултат на воспоставено системско решение, порачаа премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои присуствуваа на промоција на нови учебници во ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. Мицкоски истакна дека и покрај технолошкиот напредок, факт е дека во минатото земјата се ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјата, посветена на мерките за справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи. Во објава на социјалните мрежи, тој наведе дека во наредниот период ќе следат и средби со добавувачите и производителите, со цел заедничко делување за одржување на годишната инфлација и цените на основните ...
Европската комисија ветува милијарди во обид да се реализира проектот „Намалување на бирократијата/администрацијата“ на државните управи на националните влади Мисијата на Европската комисија за намалување на бирократијата би можела да ѝ заштеди на европската економија милијарди евра ако националните влади и европратениците ѝ се тргнат од патот, објавува „Политико“. Тоа беше пораката што високите претставници на комисијата им ја испратија на ...
Под влијание на циклонска активност која се движи од Турција, денеска во земјава се очекува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на метеоролозите, локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилни врнежи од дожд, силни налети на ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје ...
Македонските земјоделски парцели меѓу минатото и иднината Кога тракторот треба да помине неколку километри за да стигне од една до друга нива што му припаѓа на истиот сопственик, тогаш проблемот не е во механизацијата, туку во системот. Токму тоа е реалноста на голем дел од македонското земјоделство. Илјадници земјоделци обработуваат земјиште поделено на повеќе мали парцели, расфрлани на различни локации, често разделени со туѓи ниви, канали ...
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали очекува дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, тој вели дека се работи максимално за да се исполни она што се очекува. На новинарско прашање како би се постигнало тоа, со оглед на тоа што до крајот на месецот има уште неколку дена, а меѓу „заглавените“ задачи е и Изборниот ...
Две лица загинаа во вооружен напад во библиотека во северниот дел на Калифорнија, додека осомничениот напаѓач е приведен и се наоѓа во полициски притвор, соопштија локалните власти. Во инцидентот е повредено и едно дете, кое е пренесено во болница со полесни повреди, пренесе „Асошиејтед Прес“ Полицијата интервенирала по пријава за пукање во библиотека во Округ Бјут, каде што сведоци пријавиле истрели и вресоци. Осомничениот бил уапсен додека ...