Во текот на вчерашниот ден (23.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 ...

Во Кристалната сала на Собранието на Македонија се одржа свеченоста по повод доделувањето на државната награда „23 Октомври“, признание што им се доделува на поединци кои со своето творештво и дело дале исклучителен придонес во развојот на македонската наука, култура, образование и во унапредувањето на државните вредности. Оваа година, наградата „23 Октомври“ за остварувања во областа на културата и уметноста им беше доделена на актерот Гоце ...

На Свечената академија „Од идеја до државност“, по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, им оддадовме должна почит на идејните татковци на ВМРО, но и на сите борци за македонска национална држава, како остварен сон на македонскиот народ и неговата бескомпромисна битка за слобода, правда, достоинство и еднаквост. Да останеме верни на нивните свети идеи, да си ја сакаме, чуваме и браниме татковината за којашто тие се ...

Денеска како дел од владината делегација, положив свежо цвеќе пред споменикот „Основачите на ВМРО“. Со овој чин, оддаваме почит на визионерите кои пред повеќе од еден век ја започнаа борбата за слобода, достоинство и национална самобитност. Нивната идеја за независна и праведна Македонија беше темелот врз кој ја градиме нашата современа држава. Денес, нашата должност е да ја продолжиме таа борба, не со оружје, туку со знаење, одговорност и ...

Првично, заинтересираноста на актерот Биковиќ за инвестирање во Берово ја најави премиерот Мицкоски на заедничка средба во Владата. Во екот на изборната кампања беа објавени фотографии од неговата посета на Беровското езеро, каде се наоѓа детското одморалиште „Малешево“, кое три децении е под клуч Милош Биковиќ, актерот со двојно, српско и руско државјанство, чии семејни корени потекнуваат од градот Берово, покажал интерес да го купи ...

„Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е една од нашите последни стратешки цели. Ќе сториме сѐ што е во наша моќ да ја исполниме оваа стратешка цел, но истовремено да ги заштитиме македонските интереси“.Ваква порака испрати премиерот Христијан Мицкоски од Лондон, по неколкуте средби што ги оствари на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. За некои од нив, потенцираше дека биле инспиративни. Особено средбата со ...

На 22.10.2025 во 14:47 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б. (30) од Скопје. При вршење на увид на сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „Индира Ганди“ и ул. „Нов живот“, во која учествувале патничко возило „ауди“, управувано од Б.Б. и патничко возило „цитроен“, управувано од Е.Р.(22), при што сопатничката во возилото „цитроен“ М.С.(23) се здобила со телесни повреди, било ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд Скопје, изврши претреси на повеќе локации низ град Скопје, при што лишени од слобода се 11 лица поради основано сомневање за сторени кривични дела “Лихварство” и “Перење пари и други приноси од казниво дело”. МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за ...

Денеска (23.10.2025) околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип од 18.08.2023 година. Б.Л. е осуден за сторено кривично дело по чл.123 (убиство) на казна затвор во траење од осум години, а за доиздржување има уште четири години, девет ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со порака дека овој ден е потсетник на должноста да се продолжи револуционерниот дух на предците, не со оружје, туку со револуционерен ум, знаење и реформи. „Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската ...

Долго време „Проект 2025“ се сметаше за теоретска замисла на конзервативни мислители: радикална визија за втор мандат на Доналд Трамп. Создаден од влијателната Херитиџ Фондацијата (Heritage Foundation), проектот требаше да биде контрапункт на претседателството на Џо Бајден. Новата насока: помалку поделба на власта, повеќе моќ кај претседателот, враќање кон конзервативни, христијански вредности – и јасен прекин со досегашниот надворешен и ...

Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од ...

Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг процес, исполнет со храброст, жртва и огромна љубов кон татковината. На 23-ти октомври, пред 132 години, група храбри Македонци ја формираа Внатрешната Македонска Револуционерна организација. Тоа беше чин, кој значеше почеток на борбата за нашата национална независност и државност. Во текот на вековите, ...

На овој ден во 1893 година во Солун била основана Македонската Револуционерна Организација (МРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Палатата на Србија изјави дека пред српскиот парламент се случил терористички чин. „Јас сум првиот што зборува и се извинувам што ќе морам да го напуштам овој прекрасен состанок. Причината е терористичкиот чин што се случи пред српскиот парламент, па ќе морам да се занимавам со други работи“, рече претседателот на Србија на состанокот по повод потпишувањето договор за распределба на средства за ...

На 21.10.2025 во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител ...

