Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, вечерва, 3 јули 2026 година (петок), со почеток во 20 часот, во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, ќе се одржи пијано рецитал на македонската пијанистка Даница Стојанова. -Стојанова е една од најреномираните македонски пијанистки и музички педагози, со богата меѓународна кариера како концертен уметник и долгогодишна работа во областа на музичкото ...
Светската здравствена организација денеска прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот „Хондиус“, соопштувајќи дека не се пријавени нови случаи од 25 мај. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека и последното лице кое било под опсервација го завршило карантинот, има негативен тест и се вратило дома, што ѝ овозможи на здравствената агенција на ОН и официјално да прогласи крај на епидемијата. За ...
Анализа за референдумската иницијатива за отцепување во канадската покраина Алберта Неодамнешните најави дека постои реална иницијатива за референдум во канадската покраина Алберта за отцепување и осамостојување од матичната држава Канада беа повод за интересен новинарски колегиум и, во врска со тоа, една новинарска опсервација за еден меѓународноправен феномен, но и феномен на внатрешното право, во врска со кој постојат многу заблуди и ...
Словачка ја пушти во употреба четвртата и последна енергетска единица на нуклеарната централа „Моховце“ Постојат одлуки што ги надживуваат владите, политичките циклуси и дневните идеолошки пресметки. Таква е одлуката една држава да обезбеди сопствено, сигурно и стабилно производство на електрична енергија. Токму затоа пуштањето во употреба на четвртата и последна енергетска единица на нуклеарната централа „Моховце“ претставува многу повеќе од ...
Двајца пациенти загинаа, а повеќе од 30 лица се повредени во пожар што избувна рано утрово во болница во градот Лудвигслуст, во североисточна Германија, соопштија локалните власти. Портпаролка на округот Лудвигслуст-Пархим изјави за ДПА дека двете жртви биле пациенти во болницата. Полицијата соопшти дека во пожарот се повредени повеќе од 30 лица, додека според локалните власти ниту еден од повредените не се здобил со тешки повреди. Според ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со реформите и евроинтегративниот процес, но нагласи дека нема да прифати уставни измени без јасни гаранции дека тоа е последното барање на патот кон Европската Унија. – Ќе се бориме, ќе спроведуваме реформи, ќе ја реализираме реформската агенда и ќе ги решаваме домашните проблеми. Тоа е она што можам да го ветам: жилава и бескомпромисна борба за подобар живот на граѓаните, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски повика во Изборниот законик да се најде начин за гласање на дијаспората, како што изјави вечерва, електронски или преку писма, со цел да се зголеми излезноста на изборите, а правото на гласање да се оствари на наједноставен начин. Отворени сме, вели Мицкоски, уште денеска, утре, да разговараме за сите модалитети. – Јавно кажувам, дајте да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората. Не е битно ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 ...
Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ (8-15 јули), кој годинава за првпат се одржува во три града, Дојран, Струмица и Гевгелија, носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Петте филма заедно ги илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив ...
Една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на загинати се зголеми на најмалку 2.295, додека 11.267 лица се повредени, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Спасувачките операции продолжуваат во најтешко погодените области, каде што и натаму се трага по преживеани под урнатините, иако со влегувањето на катастрофата во втората недела надежите за нови спасувања се намалуваат. Родригез ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на следните парламентарни избори и да продолжи со реализација на владините политики. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...
Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен, во координација и на барање на останатите надлежни институции и служби, се справуваа со ситуациите за нормализирање на погодените локации од невремето проследено со пороен дожд во Македонија. Вчерашното големо невреме проследено со пороен дожд предизвика локални поплавувања на повеќе улици, подвозници и објекти, како и помали материјални штети, информираат од ДЗС. – Благодарение ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не се согласи да го обнови трговскиот договор на САД со Мексико и Канада, познат како USMCA, во неговата сегашна форма, со што започнува десетгодишен период на годишни ревизии и преговори за измени на северноамериканскиот трговски договор. Одлуката, објавена по шестгодишната ревизија на договорот меѓу САД, Мексико и Канада, не значи негово непосредно укинување. USMCA останува на сила ...
Енергетската безбедност денес е прашање на заедничка одговорност и само преку поврзување на инфраструктурата, усогласување на политиките и заеднички инвестиции регионот ќе може успешно да одговори на идните предизвици, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, каде министрите од регионот, претставници на ...
Советот на јавните обвинители денеска на четириесет и седма седница го разгледа и позитивно го оцени Годишен извештај за работата на Вишото јавно обвинителство Скопjе за 2025 година. Јавната обвинителка Наташа Крстевска Цанева, која е привремен шеф на Вишото ЈО Скопје, елаборирајќи го извештајот, нагласи дека и покрај објективните потешкотии јавните обвинителства во Скопје, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Крива Паланка и Куманово успешно ги ...
Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред едукативниот панел ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати. Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред ...
