Од вторник (18 Ноември) па се до крајот на следната седмица нашата Република Македонија и целиот регион ќе бидеме под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова. Токму поради ова од запад во нашата Македонија во вторник ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално врнежите ќе ...

„Нашите деца веќе немаат глас и затоа ние ќе зборуваме за нив“, порачаа родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска (15 ноември) во Скопје. Семејствата кои секоја сабота маршираат во Кочани, денешниот, триесетти по ред „Марш за ангелите“ го организираа во главниот град каде имаше и триминутен молк во чест на сите чии животи згаснаа во пожарот на 16-ти март. Протестот под слоганот „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара ...

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа ...

СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил ...

„Ќациленд“ – Симбол на политичката борба и поделеното општество во Србија Во последно време, областа, која зафаќа околу 3,6 хектари, стана клучно место. Двојна метална ограда, подмачкана со индустриска маст, на рабовите на „Ќациленд“ ги дели двата клучни табора во политичкиот живот на Србија. Од едната страна е Дијана Хрка, мајката на починатиот Стефан, една од 16-те жртви на паѓањето на настрешницата во Нови Сад. Хрка штрајкува со глад, ...

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра – покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. На прашањето „Колку треба да изнесува минималната плата“, од вкупниот број испитаници 45,2 проценти одговориле дека минималната плата треба да се зголеми на 600 евра, 42 проценти сметаат дека минималната плата ...

Најмалку 1,8 милиони евра „легнале“ на изборните банкарски сметки на 10 поголеми политички коалиции и партии за локалните избори. Ова го покажуваат првите извештаи за финансирање на изборната кампања поднесени до Државната изборна комисија (ДИК). Конечниот извештај ќе биде објавен за два месеца. На овие избори легнале 400 илјади евра помалку од парите донирани во минатогодишната двојна изборна кампања за претседателските и парламентарните ...

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуација кај нас ќе дојде до голема промена на времето која ќе предизвика од запад во нашата Македонија да се прошируваат обилни врнежи од дожд. Локално овие врнежи ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде ...

Ми причинува особено задоволство што може да ја информирам јавноста дека денеска стартуваат подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот. Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно ...

ТАВ Македонија во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска – 13 ноември 2025, реализираше акција за дарување крв од страна на вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје, во просториите на аеродромот. Целта на крводарителската акција е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност а со тоа и личен придонес кон спасување на животи. Генералниот директор на ТАВ ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека подготовките за мировниот самит на Русија и САД во Будимпешта се во полн ек и дека земјата може да игра клучна улога во постигнувањето мир. „Не сакам да зборувам за деталите, бидејќи преговорите се во тек. Унгарија има вредност и придонес кон целта за мир“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија „ги држи дипломатските канали отворени за Русија“, изјави Орбан за Радио Кошут. Тој истакна дека Унгарија е ...

Иако на Бундесверот му недостасуваат десетици илјади војници, нема да има враќање на задолжителната воена служба. Владејачките партии постигнаа договор за ова по повеќемесечен спор. „Новата воена служба првично ќе се базира на доброволно учество“, е основниот принцип на нацрт-законот, кој ќе го усвои Бундестагот во декември. Сепак, ќе има задолжителна регистрација за сите млади мажи над 18 години. Министерот за одбрана Борис Писториус (СПД) ...

ФЗО од институција со разнишан кредибилитет прерасна во стабилен, транспарентен и одговорен столб на здравствениот систем. Владата во изминатата година и половина спроведе силни реформи: инфраструктурни инвестиции во болници и амбуланти, значително зајакнување на кадарот со нови вработувања и специјализанти, како и континуиран раст на платите до 2028 година. Буџетот на ФЗО е историски најголем, што овозможи повисока капитација, повисоки ...

Министерството за здравство откри злоупотреби со кардиохируршки операции во приватни болници. Се најавуваат дополнителни проверки и меѓународна помош за понатамошни анализи. Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализирала 19. „Кај 10 од нив утврди дека се извршени непотребни операции или пациентите биле непотребно упатени за хируршки зафати“, соопшти на прес-конференција министерот за ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, во рамки на која оствари билатерални средби со шефовите на полиции и високи полициски претставници од Абу Даби и Дубаи. На средбите директорот Јанев ја истакна важноста од продлабочување на полициската соработка и размена на искуства во области каде полицијата во ОАЕ постигнува иновативни резултати во справувањето со ...

Во периодот од (10/13.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под ...

Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник ќе ни започнат и обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец. Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи ...

Министерството за финансии најави дека утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. На сметките на граѓаните кои запишаа обврзници ќе бидат префрлени 17,6 милиони евра како главница и 880 илјади евра како камата. Втората Граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Министерството истакнува дека ...

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, најави нова американска воена операција насочена кон „наркотерористите“ на Западната хемисфера. „Денес ја најавувам операцијата ЈУЖНО КОПЈЕ“, напиша шефот на Пентагон на социјалната мрежа X во четвртокот. „Предводена од Здружените оперативни сили Јужно копје и Саутком, оваа мисија ја брани нашата татковина, ги отстранува наркотерористите од нашата хемисфера и ја штити ...

