Официјално беше потпишана стратегиска соработка помеѓу Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет (МОБ), како дел од платформата за општествена одговорност, Sparkasse Life. Партнерството има цел да даде клучна поддршка кон развојот на културата, да ја приближи уметноста до пошироката публика и да придонесе за збогатување на културниот живот во земјата преку низа настани и активности во текот на годината. Оваа година за двата ...

Временска прогноза на експертите Наглите промени на температурата на воздухот предизвикуваат здравствени проблеми кај граѓаните, па токму затоа ви ги пренесуваме препораките на здравствените работници. Се чини дека по периодот на денови со крајно високи температури следува сериозен пад на температурата, па тоа е причина повеќе граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките на лекарите. Според најавите на Управата за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции. – За жал, изминатата ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. – Разговаравме за можностите за воздушна одбрана и се договоривме да работиме заедно за да ја зајакнеме заштитата на нашето небо – напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп. Тој додаде дека имале детална дискусија за капацитетите на ...

Се наоѓаме во период на многу топло време со исклучително високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од Африка, кој зафаќа најголем дел од Европа. Со оглед на тоа што овие високи температури се особено опасни за нашето здравје, побаравме мислење од здравствен експерт, кој советува како да се однесуваме во вакви ситуации Метеоаларм: Активирана фазата три заради превенирање на последиците од топлотниот бран ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на државата на мир и упати „апел“ дека „Србија не треба да биде уништена“. – За жал, оние што не ја сакаат Србија, а ги има некои од нив, ги има некои од надвор, ги има некои во нашата земја, решија да ви го отежнат животот на сите вас. Решија да ве блокираат да одите на работа, да ви го блокираат нормалниот живот, да ве блокираат да се чувствувате слободно во вашата земја – рече ...

Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки. Министерот појасни дека кај основните производи за мај очекувано било зголемување на цената. Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена. – Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба, а ќе правиме напори до крај на ...

Комунистичката партија на Југославија формално одлучи да започне оружено востание на 4 јули 1941 година, датум подоцна назначен за Ден на борецот во чест на почетокот на антифашистичкиот отпор предводен од партизаните против фашистичките окупатори. Во 1956 година, Денот на борецот беше официјално прогласен за федерален празник во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Се славеше секоја година на 4 јули како државен неработен ден за да ...

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година. Владата и МВР, ...

Вчера, во молдавскиот главен град Кишињев се одржа првиот самит меѓу ЕУ и Република Молдавија. Имено, Брисел третпат организира самит на ЕУ во помала земја, кандидат за членство (симболично, трета среќа). Да споменеме дека претходно сличен самит на ЕУ надвор од Унијата бил одржан во Турција, а и во Украина, обете земји со амбиции за членство во блокот Вчера се одржа самит на ЕУ во Кишињев, Молдавија Вчера, во молдавскиот главен град Кишињев се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 30-40 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Во 2008 година, Венецијанската комисија – врвно правно тело при Советот на Европа – отворено укажа дека формулациите во бугарскиот устав може да се користат за спречување на здружувањето на малцинските етнички и јазични групи. Притоа, јасно беше препорачано омекнување на тие уставни одредби, со цел да се овозможи поотворен и толерантен пристап кон малцинствата. Но наместо овие документи да бидат искористени како дипломатско оружје и стратешки ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, при претрес на неколку локации биле пронајдени шест килограми амфетамин, таблети и ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против возачот на мотоцикл кој на пешачка патека во вторникот го прегази Југослав Николовски и избега. Од ОЈО Скопје попладнево информираа дека 25-годишниот скопјанец се сомничи за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. – Осомничениот, на 1 јули управувал мотоцикл ...

Македонската амбасада во Белград ја потврдила информацијата за сообраќајната несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад – Суботица во Србија во која еден македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден. Од Амбасадата се во контакт со семејството на починатото лице со цел олеснување на административните постапки за транспорт во земјава. – Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни СМС-пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. Како што се наведува во соопштението на МВР, пораките содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово изјави дека е разочаран од рускиот лидер и не мисли дека Владимир Путин ќе ја запре војната во Украина, изјави американскиот претседател пред новинарите во Вашингтон. Трамп, исто така, рече дека подоцна денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Синоќа, Трамп рече дека телефонскиот повик со Путин не довел до никаков напредок во напорите за завршување на војната во ...

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „Уан стап контрол“ (One stop control) на граничниот премин Табановце – Прешево, помеѓу Србија и Македонија. Денеска, министрите за внатрешни работи на двете држави, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ ги потпишаа протоколите за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот. Беа потпишани и ...

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против. Двајца републиканци им се придружија на демократите во противењето на предлог-законот. Трамп постави краен рок до 4 јули за Конгресот да го усвои законот. Сенатот веќе го ...

Јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција по спроведена темелна истрага, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје и негов човек од доверба, кој на 8 април годинава, беше фатен како примил поткуп од 20.000 евра за болничко згрижување на лице. Со дејствијата опишани во диспозитивот на актот ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник од ОВР Гостивар, за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело Проневера во службата, присвојувајќи пари и златен накит, пронајдени при вршење увид во друг предемет и по насоки од јавен обвинител ...

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана најостро ја осудува најавата на бугарската држава дека во Извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент (ЕП) македонскиот јазик и идентитет ќе бидат целосно избришани. – Вековните македонски јазик и македонски идентитет претходно се споменуваа на неколку места во Извештајот на Вајц, кој беше изгласан со мнозинство на гласови од претставниците на европските држави во Комитетот за надворешни ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело „насилство“, така што на 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден вработен во пунктот. До овој момент лишен е од слобода еден од осомничените, 29-годишник за кого јавниот обвинител денеска поднесе предлог за ...

Отвораме процес на инклузивен дијалог за справување со негативните демографски трендови, процес што не е предизвик само за нашата држава туку и за голем дел од земјите на ЕУ и други во светот, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Министерот Лимани најави финансиска помош и даночни ослободувања кои ќе бидат во функција на националните демографски политики. – Предизвиците бараат заеднички координативен ...

Советот на јавни обвинители на денешната седница одлучи да внесе на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација. Кети Петкова, која е еден од членовите на Работна група за изготвување на Предлог законот за Советот на јавни обвинители, на денешната 26 седница ги информираше членовите на Советот на предлог на Владата пристигнала ...

Со ребалансот за 2025 година ќе се обезбедат дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот, како и 145 милиони денари дополнителни средства за Агенцијата за филм. Како што соопшти денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со измената на Законот за игри на среќа што е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат четири проценти од уплатените давачки за игри на среќа, а Агенцијата за филм ќе добива ...

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи и ниваната усогласеност во оваа институција која доби осум препораки за отстранување на неусогласеностите. Според ревизорскиот извештај, на ваквите состојби големо влијание имаат и системските слабости. Во ревизорскиот извештај, меѓу ...

Демографскиот аларм е вклучен, Македонија за четири години има изгубено 33 илјади жители – како еден град од големина на Кавадарци и Кичево. Со цел да се спречи овој негативен тренд, каде бројот на починати со години наназад е поголем од бројот на новородени деца, Владата размислува да преземе низа мерки – а една од нив е и воведување на данок за немажени и неженети. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на дебата во Владата за ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Онкологија. Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот, дека вештачењата за Онкологија и за случајот за ...

По добиената официјална потврда од Агенцијата за безбедност на храна на Република Косово за прв случај на болеста чума кај малите преживари во оваа земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
61%
1010
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
65%
1008
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
83%
1008
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
60%
1011
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
44%
1009
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
88%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
72%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
60%
1009
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
54%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
68%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641