Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија. На литургијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денеска ќе извршат увид во реализација на проектот „Градски воз“. Очекувањата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали користењето на патничките моторни возила, бидејќи возот ќе биде ...

Во Скопје денеска ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со почеток во 7 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од патната мрежа. Сообраќајот ќе биде привремено затворан во три временски интервали од по пет минути — од 7 до 7.05 часот, од 8 ...

Иако сè уште не знаеме точно каде е соборен авионот, досега во иранските државни медиуми често се споменуваат две провинции – Когилује и Бојерахмад, и Хузестан. Двете провинции се разновидни и дом на луѓе од голем број различни етнички групи – вклучувајќи номади. Хузестан е клучен центар на иранската економија и моќна компанија за нафта, додека Когилује и Бојерахмад се едни од помалку индустријализираните провинции во Иран. Откако започна ...

Дронови на вооружените сили на Украина успешно погодија две руски радарски станици, ракетен систем земја-воздух „Тор“ и противвоздушна единица низ окупираниот Крим и Донбас, објави војската во сабота, 4 април. Во кримскиот град Феодосија, операторите од единицата „Маѓарови птици“ на 414. Одделна бригада погодија радарска станица што му припаѓа на комплексот „С-400 Триумф“. Оваа цел со висока вредност е способна да следи до 100 објекти ...

Нешто после 18 часот на 4 април 1968 година, Мартин Лутер Кинг помладиот е смртно застрелан додека стоеше на балконот пред неговата соба на вториот кат во мотелот „Лорејн“ во Мемфис, Тенеси. Лидерот за граѓански права беше во Мемфис за да го поддржи штрајкот на санитарните работници и беше на пат за вечера кога куршум го погоди во вилицата и му го отсече ‘рбетниот мозок. Кинг беше прогласен за мртов по неговото пристигнување во болница во ...

Претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека Техеран има уште 48 часа да склучи договор или да се соочи со „цел пекол“, додека американските и иранските сили се обидуваат да го пронајдат соборениот американски пилот. Последната закана на Трамп дојде по нападот во близина на иранска нуклеарна централа што предизвика евакуации, Техеран најави нови напади во регионот, а Револуционерната гарда изјави дека погодила комерцијален брод во ...

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема Тоа се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Бројот на нови случаи со некој од овие три вида канцер останува релативно стабилен на Онкологија, но вкупниот број ...

Пензионираниот американски генерал-полковник Кит Келог изјави дека НАТО можеби ќе треба да се замени, тврдејќи дека алијансата се покажала како „кукавичка“ и неефикасна за време на конфликтот со Иран. Во гостувањето во Фокс њуз, Келог остро ги критикуваше сојузниците на НАТО за нивниот неуспех да се заложат за решавање на конфликтот со Иран. Притоа, тој посочи дека Соединетите Држави би можеле да имаат корист од нови партнерства во ...

Комисијата за култура на СДСМ денеска преку соопштение упати остри критики до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, обвинувајќи го за обид за присвојување на туѓи заслуги во врска со реконструкцијата на Лешочкиот манастирски комплекс. Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак Од опозициската партија велат дека изјавата на министерот Љутков е „уште еден обид за присвојување на проект кој е започнат, финансиран и ...

Публика само во партер, сцена замислена како бела кутија или дом, одвреме на време во фон се слуша преубава музика како „од оној свет“, и во центарот е жената, убава, облечена како по последна мода во црн фустан и сако, со мала чантичка, и во црни лакирани салонки. Косата собрана во пунџа, а при крајот од претставата, долга и пуштена, и со круна на главата и во одора. Минималистичка атмосфера и со сценографија и со костимографија, а ...

СДСМ не само што не е мртва партија, туку разликата со ВМРО-ДПМНЕ континуирано се намалува, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Во однос на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски, Филипче потенцираше дека тие се извадени од контекст и злоупотребени во функција на координирана кампања против СДСМ. „Кога ќе се погледне целата изјава, јасно е дека станува збор за поддршка на процесите што ...

Премиерот Христијан Мицкоски нема храброст да признае дека погрешил, дека мерките кои ги предложивме се добри и дека требаше да се имплементираат веднаш, за да не се создаде спиралата на зголемување на цените како резултат на растот на горивата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по објавата дека утре владата ќе ја намали акцизата за горивата. „Повторно го слушнавме денеска премиерот како доаѓа на ...

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска изјави дека еден од приватните институти што беа затворени бил регистриран во кладилница и тоа бил најбруталниот пример меѓу оние 14 што ја загубија дозволата за работа. „Комисијата од МОН отиде да направи увид на еден институт. Тој беше регистриран во кладилница, во задната просторија на обложувалница, каде што институтот требаше да ги обавува своите функции на две столчиња и два душека ...

Со вечерашното гостување на Црногорско народно позориште од Подгорица и претставата „Другата страна“ на сцената на МНТ од 20 часот ќе биде заокружено роденденското одбележување на 81 година од постоењето на Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Сања Вујисиќ, Тихана ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која загуби на иозвонредно важниот референдум минатата недела, се справува со последиците од обвинувањата дека еден од нејзините министри (кој поднесе оставка минатата недела) имал врски со мафијата, а веќе оваа недела има нова афера со која треба да се справи. Поранешната манекенка откри дека има афера со италијанскиот министер за внатрешни работи, кој е во брак со маж со две деца, објавува „Телеграф“. ...

Руските сили го нападнаа градот Никопол во регионот Дњепропетровск, при што загинаа пет лица, а други 19 беа повредени, според Олександр Ганжа, началник на Регионалната воена администрација на Дњепропетровск. „Непријателот користел дронови ФПВ за напад. Избувна пожар. Уништени се малопродажни павилјони и продавница. Пет лица загинаа – три жени и двајца мажи“, напиша тој на својот Телеграм канал. Меѓу ранетите е и 14-годишно девојче, кое е ...