Во спорот околу монтажата на документарна емисија, Би-Би-Си (BBC-British Broadcasting Corporation) му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп. Медиумот со седиште од Лондон исто така соопшти дека нема основа за тужба за клевета од страна на претседателот на САД. Претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, според медиумот, испратил лично писмо до Белата куќа, во кое бара прошка за монтажата на говорот што Трамп го одржал во јануари 2021 ...

Тимот на здружението „Фудшеринг“ (иницијатива за споделување храна) во градот Касел во Германија спасува храна која инаку би завршила во ѓубре. Станува збор за производи кои во супермаркетите се сметаат за непродажни или го достигнале рокот на траење. Секој ден се собираат килограми зеленчук, овошје и печива, кои потоа се распределуваат бесплатно. Побарувачката постојано расте. Дури и средната класа сè потешко може да си дозволи доволно ...

Лидерот на СДСМ,Венко Филипче, на прес-конференција најави кадровски промени во раководството на партијата по резултатите од локалните избори. Како дел од освежувањето, тој ќе го номинира Александар Трајановски за нов потпретседател на СДСМ. „На потпретседателската позиција ќе го предложам д-р Александар Трајановски, член на Извршниот одбор. Тој е исклучително посветен на партијата, имаше одлична кампања и привлече големо внимание. Сметам ...

Премиерот Христијан Мицкоски при извршениот увид на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром одговараше на новинарски прашања. Следната година треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра, поради задолжувања од минатото, не од оваа Влада, во буџет од повеќе од 6 милијарди евра. Тука треба да имаме пензии, социјални трансфери плати, комунални трошоци, и треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра. Некој којшто ...

Украина е потресена од корупциски скандал во кој осомничените наводно разговарале за мито во вредност од милиони долари за заштита на енергетските централи, дури и кога руските бомби што паѓаа врз нив ги потопија граѓаните во студ и темнина. Но, не се само обвинувањата експлозивни. Листата на обвинети вклучува луѓе на највисоките нивоа на владата, центрирани околу долгогодишен близок соработник на самиот претседател Володимир Зеленски. Уште ...

Најдолгата делумна буџетска блокада на работењето на американската влада заврши. Претседателот Доналд Трамп го потпиша привремениот буџет претходно усвоен од Конгресот, со што се стави крај на таканаречениот „шатдаун“ по 43 дена. „Со мојот потпис, федералната влада сега ќе продолжи со своите нормални активности“, рече Трамп во Белата куќа. Непосредно пред тоа, вториот дом на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом, гласаше за законскиот ...

Кога кинескиот трговец на мало со брза мода „Шиин“ го отвори својот прв бутик минатата недела, се појавија толпи купувачи и демонстранти. Физичката продавница во рамките на стоковната куќа „БХВ Мараис“ во центарот на Париз погоди во нерв, и тоа не само затоа што се наоѓа во домот на високата мода. Тоа беше одговор на љубов и омраза, како што се гледа и во многу други области. Евтина мода без царини – како Кина ја користи „дупката во законот“ ...

Експлозии се случија во рафинериите што користат руска нафта во Романија и Унгарија. Локалните компании велат дека нема докази за саботажа. Во исто време, сепак, Бугарија ги испраќа службите, Министерството за внатрешни работи и претставници на Министерството за одбрана да ја чуваат рафинеријата Лукоил во Бургас. Како дојде до ова? Мажи во униформи во канцелариите. Најави за распоредување „системи против беспилотни летала“. Вонредни најави ...

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер. Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на ...

Кривичниот суд, Јавното обвинителство и Адвокатската комора уверуваат дека ќе направат сѐ за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, да се одвива непречено и ефикасно. Од Кривичниот суд информираат дека ќе бидат преземени засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното ...

Сѐ повеќе жени трпат насилство, но капацитетите на шелтер центрите не се доволни да се засолнат. Дел од центрите не се функција, а нема ни доволно советувалишта-утврдија ревизорите. Властите нотирале 1260 жртви на семејно насилство во првите девет месеци, а невладиниот сектор 65 повици во октомври на СОС линијата за помош и поддршка. Малолетничка била сексуално злоставувана од својот очув, па немајќи кому друг, ѝ се доверила на својата ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
73%
1021
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
82%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.77
88%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
43%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
93%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.02
68%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
93%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.046

Currency

71.2375

Currency

37.7629

Currency

38.5916

Currency

67.4689

Currency

7.81513

Currency

0.75082

Currency

0.33427

Currency

0.52518

Currency

1.16528

Currency

0.55149

Родиум

310254.70

Бакар

12.60

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

61825.89

Злато

144807.03

Паладиум

42921.25

Рутениум

51376.89

Калај

54.45

Алуминиум

3.65

Цинк

0.00

Сребро

2409.38