Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година, соопштија од Министерството. За прв пат, како што се посочува, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за ...
За да ја запре војната, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Неколку пати изјавивме дека, за да се запре жешката фаза од специјалната воена операција, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас. Ова мора да се направи. Ова навистина би го олеснило преминот кон процесот на решавање на конфликтот со политички и дипломатски средства“, изјави Песков, ...
Пред војната на Блискиот Исток, руското производство на нафта опаѓаше три месеци по ред поради заострените санкции, намалените индиски набавки и рекордните попусти на руската сурова нафта. Зголемувањето на залихите во март поради затворањето на Ормускиот теснец изгледаше дека веројатно ќе го зголеми производството. Всушност, тоа повторно ќе се намали, бидејќи нападите со дронови на Украина онеспособија значителен дел од извозната ...
Германската компанија „ХЕРЕ технологии“ (HERE Technologies), како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, а во рамки на напорите да се понудат најнапредните мапи на светот, од следната пролет ќе мапира високо чувствителни тридимензионални (3-д) форми на РС Македонија. „ХЕРЕ“, со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и знаци на патот, во месец мај и јуни 2026 година при улици ќе ...
Најголемата градина на црешови цветови во светот е Пингба во Гуиџоу, југозападна Кина, каде што 700.000 дрвја покриваат 1.600 хектари во прекрасно море од розова боја. Што се однесува до поединечни дрвја, древните, познати дрвја во Јапонија како што е 2.000-годишната Јаматака Џиндаи Закура се сметаат за најголеми, додека Градината Алнвик во Велика Британија е домаќин на најголемата колекција на цреши со крупен бел цвет Таихаку. A fun fact ...
Воениот лидер на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, изјави дека „луѓето мора да заборават на демократијата“ и дека „демократијата убива“. Траоре, кој ја презеде власта со државен удар во септември 2022 година, претходно вети дека ќе одржи избори во 2024 година, но сега изјави дека тие нема да се одржат сè додека земјата, која повеќе од една деценија е разурнувана од исламистички бунтови поврзани со Ал каеда и Исламската држава, не биде доволно ...
Лондон – Како и со сите големи празници, кралското семејство е познато по тоа што го слави Велигден на многу појавен начин отколку што би можеле повеќето луѓе. И оваа година не беше исклучок – освен принцезата Кејт и принцот Вилијам. Kралот Чарлс III и кралицата Камила го започнаа викендот со присуство на Кралската света служба во катедралата „Св. Асаф“ во Северен Велс. Оваа пригода се покажа како продолжение на традицијата на покојната ...
Во организација на Здружението на навивачите на Ливерпул од Македонија големата ѕвезда на Ливерпул Џон Барнс во деновите на викендот ќе биде гостин во Македонија. Главниот настан ќе се одржи во сабота во Битола во „Клуб Расчекор“, каде настанот почнува во 12 часот, а ќе има и заедничко гледање на дуелот од четвртфиналето од ФА купот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул од 13:45 часот. Во продолжение фановите на Ливерпул ќе можат да се дружат со ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика таканаречените „средни сили“ да се обединат и да им се спротивстават на САД и Кина, објави Блумберг. Макрон ја истакна таа порака како силна поента за време на неговата посета на Азија оваа недела, каде што разговараше за безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец и зајакнувањето на соработката со Јужна Кореја и Јапонија – земји кои ги чувствуваат ефектите од зголемувањето на цените на ...
Министерството за финансии денеска соопши дека реализацијата на буџетот е стабилна во првите три месеци од годината и се бележи раст на приходната страна. – Вкупните приходи во буџетот достигнаа 81,2 милијарда денари, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7 проценти, при што највисок пораст се забележува кај данокот на добивка од 23,6 проценти и данокот на ...
Повеќе случаи на семејсно насилство нотира денешниот полициски билтен, а сите се однесуваат на жители на главниот град. Имено, ноќеска, во 1 часот по полноќ, во СВР Скопје 52-годишна жена пријавила дека претходниот ден, во домот на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во ...
„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед“, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир. За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и ...
Волонтери од Црвениот крст при Град Скопје заедно со активистот Андреј кој стана познат под псевдонимот „Градинарот“ го „светнаа“ кејот во центарот на главниот град. Ова фрекфентно место, се чини, не може да остане чисто подолго време. Токму затоа, во пресрет на убавите пролетни денови, овие луѓе ги засукаа ракавите и го исчистија овој дел од отпад, трева и гранки и покажаа што значи да се биде општествено одговорен и корисен за средината во ...
Културно информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на романот „Немам страв “ од Трајче Стамески, во издание на издавачката куќа „ПАНИЛИ“, на 7. април 2026 год. во 19:19 часот во Салон 19:19. Промотори и разговор со авторот: Венко Андоновски и Весна Мојсова-Чепишевска Извадоци од романот ќе читаат :студенти од Филолошки факултет„Блаже Конески“ – Скопје Модератор: Ана Љубиќ Специјален гостин Ема ...
