-За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба, соопшти македонскиот тим во Комисијата. На средбата бил потпишан записникот од 31. средба и продолжило усогласувањето по записникот од 32. ...

„Гунвор“ објави дека ја повлекол својата понуда за купување на средствата на руската енергетска компанија „Лукоил“, откако Министерството за финансии на Соединетите Дражави ја нарече швајцарската компанија „марионета на Кремљ“, објави „Ројтерс“. Откако САД сигнализираа дека не ја поддржуваат аквизицијата на „Гунвор“, директорот за корпоративни работи на фирмата од Женева, Сет Пјетрас, објави дека изјавата на Министерството за финансии на САД ...

Руското Министерство за надворешни работи побара од Белград да ја појасни изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во врска со можната продажба на муниција на Европската унија, јавува новинската агенција Ројтерс. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот брифинг на 7 ноември рече дека Москва бара појаснување за објавата на Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на земјите ...

Бугарскиот парламент во петокот усвои законски измени за ставање на рафинеријата на Лукоил во источниот дел на земјата под државна контрола, по санкциите на САД против рускиот нафтен гигант. Парламентот го одобри амандманот, чија цел е да се спречи затворањето на постројката. Пратениците од владејачкото мнозинство усвоија измени на закон со кои ќе му овозможат на менаџер- назначен од државата да управува и продава делови од бизнисот на ...

Една до две недели е рокот што го дава министерот за здравство Азир Алиу да се стави во функција онколошката амбуланта во „8 Септември“. Штип е најдалеку од нудење онколошки услуги во споредба со Битола и Тетово – градовите каде треба да се дисперзираат услугите. На пациентите тоа ќе им го намали стресот, ќе им заштеди време и пари, но се надеваат дека конечно ќе стане и реалност. Нови ветувања, стари надежи – терапиите за онколошките ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР ...

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, Сашо Петрушевски, учествуваше на Меѓуминистерска конференција „Миграција на работна сила во рамките на Централноевропската иницијатива – CEI: Безбедни патеки и одржлив пазар на трудот“, што се одржа на 6 и 7 ноември во Белград, Република Србија. Националниот координатор беше говорник на панелот на ...

На 06.11.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за истраги за тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во содејство со Секторот за компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ј. (40) од Радовиш, со престојувалиште во Скопје, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” по чл. 366 од КЗ. Таа делото го сторила така што преку провајдерот ...

На 06.11.2025 во атар на с.Преглово, општина Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64), двајцата од с.Преглово, општина Пласница. Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири. Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно ...

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на товарниот превоз, срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, е од исклучително значење, имајќи ја предвид географската позиција на државата – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски појасни дека со новата делница која почнува од Драчево и води директно кон Илинден, товарните возови повеќе нема да мораат да ја избегнуваат оваа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп постигна низа трговски, дипломатски и договори за минерали додека беше домаќин на самитот на петтемина лидери од Централна Азија со цел да го зајакне влијанието на Вашингтон во тој регион. Придружен од американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс на долга маса во Белата куќа, Трамп рече дека е посветен на тоа односите на САД со Централна Азија да бидат „посилни од кога било“, ...

Административниот гувернер на државата Атос, Алкивијадис Стефанис, го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Света Гора. „Му реков на заменик-државниот секретар на САД да му ја пренесе официјалната покана од Света Гора на претседателот Трамп. Очите му се раширија, но мислам дека беше воодушевен и рече: „Секако, ќе го направам тоа“, изјави Стефанис за радиото Параполитика 90.1, а го пренесе како вест Ортодокс Тајмс. ...

На 06.11.2025 во 20:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода А.Т.(21) од Велес. По издадена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари. А.Т. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за ...

На 06.11.2025 во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К.(45) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од помошник на министерот на Центар за обука учествува на 14. Меѓународна конференција и Генерално собрание на Меѓународната асоцијација на полициски академии каде членуваат околу 85 полициски академии од 65 држави во светот, која од 06 до 09 ноември се одржува во Кападокија, Република Турција. На Генералното собрание со гласање на сите членки, Центарот за обука на МВР стана дел од ...

Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода и до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Д.Ц.(43) поради основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 05.11.2025 во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот Д.Ц., заедно со уште едно лице, го убиле Ѓ.Ѓ. од Велес. Прво Д.Ц. го намамил Ѓ.Ѓ. ...

