Британскиот принц Ендру, кој е длабоко погоден од скандалот со сексуалниот престапник Џефри Епстин, се откажува од преостанатите кралски титули и должности. 65-годишникот го соопшти ова преку објава од кралската палата. Во разговорите со кралот Чарлс Трети и неговото семејство, тие заеднички заклучиле дека „тековните обвинувања против мене се одвлекување на вниманието од работата на Неговото Височество и кралското семејство“, соопшти Ендру, ...

Разговорите во Вашингтон меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски не донесоа големи дипломатски пробиви, но и не „пропаднаа во огорченост“, а дипломатскиот процес е продолжен, следната станица е Будимпешта. Пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, многу се зборуваше за тоа дека тој ќе бара од САД ракети „Томахавки“ или друго оружје за да ѝ помогне на својата ...

Денеска (18.10.2025) во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ. При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и ...

На 17.10.2025 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом на Д.Г. (33) во Скопје, на подрачје на Гази Баба. При претресот во станот е затекнат неговиот брат С.Г. (32), а пронајдени се марихуана, пари и дигитална вага. С.Г. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Г. и по целосно расчистување на ...

Секојдневно поминуваме 4 часа и 37 минути на нашите телефони, проверувајќи ги во просек околу 58 пати. Си велиме дека тоа е поради дружење, работа или читање вести. Но, повеќето од нас се зависни – и свесни сме за тоа. Зависноста од смартфоните станува сè пораспространета, што го потврдуваат бројни истражувања спроведени во различни земји и меѓу сите возрасни групи. Во едно истражување во САД, дури 57% од испитаниците признале дека се ...

Додека германската влада подготвува нов закон за доброволна воена служба, бројот на луѓе кои прашуваат за правото на приговор на совеста се зголемува. Советодавните центри во Германија бележат зголемување на интересот, особено кога во медиумите сè повеќе се известува за воена служба и регрутација. „Добиваме сè повеќе и повеќе прашања, особено кога во јавноста се зборува за воената служба“, вели Михаел Шулце фон Гласер од Друштвото за мир – ...

Додека општата инвазија се приближува кон четвртата годишнина, Украина бара ракети „томахавк“ произведени во САД за да ги ослаби воените напори на Русија. Трамп се надева дека ќе може да заврши војната без да мора да размислува за „томахавките“. Тој рече дека на САД можеби ќе им бидат потребни вакви ракети за сопствена употреба. Американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на 17 ...

Денеска, еден ден пред утрешното гласање за локалните избори, гласаат 2.162 затвореници и лицата во домашен притвор, 8.851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во КПД Идризово ќе гласаат 938 затвореници, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор. Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови ...

Викендов времето во нашата Република Македонија ќе биде ладен, односно ќе имаме температури под просекот за овој период од годината и температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Времето ќе биде претежжно облачно со повремени локални врнежи од дожд а намалување на облачноста ќе имаме утре (недела 19 ...

Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се одржи во рок од две недели, или малку подоцна, но многу работи треба да се разјаснат пред да се одреди датум, соопшти Кремљ во петокот (17 октомври). Во четвртокот, Трамп и Путин се согласија да одржат втор самит за војната во Украина, откако првиот што се случи на 15 август во Алјаска не даде резултати. Вториот, засега, е планирано да се ...

Учениците во Северна Македонија ќе се едуцираат за даноците, за што денеска, 17 октомври, Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка. Станува збор за заеднички проект „Фискална едукација“, кој ќе се имплементира и во основните и во средните училишта. Како што беше соопштено по потпишувањето на Меморандумот, фокус на проектот е младите генерации да научат: што се даноци и ...

Граѓаните ги интересираат дела, а не празни зборови! И покрај сите обиди од страна на опозицијата да се оспори, фактите на терен покажуваат друго. Прочистителната станица во Трпејца се гради! Денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, извршивме увид во градежните активности. Првата фаза е во тек. Во втората фаза продолжуваме со изведба на секундарна канализациона мрежа во Трпејца. ...

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека го одобрил и второто обвинение поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој одзеде 63 животи, а над 200 лица беа повредени. Со ова обвинение се гони А.Н., кого обвинителството го товари дека е реален сопственик на фирмата „Рубикон секјурити солушн“, која била задолжена за обезбедување на дискотеката. Сопственикот се гони за кривичното дело тешки дела против општата сигурност. „Согласно ...

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, соопшти Министерството за европски прашања. Со оваа одлука, како што е појаснето, се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни средства и дел заем. Од овој износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат ...

