Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот на работната група од извршениот надзор на работата на Основниот суд Гостивар за постапувањето по предметот за осудениот Ремзи Мифтари од Гостивар, кој има повеќекратни незаконски одлагања на извршување на десетгодишната казна затвор за случајот „Дурмо турс“. Судскиот совет, со девет гласа „за“ и два против на членовите Исамедин Лимани и Ханиф Зендели, го усвои извештајот во кој ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и директорот на Институтот ЗИП, Агим Селами, потпишаа меморандум за соработка со цел унапредување на енергетската транзиција и зајакнување на регионалната соработка во областа на енергетиката и животната средина, како и покровителство на форумот за енергетика „МЕФ 2026″. Како што информираат од МЖСПП, целта на соработката е промовирање праведна енергетска транзиција, поттикнување ...
Со години повторуваме дека Западниот Балкан е дел од Европа и сега е моментот да го покажеме тоа и конечно да ги отвориме вратите за прием во членство на земјите од регионот, изјави заменичката-министерка за европски прашања на Кипар, Марилена Рауна при презентирањето на приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на Европската Унија пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. – Актери кои не ги делат нашите ...
Раководителот на Центарот за регионална соработка од Српската стопанска комора, Александар Радовановиќ, изјави дека колку подолги се блокадите поради новиот систем за влез и излез од ЕУ, но и несоодветната реакција на ЕК и земјите од шенген-зоната во однос на третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на шенген-територијата, последиците ќе бидат сè потешки. Во изјава за РТС тој нагласи дека според податоците на ...
Осврт кон едно евергрин граѓанско прашање: Каде е најпаметно да се инвестираат личните заштеди? Последниве години се зголемува бројот на граѓани што имаат поголема финансиска сума што им останува на располагање и имаат можност да инвестираат во некои од достапните форми на инвестирање. Она што досега е познато е дека нашиот народ најмногу практикува да штеди или да инвестира во недвижности, односно имот, поточно омилена инвестиција им е – ...
Вратата на Европската унија е отворена ширум. Има целосна подршка за Северна Македонија да влезе во ЕУ и сметам дека во овој момент е неопходно земјата да се обедини, Владата, опозицијата, Собранието, граѓанското општество, бизнисите и младите да бидат прагматични да ги забрзаат реформите – порача денеска евроамбасадорот во земјава Михаил Рокас. Тој на промоцијата на два истражувачки труда: „Анализа на јавното мислење за пристапување на ...
Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени во Владата, информираат за МИА од собраниската прес-служба. Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вчера до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што информира МВР, на 26 јануари 2026 година М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со ...
Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски учеството на Форумот во Давос го оцени како успешно најавувајќи дека набргу ќе има резултати во насока на реализација на конкретни проекти и инвестиции. Смета дека во иднина во состав на македонската делегација треба да има и претставници на бизнис-секторот бидејќи, според него, Фрумот е голема можност за воспоствување бизнис-соработка. – Можам да кажам историски успешно бидејќи како претседател на Владата бев ...
Судскиот совет постапи по барањето на Основниот кривичен суд, и да дозволиме сега истрагата да утврди тоа што е потребно, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски прашан за став по одземањето на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело откако во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани ...
Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Како што информираат од Обвинителството, оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки. Државниот завод за ревизија (ДЗР) вчера информира дека Општина Охрид нема донесено ...
– Оваа одлука беше донесена на состанок на Извршниот одбор со која истовремено ССНМ ги повикува своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјава. ССНМ смета дека приклучување на протестот на кој повикува Сојузот на синдикати и е закажан за среда од 17 часот е достоинствено демонстрирање на потребите на работниците – смета синдикатот. Од таму велат дека аргументите за ...
Кога Советот за жалби при Врховниот суд укинува наша одлука, секако дека ги почитуваме напатствијата и постапуваме по нив со цел да донесеме правилна, законита одлука, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, прашан за став откако апелациската судијка Наташа Савовска Димитровска, на прес – конференција го повика Советот при повторното постапување по одлуката за нејзино разрешување да „се издигне на нивото на задачата“. ...
Поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), попладне во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР. – Денеска (28.1.2026), со почеток во 17 часот, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, лево по улицата Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, ...
Зголемување на транспарентноста на институциите, како и полесна достапност до потребните податоци – ова е целта на нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор за кој денеска беше организирана јвна расправа. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека за таа цел се работи и на унапредување на веќе постојниот портал за отворени податоци Data.gov.mk. – Нешто што е заложба на оваа ...
Најмалку 51 човек починаа во зимската бура што го погоди источниот дел на САД. Според здравствените власти, најчести причини за смртта се хипотермија и срцеви удари додека го чистеле снегот. Во сојузните држави Лујзијана, Тенеси и Кентаки пријавени се осум смртни случаи од хипотермија, а во градот Њујорк пронајдени се десет безживотни тела на отворено. Од хипотермија смртно настрадале и жители на сојузните држави Канзас, Мисисипи, Јужна ...
