Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Минхенска безбедносна конференција се сретна со холандскиот премиер, Дик Схоф и Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет, а присуствуваше и на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио. Со холандскиот премиер Схоф Мицкоски, како што рече во својата изјава, разговарале за три важни работи за Македонија. „Првата е што ние се наоѓаме во истата конституенца заедно со Холандија во СБ и ММФ. ...

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се наиновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Неготино го честита големиот празник Св. Трифун и посака многу добар род и добри откупни цени. На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки Регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат, произведуваат.“ ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио во саботата им упати смирувачка порака на сојузниците на Америка, изразувајќи помалку агресивен, но сепак цврст тон во врска со намерата на администрацијата да го преобликува трансатлантското здружение и да ги промовира своите приоритети по повеќе од една година често непријателска реторика на претседателот Доналд Трамп кон традиционалните сојузници. Потсетувајќи ја својата публика на годишната ...

Анде Јанков е писател на трилер романи од Велес, кој годинава слави јубилеј – 10 години од првиот роман. Низ годините пишува кратки раскази, за таа негова креативност во пишаниот збор, пред десет години да премине во рома. Среќни околности го доведуваат до наградата „Романијада“, со наеговиот деби-роман „Едно лето на Крит“, за подоцнежните негови романи да почне да ги издава реномирана издавачка куќа. Додека го пишува веќе седмиот роман од ...

Речиси две години, Илија Малинин го прави машкото уметничко лизгање да изгледа предвидливо на најспектакуларен начин. Во петокот вечерта на јужните периферии на Милано, Олимписките игри му потсетија на спортот, а можеби и на самиот Малинин, дека предвидливоста никогаш не е загарантирана на неговата најголема сцена. Убедливиот фаворит кој влезе во слободно лизгање, 21-годишниот Американец, наместо тоа, ја виде олимписката титула одземена од ...

Македонија не може да се придвижи кон членството во ЕУ сѐ додека не се изврши промената на уставот и Бугарите не се внесат во него изјави претседателката на Бугарија, Илијана Јотова од Минхенската безбедносна конференција. Според неа, тоа не е само барање на Софија, туку одамна е и политика на Европската Унија. Изјавата Јотова ја даде по нејзината средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Со Кошта се сретна и македонскиот ...

Четири години по руската инвазија, про-украинскиот медиумски простор, од Вашингтон до Скопје, е заробен во стапица што самиот ја создаде. Стапицата се вика: нереални очекувања. Секој кој ја поддржува Украина, а јас сум меѓу нив, мора да си постави едно искрено прашање: дали навивањето и преувеличувањето на руските загуби, дали бомбастичните наслови за „претстојниот колапс на Русија“ и дали лажната надеж дека Путин „само што не паднал“ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне ...

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија. Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на ...

Финска го отвори првиот европски рудник за литиум и фабрика за преработка што може да се користи за батерии, со што Европа за прв пат добива свој комплетен синџир на производство на оваа суровина и ја намалува зависноста од увоз од Кина. Рударската компанија „Келибер“ започна со експлоатација во градот Каустинен на западот од земјата, додека преработката се одвива во областа Кокола, а се очекува проектот да создаде околу 350 работни места, ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Минхенската безбедносна конференција се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Како што самиот објави на Фејсбук, Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања. „Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на ...

Големиот железнички мост Данјанг-Куншан, долг 164,8 километри, е најдолгиот мост во светот. Овој импресивен инфраструктурен потфат е дел од брзата железница Пекинг-Шангај и го поврзува Шангај со градот Нанџинг. Иако често се нарекува мост, тој всушност е огромен вијадукт што преминува реки, канали, земјоделски површини и делови од езерото Јангченг. Неговата намена не е само спектакуларна должина – мостот им овозможува на возовите да се движат ...

Феноменот на социјално повлекување познат како хикикомори, претходно проблем карактеристичен за Јапонија, сега сѐ повеќе се јавува во Италија, со растечки број млади луѓе кои се заклучени дома со месеци, ако не и со години, без никаков контакт со надворешниот свет освен преку социјалните мрежи, според извештајот објавен од Анса. Во Италија има 200.000 вакви случаи, многу повеќе од официјалните проценки, според извештајот објавен во среда на ...

Репрезентативецот на Чешка 19-годишниот Методиј Јилек е нов олимписки шампион во дисциплината 10.000 метри брзо лизгање. Тој патеката ја мина за 12:33.43 минути. Ова за него е втор медал откако го освои сребрениот во дисциплината 5.000 метри на Игрите во Милано Кортина. Второто место и среброто го освои Владимир Семируни од Полска, кој имаше заостанување од 5.65 секунди зад победникот, додека бронзениот медал го освои Јорит Бергсма од ...