Планираните лични преговори меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин за прекин на руската агресорска војна против Украина се под сè поголем знак прашалник. Самиот американски претседател изјави дека сака да се сретне со шефот на Кремљ само кога може да се очекуваат резултати. Таквиот самит мора да биде продуктивен, истакна Доналд Трамп во Белата куќа во Вашингтон. Кога еден новинар го праша што знае за наводната промена на плановите и дали тоа ќе ...

На детско игралиште во скопската населба Капиштец 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца, објави телевизија Сител. Инцидентот, кој резултирал со раскрвавена рака кај детето, се случува во време кога Скопје се соочува со голема криза со отпадот, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага. Во врска со случајот, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека во соработка со ...

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 16 физички и 7 правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка. Тие се осомничени за кривични дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в, ...

Во ерата на егзистенцијална економска криза низ цела ЕУ, една од нејзините поголеми членки континуирано бележи позитивни бројки: тоа е Полска. Стапката на раст на БДП од речиси 3% во 2024 година е многу подобра од просечната (вкупна) стапка на ниво на ЕУ од 1%, а Полска е пред двете најголеми економии на Унијата, Франција и Германија. Франција забележа стапка на раст од 1,2%, додека Германија претрпе пад на БДП од -0,2%. Прогнозите за 2025 ...

Денеска во спомен куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. -Во очи големиот празник, 23 Октомври во прекрасниот ...

Убав и радосен датум е денешниот за штипското семејство Зикови! Штипската четворка Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина денес полнат две годинки. Нивната мајка Благица со видео честитка за роденденот на своите чеда: – Среќен втори роденден,на нашите четири душички! Денес славиме две години безусловна љубов, смеа и најубавата музика вашите чекори, насмевки и гласчиња што го исполнуваат домот со радост. Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од ...

Под влијание на јужно и на југозападно струење на висина кое ќе услови прилив на значително потопол воздух и натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината температурите во деновите кои што се пред нас на многу места ќе се искачуваат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминуваат и 20 степени. И во Скопје и околината во деновите кои што се пред нас температурата ќе надминува 20 степени. Особено во петок (24 ...

Поради алармантната состојба со несобирањето на комуналниот отпад во Скопје, Владата донесе одлука за вонредни инспекциски контроли, а Обвинителството отвори постапка за евентуално кривично дело. Владата соопшти дека на денешна седница ги задолжила сите надлежни инспекторати и институции итно да отпочнат координиран вонреден инспекциски надзор на територијата на Град Скопје, со цел да се утврди состојбата со собирањето и транспортирањето на ...

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за ...

Европа добива нови прописи за возачки дозволи, кои се изгласани на денешното гласање во Европскиот парламент. Ова е последното гласање пред правилата да бидат имплементирани од страна на владите на ЕУ. Сепак, тие ќе имаат одреден национален маневарски простор. Целта на новите прописи е униформност на ЕУ, особено во безбедносните прашања. „Имаме 20.000 смртни случаи на патиштата секоја година во ЕУ – премногу“, објаснува италијанскиот ...

СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од ...

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. „Од српските органи беше ...

Уставните измени ќе го отворат патот за преговорите, порача европратеникот и известувач за земјава, Томас Вајц според кого, тоа е и начин „земјата да се одржи на вистинскиот пат“. Паралелно, Софија очекува Будимпешта да го убедува Скопје дека треба да ги направи уставните измени. Северна Македонија да ги направи потребните уставни измени за да го откочи својот пат кон Европската Унија. Вакви пораки стигаат кон власта во Скопје од повеќе ...

Во Вашингтон почна уривањето на источното крило на Белата куќа со цел да се изгради балска сала, која се смета за престижен проект на американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп го потврди почетокот на изградбата и напиша дека балската сала ќе биде изградена целосно одделно од Белата куќа, но источното крило, како резултат на тоа, ќе биде „модернизирано и поубаво од кога било“. Од уривањето ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
60%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
66%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
58%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
82%
1019
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.47
86%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
60%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
38%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
92%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
61%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
93%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.0731

Currency

71.2783

Currency

37.7629

Currency

38.5916

Currency

67.4689

Currency

7.81513

Currency

0.75082

Currency

0.33427

Currency

0.52518

Currency

1.16528

Currency

0.55149

Кобалт

45.39

Паладиум

42921.25

Рутениум

51376.89

Родиум

310254.70

Алуминиум

3.65

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

61825.89

Злато

144807.03

Калај

54.45

Сребро

2409.38

Бакар

12.60