Попладнево на прес-конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски информираше дека состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета, петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Клековски додаде дека една пациентка е сè уште во тешка состојба. – Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е ...

Судот во Солун вчера одобрил екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж, објави „Катимерини“. Тој бил уапсен во мај на граничната премин Евзони, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница. Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина Хесен. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа ќе продолжи да постои по локалните избори. -Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да ...

Денеска присуствував на свечено отворање на угостителскиот објект, комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези. За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен „Македонско село“. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, ...

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава. Тие искажаа задоволство од досегашната проактивност во водењето на монетарната политика и постојаното унапредување на регулативната и супервизорската рамка. Оваа порака беше ...

Израел повторно ги нападна Техеран и околниот регион со воздушни напади рано на 19 јуни. Ова се случи на само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не бара“ да се вклучи во борбата, но ќе дејствува доколку е потребно за да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Иранските државни медиуми објавија дека беспилотните летала-пресретнувачи на воздушната одбрана на земјата биле активирани над периферијата на ...

Новата учебна година во Битола ќе започне со значително помал број на првоодделенци. Според податоците од Општина Битола, годинава во училиштата ќе седнат 529 првачиња, што е за 238 помалку од минатата година, кога беа запишани 767 ученици во прво одделение. Најмал број првачиња се запишани во основните училишта „Александар Турунџев“ во Кукуречани, каде ќе учат само 10 деца, и во „Св. Кирил и Методиј“ во Битола, каде ќе започнат 24 ученици. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти, а беше изразено уверување во нејзиното натамошно унапредување, како и благодарност за ...

Под влијание на плиткиот циклон кој е со центар над Туренско Море, во нашата Република Македонија ќе одржува многу нестабилно време со до петок (20 јуни). Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради загрената атмосфера која е исполнета со ...

На плажата Фулонг во Тајван започна Меѓународниот фестивал на уметност со песочни скулптури, каде што вниманието го привлече скулптура висока 2,5 метри инспирирана од популарниот анимиран филм „Тој Стори“, јавува Анадолу. На фестивалот, кој ќе трае до 30 септември, ќе бидат прикажани над 40 уметнички дела изработени од песок, посветени на ликовите од цртаните филмови на „Дизни“ и „Пиксар“, вклучително и Стич, Мики Маус и Тој Стори. Скулптурите ...

На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето било приведено во ...

Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на ЕУ. -За првпат од 2005 година, кога Европската агенција за статистика почна да ги мери податоците, индексот на цените на храната и безалкохолните пијалоци во Албанија лесно го надмина нивото од 100% (100,1%), што значи дека цените на храната ...

Рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека е подготвен „да најде решение“ за неговата војна со Украина и потенцијално да се сретне со украинскиот лидер, дури и кога бројот на жртви од последниот напад на Русија врз Киев се искачи на 28 лица. „Треба да најдеме решение кое не само што ќе стави крај на сегашниот конфликт, туку и ќе создаде услови што ќе спречат повторување на слични ситуации на долг рок“, рече Путин на брифинг за странските ...

Владата на Република Македонија во денешното соопштение најави нов капитален проект со кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи на околу педесетина училишта. „Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Министерството за образование и наука склучи договор ...

Брачен пар беше уапсен денеска во Солун, откако полицајците слушнале плач на бебе од балконот на станот на четвртиот кат за време на ноќната патрола. Истрагата утврдила дека родителите го оставиле своето 11-месечно бебе само на балконот во текот на ноќта, додека тие и уште три деца спиеле внатре, со затворена врата од балконот, објави „Катимерини“. Родителите, на возраст од 35 и 36 години, инаку бугарски државјани, беа изведени пред обвинител ...

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени ...

Иранскиот револуционерен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, според државните медиуми, го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за безусловна капитулација. „Иранскиот народ е решен и ќе се спротивстави и на наметнатата војна и на наметнат мир“, порачал Хамнеи во телевизиско обраќање. Тој остро ги предупреди САД против воена интервенција во конфликтот. Ова би предизвикало „непоправлива штета. Народот нема да ја заборави крвта на ...

