
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Бугарија од денеска ќе наплаќа за рускиот природен гас кој Газпром преку Булгаргас ќе го дистрибуира во Македонија, Србија и Унгарија, а тоа за нас ќе значи и повисока цена на електричната енергија и на парното греење доколку не се најде ново решение. Оваа давачка е всушност санкција на Бугарија кон Русија. Таксата изнесува нешто над 10 евра за мегават час природен гас. За оваа такса Бугарија доби и дозвола од Европската комисија за да ги ...
По три години и еден месец ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација и нема да се врати ако до идниот октомври не направи ново кривично дело. При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори – Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, ги почитувала правата и ...
Гордана од денеска со семејството, е првата рекација на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово. Чуството е прекрасно, да биде дома со семеството. Борбата за за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“-објаснува ...
Во ЈСП „Скопје“ вчера од работа се избркани 45 лица вработени со договор на определено време. Вработени во претпријатието кои се јавиле во 4news.mk велат дека без никаква најава, во еден ден останале без работа луѓе кои повеќе до 7-8 години се ангажирани на различни работни позиции.. „Во ЈСП се отпуштија сите работници преку договор од кои некои што работеа по 7 или 8 години, а не успеаа да добијат решение на неопределно време. Од ден за ден им ...
Во попладневните часови пукање имало во населбата Булевар на Штуп во Сараево, во кое има ранети, а оштетена е најмалку една просторија. Според Аваз, на местото на настанот дошле две маскирани лица со спортски торби во кои имало автоматско оружје. Додаваат дека напаѓачите не оставиле чаури зад себе, што упатува на тоа дека биле професионалци. Аваз пишува и дека бил убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, додека ранетиот е државјанин на Босна и ...
Да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постоечките европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се става јасен воден печат на комуникациските материјали од Владата, за нивниот извор да ѝ биде јасен на јавноста, да се воведе законска регулатива против стратешките тужби против учеството на јавноста (SLAPPs), да се ...
Да се направи јавен фонд за поддршка на медиумите врз основа на објективни критериуми и со целосна независност, во согласност со постоечките европски стандарди, да се задржи строгата забрана за државно рекламирање во медиумите, да се става јасен воден печат на комуникациските материјали од Владата, за нивниот извор да ѝ биде јасен на јавноста, да се воведе законска регулатива против стратешките тужби против учеството на јавноста (SLAPPs), да се ...
На денешната теренска активност во Општина Лозово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека случајот Онкологија е еден грозоморен настан кој е коментиран веќе подолго време, а работата на собраниската комисија на површина има изнесено катаклизмични и шокантни информации. „Морам да кажам дека преку свиркачи добиваме многу сведоштва, ...
Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинска управа, во текот на изминатите денови. Во два посебни случаи мобилните тимови открија 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од државата преку преминот Табановце без да ги пријават, криејќи ги во чорапи и на различни места во возилата. Во првиот ...
Министерството за надворешни работи за потребите на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи во декември во Скопје, ќе издвои речиси еден милион евра за изнајмување на автомобили со кои ќе се возат министрите на земјите членки на оваа организација. Според договорот кој е објавен на електронскиот систем за јавни набавки, а компанијата „АБЦ Рент а кар турс ДООЕЛ Скопје“ ја понуди најниската цена за изнајмување на автомобили за министерскиот совет на ОБСЕ ...
Поради сообраќајна несреќа во која едно возило излетало од патот кај месноста Баткова Чешма, делчевско, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани. На местото на сообраќајката интервенирала Итната медицинска помош, при што едно лице е повредено и во моментот со возило и присуство на доктор е упатено кон Клиничката болница во Штип. Во моментот полицијата врши увид на терен, а возилата се пренасочуваат преку ...
Под влијание на моќен Џеновски циклон, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со појава на грмежи. Обилни врнежи од дожд на многу места низ Македонија ќе има во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота. Локално ќе биде нестабилно и со појава на грмежи, а можни се и поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, со што локално е можна појава дури и на ...
Објаснувајќи го извлекувањето на македонските државјани од Израел со авион на „Ер Србија“, српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Македонците им се браќа на Србите. Македонците се наши браќа, така што тоа се подразбира. Што и да бараат, секогаш ќе им излеземе пресрет, изјави Вучиќ на српската телевизија Прва. Вучић:Македонци су наша браћа! 🇲🇰🇷🇸 pic.twitter.com/lyYaAW83gi — Miroslav Tričković (@trichko) October 29, 2023 видео: ...
На 30.10.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот. Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош ...
Запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово. Во акцијата e запленет и пиротехнички материјал, ...
Денеска (31.10.2023), во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225 и кривично дело „бесправно градење” од чл.244-а од КЗ. На лице место се ...
