Знаменитостите на Македонија Првите значајни промени во културниот живот на Кукуш се забележуваат со изградбата на црквата „Св. Ѓорѓија“, масивна градба завршена во 1835 година. Нејзината изградба била сенародно дело, симбол на заедничкиот напор и духовната сила на кукушани. Над влезната врата бил поставен камен натпис на црковнословенски јазик, јасен знак дека духовниот живот на заедницата се темели врз словенската традиција и врз стремежот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крај на војната, нагласувајќи дека тој процес „веќе долго време се разработува“. Тој го оцени украинскиот претседател Володимир Зеленски како „многу ефикасен“ и „неверојатен во својата работа“, додавајќи дека се надева на брза средба меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. -Путин ќе се сретне со Зеленски и нешто ќе произлезе ...

Со денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз, лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, останува осудена за проневера на средства од Европскиот парламент. Сепак, судот ја ублажи претходно изречената забрана за вршење јавна функција, што формално ѝ овозможува да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Ле Пен е осудена да дел од затворската казна ја издржи во домашни услови со ...

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормускиот Теснец, јавуваат светските новински агенции. Ова е нова ескалација меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и пристанишни објекти во Иран. Централната ...

Цените на суровата нафта пораснаа за речиси три проценти откако САД изведоа нови напади врз Иран, по информациите дека Техеран нападнал три брода во Ормускиот Теснец. Утрово цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, се зголеми за 2,6 проценти и достигна 76,09 долари за барел. Истовремено, цената на американската референтна сурова нафта порасна за 2,6 проценти и изнесува 72,25 долари за барел, пренесуваат ...

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој ...

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно го расчистил случајот од 30.6.2026 во 21.40 часот во парк во општина Аеродром кога 12-годишно девојче било физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. – Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, Министерството ...

Економските и инфраструктурните резултати се импулс за развој за македонското мултиетничко општество Речиси три децении во политичкиот живот во Македонија се испраќаат исти пораки, се наметнуваат исти стравови и се нудат исти ветувања. Имено, пред секои избори повторно се отвораат прашања за националниот идентитет, колективните права и наводната загрозеност на етничките заедници, додека темите што директно го определуваат квалитетот на ...

Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Советот кои ја поддржаа кандидатката, како клучни предности ги посочија нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. претседател. ...

Некои нови детали од телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател Според информациите што ги соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, разговорот меѓу Трамп и Путин, инициран од американска страна, траел еден час и дваесет и пет минути и бил оценет како деловен, конструктивен и содржаен. Имено, тоа беше четврти директен контакт меѓу двајцата претседатели од почетокот на годината, што само по себе говори дека и ...

Постојат два типа луѓе во светот: оние што стануваат веднаш штом ќе го слушнат алармот и оние што го одложуваат барем еднаш пред да станат. Научниците што се занимаваат со навиките за спиење велат дека одложувањето на алармот може да има штетно влијание врз телото и да го наруши сонот. Утринската сонливост и пократкото време на спиење биле најчести симптоми кај оние што го одложиле алармот. Знаеме дека одложувањето на алармот може да доведе ...

„ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ“ (5) И покрај тоа што не се наведени во официјалните туристички водички, ниту пак во некои големи организирани тури и понуди, некои места во Овчеполската Котлина со години, па и векови, привлекуваат посетители од многу различни земји. Култните камења, води, дрвја и свети места се причина за традицијата на посетеност, која со сигурност трае со векови, а држи корени од дамнешни милениуми, за што сведочат и најновите ...

Давор Јанкулоски, научен соработник во Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ Промоцијата на дигиталните изданија на Речникот на македонските говори во југоисточниот егејски дел од проф. Коста Пеев претставува настан од особено значење за македонската наука и култура. Со оваа дигитализација не добиваме само нов формат на едно веќе афирмирано научно издание, туку добиваме нов живот на дело што претставува мошне ...