Технолошкиот милијардер и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск доби одобрение од акционерите за неговиот контроверзен пакет компензации. На нивното годишно општо собрание во четвртокот, тие гласаа за план за плати што би можел да му донесе до 878 милијарди долари во следната деценија. Предлогот е одобрен со повеќе од 75 проценти од гласовите. Акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од три проценти во тргувањето по затворањето на берзата. ...

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час). И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои ...

Руската инвазија на Украина влијаеше врз безбедносната политика на Германија. Берлин оттогаш се обидува да ја поддржи Украина, а истовремено и да ги зајакне сопствените одбранбени капацитети. „Војната во Украина покажа дека НАТО не располага со доволни производствени капацитети. Од почетокот на војната, особено европските земји се обидуваат да го зголемат своето производство“, вели турскиот аналитичар за одбрана Чаглар Курч. За да ја ...

Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со живот ја заработија слободата во која денес ние живееме. Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашиов Охрид, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од партизаните. Славејќи ја нивната жртва за слободен град , уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведува акција поради сомнежи за корупција. „Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, соопштија од ...

Постои сериозна можност да се започне дијалог и да се продолжни со обврската во однос на уставните измени, порача шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас, на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во 2025 година што беше објавен на 4 ноември. Рокас рече дека извештајот ги дава потребните препораки за да се одржи земјата цврсто на ...

Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност, помагајќи на повеќе од 1,45 милиони лица низ целата земја. Овој износ претставува значително зголемување во однос на претходната година, кога биле издвоени 119,3 милиони евра. Според податоците на Синодалната комисија за социјална благосостојба, Архиепископијата на Атина и митрополиите на Црквата на Грција во текот на ...

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и ...

До Антикорупциска и ОЈО во пријава од група граѓани е наведено дека фирма на сестрата на Костадин Костадинов гради незаконски во Струмица. Обвинителството води предистражна постапка против поранешниот градоначалник на Струмица. И Костадинов и неговата сестра Тања ги отфрлаат обвинувањата. Јавното обвинителство во Струмица во предистражна постапка ги истражува наводите во кривичната пријава поднесена од група граѓани во јуни 2025 година, кои ...

По завршувањето на примопредавањето на функцијата градоначалник, Орце Ѓорѓиевски денеска официјално ја презеде раководната улога на Град Скопје. – Штотуку завршивме со примопредавањето на функцијата градоначалник на Град Скопје. Од овој момент сум официјално градоначалник на главниот град, изјави Ѓорѓиевски. Тој најави дека веднаш започнува со исполнување на првата точка од својата програма за работа: ослободување на градот од рампите пред ...

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево се влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители, дознава Курир. Неофицијално се ...

Сета моќ во рацете на Белата куќа – една година по изборите во САД, Доналд Трамп го спроведе во пракса ваквиот концепт. Со помош на декрети во кои претседателот се повикува на национална вонредна состојба, уште во првите месеци од мандатот Трамп се погрижи за отпуштање на стотици илјади државни службеници и притворање на имигранти без судска постапка. Покрај тоа, произволно воведе царини, ги укина прописите за заштита на потрошувачите и ...

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, ...

Денеска (06.11.2025) на регионалниот пат кон с.Тројаци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и РЦ за ГР – Југ го лишија од слобода И.Н.(48) од Прилеп затоа што бил затекнат во патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, натоварено со нежигосано огневно дрво. Исто така, на регионалниот пат кон с.Тројаци, од слобода е лишен и А.А.(23) од Прилеп поради сомнение за кражба на огревни дрва. Во неговото патничко ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
68%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
82%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.22
87%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
66%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
43%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
94%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
68%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
93%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.0731

Currency

71.2783

Currency

37.7629

Currency

38.5916

Currency

67.4689

Currency

7.81513

Currency

0.75082

Currency

0.33427

Currency

0.52518

Currency

1.16528

Currency

0.55149

Сребро

2409.38

Родиум

310254.70

Кобалт

45.39

Бакар

12.60

Рутениум

51376.89

Платина

61825.89

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.65

Паладиум

42921.25

Калај

54.45

Злато

144807.03