СДСМ Охрид не разликува санација на ударни дупки од комплетна реконструкција на улица, па затоа не е ни чудно што во минато, нивните инфраструктурни проекти беа со еден куп недостатоци, реагираат од Општина Охрид на соопштението на ОО на СДСМ Охрид во врска со градежните зафати на улицата 7-ми Ноември. Охриѓани се умни и знаат да направат разлика помеѓу санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица, велат од локалната, но сепак за ...
Трагите за можниот нарачател на неуспешната ликвидација на Раде Трајковски – Штекли од Ист Гејт мол водат кон затворот Идризово, дознава „Алфатв“ .Ранувањето на Штекли наводно е поврзано и со упадот на специјалците во затворот.Намерата била да се одземат телефоните на неколкумина затвореници кои се осомничени дека имаат некаква врска со пукањето. Рацијата не е беше против начинот на кој се внесува дрога и оружје внатре. Тоа е поради пукањето во ...
Пред 65 години, Белгија организираше прикажување во живо на луѓе од Конго, за Светскиот саем во 1958 година. Пред повеќе од 5 години Гардијан потсети на овој малку познат факт, во статија во која опишува како земјата го преиспитува тоа наследство и се помирува со „човечките зоолошки градини“ од нејзиното колонијално минато. Пред 65 години, Белгија го организираше отворањето на Светскиот саем, блескава 200-дневна прослава на повоениот социјален, ...
Од Кривичниот суд потврдија дека се прифатени барањата од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и определени се 13 ефективни притвори, еден куќен притвор и 12 мерки на претпазливост во врска со осомничените во случајот „Синџир”. Во акцијата „Синџир“, што се спроведуваше вчера на повеќе локации во Охрид, Неготино, Кавадарци и Битола, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко ...
Раде Трајковски-Штекли којшто беше застрелан минатиот вторник во трговскиот центар „Ист Гејт“ по една недела помината на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија, денеска ќе биде пуштен на домашно лекување. Трајковски по извршената операција е во стабилна состојба иако му е остранет дел од белите дробови, додека пак лицето кое било со него има повреди во стомакот и во градната шуплина. На социјалните мрежи кружи ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување. Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина ...
Во врска со закон за деловните тајни добиваме информации преку медиуми. Мислам дека е поврзано со еден проект за кој тие велеа дека е деловна тајна, ние велевме дека не е деловна тајна. Тоа е проектот за делниците 8 и 10д, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Лозово во рамки на „Важно е! Од тебе зависат промените“. Мицкоски укажа дека „таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат ...
На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември“ вработенa е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Вработените прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС. Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова ...
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека за најголемиот систем од кој се снабдуваат 57 илјади потрошувачи во градот Скопје, цената на парното се зголемува за 4,51%. Тоа на сметка од 1000 денари, значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1800 денари колку што е во Скопје, зголемувањето е 80 денари. Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување за поставувањето на цевководот под мостот „Беласица“, ...
Најмладиот милионер во земјава има 9 години со еден милион денари од закупнина, додека највозрасниот има 97 години и лани остварил доход од 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-конференцијата на тема: „Годишна даночна пријава – Највисок доход во 2022 година“, објави Република. Околу најмладото лице милионер во земјава, Лукаревска вели дека се работи по ...
Познатиот инфлуенсер Стефан Спиркоски утрово објави видео од една од галиите во Вардар во центарот на Скопје која нај благо речено изгледа морбидно. Искршени прозорци, откорнати штици од конструкцијата, и ред други оштетувања на објектот прават една грда слика на неред, хаос и немање одговорност во нај строгиот центар на главниот град. Галијата која се распаѓа со години не работи, порано во неа имаше ресторан и хотел, и беше снимена од речиси ...
СДС се очајни. Гледаат дека нивниот рејтинг тоне поради неспособноста, криминалот и корупцијата на владата во која партиципираат и затоа манипулираат и обвинуваат други, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Реалноста е дека локалната самоуправа има три пати поголема доверба од граѓаните, отколку Владата. Реалноста е дека таму каде што СДС раководи општини, ништо не се реализира и ништо не се работи во ...
Пратениците во црногорскиот парламент утрово ја избраа новата влада предводена од премиерот Милојко Спајиќ, по дискусијата која траеше цела ноќ и беше одбележана со остра дебата меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и Спајиќ. По изборот, Владата денеска ќе се одржи нова седница на која ќе се одложи пописот на граѓаните што требаше да почне утре и кој опозицијата имаше намера да го бојкотира. Владата е поддржана од коалицијата За иднината на ...
Она што го тврдиме го потврдија и експертите поранешни министри и советници на владата. Расипничкото трошење на јавните пари од страна на власта на СДС и ДУИ ја носи државата во банкрот. Владата го зголеми лимитот на домашното задолжување за оваа година од 350 на 500 милиони евра, а заклучно со септември веќе се задолжи со 420 милиони евра на домашниот пазар на државни хартии од вредност. Каматните стапки се исклучително високи и тоа за краток ...