Берлин – Во кариерата на француската актерска икона Изабел Ипер, која се протега низ 50 години и повеќе од 120 филмови, невозможно е да се повлече линија. Ако постои врска помеѓу нејзините ликови – потиснатиот професор по музика од „Учителката по пијано“ (2001), преживеаната од силување од „Ел“ (2016), возбудената мајка-настојничка во „Калуѓерката“ (2013) или напнатата невенчана тетка од „8 жени“ (2002) – тоа е бесконечната способност на Ипер ...

Најновите долгорочни прогнози за пролетта 2026 година укажуваат дека слабеењето на климатскиот феномен Ла Ниња може да влијае врз временските услови во Европа. Според анализата на Severe Weather Europe, се очекува тенденција на понизок воздушен притисок над континентот и повисок притисок над далечниот север. Метеоролошката пролет ги опфаќа март, април и мај и претставува преоден период меѓу зимата и летото. Во стратосферата во моментов ...

Имате проблеми. Можеби повеќе отколку што мислите. Освен вообичаените секојдневни грижи како работата, парите, времето, врските – цивилизираниот живот може да ви предизвика и психолошка траума, пренесува Fakulteti.mk. Исклучувањето од природата може да биде лошо за нашето ментално здравје. Не постоеше збор за оваа состојба до моментот кога австралискиот професор Глен Албрехт го измисли терминот „психотератика“, создавајќи го зборот за да ...

Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска. Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на РКЕ и на член на ДКСК. Постапката за нивен избор ќе ја води Комисијата за ...

Пред точно 80 години, вечерта на 13 февруари 1945 година, започнаа серија напади на сојузниците со огнени бомби на германскиот град Дрезден, со што „Фиренца на Елба“ се претвори во урнатини и пламен, а беа убиени околу 25.000 луѓе. И покрај ужасните размери на уништување, тој напад веројатно постигна малку стратешки, бидејќи Германците веќе беа на работ на предавање. Пред точно 80 години, вечерта на 13 февруари 1945 година, започнаа ...

Галеријата „Остен“ од Скопје ги објави „Остеновите уметници“ за 2025 година, најавувајќи групна изложба на слики, цртежи и објекти. Изложбата ќе содржи уметнички дела од 14 македонски артисти. „Остенови уметници за 2025 година“ се Жанета Вангели, Мице Јанкуловски, Синиша Кашавелски, Блаже Крстаноски Блажески, Свето Манев, Миро Масин, Ристо Мијакоски, Томе Мишев, Данчо Ордев, Станко Павлески, Ирена Паскали, Симонида Филиповска Китановска и ...

Со традиционална македонска музика, закројување лозово гранче и испраќање порака за мир во реката Вардар денеска почнаа 24. Дебармаалски средби и серенади, посветени на воспевање на виното и љубовта, по повод Св. Трипун и Св. Валентин. Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, а ќе продолжи во Градскиот парк, кај споменикот „Гоце Делчев“, каде што ќе биде положена заклетва дека оваа традиција ќе биде негувана и чувана. Потоа ...

Минхенската безбедносна конференција денеска почна со многу силен говор на германскиот канцелар Фридрих Мерц кој повика на задржување на трансатлантското сојузништво и преземање на Европа на многу посамостојна и поодговорна улога. Тој рече дека „досегашниот светски поредок веќе не постои“ и „Европа штотуку се врати од одмор од историјата“. Мерц го започна говорот со пријатни зборови, велејќи дека Минхенската конференција „отсекогаш бил ...

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. – Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ...

Владата на САД објави дека приходите од царината се за 304 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што доведе до намалување на буџетскиот дефицит. Само во јануари, вкупно 30 милијарди долари се собрани преку царински давачки, а 124 милијарди долари од почетокот на фискалната година, објави Си-Ен-Ен. Владата, исто така, соопшти дека евидентирала помал буџетски дефицит отколку пред една година, што имплицира дека и ...

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од СВР Тетово. Според информациите, на 12 февруари 2026 година во 13:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги, во кое се наведува дека на 8 декември 2025 година во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од ...

Охрид, но и останатите општини во земјата генерално се соочуваат со проблемот на појавата на дивите депонии со комунален отпад односно т.н. сметишта. Начинот како да се ублажат последиците од појавата на такви депонии и тоа преку дискусии на претставници на институции задолжени за односната тематика, беше темата на јавната панел-дискусија одржана денеска во Охрид. На панелот како општ впечаток беше посочено дека барем кога се работи за Охрид, ...

Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални центри за стручно образование и обука од денеска може и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, соопшти Министерството за образование и наука. МОН информира дека 19 советници за неформално образование и искуствено учење и 20 проценувачи од регионалните центри за стручно ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц по неговиот силен говор на Минхенската безбедносна конференција се вклучи во дискусија за перспективите за проширување на ЕУ, откако претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му постави прашање во таа насока. Тој призна дека „се чувствува сè понепријатно“ поради неможноста на ЕУ да постигне значаен напредок во процесот на пристапување. „Мораме повторно да отвориме нова стратегија, како да ги приближиме ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.6
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
74%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Калај

43.91

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19