Моментите пред зајдисонце или изгрејсонце секогаш изгледале посебно, како да носат некој посебен мир и спокојство. А научниците истакнуваат дека тие имаат влијание врз нашиот мозок и ментално здравје. Постојат сѐ повеќе докази дека гледањето изгрејсонце и зајдисонце може да има корисен ефект врз нашето здравје. Научниците открија дека тоа ги намалува анксиозноста и депресијата, ги подобрува меморијата, креативноста и квалитетот на сонот, па ...

Во една неодамнешна анализа на две помали студии, научниците од Истражувачкиот центар за невромодулација на САД открија потенцијална бариера за способноста да се поправат или повторно да се воспостават врски во мозокот предизвикани од високата консумација на кофеин. Спротивно на популарното верување дека кофеинот ја подобрува пластичноста на мозокот, студијата ги испитувала мозочните сигнали поврзани со учењето и формирањето на меморијата кај ...

Mотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака, истакна претседателката Гордана Силјановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска најави три нови одбранбени иницијативи, во момент кога Алијансата го отвори својот самит за 2026 година со форум за одбранбена индустрија, фокусиран на засилување на заедничките набавки и индустриската соработка. Говорејќи на Форумот за одбранбена индустрија на НАТО, кој е прв официјален настан од дводневниот самит во Анкара, Руте претстави проекти со цел проширување на сојузничките капацитети ...

Како Народната банка им го менува секојдневието на граѓаните? Ретко која институција може да влијае толку силно, а толку незабележливо, врз секојдневниот живот како што е централната банка, односно за нас во Македонија НБРМ. Од цената на храната, преку ратите за стан, до тоа дали парите ќе стигнат веднаш или за три дена итн., сето тоа зависи од механизми што се наоѓаат во срцето на финансискиот систем Во изминатиот период НБРМ спроведува две ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во ...

Македонија до 2031 година се очекува да остварува просечен економски раст од три проценти годишно и да биде седма најбрзорастечка економија во Европа, покажуваат проекциите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува Еуроњуз. Според анализата, економиите од Западен Балкан – Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово – ќе бележат раст од околу три проценти, што е значително над очекуваниот просек на еврозоната ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатите 24 часа се евидентирани четири случаи на семејно насилство во Гостивар, Тетово, Кисела Вода и Кавадарци. Во еден од случаите е приведено едно лице, а со две лица е извршен службен разговор, пренесе МИА. Во Гостивар, 28-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал неа и нивниот 10-годишен син со тврд предмет во семејниот дом. Во Тетово, 28-годишен маж пријавил ...

Сојузот на спортските федерации на Македонија лансира значаен проект за борба против допингот Вистинската големина во одбојката е во рамнотежата помеѓу прецизната контрола и храброста да останеш транспарентен во секој потег на теренот. Кога немаш што да криеш, вистината станува твојата најсигурна поддршка за чиста и фер игра. Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува одбојкарката Симона Наковска. ...

Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што пред две недели ја погодија Венецуела се искачи на 3.535 лица, според најновите официјални податоци, пренесува „Ен-би-си њуз“. Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја потресоа Венецуела на 24 јуни, по што следуваа бројни послаби последователни потреси. Најтешко погодена е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, каде илјадници луѓе сè уште се водат како ...

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август ќе патролираат низ Охрид заедно со припадници на македонската полиција, пренесе МИА. Заедничките патроли се реализираат согласно Протоколот за соработка за време на туристичката сезона, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и на бројните туристи од Србија кои ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година, при што беа разгледани првите десетина амандмани поднесени од СДСМ, Левица и ДУИ, пренесе МИА. Дел од амандманите се однесуваа на зголемување на средствата за Министерството за односи меѓу заедниците, за плати на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, како и за повисоки блок-дотации за општинските противпожарни ...

Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно ...

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување на Кодексот започнал во 2024 година, по ...

Почеток на воспоставување нов стандард во парламентарниот живот, а не завршување на еден процес е усвојувањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на промоцијата на документот кој претходно беше донесен од пратениците. Пред пратениците и претставници на меѓународната заедница, Гаши истакна дека долговечноста на демократијата ја гарантираат меѓусебната почит, одговорноста и свеста дека ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58