Се сретнав со младите луѓе во кои лежи иднината на безбедносниот систем на Македонија. Академското кафе со студентите и професорите беше искрена размена на идеи, размислувања и визии за држава со силни и функционални институции. Со студентите разговаравме за реформите што ги спроведуваме во Министерството за внатрешни работи, за ефектите од системот „Безбеден град“, за враќањето на средното полициско училиште, дигитализацијата на услугите, како ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што се сретна со студентите и професорите и присуствуваше на свечената промоција на дипломираните и магистрираните студенти. Средбата, како што информираше Тошковски, била искористена за отворен разговор за иднината на безбедносниот систем во државата, улогата на младите кадри и реформите што ги спроведува ...