По светската премиера на овогодинешното Берлинале, долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ го продолжува својот фестивалски живот со учество на три меѓународни филмски фестивали во првата половина на април. На 8 април филмот ќе има премиерни проекции на 50. Интернационален филмски фестивал во Хонг Конг (Hong Kong International Film Festival) и на 44. Интернационален филмски фестивал на Уругвај (Festival Cinematográfico ...
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија. „Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. „Овој значаен проект за нашата општина го реализираме со средства од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините. Просторот пред салата го трансформираме во прекрасно и ...
Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030 година и нагласува дека целта е ...
Германскиот фудбалски тренер Јоаким Лев е фаворит за преземање на селекторското место на Гана. Фудбалската федерација на Гана на 72 дена пред Мундијалот го отпушти досегашниот селектор Ота Ада и сега се наоѓа во „временски теснец“. Преговорите за Лев биле во завршна фаза и се очекува да биде потпишан во следните денови. Тоа би значело враќање на Лев на селекторската работа и нов Мундијал за него откако со Германија беше светски првак во 2014 ...
Поканите за најголемиот моден настан беа испратени оваа недела, и се чини дека целиот Лос Анџелес беше поканет, освен војводата и војвотката од Сасекс. Мет Гала: Кој е на листата? Со овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 4 мај, копретседатели се Бијонсе, Никол Кидман, Венус Вилијамс и глобалната уредничка директорка на Вог, Ана Винтур. Пред неколку месеци беше објавено дека Џеф Безос и неговата невеста, Лорен Санчез Безос, се главни ...
Азија досега е најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа може да се соочи со недостиг од дизел и гориво за авиони најдоцна во мај, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол. Иран одговори на американско-израелските напади врз енергетската инфраструктура со напад врз енергетски објекти во други земји од регионот на Персискиот Залив кои „домаќини“ беа американски воени бази. ...
Мадрид – На воeна писта во југоисточна Шпанија, речиси незабележано, но со силна симболика, се случи важен момент за иднината на монархијата. Наследничката на шпанскиот престол, Леонор од Астурија успешно го изведе својот прв самостоен лет, правејќи значаен чекор во својата воена обука и личен развој, пишуваат шпанските медиуми. Како што соопшти шпанската кралска куќа денеска, летот бил реализиран на 18 декември 2025 година, во ...
Доналд Трамп неделава драматично ги засили своите закани кон НАТО, додека неговиот гнев кон американските сојузници расте поради нивното одбивање да се приклучат на американската војна против Иран. Американскиот претседател изјави дека „апсолутно“ размислува за напуштање на Алијансата, иако не ја објасни подетално оваа закана. Досега Трамп не презеде конкретни чекори за излез, потег што американскиот закон му го забранува без одобрение од ...
Американски експерти за меѓународно право потпишаа отворено писмо во кое се вели дека нападите на САД врз Иран може да претставуваат воено злосторство, откако претседателот Доналд Трамп ги повтори заканите за напад врз иранските електрани и постројки за десалинизација. Трамп, кој претходно предложи различни временски рамки и цели за војната, во телевизиски говор во среда рече дека војната може да ескалира ако Иран не отстапи од условите на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот е најдобра за неговата земја во последните 10 месеци, додавајќи дека украинските сили успешно ја одбиле руската офанзива минатиот месец. „Офанзивата што ја планираа за март беше спречена од дејствијата на нашите вооружени сили. Затоа Русите сега едноставно ќе ги интензивираат своите офанзивни операции“, рече Зеленски, преку денешното соопштение од ...
Во Унгарија во тек се подготовки за посетата на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс следната недела по Велигден, само неколку дена пред парламентарните избори во земјата – јави ДПА. Полицијата во Будимпешта денеска објави долг список на затворени патишта во унгарската престолнина за вторник и среда. Потпретседателот Венс има намера да се сретне со премиерот Виктор Орбан во Будимпешта и да одржи говор за „богатото партнерство“ меѓу двете ...
Доктор Милан Ристески, специјалист по онкологија,на својот фејсбук-профил апелира лицата заболени од рак да не следат безусловно разни упатства за лекување објавени на интернет затоа што тоа, како што вели, може да ги доведе до побрза смрт. Тоа, нагласува, е случај и со тврдењата дека заболените треба да гладуваат за да го „изгладнат“ ракот. – Овој лик што се претставува како доктор, а всушност е киропрактичар по неуспешен обид да заврши ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција. Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во ...
Претседателот Доналд Трамп изрази фрустрација и разочарување од секретарот за трговија Хауард Лутник и секретарката за труд Лори Чавез-Деремер – и размислува да направи дополнителни промени во својот кабинет. „Тој е многу лут и ќе преместува луѓе“, изјави за „Политико“ функционер на администрацијата запознаен со динамиката. На тој функционер и на уште три лица кои се запознаени со размислувањата на Трамп околу неговиот кабинет им беше ...
Според достапните податоци, францускиот брод CMA CGM Kribi успешно помина низ Ормускиот теснец. Ова е првото регистрирано поминување на европски брод од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток Во средината на конфликтот со САД и Израел, Иран ја презеде контролата и делумно го блокираше сообраќајот во Ормускиот теснец. Тоа е важен, но тесен поморски премин преку кој се транспортира една петтина од светската нафта и течен нафтен гас во ...