Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека иранските напади не се насочени кон соседните муслимански земји, туку кон американските воени бази и инсталации во тие земји. – Не ги нападнавме нашите соседи. Не ги нападнавме муслиманските земји. Нападнавме американски цели и американски бази, американски инсталации, кои за жал се наоѓаат на територијата на нашите соседи – рече Арагчи во интервју за „Ен-би-си њуз“ (NBC News), ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека на 14 март во Скопје ќе се одржи нов работнички протест, на кој ќе се бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и линеарно покачување на останатите плати за најмалку 6.000 денари. На прес-конференција одржана во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека одлуката за продолжување на синдикалните активности е донесена поради, како што рече, ...

Забраната за управување со моторно возило повеќе нема да се впишува физички во возачката дозвола, туку ќе се спроведува преку дигитален систем на известување со СМС пораки и електронска пошта, информира Министерство за внатрешни работи на Македонија. Измените се дел од законските измени во управната постапка поврзана со возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „забрана за управување со моторно возило“, изречена со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но дека, според него, таквите обиди доаѓаат предоцна, пренесе „Ројтерс“. – Тие се јавуваат и прашуваат како можат да постигнат договор. Им реков дека малку доцнат – изјави Трамп. Тој додаде дека во моментов САД немаат намера да ги прекинат операциите и дека американската армија, заедно со Израел, продолжува со нападите врз Иран. – Војската на САД, ...

По отстранувањето на десет тони опасен хемиски отпад кој повеќе од една деценија се чувал во зградата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Скопје, министерот за здравство Азир Алиу побара надлежните институции да утврдат зошто отпадот толку долго се наоѓал во центарот на градот. Алиу оцени дека ваквата состојба е „жална и непрофесионална во најмала рака“ и нагласи дека задачата на Министерството е да обезбеди безбедна и неконтаминирана ...

Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за три и пол проценти во просек. Во последните два квартала од 2025 година, реалниот бруто домашен производ порсна за 3,8 проценти, изјави денеска премиерот Мицкоски, додавајќи дека владините политики даваат резултати. Според него, опозицијата често се исмева кога го зборува ова, но, како што нагласува, факт е дека во четвртиот квартал, според податоците објавени од Евростат, ...

Повеќе од 40 уметнички дела на вкупно 27 жени уметници, академски сликари и уметници аматери најмногу од Кавадарци, потоа, Кочани, Скопје, и Битола во групна изложба на едно место во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци по повод празникот на жената 8-ми Март. Изложбата „Женско писмо“ годинава се одржува по трет пат и претставува концептуална платформа за афирмација на женската креативност, уметничка автономија и ...

8 Март – Меѓународниот ден на жената е ден кога сакаме да покажеме внимание, љубов и почит кон најважните жени во нашиот живот. Тоа е ден на изненадувања, радост и моменти што се паметат. А што ако оваа година подарите нешто навистина поинакво – нешто што носи возбуда, надеж и можност за голема добивка? Инстант лозовите на Државна лотарија, спакувани во ковертите „Среќа плус“ , се оригинален подарок што може да ја претвори секоја честитка во ...

Полицијата приведе 25-годишен жител на Скопје осомничен за физички напад, силување и упатување закани кон 22-годишна девојка со која претходно се запознал, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, лицето Е.А. (25) било лишено од слобода вчера во 16.55 часот на подрачјето на општина Гази Баба, по пријава дека на 23 февруари во неговиот дом физички ја нападнал девојката, која допатувала од Германија. Како што соопшти ...

Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 54-годишен маж од село во општина Сарај, откако физички ја нападнал својата 15-годишна ќерка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил рано утрината на 5 март, околу 05:00 часот во семејниот дом, кога осомничениот, под дејство на алкохол, започнал физички напад врз малолетничката. Нападот бил прекинат откако неговиот син успеал да ги раздели и да ...

Енергетската транзиција не се однесува само на технологии, инвестиции и мегавати, туку пред сè на луѓето, заедниците и економскиот развој, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“. Таа нагласи дека улогата на жените во трансформацијата на енергетскиот сектор е исклучително важна, особено во процесот на развој на обновливите извори на енергија и ...

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека во наредниот период ќе им бидат одземени лиценците на уште три компании за одгледување марихуана, додека работата на уште една фирма е предмет на дополнителна анализа, пренесе МИА. Како што информира министерот, досега биле процесуирани вкупно 23 компании, а за три од нив веќе е утврдено дека сигурно ќе останат без дозвола за работа. За четвртата компанија, пак, проверките сè уште се во тек. ...

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека лекарите од странство кои се дел од Комисијата што ги проверува наводите за непотребни кардиолошки интервенции во некои клиники во земјата сè уште работат на анализата, а деталите од нивниот извештај најверојатно ќе бидат соопштени следната недела. Случајот со можни непотребни интервенции беше отворен откако на проблемот јавно укажа академикот Сашко Кедев, пренесе МИА. Алиу изјави дека засега ...

Економијата бележи забрзан раст по промената на власта, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел-дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, што се одржа во Владата. Според неа, во првите два квартала од 2024 година просечниот раст на бруто-домашниот производ изнесувал 2,3 проценти, додека во следните два квартала се зголемил на 3,6 проценти. Таа посочи дека во последниот квартал растот ...

Повлекувањето на изјавите од страна на жртвите е еден од најголемите предизвици во постапувањето по случаи на семејно насилство, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса посветена на поддршката и заштитата на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство. Тошковски посочи дека жртвите често ја повлекуваат изјавата дадена во полиција, најчесто под притисок од насилникот, нагласувајќи дека во ...

Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63% од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6% спијат помалку од 5 часа, додека 22,8% спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета што ја спроведе ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. Како што објави Мицкоски на својот фејсбук-профил, во разговорот изразил поддршка за Катар и разбирање за сложената безбедносна ситуација на Блискиот Исток. – Разменивме мислења за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и ...

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите во иднина ќе се водат во дигитална форма, додека хартиената документација ќе се користи само во исклучителни случаи, како привремено решение при евентуален прекин на системот. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги претстави министерот за здравство Азир Алиу, истакнувајќи дека ...

Министерот за одбрана Влади Мисајловски денеска оствари средба со Карл Форд, директор за одбранбено планирање во НАТО и предводник на тимот од Алијансата кој учествува во редовните годишни билатерални одбранбени разговори меѓу НАТО и Македонија. На средбата било разговарано за одбранбеното планирање, модернизацијата на Армијата и исполнувањето на НАТО-целите за развој на одбранбените способности. – Продолжуваме да инвестираме во Армијата, да ...

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за прецизирање на законската рамка за инфлуенсерите и креаторите на содржина, изјави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој потврди дека Европската комисија пред две недели официјално го отвори процесот ...

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека по медиумските информации за утврдени неправилности при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи, поврзани со случајот со смртта на мајката и нејзината ќерка кои паднаа од шести кат во скопски Карпош, е оформен предмет по допрен глас. Од Обвинителството информираат дека предметот е доставен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. – ОЈО Скопје ќе преземе ...

Хемикалии што се користат во телевизиските екрани, лаптопите и паметните телефони се пронајдени во ткивата на загрозените морски цицачи, вклучувајќи ги и нивните мозоци, според ново научно истражување, кое експертите го опишуваат како сериозно предупредување за влијанието на електронскиот отпад врз океаните. Станува збор за течни кристални мономери (ЛЦМ), клучните компоненти на екраните што го регулираат преминувањето на светлината и ...

Извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС) како повод Во економската теорија, транспортот се смета за „деривативен сектор“. Неговиот обем директно зависи од индустриското производство, трговијата и од извозот. Оттука, ваквиот раст кај патниот и авиокарго-превозот сигнализира засилена економска активност, зголемена трговска динамика и подобра интеграција на домашните компании во меѓународните синџири на снабдување Податоците на ...

Полицијата приведе 55-годишен маж од Скопје осомничен за семејно насилство и закани со пиштол кон членови на своето семејство. Како што соопшти МВР, на 6 март 2026 година во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С. (55) од Скопје, поради сомнение дека пукал од пиштол во семејниот дом и им се заканувал на сопругата и нивните три ќерки. Според пријавата, на 1 март, по претходна ...

Петнаесеттиот петгодишен план во фокусот на најважниот политички настан во Кина – „Две сесии“ Широкоочекуваниот 15-ти петгодишен план е во фокусот на годинашната агенда на најважниот политички настан во Кина, „Две сесии“, кој почна завчера во присуство на повеќе од две илјади политички советници, на отворањето на четвртата сесија на 14-от Национален комитет на Кинеската народна политичка консултативна конференција (ЦППЦЦ), која е највисоко ...

Претседателската на Косово, Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и најави дека ќе бидат распишани вонредни избори. Османи изјави дека откако синоќа пратениците не успеаја да изберат претседател на собранието, го турна Косово во нови избори, пренесе МИА. – Оваа ситуација целосно можеше да се избегне. Голема несреќа е што пратениците не го избраа интересот на народот – наведе Османи. Таа најави дека во текот на денот ...

Што ќе гледаме во март во Кинотеката Во март Кинотеката на Македонија ја обликува својата програма како промислен и концептуално заокружен циклус на проекции посветени на современите регионални продукции и нивните дијалози со пошироките европски и светски филмски традиции. Оваа селекција не е само репертоар на актуелни остварувања туку и куриран простор за критичко преиспитување на авторскиот филм, неговата општествена релевантност и неговата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради порастот на цените на бензинот во САД, кој се случи по ескалацијата на конфликтот со Иран. Во интервју за Ројтерс, Трамп нагласи дека евентуалното поскапување на горивата е помал проблем во споредба со пошироката безбедносна ситуација. – Немам никакви загрижености за тоа. Цените ќе паднат многу брзо кога ќе заврши ова. А ако се зголемат, нека се зголемат – ова е многу ...

Судирот на трампизмот со британскиот финансиски империјализам како повод Врз одлуката на Врховниот суд на САД за царините влијаеја странски интерес и политичко движење. Странските земји, кои нѐ пљачкаа со години, сега се во екстаза и танцуваат на нашите улици. Но нема да им биде тоа за долго, изјави неодамна американскиот претседател Доналд Трамп, гневен на странските земји и на судиите во Врховниот суд, кој ги поништи повеќето од неговите ...

„Антолог“ го објави македонскиот превод на романот „Дрвеници“ од современата хрватска писателка Мартина Видаиќ, во превод на македонски јазик на Ѓорѓи Крстевски, суптилна и длабоко човечка проза што се движи по рабовите на личната загуба, сеќавањето и просторот во кој живееме и кој нè обликува. Романот е добитник на наградата за литература на Европската Унија за 2023 година. Во фокусот е младата архитектка Горана Храбров, која се справува со ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
32%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
41%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
30%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
38%
1013
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
7.52
41%
1013
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
29%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
42%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
32%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
26%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
6.26
35%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
7.72
36%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
67%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Алуминиум

3.62

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Рутениум

53788.20

Цинк

3.45

Иридиум

253540.09

Калај

50.49

Бакар

12.07

Кобалт

45.39

Платина

63947.83

Родиум

326330.08

Паладиум

47416.53