Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Царинската управа информира дека започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со кој се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот ...
Болницата во тетово ќе се реконструира, односно ќе се урнат некои непотребни, дотраени објекти, ќе се реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок, ќе се изгради нов павилјон за повеќе медицински дејности; посебен објект за гинекологија, акушерство и неонатологија; ќе се набави современа медицинска опрема и ИТ-системи, со што целосно ќе се уреди болничкиот комплекс. За таа цел, денеска во Тетово беа министерот за ...
Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...
Замислете свет каде што гостопримството кон странците е закон – под закана од божествена казна – и гостите се обврзани да му возвратат со благодат и благодарност. Свет каде што третманот на странците е тест за цивилизацијата, а странците добредојдени денес може да станат домаќини утре. Не е дека фанатиците нема да постојат – туку само дека сите ќе бидат претворени во свињи. Колку поинаков свет би бил тоа. Па, Кристофер Нолан го нарекува ...
Поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки денеска објави дека формирал нова парламентарна група по поделбата во главната конзервативна опозициска партија во земјата, Право и правда (ПиС), јавува ДПА. Групата, наречена Развој Плус, вклучува 40 парламентарци и еден сенатор, изјави Моравјецки пред новинарите во Варшава. „Сакаме да работиме за развојот на Полска и нејзиниот конзервативен идентитет“, рече тој. Десничарската популистичка ПиС, ...
Лондон – Џаред Лето е обвинет за криминално сексуално однесување од четири жени, кои тврдат дека делата се случиле кога биле тинејџерки. Во новиот документарец на BBC „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“ – кој се емитува во среда – вкупно 10 жени излегоа со обвинувања против актерот и музичар, од кои девет, според BBC, ги споделуваат своите приказни за прв пат. Една од жените го обвинува добитничката на Оскар дека ја нападнал во бањата на ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје Ве информира дека годишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето свечено ќе се затвори утре, 30.07.2026г. (четврток), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан во 20:30 часот со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“. Во свечената атмосфера на затворањето на 47. Скопско лето, Камерниот оркестар на Музичка ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година – објави Државниот завод за статистика. Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите Рударство и вадење камен за 3,7 проценти, Преработувачка индустрија за 0,4 проценти, Снабдување со ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека законското решение за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, коешто по скратена постапка е на дневен ред на пленарна седница, треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност. ДКСК посочува и дека согласно своите надлежности и во ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира по најавата дека Собранието по скратена постапка ќе гласа за предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“. Предлог-законот, кој е на денешниот дневен ред во Собранието, поднесен од група пратеници, предвидува Градот Скопје да основа посебна фондација која при своите набавки нема да биде обврзана да го применува Законот за јавни набавки. ...
Свршувачка го одбележа вториот натпреварувачки ден на Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола кога по настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“ од Битола, пејачот и игроорец Никола Зацески изваде веренички прстен и на големата сцена на платото пред Офицерскиот дом во Битола ја побара за жена играорката Наталија Цветкова, негова долгогодишна љубов. Самиот чин на запросување предизвика бура од позитивни реакции кај многубројната публика, ...
Лондон – Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 ...
Град Скопје објавува Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување. Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација; Занаетчии кои во тековната ...
Атина – Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од ...
Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во фокусот на денешните активности беше улицата „Скупи“ во Злокуќани, каде што екипите работеа на расчистување на шахти, отпушување на атмосферската канализација, како и чистење на ...
Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници. Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките ...
Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува искуството на докажаните спортисти и енергијата на новите генерации. Различни спортски приказни, различни патишта и една заедничка желба – со гордост да ги претстават македонските бои на XX Медитерански игри. Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта ...
Професорите по економија во Северна Македонија основаа национално професионално здружение. Здружението на професори по економија на Северна Македонија беше официјално основано на Основачкото собрание, одржано во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје. Основачите го потпишаа Основачкиот акт и го усвоија Статутот на Здружението, одбележувајќи го основањето на професионална организација посветена на унапредување на ...
Во објава на Facebook, Даниловски нагласува дека тоа не е точно, бидејќи во официјалната статистика најчесто влегуваат само најтешките случаи, додека голем број заразени воопшто немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика и никогаш не се регистрираат како заболени од Западнонилска треска. „Без горново објаснување, објавените информации во медиумите дека ‘сите регистрирани случаи имале тешка, невроинвазивна форма на болеста’ лесно може да ...
Рајо Ваљекано бара привремен стадион откако властите во Мадрид ја суспендираа концесијата на клубот за користење на стадионот „Кампо де Ваљекас“ поради безбедносни причини, објави „IANS“. Заедницата на Мадрид, која е сопственик на стадионот на југот од шпанската престолнина, објави на 28 јули дека ревизијата открила сериозни недостатоци во одржувањето и прекршувања на регулативите. – Ревизијата откри прилично лоши резултати во врска со ...
Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово во 7.52 часот, на ...
Тренчевска: Граѓаните секој ден трпат нов ценовен шок, власта не презема мерки Граѓните од ден во ден живеат се полошо, животниот стандард континуирано се влошува, а последниот ребаланс на Буџетот ја потврди погрешната економска политика на ВМРО, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во интервјуто во „Вести Плус“ на телевизија Канал 5. Тренчевска посочи дека само во изминатите денови граѓаните се соочија со нови ценовни ...
Оваа година Шпанија е членка на Европската унија која беше најтешко погодена од шумски пожари, со најголем удел на опожарена површина во однос на големината на земјата. Податоците од Коперник, европската програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека пожарот уништил повеќе од 200.000 хектари, што е околу 0,4 отсто од територијата на Шпанија. Повеќе од 90.000 луѓе се евакуирани, пишува Euronews. Со пожарите се бори и соседна Португалија, ...
Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи пред ...
Европските асоцијации може да го бојкотираат Светското фудбалско првенство, доколку претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од комерцијалните права на турнирот на надворешни инвеститори, објави „Sky News“. Се очекува федерациите да одржат состанок оваа недела за да разговараат за спротивставување на иницијативата. Претходно, ФИФА ги потврди плановите за создавање ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток не научи дека треба да се ослободиме од зависноста од фосилни горива и посилно да се насочиме кон енергетската автономија и кон зелената транзиција. Западен Балкан е во клучен момент во својата енергетска транзиција. Регионот има значаен потенцијал за обновливи извори и силна стратешка позиција, но претворањето на тој потенцијал во реалност бара побрза и покоординирана акција, вели во интервју за ...