Повеќе поплави и нарушувања на инфраструктурата се регистрирани по вчерашното невреме што го зафати Скопје и околината, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најголем дел од пријавите се однесуваат на поплавени куќи, подруми, гаражи и сообраќајници, како и на отежнато движење во повеќе делови од градот. Според ЦУК, најпогодени се општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром, каде што надлежните служби интервенираат според ...
Од денеска повторно се воспоставува патничкиот железнички сообраќај на пругата Скопје – Велес, откако заврши привремениот прекин предизвикан од градежните работи за проектот „Градски воз“, соопшти ЈП Железници Инфраструктура. Железничкиот сообраќај беше во прекин од 22 јуни поради ремонтни активности на делницата меѓу железничките станици Скопје и Зелениково, кои се дел од првата фаза од проектот за поврзување на Зелениково преку Драчево, ...
Владата сè уште нема донесено конечна одлука за евентуални пензиски реформи, а пред какви било промени ќе се почекаат анализите и препораките од ММФ и Светска банка, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, пренесе МИА. Таа нагласи дека за 2026 година во Буџетот се обезбедени 19,6 милијарди денари за трансфер во Вториот пензиски столб и дека овие средства ќе бидат исплатени согласно планираното. Според министерката, ММФ и ...
Со изведување на материјални докази продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека сослушувањето на сведоците беше одложено поради прашања околу статусот на класифицирани документи предложени како докази, пренесе МИА. Судот соопшти дека од Министерство за внатрешни работи е доставен извадок од Правилникот за систематизација на ...
Поради силното невреме и обилните врнежи што вчера го зафатија Скопје, на нивото -1 на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија било регистрирано протекување на вода во делот каде што се наоѓа Одделот за радиотерапија. Од Клиниката информираат дека како превентивна мерка радиотерапевтските апарати биле привремено исклучени, а по санирањето на дефектот просториите биле исчистени и дезинфицирани. По извршените проверки од овластени ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе бидат поднесени кривични пријави против лицата инволвирани во случајот со врсничко насилство, како и против нивните родители, пренесе МИА. Тој информира дека МВР ги презело сите дејствија во своја надлежност – разговарало со жртвата и нејзиниот родител, ги повикало сите учесници и сведоци на настанот, како и лицата што го снимале инцидентот, во присуство на нивните родители. За ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата со линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари придонела за подобрување на животниот стандард на пензионерите, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино, Мицкоски потсети дека како опозиција ветиле линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, но, како што рече, Владата обезбедила уште повисоко покачување. -Ние отидовме чекор понапред и ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изрази задоволство од наплатата на даноците, посочувајќи дека во јуни е забележан значителен раст кај сите главни даночни приходи, пренесе МИА. Таа информираше дека приходите од ДДВ, персоналниот данок на доход и данокот на добивка се повисоки од очекуваното и од планираното, а позитивен тренд е регистриран и кај увозните давачки. Според неа, резултатите за акцизите ќе бидат појасни по ...
Повод: Забележаното присуство на рибата-зајак во водите на Егејско Море Ако човек се информира само од дел од регионалните портали, лесно може да помисли дека летувањето во Грција годинава е рамно на експедиција низ море полно со чудовишта. „Убиец демне во плиткото“, „Риба што одгризува човечки прсти“, „Смртоносен предатор ги напаѓа туристите“… Вакви и слични наслови со недели се натпреваруваат кој повеќе ќе го исплаши читателот. Во ерата ...
Европската Унија е подготвена да ги прераспредели средствата од Планот за раст за Западен Балкан во корист на земјите што бележат најголем напредок во реформите и пристапниот процес, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на двајца претставници на ЕУ. Според медиумот, средствата би можеле да бидат насочени кон Црна Гора, Албанија и Македонија, додека дел од другите земји од регионот се соочуваат со тешкотии во исполнувањето на договорените ...
Државниот пазарен инспекторат ги следи цените на околу 700 есенцијални производи, а резултатите од анализата се очекуваат во рок од една недела, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, пренесе МИА. При посетата на Агенцијата за вработување во Штип, Ристески рече дека инспекторите извршиле контроли во голем број продажни објекти, по што Владата ќе одлучи дали и какви мерки ќе бидат преземени за намалување на цените. Тој ...
Премиерот Мицкоски во зафат за реконструкција на владиниот состав За зголемување на ефикасноста и за спроведување на приоритетните реформи по две години од преземањето на власта, премиерот Христијан Мицкоски ќе направи „клучни промени на секторите здравство, правда и локална самоуправа“ во контекст на најавената реконструкција на Владата. Промените вклучуваат прераспределба на ресори меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, како и ...
Работењето на „Лидл“ во Македонија ќе придонесе за подобрување на бизнис-климата, нови инвестиции и подобар пласман на домашните земјоделски производи, порача вицепремиерот Александар Николоски на поставувањето камен-темелник на новиот маркет на „Лидл“ во Струмица, пренесе МИА. Тој оцени дека влезот на германскиот трговски синџир е значајна инвестиција за државата, посочувајќи дека планираните вложувања од околу 200 милиони евра ќе имаат ...