
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Новак Ѓоковиќ по 13-ти пат во својата кариера се пласираше во полуфиналето на Ју-Ес Опен, па сега е на само два чекори од 24-та грен слем титула во својата кариера. Србинот се врати на тронот на светскиот тенис уште во воведното коло во Њујорк, но јасно е дека негова главна цел е трофејот на Флешинг Медоус, кој е се поблиску до него после денешната победа. Ноле не му даде никаква шанса на Тејлор Фриц и славеше со 6:1, 6:4 и 6:4 во три сета, во ...
Оваа власт на ДУИ и СДС потрошија тешки милијарди евра народни пари, а уште ги немаат испечатено учебниците за учениците. Тое е свесно уништување на образованието и генерации на деца во Македонија. За ова мора да има кривична одговорност. Ги нема ниту најавуваните дигитални учебници, туку има само ПДФ материјали, кои родителите од свој џеб треба да ги печатат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат: ...
Под слоганот „Една песна една приказна“, вчеравeчер во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа единаесетиот годишен концерт на ансамблот „Билјана“, по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија. Во рамки на концертната програма беа претставени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор на настанот беше биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт беа Мартина Максимовска, ...
Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите за Клиниката за онкологија, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, информираат од Обвинителство за текот на постапката за Клиниката за онкологија. Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат ...
Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 14 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегации на Република Бугарија и граѓански здруженија. Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид за Свети Наум, а потона во Охридското Езеро на 250 метри од брегот, во близина на автокампот ...
Училиште именувано „Македонија“ кое ќе има 24 училници именувано по македонските градови, ќе започне со настава на 11 септември оваа година во Малатија, Турција. Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8 656 метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово… Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката ...
При крај сме со подготовките и како што ветивме до 1 декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани, порача денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски. Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле ...
Во Словенија е откриена салмонела во пилешки крилца со потекло од Хрватска, објави Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна РАСФФ. РАСФФ наведува дека ризикот од конзумирање е сериозен, а од месото загадено со бактерии биле земени мостри на 23 август, потврди инспекција од Словенија, пренесува Дневник.хр. Во европскиот систем наведуваат дека во моментов нема залиха од тоа потенцијално заразено месо и дека веројатно, две ...
Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и ...
Мурад, светски познат лекар, по потекло од Македонија, е роден во 1936 година, а во 1998 ја доби Нобеловата награда за медицина и физиологија. По него е именувана гостиварската болница, а е почесен граѓанин на Општина Чаир и почесен доктор за науки на Државниот универзитет во Тетово. Мурад е награден со најголемото признание за откривање на улогата на азотниот оскид на кардиоваскуларниот систем. Неготово откритие дека азотниот оксид овозможува ...
Поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, во интервју за ТВ „Клан“ признава дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, но вели дека не се лекувала од рак. Тоа, според Нухи, го дозволил тогашниот медицински директор доктор Нино Васев. Но, Клиниката за онкологија во 2022 година во декември, на прашањата на „Слободен печат“ за оваа пациентка за која интензивно се ...
СДС и ДУИ на велико се спремаат за губење на власта… Со ЕУ знаменце, во Собрание, шверцуваат измени на Кривичниот законик со кои: – се брише казната затвор од минимум 5 години за местење тендери; – максималната казна затвор за “Злосторничко здружение” се намалува од 10 на 3 години; – се укинува проширената конфискација за нелегално стекнат имот! Прпааааа, а?, напиша на својот ФБ профил пратеникот од Левица, Димитар Апасиев. Извор: ФБ Димитар ...
На 05.09.2023 во 07.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(50) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе ...
Поради силното невреме и поројниот дожд во централна Грција, луѓето во градовите и регионите кои се особено погодени вчеравечер (5.09) беа замолени да не ги напуштаат своите домови. Огромните водни маси веќе однесоа еден човечки живот и предизвикаа големи штети во регионот на Тесалија, вклучително и пристанишниот град Волос. Покрај регионите на Средоземјето, од невреме се погодени и некои балкански земји. Каква е состојбата во погодените ...
Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов од Водно на раце носел човек со скршена нога затоа што немало дежурна екипа. Ова стои во објава на Фејсбук која ја потврди и лично Ангелов. Тоа се случило во 3 часот наутро. „Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено. Кога била ...
На 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско. При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична ...
На 05.09.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Х.А.(29) од с.Средно Коњари, скопско. Тој се сомничи дека околу 18.00 часот во правно лице на подрачјето на Гази Баба извршил тешка кражба на дрзок начин, при што одзел пари. Во службен разговор, тој го признал делото, а поголем дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно ...
Четворица членови на екипажот на грчки траект се уапсени поради смртта на 36-годишен маж, за кој првично имаше информации дека го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа, меѓутоа, по објавеното видео од „Прото тема“ беше обелоденето дека не станува збор за несреќен случај, туку мажот бил турнат во морето, јави дописничката на МИА од Атина. Βίντεο σοκ: Το πλήρωμα έσπρωξε από ...
