Во 1903 година Мисирков го создава првиот научно аргументиран обид за стандардизација на македонскиот јазик и со тој чин, тој всушност ја поставува основата на политичката легитимност на македонската нација. Ако постои една константа во мисловниот корпус на Мисирков тоа е автономијата на Македонија, но автономија не како политичка цел сама по себе туку автономија како императив за сочувување на опстанокот на македонската самобитност, истакна ...

Дете затруено од лекови е примено во тетовската болница. – На 05.04.2026 во 14:55 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во Клиничка болница Тетово е примено 10-годишно дете, кое според пријавеното, испило поголема количина на лекови. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од тетовската полиција. Дете затруено од лекови е примено во тетовската болница. – ...

Градоначалникот на Општина Струга доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според информацијата, тој, именувал вршител на должност директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лице со несоодветно образование и сертификат за познавање на англиски јазик, како и дека не исполнува повеќе услови од Законот за јавни претпријатија. – Надворешната канцеларија за ...

Со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студенти протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Учесниците носеа и политички пораки, меѓу кои „Охридскиот договор не се преговара повторно“ и „Законот за јазиците е јасен“, а дел од нив упатија и директни пораки до правосудните институции и Уставен суд на Република Македонија. „Не го допирајте ...

На втората вечер од 30-годишнината од Фестивалот на глума „Миливое Живановиќ“ во Пожаревац, наградата за најдобар актер на вечерта му припадна на Никола Ристановски за улогата на професорот Мишел Бабиќ во претставата „Уна“, на театарот Звездара. Стручното жири и жирито на публиката беа едногласни во својата проценка дека Ристановски треба да биде лауреат на втората вечер на фестивалот, за неговата улога во претставата заснована на романот од ...

Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи, информираат од Министерството за финансии (МФ). „Стандард и Пурс“, како што велат, изврши редовен полугодишен преглед на кредитниот рејтинг на РС Македонија, во рамки на календарот за суверени рејтинзи за ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот. -Станува збор за стандардна процедура согласно европската ...

Со особена чест и задоволство објавуваме дека Комерцијална банка по јубилеен 15-ти пат е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2026 година“ од угледниот финансиски магазин Global Finance. Оваа престижна меѓународна награда за Банката претставува силна потврда за континуираниот развој, стабилноста, иновативниот пристап, високата грижа за клиентите и значајниот придонес за домашната економија. Со ова признание, Комерцијална банка се ...

Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок, оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа, се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на ...

Mалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за ...

Полувековниот јубилеј клубот ШК Алкалоид го одбележа викендот со организација на шаховски фестивал, во чии рамки се одиграа два турнира – во забрзан и во брзопотезен шах – а на кој имаше играчи од десет европски земји. Отворањето беше збогатено со мала церемонија, на која низ поздравен говор беше потсетено дека овој клуб има 27 титули од 33 одиграни првенства во независна Македонија, како и една титула европски клупски шампион, а трипати бил ...

Припадници на МВР на Србија по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, привеле жител на Северна Македонија, бидејќи во неговото возило пронашле електронски цигари „вејп“ без придружни дозволи, во вредност од 1,3 милиони динари. Лицето е осомничено за сторено кривично дело нелегална продажба на акцизни стоки, соопшти МВР на Србија. Во Прешево, полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари „вејп“ од различни ...

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на седмицава ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 километри на час. Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во ...

Најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден концерт за цела Македонија, и тоа на 1 август, во Битола. Здравко доаѓа во Македонија на Стадионот ,,Петар Милошевски” во Битола во време во кое, со своите концерти, ги урива сите рекорди по посетеност ширум регионот. „Ќе влезе во историја неговата серија од 5 распродадени концерти во ,,Зетра” во Сараево овој март и април (2026), што вкупно ...

Во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, со сведочење на Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски. Сведокот изнесе шокантни тврдења за работниот ангажман на неговиот син, посочувајќи дека тој бил поставен за управител на фирмата „МММ кафе“ без своја волја и без здравствено осигурување. Според сведочењето, Александар прифатил да биде управител на барање на ...

Шест операциони сали се целосно реконструирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, рече денеска во изјава за медиумите премеирот Христијан Мицкоски. – Ете, само да напоменеме дека сега се пуштени шест, односно ќе бидат пуштени шест сали. Се очекува за неколку месеци од денеска, уште четири дополнителни сали да бидат пуштени, со што ќе го заокружиме процесот од 10 вакви современи, би рекол, многу модерни сали, овде. И, исто така, очекувам ...

Лондон – Британското кралско семејство го започна овој Велигден со собирање на утринската велигденска миса во капелата „Свети Џорџ“ во замокот Виндзор, традиционален настан што не го пропуштаат со години. Собраните граѓани и верници ги поздравија кралот Чарлс и кралицата Камила, а им се придружија и принцот Вилијам, неговата сопруга принцезата Катерина и нивните деца – 12-годишниот Џорџ, 10-годишната Шарлот и седумгодишниот Луис. Капелата е ...

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и останатите деветмина обвинети денеска пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Ова следува откако на претходното рочиште обвинителката Верица Бержецка Крстева го образложи обвинението, тврдејќи дека станува збор за испреплетена мрежа од компании кои преку фиктивни фактури го оштетиле државниот буџет. Одбраната, претставена преку адвокатот Ване Андреев, во ...