Пет министри за финансии на ЕУ повикаа на данок на неочекуваниот и брз профит на енергетските компании како одговор на зголемените трошоци за енергија поради војната во Иран, според Ројтерс. Мерката би испратила јасна порака до оние кои „профитираат од последиците од војната“, според писмото од министрите на Германија, Австрија, Италија, Шпанија и Португалија до Европската комисија. Предложениот данок би испратил порака дека „ние сме ...

По две-три недели тврдење дека ситуацијата е под контрола со растот на цената на енергенсите и најавите дека се очекува оти ќе запре растот на цената на нафтата, премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата конечно ќе преземе дополнителни мерки. Тој најави дека биле исполнети условите за намалување на акцизите – за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар. За утре е закажана седница на Владата на која ќе се ...

Во нападот на танкерот „Кендил“ од руската „флота во сенка“ во декември 2025 година бил убиен Андреј Аверјанов, генерал на Главната разузнавачка управа (ГРУ), одговорен за саботажи и атентати во странство. Ова го објави француската радио станица РФИ, повикувајќи се на информирани извори. Според новинарите, украинскиот воен персонал кој дејствувал од Либија во координација со официјален Триполи можеби стоел зад операцијата. Покрај екипажот, ...

Иран погуби двајца мажи осудени за членство во забранета опозициска група и спроведување деструктивни акции насочени кон соборување на Исламската република, соопшти судството. Егзекуциите во саботата беа најнови во серијата насочени кон членови на забранетата Народни муџахедини на Иран (МЕК), откако четворица други осудени членови на групата беа погубени претходно во текот на неделата. „Аболхасан Монтазер и Вахид Банијамеријан… беа обесени ...

Македонија има меѓу најниските цени на горивата во Европа, но возењето е најскапо, бидејќи за да се наполни еден просечен резервоар со бензин или со дизел, треба да се издвои многу поголем дел од просечната плата отколку во другите земји во регионот, или во Европа. Ова покажува колку животниот стандард кај нас е на ниски гранки, како и дека нагласувањето дека бензините кај нас се најевтини се фрлање прав во очи за да се замагли непријатната ...

Либерално-демократската партија вели дека биле потребни само неколку недели за јавноста да се увери оти изборот на новиот државен јавен обвинител не е чекор кон правда, туку обична замена на едно партиско влијание со друго. „Оставката на обвинителката Ленче Ристоска е само последната потврда дека системот ги исфрла професионалците за да направи простор за егзекутори на владините политики“, вели партијата. ЛДП во соопштение нагласува дека ...

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде ...

Американски борбен авион F-15E Strike Eagle е соборен над Иран, што е прв познат случај иранските сили да соборат американски авион од почетокот на конфликтот. Претходно во војната, кувајтската воздушна одбрана собори три американски F-15E во инцидент со пријателски оган. Еден член на екипажот е спасен, изјавија американски претставници за Си-Би-Ес. Членот на екипажот е спасен од американските сили. Потрагата по вториот е во тек. Врвен ...

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна денес во регионот на Персискиот Залив, изјавија двајца американски функционери за „Њујорк тајмс“. Функционерите изјавија дека единствениот пилот бил безбедно спасен откако напаѓачкиот авион „А-10 Вортог“ се урна во близина на Ормускиот теснец. Инцидентот наводно се случил приближно во исто време кога бил соборен ловецот „Ф-15Е“. Еден од двајцата членови на екипажот на тој ...

Осум лица загинаа, а едно дете е повредено кога куќа се урна по земјотресот во Кабул, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи на Авганистан. Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан, објави во петокот Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). Силно тресење на земјата беше почувствувано во главниот град на Пакистан, Исламабад, главниот град на Авганистан, Кабул и главниот ...

Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) денес ги објави првите слики од Земјата направени од екипажот на „Артемис II“, неколку часа откако мисијата ја напушти орбитата на Земјата, со натпис „Здраво, свету“. Едната слика е направена од командантот на „Артемис II“, Рид Вајзман. НАСА сподели уште една слика што прикажува дел од Земјата низ прозорецот на капсулата Орион. View this post on Instagram A post shared by ...

Кир Стармер е предупреден дека неговиот однос со Доналд Трамп можеби е непоправлив откако американскиот претседател го исмеа британскиот премиер затоа што се консултирал со својот тим за воени одлуки, во потсмешливо лажно претставување. Во новото ниско ниво за односите меѓу Велика Британија и САД, Трамп се појави како да го имитира Стармер со слаб глас за време на говорот за велигденски ручек во Белата куќа и рече дека Велика Британија „не ...

Американските сили спасија еден од членовите на екипажот на соборениот американски борбен авион во Иран, според три извори запознаени со ова прашање. Членот на екипажот е жив и прима медицинска помош. Не е јасно каква е состојбата на вториот член на екипажот. Изворите рекоа дека операциите за пребарување и спасување се во тек откако авионот беше соборен над Иран. Еден од американските извори, исто така, потврди дека авионот бил борбен ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
45%
1007
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
49%
1008
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
37%
1007
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
41%
1007
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
7.0
42%
1006
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1006
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
57%
1003
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
42%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
32%
1005
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
54%
1004
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
4.63
37%
1006
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
56%
1004
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Родиум

320703.70

Паладиум

47776.01

Бакар

13.33

Алуминиум

3.61

Платина

68063.13

Сребро

2786.34

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

55.66

Злато

151086.58

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00