Силен дожд синоќа ги зафати истанбулските населби Арнавутќој и Башакшехир, јавува Анадолу. Невремето проследено со пороен дожд ги зафати северните делови од градот, што предизвика проблеми во сообраќајот. Голем број пожарникари беа упатени во тие подрачја по дојавата за поплави во многу домови и деловни објекти. Поројниот дожд предизвика поплави и го запре сообраќајот во населбите Арнавутќој и Башакшехир. Некои граѓани се обидоа да ги спасат ...
Еден галеб „се олесни“ врз премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ токму додека даваше изјава за новинарите, пренесуваат хрватски медиуми, а видеото од овој „инцидент“ стана вирално на социјалните мрежи. Додека премиерот Пленковиќ им зборуваше на новинарите за новиот пакет мерки што ги подготвила владата за помош на стопанството, неколку галеби го надлетале местото, а еден од нив бил особено прецизен. И додека Пленковиќ смирено си го чисти сакото ...
Се берат внимателно, цвет по цвет. Водните лилјани во мочуриштата на областа Баришал во Бангладеш се берат рано наутро, бидејќи топлината е неподнослива. Нежните розови цветови се продаваат на локалниот пазар. Фармерите пловат низ каналите на површина од 40 квадратни километри и ги собираат водните лилјани во Сатла Унион, во областа Баришал во Бангладеш. Тие работат од многу рано наутро, поточно од 6 до 8 часот, и носат рачно изработени големи ...
Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна отпатува на разговори во Атина, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истовремено беше домаќин на неформален Балкански самит, на кој присуствуваа сите, освен еден од шефовите на држави или влади од регионот. Албанскиот премиер Еди Рама не беше поканет. Тоа беше досега најочигледниот знак за спорот помеѓу Атина и Тирана, кој тлее веќе три месеци, а може и да ги поткопа надежите на Албанија за ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на седницата одржана на 5 септември одлучи да поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници во основното образование. Во образложението се вели дека одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена ...
Најмалку едно лице загина и едно лице исчезна во Централна Грција, која е тешко погодена од поплави и свлечишта предизвикани од обилните дождови, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Едно лице беше однесено од поплавите во Волос, додека друго лице, 70-годишен сточар, загина како последица на свлечиште предизвикано од силниот дожд во регионот, јави јавната телевизија ЕРТ. Во Волос, каде што исто така беше поплавена болница, многу возачи ...
Ирина Шајк најпрво промовираше моден стил карактеристичен за повеќето од нас, главно се стремеше кон елеганција, а потоа, со текот на времето, изгради пооригинален стил. Сигурно забележавте дека „необичното“ е главниот моден тренд, а таа има своја верзија за тоа – додека, пак, необичните чизми се дел од нејзиниот нов моден правец. Необичниот начин на облекување неминовно предизвикува реакции, но тоа што нештото е чудно автоматски не значи дека ...
Венеција следната година планира да воведе билет од пет евра за еднодневни патници со цел да се обиде да управува со пристигнувањето на туристите, објави градскиот совет. Билетот ќе се воведува пробно 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните одмори и летните викенди, кога бројот на туристи е најголем. Билет ќе плаќаат сите посетители над 14 години. „Целта беше да се најде нова рамнотежа меѓу правата на оние кои живеат, студираат или ...
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Националната стратегија за лозарство и винарство 2023-2033 година. Овој стратешки документ, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има за цел подобрен индекс на квалитет на производството, воведување нови производствени технологии и современ пристап за промоција и маркетинг на крајните производи во и надвор од Република Северна ...
Грчките пожарникари успеаја да излезат на крај со големите пожари во североисточниот дел на земјата, делумно, благодарение и на поројните дождови кои во понеделникот ја зафатија земјата. Големиот пожар во шумските подрачја во регионот на Дадија, во близина на грчко-турската граница се речиси целосно изгаснати. Но, со најавеното пристигнување на невремето „Даниел“, експертите очекуваат нови проблеми во вид на поплави, лизгање на земјиштето и пад ...
Со барање за ново обвинение од Основниот суд, семејствата на загинатите во пожарот на модуларната болница во Тетово што настана на 8 септември 2021 година овој петок (8 септември) ќе организираат протест. Протесниот марш ќе започне во 14 часот пред модуларната болница, ќе продолжи кон центарот на градот сѐ до тетовскиот суд. „Ние како семејства очекуваме ново обвинение. Од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа ...
Народот синоќа излезе масовно, во толпа од илјадници пред Владата на Република Македонија да го искаже својот гнев против оваа ненародна власт која ги штити криминалците и убијците на овој народ, се вели во објавата од Левица. Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост: Потресни сведоштва споделија граѓаните од своите горки искуства на Онкологија и бараа правда за нивните најблиски. Со паролите: „Убијци за профит“, „Онкологија = Геноцид“, ...