Архиварката која по налог на Цвета и ДПМНЕ ги заглавуваше предметите, сега е протната во комисијата за заштита на конкуренција иако не била прворангирана, велат од Левица. Откако ја разобличивме мрежата во Државната комисија за спречување на корупцијата и со факти ја принудивме на оставка “антикорупционерката” Цвета Ристовска, наместо расчистување на одговорноста и демонтажа на воспоставените механизми за влијание, сведочиме на класично ...

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, остро реагираше на најавениот протест на албанските студенти поради неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит, опишувајќи го како политичка манипулација. Тачи изјавил дека, иако студентите можеби се во право и можат да бидат поддржани, начинот на кој се организирани овие протести претставува, според него, „најперфидна форма на ...

Продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот. Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар. Иницијативата е ...

Во Младински центар „Матично”, што функционира во склоп на Општина Центар, денеска се одржуваат бесплатни здравствени проверки и консултации за граѓаните. Прегледите се реализираат во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без претходно закажување. Граѓаните имаат можност бесплатно да се консултираат со тим лекари специјалисти и да добијат совети поврзани со своето здравје, како и да направат основни здравствени проверки, меѓу кои мерење на крвен ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино постави 40 камери за мониторинг на истоимениот национален парк. Од ЈУНП „Пелистер“-Битола информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување. -Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со ...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ги отфрли информациите дека се подготвува за формирање нов политички субјект, тврдеејќи дека станува збор за шпекулации. „ Се работи за шпекулација излезена од лабораторијата на власта во која моето име е сосема свесно злоупотребено во контекст на нивната пропаганда против најголемата опозициска партија СДСМ. Познавајќи ги добро, сигурен сум дека ова нема да им биде последен таков обид“, изјави ...

Зошто брзиномерите во автомобилите покажуваат поголема максимална брзина од вистинската брзина. Многу возачи барем еднаш се запрашале зошто брзинометарот во автомобилот покажува многу поголема максимална брзина од онаа што возилото реално може да ја достигне. Добар пример е Volkswagen Up, кој во некои верзии едвај надминува 160 км/ч, додека скалата на контролната табла оди до 220 км/ч. Причината за ова не е случајна. Производителите често ...

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, продолжува да ги критикува модерните автомобили. Алонсо не се двоуми да го каже своето мислење. Никогаш не го сторил тоа, а во оваа фаза од кариерата сигурно нема да започне. Возачот на тимот на „Астон Мартин“ повторно го посочи проблемот анализирајќи го однесувањето на новите автомобили според правилата за 2026 година. За возач од неговата големина, техничкиот напредок го убива ...

Кристал Харис, вдовицата на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, се премажи. Поранешната „Плејмејт“ се омажи за хавајскиот бизнисмен Џејмс Ворд, но предизвика контроверзии тврдејќи дека никогаш вистински не го сакала својот ултрабогат прв сопруг. Девет години по смртта на Хефнер, Харис вели дека конечно го пронашла мажот од своите соништа. Приватна церемонија Кристал, која имала само 24 години кога се омажила за Хефнер, кој бил 60 години ...

Иран и САД добија план за прекин на непријателствата што би можел да стапи на сила денеска и повторно да ја отвори Ормуската Теснина, јави денеска Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со предлогот. Според изворите, Пакистан ја изготвил рамката за прекин на непријателствата и синоќа ја доставил до Иран и САД, а во неа се наведува двостепен пристап со моментален прекин на огнот по што ќе следи сеопфатен договор. „Сите елементи ...

Украински беспилотни летала започнаа масовен напад врз градот Новоросијск во Краснодарскиот крај во ноќта на 6 април, според регионалниот гувернер Венијамин Кондратиев. „Шест станбени згради и две приватни куќи беа оштетени во херојскиот град. Остатоци од дронови беа пронајдени и во просториите на неколку бизниси“, напиша Кондратиев на Телеграм. Тој објави дека осум лица се повредени, од кои две деца. Според видеата објавени на социјалните ...

Лос Анџелес – Одењето е веројатно најпристапниот облик на вежбање што го имаме, а сè поголем број истражувања покажуваат дека тоа е добро за здравјето на срцето, крвниот притисок, менталното здравје и друго. Одењето трипати неделно речиси го преполовува ризикот од болки во грбот, според новите истражувања. А пак, правењето 10.000 чекори дневно ја намалува опасноста од срцеви заболувања, објавува „Сајенс фокус“ (Science Focus). Тоа значи, може ...

Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Официјално почнува да работи во 1976 година, две години подоцна од усвојувањето на Законот за формирање на Кинотека на Македонија (29 април ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
45%
1007
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
49%
1008
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
37%
1007
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
41%
1007
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
7.0
42%
1006
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1006
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
57%
1003
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
42%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
32%
1005
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
54%
1004
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
4.63
37%
1006
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
56%
1004
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Платина

68063.13

Алуминиум

3.61

Иридиум

253540.09

Калај

55.66

Паладиум

47776.01

Сребро

2786.34

Рутениум

51376.89

Злато

151086.58

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.33

Родиум

320703.70