31-годишен државјанин на Северна Македонија бил приклештен меѓу бетонски ѕид и тешка градежна машина (радладер) и се здобил со тешки повреди, поради што со итна медицинска хеликоптерска служба бил пренесен во болница. Според полицијата, во понеделникот навечер, на 17 јуни, околу 19 часот, полициска патрола била повикана во едно претпријатие на територија на општината Едт. По пристигнувањето, полициските службеници затекнале тешко повреден ...

Средства во износ од 2.000.000 денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен-обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија. Со предложената прераспределба на буџетски средства ќе се обезбедат и 600 ...

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени ...

Денеска (18.06.), претставници на Амбасадата на Сојузна Република Германија го посетија Граничниот премин „Ќафасан“, каде што, меѓу другото имаа средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад на која што, покрај низа теми од граничното работење, се разговараше и околу работата на заедничките контакт центри со соседна Албанија, особено од аспект на нивната материјално-техничката опременост. Дополнително, посебен акцент ...

Денеска (18.06.) во СВР Велес, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, одржа серија работни состаноци со раководството на овој Сектор за внатрешни работи, како и со претставници и одговорни лица од релевантни институции од областа на безбедноста во сообраќајот. Првенствено, работните средби беа фокусирани на унапредување на сообраќајната и општата безбедност во државата и регионот Велес, со посебен аналитички осврт ...

Модерен и иновативен центар за развивање креативни идеи, ќе добијат младите кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави министерот за здравство, Азир Алиу на брифинг со новинарите. Целта на здравствените власти е преку отворањето на овој центар да им понудат помош на повредените, на тој начин што ќе создадат простор за нивна дружба и како што рече, реализација на проекти. Во недостиг на конкретни информации, новиот ...

Оценката на германскиот канцелар за вториот ден од самитот на Г7 звучеше доста охрабрувачки. Според Фридрих Мерц, самитот во Кананаскис, Канада, бил далеку поуспешен отколку што првично мислел – и покрај предвременото заминување на американскиот претседател поради ситуацијата на Блискиот Исток. А кога станува збор за построги западни санкции против Русија, Мерц смета и на наредните денови: „Се враќам во Германија со претпазлив оптимизам дека во ...

Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС. Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари ...

Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања. – Од доставените и изведени материјални докази на кои се ...

Израелските воздухопловни сили со денови вршат еден напад по друг врз Иран. Посебно во визир им се иранските нуклеарни постројки. Израел се сомнева дека режимот во Техеран се обидува да развие нуклеарна бомба. Иранските власти го негираат тоа. Сепак, во последните години и децении, тие ги проширија нуклеарните постројки низ целата земја. Се претпоставува дека има неколку нуклеарни истражувачки комплекси, како и големи подземни објекти каде што ...

Три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. За ова алармираше в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски кој поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба. На прес-конференција пред Обвинителството, Крстевски рече дека „на ...

Христина Младенов, позната како Христина Пан, не ја криеше тешката битка која ја војуваше нејзината мала ќеркичка. Со голема верба во Бог, поддршка од семејството и сила, малата Тара успеа да го победи ракот и по две години лекување конечно победнички заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје. Видеото од овој среќен момент Христина го сподели на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Hristina Pan (@hristinapan) ...

Шест лидери од Групата седум (Г7) разговараа за војната на Русија во Украина и конфликтот меѓу Израел и Иран, но не успеаја да постигнат големи договори за тие и многу други важни прашања, затворајќи го самитот што се обиде да покаже како овој клуб на богати земји може да продолжи да ја обликува глобалната политика и покрај предвременото заминување на американскиот претседател Доналд Трамп. На домаќинот на состанокот, канадскиот премиер Марк ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.65
80%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.41
97%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.34
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Иридиум

145787.60

Сребро

2128.87

Платина

61733.50

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Родиум

258009.74

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Злато

139470.53

Калај

42.35

Паладиум

52470.02