Трилатералните мировни преговори продолжуваат во Обединетите Арапски Емирати: Донбас и енергетското примирје се во фокусот Во пресрет на новата рунда на трилатерални мировни преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави, закажана за 1 февруари во Абу Даби, остануваат отворени двете најинтересни прашања – иднината на регионот Донбас и можноста за договор за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура. Како помина ...
Европа е регион со највисока стапка на пушење во светот, каде што просечно 25,9 отсто од возрасното население над 15 години користи тутунски производи, покажуваат податоците на платформата „Брилијант мапс“ (Brilliant Maps) врз основа на глобалниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за трендовите во употребата на тутун и никотин од 2000 до 2022 година, со проекции до 2030 година. Земјите од Балканот се меѓу европските држави ...
Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска со 44 гласа „за“ и 11 „против“ го усвоија извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус. Во објаснувачката изјава на Извештајот, Ауштревичиус наведува дека руската воена агресија врз Украина и тековните значајни геополитички промени, предизвикаа нова динамика во процесот на проширување на ЕУ. – Со ...
Ако имате впечаток дека мирисот на тутунски чад се враќа дури и по проветрувањето, не се лажете. Причината е едноставна: чадот не само што се задржува во воздухот туку се таложи и на сите рамни и меки површини. Еден од најефикасните начини трајно да се ослободите од мирисот на застоен чад е чистењето на ѕидовите. Иако често се занемарува, токму на нив со текот на годините се акумулираат никотин и маснотии, кои задржуваат непријатни мириси. ...
ЗИМСКА ТРИЛЕР-СТОРИЈА Кристалните снегулки волшебно се пресликуваа во маслинестите очи на Марија Воронцова. Надвор ветерот злокобно пиштеше носејќи снежни бранови. Во каминот весело крцкаа цепенките ширејќи пријатна топлина. Од длабочината на шумата допираше завивање на глутница. Во потрага по храна, волците влегуваа во населбите. Беше последниот ден од старата година, точно две седмици од познанството на учителката со човекот што не ѝ ...
Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска треба да се изјасни по Извештајот за Стратегијата за проширување на ЕУ на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус. Овој Извештај дава оценка на соодветноста и релевантноста на моменталната политичка позиција на ЕУ за проширувањето и методологијата што ја применува Комисијата, проценувајќи го целокупниот напредок во подготовките за пристапување и ...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија. Тој, коментирајќи ја изјавата на неговиот украински колега, Андреј Сибиха, за „Европската вистина“ дека „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ“, потврди дека тоа е „целосно точно“. – Нема ништо ново за нас во фактот дека Андреј Сибиха не е наш пријател, тој нè ...
Ексклузивно: Брисел интензивно ги планира своите внатрешни реформи (2) На итниот самит на лидерите на Европската Унија во Брисел почнаа да се обликуваат темелите за „проширена и пообединета Европа“. Но според низа познавачи на сето она што се случува во ЕУ и во врска со ЕУ, „за проширувањето на Унијата, за да може таа да функционира, неопходно е што поскоро да се реформира“. Тоа ни го најавија некои соговорници од Брисел, кои нѐ информираа ...
ДЕНЕСКА СЕ ЧЕСТВУВА СВЕТИ ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ – ПАТРОН И ЗАШТИТНИК НА ИСТОИМЕНИОТ МАНАСТИР СТАР ДЕСЕТ ВЕКА Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и нејзините верници, денеска, на 28 јануари по нов стил, го празнуваат споменот на преподобниот Свети Гаврил Лесновски. Посебно на овој ден, секоја година, манастирот „Свети Гаврил Лесновски“, кој се наоѓа во селото Лесново близу Пробиштип и е еден од постарите на Балканот, ...
Доколку искрено сакаше, ЕУ многу одамна ќе го решеше предизвикот на Западен Балкан Европската Унија планира во следниот период да го разгледува проблемот што возачите од Западен Балкан го имаат со новите европски правила околу нивниот престој во шенген-зоната, кој резултираше со блокади на границите од страна на превозниците од регионот, што јасно говори дека не е премногу засегната од настанатата ситуација. Дополнително, извори од Брисел ...
Меланија Трамп во еден од нејзините ретки јавни настапи денеска, повика на мир и единство во Минеаполис откако агенти на ИЦЕ (ICE) убија двајца американски државјани. Нејзиниот повик е најновиот обид на администрацијата да ги смири тензиите во Минесота, каде што продолжуваат немирите околу пристапот на Белата куќа кон имиграцијата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го отстрани Грег Бовино, командантот на американската гранична ...
Чајот од кора од лимон, цимет и ѓумбир може да помогне во варењето и да ја намали надуеноста. Пијалакот не е средство за детоксикација или слабеење, но е добра замена за засладени пијалаци. Најголемата придобивка е при топол ритуал, што го задоволува телото и ни помага да се чувствуваме полесно. Овој едноставен пијалак го препорачуваат многумина за подобро варење, помало чувство на надуеност и пријатна топлина во телото, но зад виралниот ...
Секој има право да протестира – рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март. -Согласно со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат ...