
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Европската унија нема да се откаже од своето право да донесува политички одлуки во преговорите со Соединетите држави за да избегне повисоки царини за европски стоки, изјави во понеделникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Секако дека зборуваме за царините, зборуваме и за нецаринските бариери како што се стандардите и нормите. Зборуваме, на пример, за стратешките набавки, зборуваме за сиве овие теми“, рече фон дер ...
Европскиот шампион Париз Сен Жермен се пласираше во осминафиналето на Светското клупско првенство како победник во Групата Б, а покрај него од оваа група се пласираше и бразилски Ботафого, додека Атлетико Мадрид и Сиетл Саундерс го завршија натпреварувањето. Во последното 3-то коло, ПСЖ го победи домашниот тим во Сиетл со резултат од 2:0, додека во Пасадена, Атлетико го победи Ботафого со резултат од 1:0. ПСЖ, Ботафого и Атлетико собраа по шест ...
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека Иран однапред ги предупредил САД дека ќе истрела ракети врз американската воена база во Катар и оцени дека Иран „официјално одговорил на нашето уништување на нивните нуклеарни објекти со многу слаб одговор“. „Иран официјално одговорил на нашето уништување на нивните нуклеарни објекти со многу слаб одговор, што го очекувавме и одговоривме многу ефикасно. Беа испукани 14 ракети, 13 ...
Како што ветивме, ги укинавме нефункционалните економски директори во јавните здравствени установи. Отворивме постапка за вработување на 600 млади специјализанти во здравството. Го зголемивме капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози. Обезбедивме раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи, истакна премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање по повод една година од ...
28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како тој на креветот го удира со шлаканици по лицето немоќното дете. Ова видео е доказ во постапката на ОЈО. „Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја ...
Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот. „Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да нема изгубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот, и со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го ...
Најголем предизвик во периодот кој следи за премиерот Христијан Мицкоски и за Владата ќе биде овозможување систем кој ќе може брзо да ја испорача правдата и во кој нема да може да функционира „бандитизмот“ создаден од политички и бизнис структури кои работат во широка коалиција, бидејќи, според него, од тоа ќе зависат многу следни политички случувања во државата. -Во оваа една година отворивме силна борба против криминалот. Се започнаа акции ...
Преку министерството за Локална самоуправа се отпочна со најголемиот капитален проект за капитални градби по општините, соопшти премиерот на Владата, Христијан Мицкоски на настанот по повод една година од работата на Владата. Тој потенцира дека се одобрени 288 проекти за општините од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот и социјалната политика, дека има огромен интерес на вториот јавен повик – 887 проекти ...
Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Воедно, уште еднаш ...
Нема жртви кај американските сили во воената база во Катар откако Иран нападна со проектили нивната база Ал-Удеид, јавија американски медиуми повикувајќи се на функционери во Вашингтон. – Можам да потврдам дека воздухопловната база Ал-Удеид денес беше нападната со балистички ракети со краток и среден дострел со потекло од Иран. Во овој момент нема извештаи за жртви од САД – рече функционерот. Нема прекин во испораките или производството на ...
Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато. Македонија може напред. Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача вечерва македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Заедно, рече тој, ги градиме темелите, камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме и ќе ја сакаме, за Македонија каква што ја заслужуваме и со која ќе се гордееме. -Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање по повод една година од работата на Владата вечерва потенцираше дека економијата и борбата за подобар живот биле најглавен фокус и оти е задоволен од постигнатиот раст на БДП во првиот квартал, но оти има простор за уште поголем раст. Посочи дека е обезбеден највисок процент на изградба на патишта од осамостојувањето до денес и најави дека делницата Врбјани-Охрид во должина од 40 километри од автопатот ...
ЕУ се подготвува да одобри нови санкции против Русија до крајот на неделата, објави високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на прес-конференција по денешниот вонреден состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел. Ќе видиме какви компромиси ќе бидат потребни за да се одобрат новите санкции, блокирањето од страна на Унгарија не е ништо ново, коментираше таа. Калас ...
По повод една година Влада, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“, свое обрачање имаше премиерот на Владата, Христијан Мицкоски. Во својот говор тој истакна дека процесот на модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет и е поддржано од одбранбениот буџет. Оваа година одвојуваме 32 проценти од буџетот, односно 106 милиони евра што е 18 милиони евра повеќе од минатата 2024 година. ...
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати писмо на сочувство до Неговото Блаженство г. Јован Х, патријарх Антиохиски и на целиот Исток по терористичкиот напад од 22 јуни во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани: Ваше Блаженство Со неизмерна болка и длабока тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад кој се случи на 22. 06. 2025 г, во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во ...
Иран го координирал нападот врз американската воена база Ал-Удеид во Катар со катарските претставници, дознава Њујорк Тајмс. Техеран „однапред најавил дека ќе има напад за да се минимизираат жртвите“, објави американскиот медиум, цитирајќи тројца ирански претставници запознаени со плановите. Според Њујорк Тајмс, Иран сакал симболично да возврати на вчерашните американски напади врз неговите нуклеарни постројки, но исто така се обидел да осигури ...
Премиерот Христијан Мицкоски по повод една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во Македонија даде отчет за сработеното но и за работите што ги направиле, но и за работите што ќе продолжи да ги остварува за секој еден грачанин. „Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365 дена, не заборавив во ниту еден момент од каде доаѓам, и со каква чест располагам, и каква ...
-Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“. Мицкоски истакна дека очекува максимална посветеност во исполнување на програмата и преку 400 проекти, мерки, чекори, ...
Иранската војска ги предупреди Соединетите Американски Држави за сериозни последици доколку се приклучат на војната на страната на Израел, по неодамнешните американски воени акции за кои Техеран вели дека го прошириле списокот на легитимни цели за иранските сили. Иран упати силна закана до Трамп Во видео порака објавена денес, портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфакари, рече дека Вашингтон ќе плати цена за своите ...
Силните институции се вистинскиот мотор на одржливите промени. Тие ја претвораат визијата во резултати,“ истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на завршната сесија на Годишниот состанок на Управниот одбор на CEF Форумот, кој се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Во своето обраќање, министерката нагласи дека институционалниот развој не е дополнување на реформите, туку нивна основа. Таа истакна дека јавните институции мора да бидат ...
Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од 18:18 часот повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот. Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, попладнево повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа. Сомнежот за саботажа во ...
Нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен,нагласи денеска координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, денеска, на прес-конференција во Собранието откако претходно координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети ги повика владејачките Вреди и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Беџети ја обвини власта за деградирање на албанскиот јазик и за игнорирање на Законот за употреба на ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстра лесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,0 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ...
Звуци од неколку експлозии се слушнаа над катарската престолнина Доха, изјави очевидец за Ројтерс, а иранската новинска агенција Тасним објави дека е започната операција против американските бази во Ирак и Катар. Иранската новинска агенција Тасним објави дека е започната ракетна операција „Најава за победата“ против американските бази во Ирак и Катар. Систем за воздушна одбрана беше активиран во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во ...
Пожарникарите продолжија денеска да се борат со три големи пожари што избувнаа речиси истовремено на грчкиот остров Хиос втор ден по ред. Островските власти прогласија вонредна состојба, овозможувајќи централна координација на операциите за гаснење пожари и повикување на специјални единици од грчкото копно. https://twitter.com/WeatherMonitors/status/1936806566524494172 Досега, 17 села и центар за прием на мигранти се евакуирани на егејскиот ...
Европскиот парламент утре треба да гласа за извештајот за напредокот на Македонија, но Бугарија испраќа јасна порака: документот нема правна сила и нема да влијае на ставот на официјална Софија. Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, од Брисел, изјави дека извештаите на ЕП не се обврзувачки и не можат да ја заобиколат волјата на земјите-членки. – Секоја земја-кандидат мора да ги исполни условите што сме ги поставиле. Бугарија е ...
Звуци од неколку експлозии се слушнаа над главниот град на Катар, Доха, изјави очевидец на Ројтерс, по заканите на Техеран за одмазда за американските напади врз нуклеарните постројки на Иран. Неколку земји во понеделник ги предупредија своите граѓани во Катар да останат безбедни. Иранската државна телевизија го објави почетокот на операцијата на Иран „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по настапот на Челинџер турнирот во Ројан, Франција и освоените поени направи скок од 64.места на АТП листата и оваа недела се наоѓа на 897.то место со вкупно 20 поени. Од македонските тенисери ранг на АТП листата им и Горазд Србљак, кој се наоѓа на 1355.то место со 5 поени. Двајцата оваа недела ги очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Загреб, што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран од Советскиот Сојуз, објави шефот на безбедносната и разузнавачка служба на Украина. Генерал-потполковник Васил Маљук, директор на Безбедносната служба на Украина (СБУ), на затворен брифинг за домашните медиуми, детално го објасни планот што заеднички го осуетија украинската СБУ и ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци. Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на оштетениот и започнале да му се закануваат поради претходна ...