На 16.10.2025 во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Х.(27) од Република Турција. При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година. Бројот на летови пак, во истиот временски период е зголемен за 3% односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември. „Во првите девет месеци од годината ТАВ Македонија го одржа ...

По насилните протести, преодната влада на Перу објави дека ќе прогласи вонредна состојба во главниот град Лима. „Ќе ја објавиме одлуката за прогласување вонредна состојба, барем во областа на Лима. „Не е исклучен полициски час”, изјави премиерот Ернесто Алварез. Вонредната состојба ѝ дава овластување на владата да ја распореди војската за патроли на улиците и да ги ограничи правата како што е слободата на собирање. Областа Лима има околу ...

Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, фокусот треба да биде на можното одобрување на продажбата на крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел. Украинската влада работи на тоа долго време. И Зеленски веројатно се надева на пробив. Бидејќи, тоновите од Белата куќа звучеа доста позитивно во последно време. Минатиот викенд, Трамп директно му се закани на ...

Полицијата в недела со мобилни тимови и дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места за време на локалните избори во Македонија. На 19 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со ...

Ова е време на мешани емоции во Израел. Телата на 28 мртви заложници Хамас сè уште не ги врати. Во исто време, постои радост поради ослободувањето на преостанатите 20 преживеани заложници кои беа држени во заробеништво во Газа две години. Сепак, првите сведоштва за нивното време во заложништво се потресни. Откако стапи на сила прекинот на огнот и заложниците беа ослободени, телевизиските и радио станиците низ Израел континуирано емитуваат ...

Почестен сум од поддршката и убавите зборови од страна на Академик Вера Битракова-Грозданова, еминентен научник и професор од областа на археологијата и историјата на уметноста. Оваа поддршка, но и мојата лична и професионална одговорност, дополнително ме обврзуваат. Моите активности и заложби во насока на зачувување и афирмација на културното наследство на Охрид продолжуваат како приоритет. Заедно градиме поубав Охрид! Охрид кој не запира ...

Канцеларот Фридрих Мерцминатиот понеделник отпатува во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик на самит со повеќе од 20 шефови на држави и влади. Тој остана само неколку часа, за да биде присутен кога американскиот претседател Доналд Трампго потпишуваше договорот за можен мир во војната на Блискиот Исток со лидерите на Египет, Турција и Катар. И за една брза фотографија со американскиот претседател. Канцеларот даде кратка изјава за новинарите и ...

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во нашата Република Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет. Ќе ...

Русија ги нападна енергетските капацитети на Украина со стотици дронови и десетици ракети во најновото масовно бомбардирање на електричната мрежа на земјата, соопштија властите во четвртокот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да побара од претседателот Доналд Трамп, на средба во Белата куќа, повеќе американски системи за противвоздушна одбрана и ракети со долг дострел. Русија речиси секојдневно ја напаѓа ...

На 15.10.2025 во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности. Притоа, на местото при извршување работни задачи ...

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје. vakcinacija.mk vakcinacija.mk Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата ...

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани за Радио Слободна Европа потврди дека припадници на косовските безбедносни сили биле во Северна Митровица во четврток, но „по грешка“. „Се изгубиле, ГПС-навигацијата по грешка ги одвела на север“, рече Елшани. Според него, косовската полиција ги забележала Косовските безбедносни сили, разговарала со нив, по што го напуштиле северот на земјата. Видеата што кружат на ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е половина метар. Во изјава за медиумите, претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека 17 тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава. „ДИК врши дистрибуција и примопредавање ...

Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите – изјави денеска (16 декември) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. „Пратката пиперки од Хрватска не е вратена во Македонија. Извезена е од нашата држава на 9 септември, контролата што ја прави Агенцијата за бебзедност на храна од ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Веднаш оваа вест, родителите на загинатите во пожарот во Кочани објавија дека ќе ги стават во мирување секојдневните едночасовни блокади на една од сообраќајниците во градот, но и понатаму ќе продолжат со „Маршот за ангелите“ што се одржува секоја сабота. Родителите и семејствата на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
60%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
66%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
58%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
82%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.47
86%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
60%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
38%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
92%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
61%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
93%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.0731

Currency

71.2783

Currency

37.7629

Currency

38.5916

Currency

67.4689

Currency

7.81513

Currency

0.75082

Currency

0.33427

Currency

0.52518

Currency

1.16528

Currency

0.55149

Родиум

310254.70

Рутениум

51376.89

Калај

54.45

Злато

144807.03

Сребро

2409.38

Платина

61825.89

Бакар

12.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

42921.25

Алуминиум

3.65